Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.152
    Пол:
    Женски
    Знам како им е. Другар мој од детство пред 20 години си замина од тука во странство баш заради тоа.
    Ама дрка се нешто општествено обесправени, не се. Зашто ни на работа некој го занима дали си геј или стрејт ниту било каде друго.
     
    На Alita му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Чекај.. другар ти заминал во странство баш поради тоа, и ти пак не гледаш како се обесправени?
    Епа прашај го него, ќе ти објасни подетално од мене.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, staycalm и 11 други им се допаѓа ова.
  3. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.539
    Пол:
    Женски
    Извини ама вицеви, навреди и булинг трпат сите не само они.
    Ти знаеш ли колку се исмевани луѓето дека е црн, дека е дебел, дека има клемпави уши, дека има крив нос?
    Жалете ги само нив они се само гревчиња и исмејувани! За другите ич не ве боли!
    Наместо да се борите против булинг за цел народ вие се свртевте кон една група само. Што се нема да направите само да се покажете дека сте модерни и современи.
     
    На sjdgo, nena2010, RosettaStone и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    А реков јас некаде дека не се и други исмејувани?
    И како помага тоа: Ами и оние страдаат, шо има врска ако страдаат и овие?

    Кој и да е малтретиран, исто ќе застанам зад него.
    Пак ќе речам: Еден проблем, не исклучува друг.
     
    На CameliaMiller, staycalm, Oxymoron и 4 други им се допаѓа ова.
  5. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ми се гади кога читам со каква омраза се зборува за хомосексуалците. За парадава сум против само заради менталитетот на нашиот народ (средношколци имаат крвнички претепано нивни соученик затоа што имал дечко).
    Не сум ни би ни лезбејка, ама познавам луѓе што се и дел од нив треба од дома да ги кријат нивните чувства и среќа затоа што било грев според родителите. Од кога е грев да си заљубен?
    И сите што мислат дека хомосексуалците ги загрозуваат, да цитирам еден познаник " Да бе педер ако видам ќе го зачукам коа ќе дојде да ми се пушта.", од кај сте бе толку сигурни дека баш вас ќе ви се пуштаат? Девојка што не му се свиѓа на некој дечко ако му се пушта, сигурно нема да ја истепа.
    Парадава е со цел да видат луѓето дека хомосексуалци има и тука, не само во Европа и Америка. Затоа што нели, ако влеземе во ЕУ сите педери ќе станат.

    *Исто и за транс луѓето.
     
    На CameliaMiller, staycalm, Oxymoron и 5 други им се допаѓа ова.
  6. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Едноставно е нека не кријат од родителите, вицови и зафрканции трпат и многу други убаво ти објасни @ocicka2014 тоа е важно на нивото на свест на народот треба да се поработи да се подигне и искорени а не да се фураат геј паради. Друго нека соберат храброст да кажат во јавност нема потреба да се кријат и глумат стрејт, а за насилство не оправдувам во никој случај и си има надлежни органи да преземат соодветни мерки. Немам ништо против хомосексуалците но тоа исилено форсирање и земање замав и поголеми права од сите останати ми пречи. И со неизлегување за да ја одминам парадата тоа нема да престане да ми пречи.
     
    На nena2010 и Alita им се допаѓа ова.
  7. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.539
    Пол:
    Женски
    Па јас како што знам нема паради за против булинг и исмејување има само геј паради за нивните права. И нема странски фондови за оваа работа туку само за нив.

    И како што кажа @nena2010, не се ни обесправени и ги уживаат истите права како мене и тебе. Додека си ја врши работата никој нема да го чачне.
    Е сега ќе речеш ама не смее да се појави со партнерот и отворено да зборува за тоа.
    Епа јас имам другарка која оди со Албанец и замисли и они се кријат повеќе од 5 години и не се во јавност поради осудувања од околината и од страв дека ако ги видат некој ќе ги натепа.
    Што значи ова? Дека треба да се бориме против луѓето што имаат такви размислувања и што предизвикуваат на насилсво има за ова посебни мерки, а не е решение одредена група да парадира поради нејзини права не заложувајќи се за друга група која исто страда и ги има истите проблеми од истата група на насилници и шегобијци.

