1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    Стрејт луѓе држат раце зад затворени врати само?
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Темава е за стрејт?
     
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.972
    Допаѓања:
    54.931
    Пол:
    Женски
    Па зошто само стрејт луѓето да смеат да си покажуваат љубов во јавност? Зошто да не можат геј луѓето да се држат за раце во јавност исто како ние стрејт што правиме?
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    А кој им брани?
     
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.972
    Допаѓања:
    54.931
    Пол:
    Женски
    Хомофобите и оние што се закануваат со насилство ако видат геј пар во јавност. Не е сеедно.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, staycalm и 4 други им се допаѓа ова.
  6. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Кој им брани? Девојко у тек си со коментарите и реакциите откако се објави веста за парадата?
    Е тие таквите шетаат и се на секој чекор кај нас, за жал.
     
    На CameliaMiller, candy.cane, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    - секој може да прави што сака,се додека тоа се случува зад затворени врати !!!! Не мора цел свет да ги гледа!!!

    -Стрејт луѓе држат раце зад затворени врати само?

    - А кој им брани?

    Ај сега препрочитајте го муабетов, ама полека. Уште еднаш ако треба, пак полека. Па и трет пат. Ако после трет пат не ја сфатите контрадикторноста во муабетите не пречитувајте веќе. До мозокот ќе да е.
     
    На CameliaMiller, smooch, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Најчесто тие хомофоби се јаки во пишување и зборување, а од делата ништо. А и да ги нападнат, ќе одговараат за тоа.
    Јас сум од помал град, јавно се знае кои се, па ете се здрави и живи ништо не им фали. Се крена фама кога се дознаа, траеше цели 3 дена и после никому ништо.

    Будали имало и ќе има. Не мора да си геј за да ти се заканува некој. Можеш да налеташ и да се зафатиш за паркинг место на пример, па да настрадаш. Или пошто не збориш нечив јазик, или зошто си различна националност. Или тоа не се брои?
     
  9. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Омилена си ми на форумов, дрска ама омилена! 8):D
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Јас само напишав мое мислење, не мора одма да нападнеш ако моето мислењето не и исто како твоето.

    Ама толку од мозокот ..и да , до твојот ќе да е. :)
     
  11. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски

     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Во право си.
    Со секоја реченица што ви ја прочитам, како делче од мозокот на буниште да оставам :drunk:
    Се мрднал форумот. Куп хомофоби и автохомофоби, мизогинисти и активистКИ за машки права. Да ве видам на улица со ставовите да излезете, ако сте толку јаки.

    - Јас имам еден куп геј пријатели ама не е природно бе...

    - Се знае дека работата по дома е женска работа, ама не реков никаде дека само јас работам по дома...

    - Зошто постојано зборуваш за сексуално вознемирување како само машките да вознемируваат. Еве дечко ми го вреѓаш, тој не е таков..
     
    На CameliaMiller, Harper, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Колку што е невкусно „лигавењето“ на стрејт паровите толку е и кај геј паровите, не постои разлика. Ако сметаат дека немаат доволно права нека прават парада, 1,2,3 и колку сакаат, али оние голотии (пиштол голи и ултра влакнести мажи), скаеви, ланци, и „исполнување на сексуални фантазии“ (ме разбирате ваљда што подразбирам под ова) пред цел народ у склоп на парадата ми е одвратно. Исто ќе ми е одвратно и стрејт паровите да го прават тоа (замислете маж облечен како полицаец речиси гол и жена на ланец (као дел од перформансите на геј парадите и журки па тоа го давам како пример)) ќе ми е подеднакно невкусно. А се што може да се свари не ми пречи. Иако сметам дека барем во МК ништо не им е ускратено освен бракот, ова е само мое мислење, тие си имаат осетено на своја кожа и сигурно поинаку размислуваат и поинаку гледаат на тоа, така што тогаш бујрум слободно, но без одвратни ствари.
     
