Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Така се вика во цел свет, и не е дека се горди оти имаат секс ваков или онаков, туку се горди со она што се.
    Исто како што секој од нас е горд на себе си.

    Се обидуваат да покажат дека не треба да се срамиш, плашиш или да се жалиш себе си ако си геј или би, туку да си се прифатиш таков каков што си и да си се гордееш со себе си.
    Во прашање е човечки дигнитет, не глорифицирање на сексуален акт.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Пробај да го објасниш ова на рандом човек од улица, и сподели ја неговата реакција овде. Не сме тука на тоа ниво на размислување.
    Едит: да сме биле, ќе немало ни потреба од паради.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    За тоа се согласувам, ама со упорност, едуцирање, кампањи, паради, трибини итн.. ќе се научат сите.
    Полека-полека.. ко за се' друго.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, smooch и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Терминот гордост се употребува за да се опише нивната самодоверба и самопочит кон сопствениот идентитет и неговата вредност. И како такви, да им се обезбеди интегрален дел од општеството. Оти секој човек е вреден и горд на себе, без разлика на сексуалната ориентација. Што значи, нема потреба да се срамат од тоа што се или да глумат нешто што не се.

    И ова е така од дамнини, не од сега. Не е ништо ново, па сега и за терминот да се фатиме и да им го менуваме.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Па ако не сме на тоа ниво, ако сега не почнеме со промени и едукација, не само што нема да останеме на тоа ниво, туку и ќе се вратиме уште надолу.

    Проблемите не се решаваат со нивно ставање под тепих, а особено не со ширење омраза и мајки со колички
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, smooch и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.683
    Допаѓања:
    202.276
    Пол:
    Женски
    Пак ништо не сфатив. Зошто и ги мразеле од старт? Зошто воопшто да мразам некој што е поинаков од мене? И тој/таа е човечко суштество. Од каде омраза спрема останатите луѓе? Само затоа што се различни?
    Зошто воопшто да ги исмејуваме и потценуваме различните? Не мора сите да се вклопени во ист калап, не ни може да бидеме сите исти. Тие луѓе не прават ништо страшно, ни погрешно.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, smooch и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Различноста е основа за омраза од самото постоење на човештвото.

    Начинот на којшто размислуваш е благороден. Голем дел од луѓето не се, впрочем, ќе се увериш во спротивното.

    За жал...
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.683
    Допаѓања:
    202.276
    Пол:
    Женски
    Знам како размислуваат, затоа сме овде каде што сме... омразата спрема сопствените сограѓани, сожители, сонародници е двигател на нашево општество, така и се воспитувани децата во голем процент. Да може сите да имаат малку повеќе емпатија и да ги отворат очите, да погледнат околу себеси и да сфатат дека не се ништо подобри и подостоинствени од другите околу нив, тука ќе се живееше за нијанса поубаво. Ама за жал, не е така.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, LejlaD и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Но знаеш зошто? Затоа што стигматизираните добиваат стандарди за идентитет наметнат од општеството. Еве, тргни од мислењата на форумов. Да, така е, за жал.

    Човекот учи да стигматизира и да има предрасуди од самото негово раѓање. Но не затоа што така треба. Туку така некој го научил. И наместо да делуваме тоа да се искорени, нам почна и името гордост да ни смета. Општествата целат кон промени. Сосема оправдано, оти и различните од нас се луѓе.

    Во однос на контра парадата или како да ја наречам. Државата навистина има вакви или онакви проблеми. Но истиве не ги засегнуваат само мајките, туку целата популација во државата, меѓу кои и геј популацијата. Зарем вториве не се луѓе?

    Па да прашам, ете, ако причините се навистина тие, зошто да не маршираат заедно? Да оддржат парада која ќе важи за сите, а не ваква која дискриминира одредена група луѓе, а истава и тоа како е засегната.

    И да ги земеме причините за реални и валидни е ок, но е навистина симптоматично што маршот е закажан точно на денот на геј парадата.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Сдсм протестира против Вмро, Вмро излегува на контра протест. Некоја логика.

    Ама која е логиката луѓе да излезнат да се борат за своите основни човекови права и од таму одма "контра-протест" на мајки.

