1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. snowflake5

    snowflake5 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2018
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Не можам више да ви објаснувам и да ви докажувам на сите што сте против ЛГБТ, не е добро за моето здравје да се замарам со вас. Идам да јадам noodles :inlove:
     
    На ecka.da.wiz, poenta, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Па да, во право си, ама сепак ги спомнав како фејмс геј фемили, иако се зад затворени врати.

    You bet I do. Знам за уште неколку вакви како Роналдо. :rofl:
     
    На Ketchup, sjdgo и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Немам ништо против ако организираат парада. Секој има право да го искаже своето мислење и имаат право на тоа да им се чуе гласот. Но, треба да знаат дека на настани (од било кој тип) секој човек оди нормално облечен, а не како „летечи медвед“, Химен и облечен како Тинкербел.

    Тоа ми пречи најмногу. И тоа облекување нема никаква врска со либералност, тоа е глупост.

    А вие што сметате дека овие луѓе не се нормални и немаат право на искажување на мислењето: ај ако не да ги воведеме Нирнбершките закони од 1935 година...
     
    На poenta, Bender Rodriguez, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека тоа би биле некои нечуени новости. Но тоа на страна, ова е тема за парадата на гордоста а другите полоши работи ќе ги дискутираме во друга тема.
     
    На ecka.da.wiz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. snowflake5

    snowflake5 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2018
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Поентата беше има полоши работи за кои се трошат твоите пари. Буни се за тоа а не за парадата.
     
    На Someonespecial, Feminka22 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Многу добро знам што беше поентата. Парадата не ја гледам како ништо добро или лошо туку како нешто кое е навистина непотребно. Нормално дека сум против да се троши за сето она кое во моментов не е приоритет. А како што веќе кажав, ова е тема која се однесува на парадата и нема што да коментирам други постапки од кои не сум задоволна.
     
    На snowflake5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. snowflake5

    snowflake5 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2018
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Окк
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.003
    Допаѓања:
    48.815
    Пол:
    Женски
    Пари пари парии пукнати сте за пари.Сфаќаш дека не се приоритет во животот?На тие луѓе не им се битни парите нити пак твоето мислење жено.Сакат да се покажат јавно кои се и што се и алал да им е за тоа.Они бар не се кријат и не се срамат кои се и какви се за разлика од 50% од бедново население кое се штека под маски.Ти, јас, Станко, Петко нема да финансираме сигурно.
     
    На snowflake5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.744
    Допаѓања:
    33.505
    Пол:
    Женски
    Не сум против парадата , а не сум ни за. Малку ми е грозно кога ќе видам двајца мажи или две жени како се галат јавно. Мене љубов ми е помеѓу маж и жена. Не дека нешто ги мразам или сметам дека се болни.Ама еве не ми е убаво за око . Еден од организаторите ми е школски и колега и сум одела на кафе со него и сум се дружела и пак би одела.Супер дечко член на Менса и пресимпатичен ама ете си одбрал парнер од ист пол.
     
  10. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Се знае кои се, луѓе се како и сите нас но нивната сексуална определба е нивна работа и мене не ме интересира воопшто затоа што тоа не е критериум според кој би ги ценела како личности. Нека бидат горди колку сакаат ама сметам дека нема потреба од парадирање низ град. Ако станува збор за државни пари, и тоа како ме интересира каде и за што одат.
    И ќе ве замолам да не ме цитирате, јас си имам свое мислење и нема што да образложувам понатаму.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Нивната сексуална определба секако дека е нивна работа, проблемот е што вршат промоција на истата и го величат нивниот болест.
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.003
    Допаѓања:
    48.815
    Пол:
    Женски
    Зошто да нема?Тебе тоа лично те тангира?Колку пари од твој џеб може да се дадат?Од даноци што плаќаат сите.Сигурно нема од врата на врата да одат.Сакате исток сакате Америка сакате ЕУ НАТО ама ништо не ви чини.Пари пари париии да се удавите во пари сите треба.
     
    На snowflake5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Луѓе бе луѓе...
    Ако нешто се глорифицира, величи и наметнува, тоа е хетеросексуалноста, почнувајќи од учебници, па телевизија, филмови, серии, реклами, црква, луѓе на улица...

    Не знам како можете да негодувате на нивниот активизам кога и вие истото би го правеле ситуацијата да беше обратна - гејовите да не ви даваа да стапувате во брак и да се гадеа на вашата појава.

