Форумџика на годината

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Ти така ги разбираш работите, јас навистина верувам дека треба да имаат еднакви права како и хетеросексуалците.
    И зошто мора нешто да е 'ненормално'? Нормално е и да си геј и да си стрејт.

    И по милинити пат: Како едниот проблем го исклучува другиот?
    Ај замисли дека не е за р'чки, туку е за да промовираат идеја за еднаквост.
    Ќе одат, ќе се прошетаат, ќе си одат дома.
    По твојата логика, исто можеш да речеш и за девојка во минич: Дека провоцирала и заслужила да биде силувана.

    Е ај ко така.. чим сите закони ќе бидат ископирани, да хибернираме. Не мора за ништо да заземеме став, не мора за ништо да правиме нешто.
    И едно е да има закон на хартија, друго е да се спроведат во пракса.

    Гледаш дека полицијата се спрема да ги заштити луѓето кои ќе маршираат, не ти кажува тоа дека имаме проблем со прифаќањето на припадниците на ЛГБТ заедницата?

    Не ги минимализирај проблемите кои постојат.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, VoodooGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.935
    Допаѓања:
    177.610
    Пол:
    Женски
    Па сигурно не зјапам по парови и не собирам статистики. Процентот никогаш не може да биде изедначен. Секогаш некој ќе котира повисоко. Лани во автобус од Крф до Скопје двајца си се бацуваа цело време. Никој проблем не им напраи. Ниту ги погледна попреку.
    Ја не негирам дека постои дискриминација, ама немам намера ниту толку многу да ја пумпам.


    А дали ти мислиш дека родител кој ќе избрка свое дете од дома поради бидување геј или ќе му донесе проститутка, е иначе пример за родителство, грижлив и мил? Или е некој токмак, со пивски мев кој седи пред тв и дига нозе за да усиса жена му, а во меѓувреме мора да е се тивко оти ако некој го разбуди од пладневна дремка ќе им е*е мама на сите по дома.. Ок, не мора секогаш да има пивски мев мислам сеа...
    Ама родител колку и да е против тоа што детето е геј, за неговата среќа ќе го прифати.
    Стварно мислиш дека претпоставка е дека обично нормален родител, е ненормален само ако детето е геј?
    Дека само геј дете се носи по бајачки? Другарка ми беше на бајачка и тортурирана од родителите оти косата си ја напраи во форма на четка и ја фарбаше во многу бои. Тек да останеше трудна. Родител што носи по бајачи, да, ќе ја тортурира и ќерката и синот од било која причина.

    И да, ако социјалните служби си стојат на задачите, сите ние ќе бидеме многу фрапирани од многу насилства во многу семејства, а само некои од нив ќе бидат со геј причина.

    Не не ми боде очи воопшто. Ми боде очи тоа што ти ќе си го наречеш протест за да докажеш поента. Знаеш, протест е да излезеш со пароли пред министерство, влада, парламент. Како што карневал е забава, марш е трето, парада на гордост е четврто, каде се дефилира по улици, со цел да се покаже дека и таа група постои. И јас немам апсолутно ништо против тоа. Освен што барам едукација за повисока свест кај народот за овие луѓе, па да имаат за што навистина да бидат горди. Те молам, без извртувања зборови.

    Да бев во Скопје и јас ќе продефилирав со парадата. Тоа не значи дека ако нешто поддржувам, не смеам ни да го критикувам ако нешто сметам дека не е во ред.

    И да, стојам зад секој протест и ќе продолжам, оти сум за еднаквост.
    Компарацијата, апсолутно ти нема смисла, барем кај мене.

    Јас би рекла, еве ние оти ништо не разбираме |( вие што се разбирате од се па и од проблематикава, оти ја пумпате дополнително?
    И јас и ти, тука доаѓаме со лично искуство. Ти велиш не си видела геј парови во јавност, јас велам дека сум видела. Не сум видела раскрвавени носови кај геј, и јас лично не сметам дека проблемот е толку многу голем како што го претставувате тука, ти сметаш дека е, поради твое видување на работите.
    Научете да прифатите и спротивно мислење на вашето, а исто и да го критикувате и она што го поддржувате.
    Критиката не е секогаш лоша.
     
