Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    60.622
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Не бабе, хомосексуалците родители ќе му форсираат лајфстајл на детето, нема да го остават само да си одбере човек што ќе го прави среќно.
     
    На CameliaMiller, sparklie, smooch и 11 други им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Ех да е само Битола :))) Тоа е реалноста на најголемиот дел од ваквите идилични на око семејства. И самата мислам дека ќе се согласиш со ова.
    И 'домаќинките' од мојот град се шушкаат нешто сакале и они да покажат што е гордост. Детето и мажот..
    Ќе ми пукне филмот па ќе направам ' Парада на скриншотс ', па нека се гордеат и величаат до небо.
    На организаторката мажот, во изминатиов Петок, преку пораки и усилен секстинг, уствари сакал да ми покаже колку си е горд на фамилијата, obviosly :^)
    Нека идеме ниско до крај, зашто да не.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, Animali и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Гледав еднаш еден документарец за истополов брак со дете.Знам дека детето кажуваше дека мечтаело цело време за другиот полов родител.А сега тоа дете било хетеро.Нема веза дали родителите се хомо.Секако на хомосексуалците родитилите им се хетеро па они се хомо.

    Во мое маало има многу жени хомо со деца .Јас ги гледам како две другарки што го шетаат детето на едната.Ако се држат за рака едноставно не ми ги прифака мозокот како нормален пар.Ама не ги ни осудувам.Едната некогаш тешко ја дешифрирам како жена.Повеќе ми е маж отколку жена(facepalm)На изглед.
    Еднаш видов еден пар женски со 3-4 деца изгледаа на многу среќно семејство се смееа и радуваа:)

    Ова е прва геј парада кај нас?Нели имаше лани?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Уште чекам да разберите дека сите трауми кои што едно дете растено во истополов брак би можело да ги има се од вас хомофобите и вашите деца кои не сте ги научиле дека различности постојат и дека тоа е во ред.
     
    На CameliaMiller, smooch, Lella и 11 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Иаше Прајд Недела, со разни настани.
    Официјална Прајд Парада е прва.
     
    На CameliaMiller, Animali, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ау леле ти си се загрижила за тоа дете.
    Во друга тема каде што членки пишуваа за психичкото малтретирање, контролирање, трауми од токсичен родител ти им се смееше со зборовите Ама ќе видите кога ќе станете мајки, ротиелите само добро ви мислат. И јас бев меѓу тие членки. Не ме терај да ги барам тие постови.
    Загрижени биле за децата. My ass сте загрижени.
    И оние мајки што ќе одат на контра простест прашање е дали навистина се добри мајки.
     
    На CameliaMiller, Lella, Oxymoron и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Читам за контрапарадава и само ми се докажува дека немаме абер да тргнеме напред. Седи си во едно место и тапкај си. Немој ни случајно да се обидеш да ги отвориш погледите и прифатиш и нешто различно. Никако! Тоа веднаш значи дека го негираат твоето.

    Немам ништо против мајки или татковци, но имам многу против родители кои ја злоупотребуваат таквата улога за да деградираат некој друг.
    Значи за парадава на 30ти едно големо НЕ.

    И исто толкаво НЕ за мајките од форумов кои сметаат дека се злобни сите оние кои не ја поддржуваат парадава. И уште толку НЕ за сите оние кои прикриено и тивко ги поддржуваат претходниве.

    Да се разочара човек.
     
    На CameliaMiller, Lella, Oxymoron и 8 други им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Како можеш да поставиш такво навредливо прашање дали мајките што ќе одат на контра протестот биле прави мајки!???
    Како даваш такви смели изјави за мајки што никогаш ниту си ги видела како изгледаат а камо ли како си ги одгледуваат децата!????

    Битно е дека на ќоро и на гатање, тврдиш дека геј популацијата ќе биде совршен родител и децата ќе ги одгледуваат да имаат среќно детство!!!!!


    Лелее Танче, лелееее(facepalm)
     
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Исто како што ти даваш смели изјави дека на дете растено во истополов брак ќе му биле скратени правата зашто тие ќе му биле лоши родители.
    Не реков дека не се добри мајки. Реков само дека можеби не се значи можеби се, може не.

    А ти тврдиш дека секој хетеро брак под дифолт е здрава средина за едно дете,

    Има и добри и лоши родители кои се во хетеро брак, има и добри и лоши родители кои се во истополов брак. Е толку е едноставно.
     
    На CameliaMiller, Lella, Oxymoron и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    19.628
    Пол:
    Машки
    Не е едноставно треба некој да го зачне и да го "подари" на таквите родители и тие таквите родители што се сметаат во општеството како "поинакви" не знам дали се толку open minded и ќе разговараат на овој начин на кој ти објаснуваш и споредуваш.