    Геј: Ве молиме дозволете ни да стапуваме во брак и не нè сметајте за чудовишта ако може.
    Рандом стрејт персона: Иу не ми ја наметнувај твојата сексуалност.
     
    На Nigredo Odor, ecka.da.wiz, poenta и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Нормално е да се раѓа а не вака ама нивен избор,неможам да се мешам,да кажувам иначе нормално е да се размножуваме а не машко-машко,женско-женско
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.221
    Допаѓања:
    162.775
    Пол:
    Женски
    Јас пак, се мислам дека можноста за размножување не се крати. :D Барем не во денешно време, каде многу работи се возможни и достапни. :wasntme:
    Не можи, апсолутно не можи, да ми смета некој кој не го познавам или пак како си го живее животот. :nod: Луѓето си ги имам поделено на важни за мене, и не важни за мене. Тие првите, се грижам за нивната добро состојба, за вторите искрено, им посакувам најдобро ама не ме интересира подетално. Така да, ако сакаат да стапат во брак, да имаат деца - на никој нема да сметаат, сем ако нели, се бучни и лоши комшии. Ќе бидат лоши родители само ако имаат таква основа и (отсуство на) домашно воспитување, а не зошто се хомосексуалци. Ова второто не е пресуден фактор. Се иди од семејството и ако некој пар не можи, а сака да има деца, безразлика од каков брак доаѓа, треба да можи да се исполни како родител. Многу, многу родители би рекле дека не заслужуваат да имаат деца, зошто се лоши родители, па зошто да не дајме шанса на потенцијален добар родител? Крај краева, потенцирајќи дека едно семејство мора да има и машка и женска фигура како родители, навредува многу други семејства иако од некаква омраза, најверојатно, не го гледате тоа. Исто така, свесни сте дека хомосексуалците доаѓаат од хетеросексуални семејства, така да колку што влијае околината, толку и не влијае на сексуалноста на некој човек. Ако некој од семејство со хетеросексуални родители, е хомосексуалец, значи дека дете од семејство со хомосексуални родители, нема по дифолт да биди хомосексуалец, ќе биди тоа што е.
    Дали е тешко да се објасни на детето хомосексуалност? Воопшто. Би рекла дури и дека можеби не знаевте да им одговорите зошто не сте го отвориле срцето. Навистина, со вистински пристап, најобично да се објасни ситуација - е доволно. Имам објаснувано на деца за сексуалност, хомосексуалност, и ете ги, растат како здрави деца.
    Крај краева, кога секој би си го гледал својот двор, светот ќе беше подобро место. :inlove:
    Ако сакаат да парадираат - нека. Мене навистина, не ми смета. Едино нешто што би ми сметало се гласни звуци, се чувам од такви работи и е пресуден фактор дали би била во близина на таа парада или не . :shake:
     
    На ecka.da.wiz, Lella, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Абе како сакаат да ги подржувам нивните срамни паради на гордоста, на кои освен соблекување, разголување, драпање, трљање и симулирање на секс, нема ништо од понос и гордост и култура на однесување на јавно место...како моето дете да ги гледа овие неморали по улица???

    Ова се слики од вчерашната геј парада што се одржа бо Белград.

    срамотилаци
    parada-ponosa-u-beogradu-2018-32-830x0.jpg 1537191520398-prajd-620x350.jpg
     
    На elimkd, BlackNight и EvAngelos им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Поработи поактивно на фаќање нов швалер, па после дели проповеди за моралност.
    Двајца голи до половината, не ги дефинираат сите учесници:

    http://www.balkaninsight.com/en/article/gay-rights-activists-march-in-belgrade-09-14-2018
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Што врска има фаќање на швалер?
    Тие двајца полуголи играат на сред улица и симулираат секс..(не го пуштив видеото оти ми е невкусно)да не речам грозно, нели.
     
    На BlackNight, Роберт 7 и Dust им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Да де... грозно е многу.. демек не знаеш што е секс... не си имала секс, ти се згорзи од помислата.
    Секоја сабота вечер, во дискотека, можеш барем еден стрејт пар да видиш како игра, симулирајќи секс.. Оти такви не ти се грозни?

    'Валканиот танц', култен филм, најголемата плачка за милиони жени, има еден куп симулации на секс при танцување, па не памтам некоја да и' се 'згрозило'.

    Не може до пола да си моралист.
     
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Ало, душо, настанов се одвива насред улица, не во дискотека.
    Можеа фино лепо да си продефилираат, културно и никоме ништа...АМА што им треба ова брукање јавно, незнам!?
     
    На Роберт 7 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.