1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Ти ја сфаќам поентата...Ама се воздржувам од секакви коментари.Си го искажав мислењето,не сакам да влегувам во дебати :D
     
  2. snowflake5

    snowflake5 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2018
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Пола и поише луѓе у Македонија имаат прости сфаќања и 70% заради тоа не може да се развие здравство, образование... Коа требаше да се направи трамвај кој не сакаше - луѓето како вас не сакаа. А во сите гл. градови у светот има. Па и да се развие образованието нема да се цени.
     
    На staycalm, Ketchup, MagsDestiny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Некој сака да си биде нормален како што природата го создала за разлика од некој што со сила се прави изопачен па уште и го величи тоа... Русија е 300 години понапред од Македонија во многу други поважни работи. Незнам од каде заклучокот дека Русија е неразвиена...
     
    На Mama993 и Abeja им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Јас сум од новата генерација на која допрва и доаѓа правото да одлучува, 18 години имам. За тоа се виновни нашите и вашите родители. Ако поединци нема да го ценат тоа е друга работа. Ако се развие во погрешна насока може и сите нема да го цениме, се зависи од нас. Еве на пример сакаат да воведуваат хомосексуалност во книги за мали деца, нормално е да сем против и да не го цениме бидејќи за најголемиот број тоа не е нормално и убаво. Треба да се почитува зборот на множината.
     
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    Искрено се извинувам, јас те сфатив како ти да ми велиш дека Русија не е развиена во тоа што ми го пиша претходно и ти вратив по твоја логика, но ти мислеше обратно.

    Геј луѓето не се создадени по природа, некаде во лабораторија, или?
     
    На staycalm, Sanjichka007, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.187
    Пол:
    Женски
    Што е потребата на геј парадите да се форсира некоја голотиња (голи газови,садомазо,ланци и сл циркуси.)
    Нели треба да се покаже еднаквост,на парадите има се, само нема пристојно однесување и облекување.Да дојдат со знаменца виножито ,би излегле и луѓето кои ги подржуваат но не е така.
    Што се однесува до посвојување ,апсолутно против!
    На детето му се потребни двата пола во тек на развојот,за да се спречат полесни или потешки девијации во односувањето кон полот кој недостига.

    Инаку воопшто не сум хомофоб но не ми се допаѓа претерувањето ,исто така не гледам потреба од геј парада бидејки со однесувањето кое го имаат на нив ,уште повеке создаваат хомофобија кај луѓето.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    c620dffb65b82b6c9a29d697450d81bb.jpg
    12f92e6435da332841ee0400a7e0089a--cute-family-happy-family.jpg
    А да, и овие кои верувам повеќе ќе ги препознаеш:
    B83gwn8CMAAqdU4.jpg

    Тогаш да им забраниме на самохраните родители да имаат деца?
     
    На staycalm, Sanjichka007, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.003
    Допаѓања:
    48.815
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против.Ако е во границите на нормалата.И они се луѓе.
    А гледам во браковите од различен пол сите деца бајчиња се.Не газат на мравче.Не гледајте на тоа така.Ако го чуваат детето лезбејки или педери да се изразам лаички не мора да значи дека и детето ќе биде такво.Голем дел од нив се од биолошки родители машко и женско.
    Назадни мислењааа.
     
    На MagsDestiny и snowflake5 им се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Најискрено цревата ми се превртуваат, тебе можеби ти изгледа нормално но мене не навистина. Греота за децата.. :(
     
    На SeaMermaid, Bitter-Sweet и Abeja им се допаѓа ова.
  10. snowflake5

    snowflake5 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2018
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Не е битно детето со родители од кој пол ќе порасне. Може да порасне со мајка и татко кој по карактер не се добри и тие ќе го воспитаат детето на лоши работи. Може да порасне со геј родители кој ќе му пружат добрина, ќе го научат да не дискриминира и сл. Значи не е важно од кој пол се важно е какви се по карактер луѓето. Ако вас детето ви е геј што ќе направите? Ќе го исфелите од дома само затоа што не е онакво како што вие го сакате? Парадата се прави зошто многу луѓе им ги скратуваат правата на нив. Ако такбите луѓе не се дискриминираа поради тоа, туку се гледаше нивниот карактер тогаш немаше да има потреба од парада.
     