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Па и јас напишав мислење бе lepotitse. Ова кога ќе го пишете дека не мора да си хомосексуалец за да те искршат од ќотек, дека може да јадеш ќотек ради национализам и паркинг е точно и тие се проблеми на 21 век. Како што треба да се решат тие треба да се реши и булингот врз хомосексуалците. Не се инсинуира дека тие (национализам, расизам) се помалку битни, туку дека хомофобијата постои и е проблем како и другите.

    А обично активистите се залагаат за сите човекови права, односно една рамка на луѓе се бори против хомофобија, за абортус, за женски права и за други актуелни теми низ светот.

    Чак што више ако тебе некој сељак те нападне утре и те прекрши од ќотек на национална база, милион посто сум сигурна дека некој процент од луѓето што ќе застанат во твоја одбрана (еве виртуелно нека е само) ќе бидат геј. А ти би застанала да е обратно, да е некој премлатен од ќотек како што се закануваат еве од навивачкиве групи оти е геј? Неќеш, ќе си пишеш тука дека има и поголеми проблеми, глад, војни, куров ми Ленче.

    Или биди си хомофоб до крај, нејќам да ги гледам, гадни ми се, или биди либерална. А ти да им кажуваш како треба, дали да се држат за рака во јавност, дали да излезат на парада еднаш у годината, дали да си легнуваат покрај маж или жена, немаш право. А не ни треба да ти е гајле, како што нив курот не ги боли ти дома со мажот што си правиш.

    Најужалостени сте као демек за национализам, криминал и слично, а никаде ве нема кога има некоја дешавка од тој калибар. Туку знаете да ги повторувате како првачиња у школо во вакви теми дека постојат, а со прст не мрдате за нив.
     
    Последна измена: 22 мај 2019
    На CameliaMiller, staycalm, Amellie13 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    „Лигавење“ во граници на општа пристојност во јавност (бакнување, гушкање, држење за рака) нема што да е невкусно од било каков пар. Во јавност пречат некултура, нељубезност, насилство и многу други работи, а не треба да пречи (неексплицитно искажана) љубов. Ама, факт е дека геј паровите ни во тоа не се перцепираат исто. Луѓе што си се едноставно хејтери на романтики може да превртат очи и на стрејт парови - но многу посериозна непријатност, па и опасност од насилници и манијаци, има кон геј паровите за покажување било какви нежности.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Да се пофалеле со садење дрвце, научно откритие...А вие со што ќе се пофалите? ^_^
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Ваљда ќе се пофалат со тоа што слободно ќе може да си се прошетаат и да си се држат за рака ко многу стрејт парови ?
    Не е за фалење парадата, за барање права е. Право на брак пример или барем заедница.
     
  18. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Одредена група решила да протестира на овој начин. Станува збор за стигматизирани, угнетени, дискриминирани. Не сум јас таа која ќе прифаќа или отфрла форма на протест. Најмалку што можам, кога веќе решиле на тој начин да се спротивстават, е да излезам и дадам поддршка. и сметам дека секој правичен и слободоумен треба да го стори истото особено познавајќи го нашето малограѓанско и агресивно општество.
    Тоа што гледате по интернет како се одржуваат парадите на гордоста низ светот е нешто многу подалеку од парадата што би се организирала кај нас. Кај нив веќе тоа е прифатено и си парадираат со години, кај нас би изгледало како мирен протест.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    Епа си има ден на кој се садат дрвца. Next.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Во лигавење не го сметам бакнувањето, гушкањето, држењето за рака и нежности. Во наводници е што значи не мислам на општа пристојност у јавност, затоа реков и кај стрејтот и кај геј паровите би ми било подеднакво непријатно, ако веќе морам така да ги поделам.

    Имам прашања, дали човек ако се декларира како геј по дифолт е мирољуб? Дали насилниците и манијаците се стриктно секогаш стрејт, дали се делат наасилниците на геј и стрејт и дали тоа имаат врска со сексуалната определба? И зошто повторно мора да бирате што е посериозно и понепријатно и да се префла у друга тема кога таа не е сега тема на разговор?
     
    На Alita и candy.cane им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.