1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Абе не им се објаснувајте, немате потреба. :D
    Кој фактор се побогу па ќе им се објаснува, па де разбери ме, де те молам прифати ме, де не збори така.
    Големо чудо дали ќе бидат поддршка или ќе продолжат со истата хомофобична агенда која ја набубале на памет, изверзирани се сите едно исто да зборат, колку и да пробуваш да објасниш.
    Немојте да барате одобрение !!! :l:
    [​IMG]
     
    На CameliaMiller, staycalm, buba4e89 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да разберам како може да коментирате за тоа дека геј популацијата немаат право за посвојување деца. Дај малце видете објективно дали и стрејт луѓето у мк добиваат право за посвојување колку се чека и колку мито се бара. Имате и истражувања за тоа има и емисии, ако ве мрзи да ја расчепкате таа тема не мора да ги правите жртви хомосексуалците. Тоа се проблеми кои државата ги нема разгледано никако а не само зошто некој е геј.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Се додека читам небулози, ќе реплицирам.

    Ок, ама имаат право во некои други држави, да склопат некаква форма на заедница, кај нас немаат.

    Кај имаат право на брак во матично?
    Си го прочитала законот за брак и семејство некогаш?

    Е и?
    Стрејт пар смее да аплицира за присвојување, геј пар не смее воопшто.
    Не гледаш разлика?
     
    На CameliaMiller, Alisa22, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Имаше на една емисија, муабет за семејство во прилепско село, чие дете било трансродово.
    Кога разбрале родителите, го затвориле во некоја шупа во дворот, не му давале ни редовно храна и вода, а комшиите доаѓале да го гледаат, како животно во кафез.

    Ама имаат исти права... може, на хартија, забрането е да се дискриминира.. Исто како на форумов што е.
    Ама тоа не ги спречи сезнајковци да дискриминираат уздуж и попреко
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, staycalm и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    А тебе егото ќе ти порасне ако нештото е само на папир, а не у пракса. Само да знаеш дека смееш нешто без да го добиеш?
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Како за егото?
    Практични проблеми настануваат од неспроведување и немање закони.
    Егото нема врска со правото на достоен човечки живот, кое би требало да биде загарантирано за сите.
     
    На CameliaMiller, staycalm, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    13.396
    Пол:
    Женски
    @WildMk, па нека одат до соседна држава нека се регистрираат акл толку сакаат и ако неможе кај нас.
    Еве јас кај нас не можам да се венчам во црква па па не кревам прашина. Ако толку сакам ќе одам во друга земја или друга црква ќе ме венча.

    И ако не постојат такви закони еве нека ги донесат за посвојување и за склучување на брак помеѓу лица од ист пол секако така и до сега си донесуваа закони без некој да биде прашан, па и да прашаат пак си тераа по свое како си намислиле, никој нема да излезе на протест тоа гарантирам.
    За воздухот излегоа одвај 20души што сите не труе, за други работи воопшто не излегоа па за ова верувај никој нема да му е гајле дали комшијата ќе има партер маж или жена.
    Нека почнат од тоа, а не од провокации, запирање на сообраќај во цел град и трошење на непотребно пари.
     
  8. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    :clap:Смешна си многу, знаеш и сама дека за геј луѓето се збори дека се "модерни" и дека гледаат од филмови и серии.
     
    На Alisa22 и WildMk им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Аман мори Очичке.. 2-3 саати ќе биде целата 'фама', не ќе го укочат градот два месеци.
    Остајте ги нека си го истераат она што си го зацртале. Баш тие 2-3 саати, не мора ни да излегувате надвор.
     