    На staycalm, RoseRain, Sanjichka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Мене па црева ми се превртуваат кога ќе видам родители што го воспитуваат своето дете да мисли дека одредени луѓе се ,,ненормални" поради нешто што не го избрале. Ама и тие се семејства, нема што јас да се мешам дали смеат или не смеат да имаат деца, нели?
    Зошто греота децата? Мене ми изгледаат доста среќни. Или мислиш греота бидејќи таквите како тебе ги сметаат нивните родители за чудовишта? Во тој случај да, греота се. Можеби треба да си го смените однесувањето.
     
    На staycalm, Sanjichka007, Ketchup и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.187
    Пол:
    Женски
    Не,Тоа е Погрешна споредба!
    Самец и пар е исто?
    Не ,не е исто самец кој нема партнер и конфузија кај дете во еднополов партнерски однос.
    Моделот на татко и мајка се потребни во развојот.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Сосема на место е споредбата. Во двата случаи детето има модел од само еден пол. Можеби се добредојдени модели од двата пола, ама не се клучни. Дури и деца што немале никаков модел во животот успеале да се изборат.

    Збунетост кај детето не може да се појави бидејќи, како да ти кажам, дете од две години не ја знае дефиницијата за брак дадена од црквата. Тоа уште од почеток ќе знае дека семејство не мора да биде само маж и жена и тоа ќе биде сосема нормално за него. Нема зошто и да не биде.

    Ако сте загрижени за другарчињата во школо како ќе го исмеваат, кажете им го истото и на вашите деца - дека бракот не мора да биде само помеѓу маж и жена, исто како што не е потребно да има два родители за да постои семејство. Така сите ќе сме среќни и весели. :)
     
    На staycalm, Sanjichka007, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    :?: Што со нив?
     
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Уште се in the closet бидејќи на Роналдо му е мила кариерата, а во фубалот сите се хомофоби. Мислам, детето со сурогат му е родено. :D
    Сигурно звучам смешно, но нема да постирам гифови, ќе чекаме додека се пензионира. :D
     
    На Sanjichka007, Ketchup, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Под чие покровителство ќе биде парадата?
    Доколку паѓа под државна капа, не можеме да ја дозволиме од разумни финансиски причини, тоа е едно. Друго, дури и да не е така, со каква цел ќе биде организирана истата, каква порака треба да прати овој настан? Освен што ќе наиде на негативни критики, и во краен случај хаос предизвика од насилство, не се очекува друг похуман чин. Ако стремежот е рамноправност, парадата не е одлика за истата, напротив, може само да предизвика контра ефект.

    Сум за истополови врски, бракови, посвојување деца, како и за остварувања во сите можни општествено - коегзистентни полиња на хомосексуалците, затоа што е тоа граѓанско право кое не треба да се оспори, но, парадата е чиста егзибиција, често креирана со политичка позадина и ништо повеќе од тоа.
     
    Последна измена: 25 февруари 2018
    На MagsDestiny и Someonespecial им се допаѓа ова.
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против никого ама ова ми изгледа како чиста глупост и желба за внимание. Вечен проблем е ЛГБТ заедницата заедно со нивните загрозени права. На што тоа се горди? И ние стрејт што сме се гордееме со нашата определба, се гордееме и со многу други нешта па нема потреба да организираме паради поради тоа. Немам инфорамиции баш, се надевам дека владата која ни го ,,донесе'' животот нема да ја финансира таа парада од мојот и од џебовите на сите оние кои сметаме дека вакво нешто е непотребно. :devil:
     
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Епа баш затоа што овој, Роналдо има девојка/вереница (не знам точно) и со неа чува деца (таа беше бремена), и да има навистина такви... лични афинитети, не оди во прилог на ЛГБТ каузата тој да се посочува како пример. Не дели старателство над децата со машка личност.
    Ти редовно истражуваш вака за гејови? :D
     
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    Какви само новости имам за тебе во врска со тоа колку многу полоши работи државата прави со парите од твојот џеб :rofl:
     
    На staycalm, ecka.da.wiz, RoseRain и 2 други им се допаѓа ова.
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.503
    Пол:
    Женски
    Многу сум против вакви работи, но штом решиле нека организираат.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.