Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    А парада е парада.
    Ој прочитај шо значи терминот 'парада'
     
    На CameliaMiller, theowndemon, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Зошто бегале во странство и луѓе со повисоки плати, епа прочитајте си ги уште еднаш постовите, ете затоа драги божји чеда ^_^
     
    На FreeMind, CameliaMiller, JollyGirl и 14 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    :bow::bow::bow:

    Ај сеа, ќе ти се поклонвам секој ден :D
     
    На CameliaMiller, theowndemon, VoodooGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Ги оспорувате основните човекови права и истото ќе го "славите" во форма на контра парада.

    Традиционалното семејство кое сакате да го промовирате, ве научило на предрасуди и стереотипи. Оти со нив не се раѓаш, тие се учат.

    Не кревајте паника за "совршеното традиционално семејство". Ниту некој ви го оспорува, ниту парадата е за да ве преобратат. Не можат на вас да влијаат никако, особено не негативно. Тоа е во доменот на семејството, каде првично се социјализира единката и тоа исклучиво според нормите на истото, од каде потекнуваат предрасудите. Што значи, хомофобијата сте ја негувале и ќе продолжите.

    Оти луѓето имаат тендеција негативно да реагираат на нешто што не им е познато или барем не доволно и тоа често со агресија.

    Па после зошто парада, немало потреба од истата. Поради таквите како вас, ете затоа. И оти имаат право на истата. Како и секој всушност.

    Сакаат само социјална интеграција без да ги таргетирате како ненормални и нездрави.

    Останува да се надеваме дека младата генерација ќе ги воспитува своите деца надвор од рамките на дискриминацијата на различностите.

    Сега, пошто сите проблеми ги решивме, останува уште геј парадата да успееме да не се оддржи, во име на мајките и татковците кои ќе буткаат колички. А во меѓувреме ќе се занимавме и со девалвација на хомосексуалците.

    Патем и кај хетеро двојки зачнувањето не е секогаш лесно. Ама не знаев дека ГоспО рекол, оти ваквите двојат од општеството и треба да останат на самиот раб од истото.

    А за сурогат мајка, донација на јајце клетки кај хетеро, шо вика ГоспО?
     
    На FreeMind, CameliaMiller, JollyGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  5. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    25.359
    Пол:
    Машки
    Еве ви и неколку видеенца, заплакнете очички со голите мужи шо никад нема да ги имате оти ве неќат :D









     
    На CameliaMiller, theowndemon, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ај упм! Оти нема во толкав број напукани хетеросексуалци! :@

    :D
     
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @danichap, не ми се отвара повторно дискусијата, ама чисто за да се објасниме. Ова е од страната на скопскиот контра- протест. Јас најискрено се надевам дека ќе се покажеме како нормална нација и никој нема да се им појави. Организатор е (а кој друг) Млади за Македонија.

    (МАСОВНО СПОДЕЛУВАЈ!)
    МАРШ НА ГОРДОСТА! - Мајки со дечиња!
    Сабота, 29ти јуни во 18:30 ч
    Маршута: Св. Богородица (спроти МНР)-Плоштад Македонија


    femina.JPG
     
    На CameliaMiller, staycalm, JollyGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    :rofl::rofl::rofl:

    Извини, морав.

    Баш од нераѓање на деца ќе се испразни пензискиот фонд, тоВа е проблемот, готово. :bug:
     
    На CameliaMiller, VoodooGirl, staycalm и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @Doozy, се обидов да најдам барем траг на логика во објавата, џабе беше. Првиот пат кога ја прочитав, со се купот печатни грешки, мислев дека станува збор за пародија на битолскиот марш. Македонска верзија на Онион. За жал...
     
    На CameliaMiller, VoodooGirl, staycalm и 3 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.349
    Не сфаќам.
    Ова тој во Битола е или друг во Скопје?
     
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @danichap, не знам. Тука на темава прочитав Битола, ама на фб ми се појави овој скопскиов марш (дај-хард врмоовка го имаше шерувано). Летнаа виртуелни пердуви на темата па следеше клуч и немав можност да прашам (а не сакав по други теми да правам тензии)

    Едит, да, ќе има и во Битола https://www.facebook.com/events/349175882463848/?active_tab=about
     
    Последна измена: 30 мај 2019
    На CameliaMiller, staycalm, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    И јас не разбирам. Сега и во Скопје ќе се буткаат колички? На денот на геј парадата или грешам?

    И не знам каква врска има демографијата со геј парадата.