    На CameliaMiller, Nausicaa и candy.cane им се допаѓа ова.
  10. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.975
    Пол:
    Женски
    Видете дечки,колку и да се правите вие open-minded за геј врски и парада на истите, кога детето ќе ви каже " мамо ја сум педер" сигурна сум дека првичната реакција нема да биде како кога би ви кажал "мамо јас ќе станам татко".
    Се осеќа огромна разлика и никогаш во земја како Македонија нема да бидат прифатени.( така да џабе покушаваат нешо со дозвола на Заев).
    Јас сум у глобала флексибилен човек,не ме занимаат туѓи животи и што кој прави.Се додека ЛГБТ си седат мирни дома,и си прават шо си прават меѓу 4 ѕида, немам право да се мешам и осудувам.
    Но :!:
    Јавно,масовно,и надвор да ми прокламираат дека сето тоа е нормално, не сакам,и никогаш нема да прифатам!
    Не е нормално,не е здраво,и не е природно.Бог ја создал жената за мажот,и обратно.Чуму потреба да се извитоперат овие вредности?!
    Ве читам тука сите со истиот муабет "СЕ САКАЛЕ,СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА БИДЕ САКАН"
    Да,треба да сакаат и да бидат сакани,ама на вистински начин,на природен начин,на оној начин каков што самиот Господ го благословил помеѓу маж и жена!
    Фаламногупријатно:sun:
     
    На Ladybug98 и referentka им се допаѓа ова.
  11. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    @Shalitra ако имаат права, ќе може слободно и син ти педер да дојде и да ти каже дека ќе е татко. Ако е неплоден, помалку ќе го цениш?

    Да те потсетам дека не сите веруваат во Господ, последниот муабет ти е безвезе.
     
    На CameliaMiller, staycalm, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  12. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    13.396
    Пол:
    Женски
    Оф мори мајкоо...
    Смешна си навистина ти, 21 век е кој размислува така? Баба ти и дедо ти?
    Од што гледав филмови и серии еве и јас гледам да сум фина со чистачката дома што ми чисти, оти може да испадне дека ми е мајка :rofl:
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.981
    Допаѓања:
    55.004
    Пол:
    Женски
    Да бе, вие шетајте слободно во јавност со вашите партнери од спротивен пол, а тие требало да се затворат во 4 ѕида никој да не ги гледа. (facepalm)

    Како што јас можам дечко ми да го држам за рака, да го гушнам и бакнам во јавност, да склучам брак со него, така треба и тие. Што сме ние стрејт повеќе од нив? Јас не би сакала да немам право на љубов, да не можам да излезам во јавност, зошто и тие само затоа што нивниот партнер е од истиот пол?

    Аман и од ова муабетиве со Господ. Не секој е религиозен. :yawn: Не заборавајте дека истата книга што вели дека хомосексуалноста е неприродна го одобрува инцестот ама не сакам да навлегувам во офф топици и ќе застанам тука.

    Само вие залажувајте се дека ги имаат сите права, кога ги немаат. Се додека не можат да го имаат сето она што може еден стрејт пар, имаат причина зошто да се борат, и ние исто зошто да ги поддржуваме.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.574
    Допаѓања:
    78.974
    Пол:
    Женски
    Кој ги поддржува, нека оди на парадите и нека се бори заедно со нив за нивните права. Кој не ги поддржува, нека не оди, а не ќотек да им мава. Толку.
     
    На CameliaMiller, Harper, staycalm и 7 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    На Animali и candy.cane им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    е арно де душо, значи на хомосексуалците им требаат паради по улица за да докажат дека однос помеѓу двајца мажи или две жени е ПОНОС а ние што сме во хетеро врска не сме поносни, така му доаѓа, нашево е испод понос?
    Еднава работа е нормална, така велите вие...а која е тогаш ненормална.
    Абе кога еднаш ќе сфатите дека тие паради се само за политички поени, да им се удвараме на другите земји како ете колку сме напреднале, модерни сме демек...

    темава е за самата парада а не зе хомосексуалци.
    Дефинитивно ќе кажам дека на овој свет не му се потребни такви парадирања..нема потреба!
     