    Последна измена: 23 мај 2019
    На ocicka2014, baba Rada и Tea678 им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.935
    Допаѓања:
    177.610
    Пол:
    Женски
    @WildMk махер си за извртување зборови чоече, да се цитирам сама или ќе прочиташ одново каде во неколку наврати велам дека е потребна едукација за поголема свест за прифаќање на геј популацијата?

    Полиција има на секој протест, марш, карневал.
     
    На ocicka2014, baba Rada и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Доволно е да прочиташ коментари за парадава, и на форумов, и на социјалните мрежи, па ќе видиш дека е проблем.

    Кој сака да ги тепа, кој да ги лечи, кој во црква ќе ги носи... сите би се', освен да речат: Добро бе, кој шо сака нека си прај.

    3 саати парада, направи галама, ко да е закана од нуклеарен напад
    Има, и тоа кажува дека имаме проблем со едукацијата.
    Парадата е вид на едукација.
     
    На Purplelilac, VoodooGirl и staycalm им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.935
    Допаѓања:
    177.610
    Пол:
    Женски
    @WildMk што да ти кажам?
    Ајде сите ќе пишеме колку сме згрозени од тоа што го читаме на интернет. И ќе го пишуваме тоа одново и одново.

    Секаде во светов за време на вакви паради, и посебно за митинзи, човек ќе прочита се и сешто. Не само кај нас, па еве да се удараме у груди само кај нас е вака.. не бива..

    Во време на мас медиа кои повеќе простор даваат на оние што повеќе лаат, парадата не може да е едукација. Спореди ги коментарите, кои преовладуваат. А дали налета на статија, посветена на ЛГБТ, како почнале, каде стигнале, што постигнале? Некои лични искуства од истополови партнери?
    Јас не. Нема ништо посветено за нив, а човек нема специјално да ги гугла, ама ако му искочи нешто ќе отвори да прочита, па и ќе се информира повеќе.
    Затоа не мислам дека ќе се постигне нешто многу. За парада, верувам дека потребна е прво добра база. Да се најави поинаку и информативно, макар најавувањето да трае месеци. Луѓево прво не знаат што точно ќе видат таму.. а не пак нешто повеќе.
    Едноставно, смешно е во толку неинформирано општество, да почнеш директно со парада.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  6. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Никој на форумов не рекол дека сака да ги тепа!
    Досега колку што знам има само еден случај во Севернамакедонија каде што имало напад и тоа врз нивното седиште од другана страна на вардар. Можеби ете, тоа ќе биде и прикладна локација за одржување на таа манифестација чим до толку запнале.

    Никој истотака, не забранува нити може да им забрани да протестираат и парадираат.
    Лугето само си го изразуваат своето мислење дека тоа ним лично им е одвратно и не се согласуваат тој стил на живот да биде така промовиран in your face.

    Каков ефект ќе постигне парадата во Севернамакедонија?
    Мое мислење - негативен. Не можеш сосила некому да му наметнеш свое мислење.
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Па имаше минатите неколку години Прајд Недели, ама на предавањата и трибините присуствуваа само оние кои беа директно инволвирани во организирањето, многу ретко некој од страна да се појавеше. Вака е јавно, на улица, претпоставувам и дека ќе има такви кои ќе држат говори. Повеќе луѓе ќе можат да видат-чујат... па дури и 'ненамерно'.

    Иначе, не велам дека нема и во други земји проблем со дискриминација, ама во случајов зборуваме за Македонија.

    На форумов нема, ама на ФБ посебно, има такви, од кои би ти се згадил животот.

    За рестото, повикај се на погорниот коментар.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.117
    Допаѓања:
    67.120
    Пол:
    Женски
    Од една страна да се едуцирале луѓето, од друга страна геј луѓето да си прават што си прават зад затворени врати, никој ни да ги чуе ни види дека постојат. Хех.
     
    На CameliaMiller, Ицолгудбејбе, Angie1432 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Енивеј, јуни е pride month, ќе има толку многу паради низ светов се надевам ке им се смачи на сите хомофоби. :inlove::inlove::inlove:
     
    На CameliaMiller, Animali, VoodooGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Ооо, толку многу не знаеш !
    Петар Стојковиќ и неговиот партнер, неколку пати беа каменувани во својот дом. Чинам дека партнерот му имаше и повреда на главата со што мораше да се интервенира.
    Јавно тој кажа и затоа јавно името му го кажувам.