    Порќе? Против што? Од што и зошто? А и кој пример за нивните деца...

    Наталитет? Ете кој ги спречил да се размножуваат, кои права од тој поглед им се лично ускратени?

    Нивната парада на глупоста ни со лепак да се поврзе со парадата на другите, затоа што едните протестираат за своите човечки права, другите оти некој им рекол да ги гураат количките.
     
    На CameliaMiller, WildMk, JollyGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  11. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    25.656
    Пол:
    Машки
    Против демонизација на ова наше свето општество спомнато во библијата и промена на вистинските семејни вредности.. :rofl:

    Инаку, некаде низ темава некој член кажа дека ако организираат некој марш за поддршка на мајките и децата, со што се соочуваат во општеството, би ги поддржал, истото и јас го мислам. Прв би бил со поддршка за тоа. Ама да поддржувам контра парада на прајд парада, зашто други луѓе да имале права, неправилно било тоа, само мајкичките и татковците требало, другиве нека се селат по запад а не нас да не расипуваат.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, smooch и 4 други им се допаѓа ова.
  12. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.155
    Пол:
    Машки
    Се злоупотребува институцијата мајка за да се прикаже "вистинска" гордост. Ја чекам @Petra777 да се произнесе, уверуваше дека ќе немало парада
     
    На CameliaMiller, WildMk, Mr. Right и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @staycalm @John Snow Баш така. Едно е да излезат за своите права, работничките права за време на бременоста, лошто образование за нивните деца и сл.

    Ама како и се друго, дека се е решено, останаа хомосексуалците да се ем обвинат за името, ем да се "излекуваат" :D
     
    На CameliaMiller, WildMk, Mr. Right и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Сега се вадат со наталитетот? Ај со сила гејовите да ги натераме да расплодуваат жени. Зошто пак само они, мајките нека напишат транспарент и за девојки што абер немаат од раѓање а се околу 30 години, или оние само со едно дете или тие што се селат надвор од Мк...баш хомосексуалците се проблемот за наталитетот, оф лелее...(facepalm) :D
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, smooch и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.683
    Допаѓања:
    202.276
    Пол:
    Женски
    Нигде ги немаше да излезат зимоска кога беа протестите за загадувањето... ама сега први се... тоа лицемерие ме нервира... и нивните деца и моите го дишат истиот воздух. Оти тогаш не беа олку ажурни? Што ако се зголеми наталитетот, кога се труеме и ќе испоцркаме од болештини?
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, smooch и 9 други им се допаѓа ова.
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.115
    Допаѓања:
    27.010
    Каков наталитет.8милијарди сме,малку ли е.Македонија губи интелектуалци поради многу луѓе со затуцани мислења.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  17. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    25.656
    Пол:
    Машки
    Ама не ги генерализирајјј можеби излегле и на тие протести, можеби се залагаат за се што е ненормално во општествово!!!!!! :rofl:
     
  18. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    5.622
    Пол:
    Женски
    Не, озбилно ова е блага ретардација. Против-ЛГБТ парада во име на наталитет. :drunk: Или може треба да се воведе систем, да ги врземе за столица, Clockwork Orange style, па да ги користиме за расплод. Гадно, во секој случај.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @GirlRose Токму така. Семејна вредност, само да се размножувало, а дали воопшто се размислува за пренатрупаноста, глобалното затоплување, загадувањето и сл- не, што е тоа? :drunk:
    Важно е да си „остварен“ бил- Македонија, 14-ти век :drunk:
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Некој спомна дека терминологијата не е битна. Да не била битна немало да се викаме Северна Македонија.

    И те како е битна, ако не и најбитна.

    Во страни очи, "гордоста" на геј парада, е промовирање на геј движењето, т.е. намалена вредност на основната единка семејство.

    Настрана што значи навистина, работата е што асоцира на прв поглед. Секако дека ќе има отпор.

    Не гледам некој да понуди дипломатско решение, само се омаловажуваат двете спротивставени страни меѓусебно.

    Некој мора да го прекине тој циклус. Ме интересираат предлози за образување на народот, не бодење очи.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.