    @candy.cane, треба да има парада за да се знае дека и кај нас има геј популација, а не само во странство? Стварно не знаев дека има еве ќе ми ги отворат очите, јас си мислев нема кај нас во Мк:rofl:
    А јас имам видено дете како претепуваат оти е циганче и друго од чиста мира дека е мирно, сиромашно и повлечено.

    Тие луѓе(насилниците) се креација на неправилно воспитување. Работете на воспитување на децата дека не треба да имаат предрасуди кон ништо што е различно и со тек на време резултатите ќе си дојдат.
    А дека една парада ќе смени нешто како со магично стапче-не верувам. Само повеќе ќе ги испровоцираат другите оштетени во целата приказна наречена живот.
     
    Последна измена: 23 мај 2019
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Кои се тие 'поголеми права од сите останати'?
    Не е никакво форсирање.

    По милионити пат на темава:
    Има маршеви за 8ми март, и за подигнување на свеста за рак на дојка.

    Не е никакво форсирање, туку е форма на презентирање на одредена група на луѓе, кои се соочуваат со секојдневна дискриминација. Баш тоа подигање на свеста е целта и на парадава.
    Да ги видиш во живо, дека не се некои чудовишта, туку обични луѓе, како мене и тебе, и дека имаат право на се' што и ти имаш.

    Оти да не е начин парадирање?
    Повикај се на погорното образложение.

    А да... исто по милионити пат: Еден проблем не исклучува друг.
    Позади сите обесправени сум застанувала, и ќе застанувам.
     
    На CameliaMiller, Nausicaa, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Ти спомна @nena2010 кои се тие поголеми права од останатите, ај да не ти повторувам прочитај нејзин коментар пак лично за себе ако си испуштила да прочиташ. Тие имаат право на се што имаме и ние со стрејт сексуални апетити ама зошто да е едноставно кога може да го комплицираме со паради и што уште не, а?
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Навистина?
    Имаат право на брак?
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.152
    Пол:
    Женски
    Пред 20 години!!! Сега е друго. Сега си доаѓа со сопругот, си излегуваат без никаков проблем. И аман бре со тој брак!!! Аман!!!! Отекоа!!! Јаки к...ци ако се потпишат. Се сакаш, се сакаш, живееш со таа личност. Доста веќе со тоа.
     
  12. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Им брани некој да си живеат заедно?
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Ама мораше да оди странство за да ја озакони врската.
    Подруго е од пред 20 години, ама не е сеуште на ниво на прифатеноста на хетеросксуалните парови.

    Џабе ќе живеат заедно, кога не им следуваат права како на брачни партнери.
    Ќе биде ко да живееш со цимер.
     
    На CameliaMiller, staycalm, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Леле преку таквото од луѓе што се борат за обесправените и дискриминирани луѓе преку тастатури. По тоа е и позната земјава. :rofl:
     
    На Alita му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.539
    Пол:
    Женски
    Ама маршот за рак на дојка е поради болест, а ова нели не е болест туку нормална појава?
    За 8ми Март парадата е за сите жени, вклучувајќи ја и таа група така да пак не се дискриминирани и се опфатени.

    И убаво што застануваш, сите застануваат ама нема паради нема организации кои ќе застанат да се борат. Така да џабе е може до утре да пишуваме тука дека не го оправдуваме кога во реалноста ништо не се превзема.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Од кај знаеш ти како се бориме?
    Еве ќе одиме на парада, ама ти смета, од тастатура, и то ти смета.

    Ете се презема.. Минатите неколку години имаше трибини и настани, од годинава ќе има парада, за некоја година ќе легализираат бракови, па и посвојување деца... итн...

    Од некаде мора да се почне, нели?
     