    Мој другар наеба од состанок со латентен геј кој се претвараше на геј мрежата гриндр дека му се свиѓа му закажа состанок зад рамстор мол овој отиде му се собраа 4 души го истепаа лежеше у болница 14 дена.

    Новинар еден у Козле што истепаа скоро (не знам дали е жив) беше истепан бидејќи е геј.

    И уште многу многу случки има, ама треба да знаеш геј луѓе што се аут оф клозет па да видиш со што се справуваат.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, Animali и 4 други им се допаѓа ова.
  11. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    25.376
    Пол:
    Машки
    Кој геј пар се држел за рака ВО ЈАВНОСТ во Македонија?

    Живеам у град у кој секој маж шо ќе се исфарбаше му пискаа педер по улица, ти ми збориш шетале за рака фатени? Мислиш дека ако така шетаа немаше да ги објавуваат на страниците за фаќање сеир, ко сликата од сендвичарата у Тетово во која двајца се бациле и ги испообјавуваа секаде?

    Логиката дека оние шо тепаат педери мора да тепаат се и сешто не ти држи вода, баш хомофобијата може да си е одвоена од другите негативни карактеристики на личност. Може да е „најдобар“ татко на стрејт дете шо го нема допрено за ништо, а да сака да ги убие лгбт лицата ако е хомофобичен.

    Посвојувањето деца постои одамна во напредните земји (иако кај нас сега изгласуваат закони за заштита од дискриминација кои што впрочем ги блокираат во собрание ) и се' си функционира беспрекорно. Случаите во кои имало проблеми со семејно, сексуално или друг вид на насилство во истополови бракови се многу ретки.

    Како тоа лгбт луѓето се привилегирани? Наброј 3 примери за во Европа или каде сакаш, и кај нас. Кои се тие закони што ги штитат како бели мечки?

    Геј популацијата не е мала, не е ни огромна. А и најголем дел од таа популација не е отворено геј, како очекуваш крвишта кога сите се кријат? Знаеш дека му беше каменувана куќата на дечко шо кажа дека е геј? Знаеш дека имаше неколку напади на ЛГБТ центарот за поддршка и одредени кафичи во кои претежно доаѓаа лгбт лица? Знаеш дека не се латентните гејови тепачите туку се малцинство, другиве се стрејт?

    Цимер дали ќе те направело? Добро, зашо сте се венчале со маж ти ако не менува ништо? Шокевие правото на имот и сите други предности од бракот?

    Парадата ко прво историски не е за правата шо ги добиле тогашните лгбт лица, туку за правата што ТРЕБА да ги добијат. Потекнува од насилниот стоунвол бунт кон полицијата што ги дискриминирала за потоа официјално да премине во мирен марш за права.

    И ти како стрејт личност што НИКОГАШ нема искусено дискриминација заради сексуалната ориентација си толку убедена дека за ЛГБТ луѓето нема дискриминација во Македонија, сите си живеат среќно до крајот на животот.

    Дајте бе малце од тие розевите очила и на нас другите, очигледно ни се потребни.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, Animali и 7 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    За ова ми е криво, ова ме боли.
    Остај јас шо сум би.. пошто досега не сум се заљубила во женско, нити очекувам да се заљубам во иднина..
    Со маж сум, си имам право на љубов признаена и од држава, и од народ, и од црква...

    А некои ќе патат.

    Знаете колку им се ускратуваат врските на луѓето кои се геј?
    Не ни може баш да опстои долгогодишна врска меѓу два истополови партнери кај нас... едноставно, притисокот ќе ги раздели..

    Замислете, да не можете ни кај вас, ни кај партнерот да отидете дома, не можете да се гушкате и бакнувате на јавни места. Па криење, па носење други луѓе кога ќе излегуваат, за да се замачка врската...

    И стравот... Постојаниот страв дека некој ќе те открие.
    Дома не си излезен од плакарот на пример, и ги слушаш твоите, со злоба зборуваат за педери, си праат муабет за некој што слушнале дека е педер или некоја е лезбејка.. па што би му направиле тие да се на нивно место..
    И ти имаш 10, 15, 20, 50 години... И цел живот го слушаш тоа.. Од твоите, од околината, од сите..
    Па почнуваш да се прашуваш што не е во ред со тебе,..
    Ќе изгубиш самодоверба, ќе се чувствуваш осамнено и отфрлено... Цел живот...