    Последна измена: 23 мај 2019
    На RosettaStone и veteruska им се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Геј популацијата само покажува дека е далеку супериорна во однос на интелигенција со стрејт алфа мажјациве, white christian heterosexual male, во превод клошар, навивач, хулиган, неебитис, насилник, вандал.
    Никој не се прашува од каде таа исфрустрираност во толку млади луѓе, бес, желба за пролевање крв, кршење на градот, напаѓање на безбедносните сили, напаѓање на други недужни учесници.
    Имате многу поголем проблем отколку неколку стотиците предвидени учесници на парадава.
    А тоа е, менталното нарушување на оние кои ги величате, насилниците, кои се во состојба да наштетат на било кој им се најде на патот, било да е маж, жена, дете. И сето тоа прикриено низ призмата на скапаниот патриотизам и православје. Со такви луѓе делите секојдневие, со луѓе кои мислат дека ако не постапуваш по нивен терк и по нивна идеја за исправно, имаат за право да ти објаснат што е и како е, преку физичка пресметка. Кој ***** ви се врти во главата ? Имате ли памет ?!

    Јас не се плашам дали ако имам дете еден ден, ќе се изјасни за геј.
    Ќе се плашам ако изрази желба да крши ноге, да разбива глави и да го пали градот.

    Тогаш ќе знам дека сум факинг неуспех како родител, нешто што вие не сакате да го признаете.
     
    На CameliaMiller, Ицолгудбејбе, Someonespecial и 15 други им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    ГЕЈ популацијата била далеку посупериорна и бла бла бла???:?:
    ДАЛИ ти ова озбилно го мислиш?
    Парадите се баш тоа, барање рчки, барање проблеми, предизвикување на испади, ПАРАДА НА ПРОВОКАЦИЈА треба да се крсти...ај што ќе ја искористат во политички цели некој, ај што толку обезбедување ќе излезе на улица а сето тоа кошта пари нели, па уште кога ке ги искористат и сите оние беспомошни лица со посебни потреби:!: и за што, ТЕ ПРАШУВАМ, за што да докажат, што бараат а немаат??
    Они сакаат основата на брачната заедница, основата на животот и неговото продолжување да го уништат..парада на сатаната ти е тоа!

    Никој нема против да се сакаат, да имаат односи, ете нека и се венчаваат..ама не бре да ми бараш барања со изигравање циркузијади по улици.

    Секојдневно имаме тепачки по улици, напади, силување, киднапирање, убиства...ајде да излеземе сите на улици..или само кога гејовите ке излезат, тогаш ве боли газот, тогаш страввувате за нив што ке ги потепале, исплукале и пцуеле..а ние сме секојдневно под стрес, секојдневно стравувам за моето дете некоја будала да не го силвува, натепа идр....АМА ВИЕ СТЕ ЗАСЕГНАТИ ПО ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА..КОЈА ДЕФИНИТИВНО САКА ДА СЕ ПРЕТСТАВИ КАКО УГНЕТЕНА, ОМАЛОВАЖЕНА ДИСКРИМИНИРАНА.....

    :@
     
    Последна измена: 23 мај 2019
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.608
    Допаѓања:
    173.820
    Пол:
    Женски
    А вие сакате да кажете дека тие немаат право на љубов и да се држат за рачиња во јавност?

    Па и ја во мк живеев и тоа не во метрополата, па и за рачиња се држеа и во јавност и тоа.

    Прво, татко што ќе истепа син за бидување геј, истиот ќе ја истепа ќерката за бидување трудна на 17, и веројатно, ја тепа и мајката дневно. Оние што тепаат и малтретираат гејови, обично се класични насилници што малтретираат и крупни, ниски, со клемпави уши.. вакви, онакви џаст нејм ит. И нив ги има насекаде во светот, замислете, дури и таму каде земјите се далеку поразвиени од нашата. :o И од таквите никој од нас не е поштеден.

    Друго, посвојување деца од страна на геј партнери во Европа е сеуште во експериментална фаза, така што тој аргумент не ви е издржан.

    Трето, Нена е во право кога вели дека геј се привилегирани, оти секогаш за се нешто што се случува на работа, се вадат на бидување геј. Имаат закони што ги штитат како бели мечки. Тоа што во Македонија нема таков закон, не значи апсолутно ништо, оти и ако вујкоти не е поп, ти биди колку сакаш стрејт, пак ќе леташ од работа ако така некој сака. Па во таа смисла, Македонија не е баш соодветен пример.