    На CameliaMiller, staycalm, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.
  17. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    5.610
    Пол:
    Женски
    Да, страшно е јако нивното лоби, и се уствари привилиегирани во однос на останатите.
    Само уште да ве замолам, да го споделите името на терапијата, зашто вие дечки уствари се будите во Калифорнија секое сабајле, а ние останатите во Македонија. Таму можда и сме најбрзо растечка економија, и стварно добиваме невидени странски грантови, а Евреи си плукаат во рачињата дур нир праќаат поддршка за геј лобито, а ич не е дека сме статистички една од последните земји во развој, по добиена количина на официјална развојна помош.

    Ги имаат сите права, да се насмееме, океј.
    Прво, легално ги немаат сите права. Немаат право да стапат во брак, нит да поствојат деца. Тоа е прва работа.

    Втора работа, обично не треба многу да сконташ, посебно не кај нас, кој процент на основни права се кршат на маргините.
    Деца избркани од дома, избришани од семејна историја, понижувани и навредувани, знам за такви што сопствениот татко крвнички ги претепал кога дознал дека се геј. Случаи на самоубиства, и психички трауми. Насилство во училишта, деца не претепувани дека навистина се геј, туку од било која причина асоцирана со поимот "педер" - сакаш да читаш книги, музички вкус, стил, учиш, буквално ама било што не е колективно прифатено. И стварно сакам да преувеличував. Другар во факинг седмо оделение, на сред бел ден, го претепаа и му скршија нос и глава, зашто имаше долга коса, и бил педер.

    Дамар ич не беше вандализиран милион пати, не беше ни геј бар, ама се дружеа таму "настраните". Не, немаше физички повредени, можда во Калифорнија. :)

    И ситуацијата е милион пати полоша, како се оди во помали и порурални места. Ми се ежи кожа и немам сила да си враќам слики, и да ги напишам случките што ми се пренесени, за тоа како се третираат геј лица во некои порурални места низ земјава ни.
    Ама уствари не, таму и работа може ќе ти дадат и да немаш, ако си геј де. :):):)

    И уште религиозни лица, во 21ви век, егзорцизми извршуваат, господачува.

    И како врв на нашето право, пробај пријави ама било што од ова. Дали некој ќе го стигне законот. Дали некој ќе одговара.

    Не, парадава скоро сигурно нема да го смени мислењето на гореспоменатите, ни на тие што објавувааат религиозни текстови за божја казна во тема парада на гордоста. :drunk: Ама нема ни ниеден говор, лобиинг, бакрач. Ама и те како помага, да кога си истрпел милион сра*a, да знаеш не си сам, и дека постои дел од општеството кој те прифаќа, таков каков што си. Затоа мислам е многу важно да се потенцира дека убаво е сите да одат, парадата не е никако само за ЛГБТ лица.

    А тие што се запнале има други општествени проблеми, зашто не се борите за нив, не ви е гајле...
    Мора да ви се заблагодариме, што најдовте простор во вашите срца да ни остапите еден ден, и простор на улиците за нашата геј лоби парада, наместо вашите паради, маршови, општествени револуции, и секако жесток лобинг, за заштита на оние нели, вистински маргинализираните. :)

    Поздрав до Калифорнија.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, staycalm и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Исто како ти што знаеш за што пискам јас. Ќе ми смета што сакам да ми смета тоа не е твоја работа. Гледам се наоѓаш повикана у секој мој коментар.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.152
    Пол:
    Женски
    Не се во брак, и двајцата не веруваат во папир.
     
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.539
    Пол:
    Женски
    Имаат право на брак во матично.
    Во црква немаат.
    Црквата си има терк кон кој строго се држи.
    Исто како што и јас немам право на брак во црква ако не им однесам крштениче дека сум крстена.
    И јас сум обесправена. Зошто да не ме венчаат во црква ако не сум крстена.
    Ајде на парада сите за некрстените дека не ги уживаме сите права како останатите.

    На крај краева што ќе им е брак во црква еве ни моите не се венчани па фала богу над 30години среќно си живеат.
     
    На Alita му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.