    Е ај излезе интернетов, па ако не друго, можат да се среќаваат за кратки афери.. Ама и тоа не е доволно.. Сите посакуваат љубов.. Сите сакаме да најдеме некој/а кој/а би бил/а по крај нас до крајот на животот...
    Е тие најверојатно, нема да го доживеат тоа... Илијадници не го доживеале до сега, им било ускратено.. Оти на некои таму, им бил одвратен (или не знам каков), концептот на истополова љубов.

    Така минуваат животи... Со децении....
    Зошто да го продолжиме тој циклус на угнетување на луѓе 'кои не ни се по ќеф'?

    Сите имаме луѓе кои не ги сакаме, со кои не се согласуваме, и сите ние сме некому одвратни..
    Како би ви било, затоа што вие им сте одвратни на некои, да ви се ускрати правото да имате семејство?
    Па душата би ме болела... најискрено...
    Не знам за вас...
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, Animali и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.935
    Допаѓања:
    177.610
    Пол:
    Женски
    @staycalm Еве не знам отвори очи па ќе видиш, и дај те молам примени си го никчето што си го закачил и смири живци. :)

    Читај одново и не туку додавај, придавај и не ми извртувај зборови, сфативме, за поента способни сте многу да извртите.

    И намали со драмата човече, грчка трагедија може да ти позавиди. (facepalm)
     
    На Alita и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  14. Soprugot

    Soprugot Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2019
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Ова со геј-парадчето е само мало рекламче демек така било европски, јас не знам какви права бараат кога сите во нашава државичка ги имаме истите права, да одиш да бараш работа не те прашуваат со кој спиеш или дали си геј, ти бараат квалификации итн.... Мене лично не ми сметаат гејовите, нивна определба си е тоа што сакаат нека си прават дома... Но ми смета и тоа како нешто како геј парада која служи за реклама, па ајде и ние да се собериме и еден групјнак да направиме и да му покажиме на младите генерации како се прават деца:)... Што е до мене слободно им се дозволи да стапат во заедница брак но никако да им се дозволи да посвојат деца....
     
    На Alita и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Финтaвa е хoмoфoбичен си aкo не ги прифaќaш...
    Тoa сo неприфaќaњетo е oбoстрaнo...
    Имaв пријaтелкa штo е геј и сите други зa неa беa стoкa...
    А никoј сo ништo и немa згрешенo.
    Нa крaјoт нa денoт штo сaкaш прaј си вo свoјoт кревет...
    А тoa сo јaвнoст е тoлку глупa спoредбa... Среднoшкoлци ли сме ќе се лижеме пo улицa.
    Пaрaдaтa е глупoст би рекoл и штетнa зa децa штo немaaт oфoрменa сексуaлнa oриентaцијa.
    Се нaдевaм и дa имa декa ќе биде пoдaлеку oд децa.
     
    На referentka, nena2010 и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Глупости. Каков проклет групњак, марш ќе биде.
    Имаат права да.
    Од утре, ќе те тепам ко ќе те видам... оти си стрејт.. па после ќе речам дека бараш права шо ги имаш
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Ја поддржувам парадата, зошто да ја нема и кај нас.
    Познавам геј луѓе, и мажи и жени. Не ми пречи хомосексуалноста воопшто.
    И има луѓе кои во јавност се држат и се љубат, барем во Скопје, имам видено.
     
    На CameliaMiller, ecka.da.wiz и WildMk им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Исто глупости.
    Децата знаат дали се геј или стрејт, со првиот симпатија на 5 години.. без разлика што виделе.
    И ти си видел хомосексуалци, ама не те наттера тоа да се палиш на нив.
     
  19. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    25.376
    Пол:
    Машки
    И ништо не одговори шо те прашав а? Ниеден пример не даде? Очекувано, секогаш немате аргументи да го докажете она што го зборите.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, VoodooGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Кaкo не ме нaтерa би бил сo две лезбејки.
    Децaтa не требa дa бидaт излoжени ни нa стрејт ни геј, вo скaндинaвијa ги збунувaaт сo геј прoпaгaнсa пa се сaмoубивaaт.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.