    Не е толку едноставно како што пишуваш... овде на форум.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    https://opserver.mk/stav/otec-dimit...ade-da-se-soberat-shvaleri-i-da-baraat-prava/
    ЧЕКАЈТЕ МАЛЦЕ ДРУГАРИ Бидна Павле, помина и Евровизија, и оп Pride парада. И тоа ќе помине, секое чудо за три дена. Она што ме чуди е следното: Кои слободи и човекови права се нарушени? Секој, ама баш секој граѓанин без разлика на која сексуална група припаѓа го ужива правото на едукација, здравствено осигурување, вработување, пензија итн. Сето ова не прави рамноправни. Јас навистина не разбирам што се подразбира под поимот „унапредување на правата“, што повеќе? Знаеме дека постои таква категорија на луѓе и за нивната сексуална ориентација и тоа си е нивно право, но која е потребата својата интимност така манифестно да ја споделуваат. Јас имам неколку познаници кои се јавно декларирани како хомосексуалци, луѓе кои ми се ОК, односот ни е најнормален како човек со човек, сме пиеле кафе по кафулиња, но во нашето пријателство не се поминати „црвените линии“ на блискост, а што ми се допаѓа кај нив ниту им смета мојата религиозност (како што мене иако сум во мантија ми пречи нивната сексуална определба, крај краева слободната волја е дадена од Бога), ниту пак имаат кукано дека се дискриминирани или третирани како граѓани од втор ред, едноставно си го тераат животот и тоа е тоа, не се наметнуваат како надчовек за кој е потребен посебен третман ради неговата сексуална ориентација. Нели тоа нас што не сме хомосексуалци не става во втор план, нели е малку дискриминирачки? Ќе речат вие поповите и Црквата ги мразите хомосексуалците и имате одбивност. Апсолутно неточно! Немам(е) ништо против конкретна личност, но имам(е) против некои појави вклучувајќи ја тука и рекламата на хомосексуализмот. Во местата од Новиот Завет каде се осудуваат некои појави не е се осудува само хомосексуалноста, туку и прељубата (кај стрејтерите), лажењето, крадењето, лицемерието… се е ставено во еден кош. Јас уште немам чуено некаде да се соберат швалери и да бараат права a и тие од љубов кон своите љубовници се поттикнати на таквиот чекор. Ајде ако е бал нека е маскенбал. Под превезот на љубовта да им дадеме права и на педофилите, зоофилите, некрофилите… Како и да е, победата во секој случај е ваша. Полека но сигурно си успевате. Ќе продефилирате, гужвата ќе биде од „прогресивни“ подржувачи од претставници од невладини, прашање е колку од нив ќе бидат вистински хомосексуалци, ама тоа е тоа. Што да кажеме друго освен да Ви посакаме мирна парада со надеж дека ќе помине без инциденти оти дури тогаш ќе биде весело кога ќе почнете да се претставувате како маченици. И да не заборавиме дека еден ден сакале или не, верувале или не ќе треба пред Него да дадеме отчет…
    Отец Димитар: Јас уште немам чуено некаде да се соберат швалери и да бараат права | opserver.mk
    Од збор до збор се согласувам со напишаново.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.584
    Допаѓања:
    201.806
    Пол:
    Женски
    Какви трауми ќе има детето? Ако е растено со многу љубов, во здрава средина, без физичко и психичко малтретирање, ако научи да се сака себеси и да се прифати и себеси и другите такви какви што се, какви трауми ќе има?!
    Не е битно дали родителите се истополови или од различен пол, битно е во каков човек ќе израсне детето. А што со траумите од тоа што е дадено на посвојување или да расте оставено во дом? Ти порадо би го оставила така, отколку да биде згрижено како што треба? Некогаш порадо би го дала на хомосексуален пар кој искрено сака деца, оти ќе добие многу повеќе грижа и љубов отколку што добило од биолошката мајка.
    Што не значи дека сите хомосексуалци се добри родители по дифолт. Лоши има и кај едните и кај другите.
    И секако дека ќе има право на сексуална ориентација, не значи дека мора по дифолт да стане хомосексуалец. Зависи од гените.

    Глупости. Попов нема поим што всушност бараат. Право да бидат како нас, да оформат семејство и да имаат деца. Што има тука лошо и настрано?
     
    На CameliaMiller, Lella, Oxymoron и 7 други им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Не оспорувам дека посвоеното дете во истополова заедница би било лишено од љубов, грижа, среќа, сепак за тие работи неможеме за никој да гарантираме и да нагаѓаме, но со самото тоа што се Мањина, многу мал број за разлика од хетеросексуални заедниците...со самото тоа што нема да има мама и тато за разлика од поголемиот број на ученици од кои ќе се разликува...со самото тоа што ќе се заљуби во особа од спротивен пол а неговите посвоители паради воделе за да стигнат до тие права, да имаат брак со истополови партнер...од законите што ги има во секоја држава и ќе ги учи за семејно право и др.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Вие зборате, за нешто што не ни може да спречите.
    Еве ме мене, мајка и бисексуалка, а и знам еден куп татковци што се бисексуалци...

    Имаме деца, а не сме хетеро.
    И сега?
     