    Падот на наталитетот е од други причини, меѓу кои најмногу економски, каде неминовно влегува и невработеноста.

    Ние сме одамна во политички, демографски и економски проблеми, ама на овие, им треба геј парада како иницијатор за да се освестат за истово или што? Што правеа досега? Навистина не им ја разбирам поентата баш сега да маршираат.

    Освен тоа, ова е причина плус и хомосексуалците да смеат да посвојуваат или имаат свои деца со свој и дониран репродуктивен материјал. Немаат право за наталитет да зборуваат, а истиве права да им ги оспоруваат.
     
    На CameliaMiller, theowndemon, Dalia93 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @Lianna Anna, нели? Баш тоа тргнав да пишувам. И двата се закажани на 29. Е стварно сме катастрофа од народ.
     
    На CameliaMiller, theowndemon, VoodooGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Кој како нека си сфати, ама еве.
    Лично не ми пречат луѓе со ориентација различна од мојата. Секој си знае и си одговара за себеси, човек те прави однесувањето спрема другите, а не дали си во врска со некој од ист пол, или се облекуваш два броја помали од твојата реална бројка, онака, за пример кажувам.
    Никој нема право врз таква основа да покажува со прст.
    Ама паради...лично за мене тоа е веќе претерано. Средствата за организација на такво нешто подобро да се пренаменат каде се вистински потребни, за лекување болни деца, на пример, наместо со донации по СМС да се собираат пари.
    И, на крај, парада се приредува за нешто од историско значење, кое навистина придонело за човештвото. Ова баш и не ми личи на нешто такво.
     
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Јас се прашувам дали оние што зборат намален е наталитетот ова она, за миг им текнало на оние семејства што имаат по 5-6 деца кои растат во мизерни услови.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Disconnected

    Disconnected Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Средствата знаеме дека нема да бидат пренаменети и да нема парада, вие не сте засегнати од проблемот затоа така зборувате, тие што се лгбт ја чувствуваат таа дискриминација и треба да се направи парада на гордоста затоа што тие луѓе нема од што да се срамат, парадата постои само затоа што постои и дискриминација да немаше дискриминација немаше да има потреба од парада.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, theowndemon и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Од овие „Млади за Македонија“ се срамам што сум млада во Македонија, само тоа ќе кажам...
     
    На CameliaMiller, theowndemon, VoodooGirl и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски

    Не ми се верува што читам. Гордост за што? Открил некој лек против рак па е горд на своето достигнување?
    Или до толку се себични ЛГБТ популацијата што не ги интересира како таа парада би влијаела врз нечиј млад мозок кој штотуку почнал да се формира да гледа такви нешта? Прво нешто што ќе заклучи е дека хетеросексуалноста е нешто за потсмев бидејќи не е експонирана, да не зборам за други можности. А ако некоја група на луѓе се чувствува дискриминирана по некој основ, слободно може да се жали до судот за човекови права. Проблемот може да се надмине само со правилна едукација, не со паради.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    На два начини:
    1. Хомосексуално дете би видело дека тоа е нормална работа и не е за срамење што добро ќе влијае на неговата ментална состојба, нема да се чувствува изолирано во нашата средина итн.
    2. Хетеросексуално дете исто така би заклучило дека хомосексуалноста е појава што е не е воопшто лоша, гледајќи позитивни нешта низ парадата (луѓе кои играат, се забавуваат, пеат... не, нема да има чоукери и ланци.). На тој начин детето ќе сфати дека нема потреба да врши булинг на хомосексуалци или на врсници кои се деца на хомосексуалци. Сите се среќни и весели.

    Не гледам како би се случило ова со оглед на тоа што децата се изложени на хетеросексуалноста како нормална појава уште од најмала возраст, почнувајќи од цело пошироко семејство, па до училиште, на улица, на телевизија...
    Се согласувам дека проблемот најдобро би се надминал со едукација, но и ова е потребно за да се крене свеста и за да им се даде до знаење пред сè на скриените хомосексуалци дека немаат причина да се кријат и да се срамат од себе, да бидат горди на фактот што преживуваат во средина каде владее неприфатеност и што се справуваат со луѓе кои јавно им се закануваат со смрт и колење по интернет.
     
    На CameliaMiller, theowndemon, Animali и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Во никој случај не можете да тврдите дека можете и да претпоставите што се случува во еден млад мозок. А парада може да направи само контраефект.
    Образование малку на ниво - и решен проблем.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.