    Плус, ако не знаете, Македонија копира Европски закони, нашето законодавство скоро па е цело ископирано од Европското, па не се секирајте кај и да е, ќе донесат закон и за нив.

    Четврто, дури и во земјите каде не се дозволени класични бракови, постои закон за заедништво, каде што двата партнера ги уживаат истите права како да се во класичен брак. Тој закон за брзо ќе дојде и кај нас.

    Петто, да не беше ситуацијата таква, ниту јас немаше да се потпишам со маж, дали тоа ќе ме напраеше цимер?? |( Сум живеела со цимерки, не сме праеле многу од работите што ги праам со маж ми.

    Шесто, геј популацијата не е мала. Бар сите знаеме по некој, еве гледам по улици нон стоп се крвишта напраени од мавање. (facepalm)
    А да не заборавиме ниту на фактот што најголемите насилници и дискриминатори на гејовите, се и самите латентни гејови кои живеат во динајл.

    И да, многу луѓе не се согласуваат кај нас со постоењето на таа популација и да, треба да бидат поприфатени. И тие што не ги прифаќаат, не значи дека сите се насилници. И за тоа е потребна едукација, а не парада. Со едукација се учи дека сите сме исти. Парада треба тогаш кога се потстигнал некој повисок левел на прифатеност од страна на општеството. Вака повторно најголем дел ќе ги гледаат со резерва.

    Џабе толку драмење праите. Нормални луѓе си се, што живеат нормални животи како и сите нас.
    И не излагаат на протести за воздухот кој што е од значење за цела нација, исто како и сите останати без разлика на полова ориентација и кого бацува у уста.
     
    На Harper, Hellobeautiful, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Што зборуваш жити се ? Зашто вака спинувате и филувате само за да испаднете во право и да го докажете своето ? Еве јас немам видено никаде, имам гледано и гледам луѓе за кои знам дека се пар, а со огромна предострожност се однесуваат во јавност, за да не навлечат на себе зли погледи, пцовки, исмејувања и навреди. Нешто за кое стрејт пар нема ниту најмала главоболка. Друго самата викаш дека има огромна бројка на геј луѓе. Ок еве и да е точно, колку истополови партнери имаш видено да се држат за раце на јавна површина ? 1, 2 ?
    Не ти кажува соодносот ништо ?
    Помалце веројатно. Ова е само нагаѓање, не знаеме кој како би постапил во една таква хипотетичка ситуација, ама затоа можеме да збориме за реалноста која им се случува на геј децата, која е факт.
    Знаеш ли ти колку млади луѓе при откривањето на себе си, биваат избркани од дома ?
    Пред да бидат избркани од дома, дали знаеш каква хоророзна психофизичка тортура им се вршела секој ден ? Колку биле препраќани на психијатар, по бајачи, по свети води, по цркви и попови ?
    Дали трудната ќерка од 15 години минува низ сето ова ?
    Има родител кој ишол до тој степен па платил проститука да дојде дома, ќе го предомислел синот геј, кога ќе осетил што е женско. Јас знам, ама еве ти и многу други не знаете.
    Штета што центрите за социјала ни се дно дна и бескорисни. Кога би работеле на ниво на дадената задача, сите овие случаи би биле евидентирани и би им била пружена соодветна заштита.
    А бројката односно процентот на ваквите случаи би ве фрапирал.

    Приметив дека зборот Парада на многу луѓе им боде во очи.
    Еве Протест да го наречеме, или како год, дали мислиш дека реакциите би биле другачии ?
    Јас ќе ти кажам, дека апсолутно се што читаш сега, би читала и тогаш. Џабе се вадат дека им пречи паролата Гордост, кога всушност суштината е таа што им пара очи, ништо друго.

    Дали мислиш и дека протестот за правата на жените исто бил беспотребен, уствари требало само да се едуцира народот, како и маршот за правата на црнците ?

    Кога веќе не можете да ја разберете проблематиката, барем не ја минимизирајте.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, VoodooGirl и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.