    На CameliaMiller, LejlaD, Animali и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    19.628
    Пол:
    Машки

    Не знам искрено што да ти одговорам на ова... си кажав тоа што имам, и претходно ама ми избришаа мислењата. ( а и ќе требаше на некои глупи да одговарам :D )
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.110
    Пол:
    Женски
    Ова овој што го напишал е полошо од оние што отворено се против. Овој кажува имал пријатели гејови, а потоа ги израмнува истите тие пријатели со зоофили, некрофили и педофили. Сѐ за што многу пати се зборувало во што е разликата, дека хомосексуалците не повредуваат никого, греота и срамота е веќе тоа да се зборува. Овој начин е уште полош бидејќи сака да им го задуши гласот, да ги натера да се скријат и да живеат во срам. Уште и вика дека хетеросексуалците дискриминирани биле? Срам ме фати од текстов, срам.

    Не можам да разберам зашто се крева толкава тензија за хомосексуалците. Зошто воопшто да има парада? Зошто да има потреба од парада? Луѓе се, не повредуваат никого, се сакаат, голема работа дали се држеле за рака, се бакнала, како што тоа и го прават хетеросексуалните, едноставно треба веќе да е прифатено. Што ако можат да стапат во брак? Пак тоа на никој не влијае, никого не засега освен нив самите. Какви дебати се водат, закани за луѓе кои никој не повредуваат со ништо што прават. Се надевам следниве генерации ќе ги воспитуваат поинаку децата и навистина нема да има потреба од паради понатаму.
     
    На CameliaMiller, Lella, Oxymoron и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.584
    Допаѓања:
    201.806
    Пол:
    Женски
    Ама не е различно тоа дете од другите. Пак има двајца родители, небитно дали двајца татковци или две мајки. Таа разлика самото општество ја прави, наметната е како правилна, бидејќи од маж и жена се зачнува дете за продолжување на видот. А што ако беше поинаку? Гледај ја и другата страна на медалот. Стереотипите и предрасудите доминираат со општеството генерално, законите се базираат на нив. Детето не го знае тоа, го учи. И лошо е што самите правиме различностите да бидат лоши и неприфатливи.
     
    На CameliaMiller, Lella, Oxymoron и 9 други им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    60.622
    Пол:
    Женски
    Срце оно дискриминирано. Солзичка капнува за него дискриминираниот поп, кој не плаќа данок и си вози џипиште.

    Па другари хомосексуалци имал :rofl::rofl::rofl::rofl: Ги рамни со педофили и некрофили другарите, а ваму другар им се прави, леле мори мајко мила.

    Исто описменете го малку дека е хомосексуалност а не хомосексуализам.
    Исто описменете го и кажете му кога е вака гласен за хомосексуалци, да дигне глас и за другарчињата од црквата негова педофили, кои ги фатија дека имаат односи со деца.
    Исто описменете го дека Госпо не направил сите и дека сите сме негова креација и негови чеда и дека пред него сите треба да сме исти.

    Поп да ти дискриминира хомосексуалци и да ги рамни со педофили. Поп, на кому другарчињата 50% педофили му се. Па да зеам да се утепам бре, со кои луѓе делам воздух.
     
    На CameliaMiller, Lella, Oxymoron и 10 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    И треба да се согласуваш.
    Скроз е нормално да ги споредуваш со зоофили, педофили, некрофили и швалери |(
    Абе еден документарец од 15 минути ќе ти ја објасни разликата меѓу овие појави.

    Научи прво основи на човечката сексуалност, после ела ќе прајме муабет
     
    На CameliaMiller, Lella, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.083
    Од тројца геј луѓе што ги знам, двајца се од Битола. Сега па и ти, 75% сте значи битолчани. Ќе да имате нешто од античките гени на Ацета, друго објаснување немам;). Затоа и контрата е во Битола, загрозен е општествениот поредок, тие најубо знаат:!:.

    Зафрканција настрана, вие сериозно сте збунети од контра парада, протест, ватевер? Сериозно никому не му е јасно дека од штаб се организирани?И едните и другите. Да се мати вода нешто, да се дели народ по сите основи, дури тие си го товараат магарето.
    Праша некој дали имало контра протести во Германија. Еве, не мора да е Германија, било која економски развиена држава. Оти луѓето се слободни, да имаат работа, полна картичка/новчаник, независно од тоа кој и дали било кој е моментално премиер, министер, градоначалник. Па можат да протестираат за работи што сметаат дека се битни, без некој да брка политики а тие да му одат на контрапротест, оти корумпирани нели. И без илузии, дека хомофобијата е универзална балканска инвенција, ниту на некој селанец од баварија не му е сеедно. Ама па тој селанец нема ни да оди да тепа некој со различна сексуална ориентација, други страшила си имаат тие за плашење. Веројатно и ниското ниво на фрустрација си има влијание.
    Само за илустрација, во Женева има еден мост во градот и на референдум решаваа дали треба да се гради уште еден. Оти градот е малку затка со еден мост, ама па може градбата на нов, некому да пречи. Незнам што изгласаа, ама што и да изгласаа, сигурно тоа се спроведе. Да не се сфатиме погрешно, не велам дека со референдум треба да се решаваат прашања на маргинализирани групи. Велам дека народот треба да се прашува за прашања што ги тангираат сите подеднакво, на пример дали да има градски превоз во Битола или трамвај во Скопје, за да се намали загадувањето.
    Само како различна перспектива, ваљда уште сум на темата што ја дискутирате.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.