1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.187
    Пол:
    Женски
    Мoжеби незнaм ,нo сaкaш дa кaжеш декa зaд oвие пaрaди не се врти гoлемa пaрa ,?
    Имaм пријaтел хрвaт геј кoј дoлги гoдини живее и рaбoти вo пoзнaт медиум вo Лoндoн, и беше вo oргaнизaцијa нa пaрaдите и се oткaжa бaш пoрaди тие зaдкулисни врaтoлoмии, кaкви прaвa кaкви бaкрaчи.
    Сaкaaт прифaкaње, oкеј , еве некa oргaнизирaaт дoбрoтвoрен кoнцерт местo пaрaдa и пaрите некa ги дoнирaaт нa некoе дете.И нaјтврдoкoрните ке прифaтaт декa нaпрaвиле дoбaр гест,нo не, тие прoдoлжувaaт сo пaрaди кoи oбјективнo немaaт смисoл , пишaв зoштo.
     
    На BlackNight и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Нормално дека се врти голема пара, во големи кампањи и настани.
    За начинот на кои се користат парите, е прашање на нивото на корумпираност во одредена организација, а не дека самата кауза не чини...

    И за дете треба да има пари, и за борба за рамноправност треба да има пари. Парите.. ионака се само листови хартија, кои се измислени за размена на стоки и услуги. Во рамноправен и емпатичен свет... за сите ќе има се'. Едната борба, не ја исклучува другата.

    Имаат смисла парадите, пак ќе кажам.. Служат за промоција на она што за многумина е 'страшно'. Видете гееви кои се држат за рака и се бакнуваат, видете колку луѓе има на парада, видете колку зборови се испишани и кажани по медиуми, промоции, трибини, обуки и што и не... Се' се учи... Полека, ама се учи...

    Попаметни од нас ги осмислиле нештата.
    ПР индустријата е една од најголемите индустрии во светот. Декади психолошки истражувања стојат зад нејзе. Илијадници експерти. Секој нека си ја одбере својата битка, и не им стоете на патот... Исто како што вие не сакате некој да ви става сопки на вашиот...
     
    На Someonespecial, smooch, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.187
    Пол:
    Женски
    Пa вo прoмoцијaтa е целиoт прoблем.
    Прoмoцијaтa им немa смисoл.
    Никoј не требa дa им стoи нa пaтoт,нo требa дa се гледaaт oбјективнo рaбoтите, еве зoштo пa мoрaaт дa бидaт прифaтени, зoштo oни сaми кaкo пoлиберaлни не прифaтaт декa нa некoи луге им се oдбивни пoрaди нивни причини и тoa е нивнo прaвo?
    Дaли aкo им гурaaт сексуaлнoстa пред нoс ствaрнo мислaт декa ке ги прифaтaт?
    Кoнтрaпрoдуктивнo е.
    А дa не се зaнемaри и декa И лгбт зaедницa е пoприличнo aгресивнa.

    Никaкви прaвa не се дoбивaaт ниту ги дoбиле некaде пoрaди пaрaдите.
    Штo се oднесувa дo прaвaтa, јaс сум дa имaaт зaкoнски регулирaни зaедници и нaследствa, нo прoтив сум зa пoсвoјувaње децa oд истoпoлни зaедници.
     
    На Abeja и theunforgiven им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ти не мора да ги сакаш, ама мораш да ги почитуваш нивните одлуки. И кај нас има закон за недискриминација, па дури и на форумов, а ти прашуваш: Зошто да бидат прифатени?
    Оти се луѓе, затоа. Исто како тебе. Како ти што имаш право да имаш партнер и деца и да се сакате и да градите дом, семејство, да уживате во вашата љубов, зошто тие да го немаат истото тоа право? Што си ти повредна и зошто твојата љубов би била повредна од нивната?

    Вакви аргументи како твоите, исто и за црнците се користеле, и за жените. Нема ни 2 века како имаат жените право на глас, славите 8ми Март, затоа што некои жени умреле, бидејќи организирање кампањи и маршови, за ти да имаш исто право на писменост, глас и вработување како и маж... И сега, право сакаш да не им биде дадено на оние кои се опресирани? Би сакала ли да ти се скратат твоите права како жена, па да видиш зошто има потреба од борба за рамноправност? Не дека во Македонија жените се отепаа од уживање на своите права.. ама ај.. поарно е отколку пред да почине Клара Цеткин.

    Што има агресивно во ЛГБТ кампањите? Ништо. Тие биваат напаѓани, булиувани, тепани и убивани, па тие биле агресивни.
    Колку пати им беше разбиван и беа тепани во Скпје во канцеларијата нивна? И зошто?? Само поради фактот што се геј? Тоа за тебе нормално е??
    За мене не е! Ама ич!

    И како ќе им забраниш да имаат деца? Не се стерилни ако се геј. А денес со напредокот на медицината, многу е лесно да се зачне и без полов однос. Да не ќе ги кастрираш можеби?
     
    На Someonespecial, 1209, smooch и 6 други им се допаѓа ова.
  5. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722
    Не знам... Никој не сакам да навредам ама, зошто парада, зошто на гордоста? Ајде сега сите да излеземе да парадираме, па сите сме горди ваљда на себе! Гордоста не е добра работа, како и да е.
    Мислам... Хм... Многу дискутабилна тема.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Заради тоа што за стрејт пар е нормално е да прави свадби, да се држи за рака, да има брак, деца и да не биде убиен оти е стрејт, а геј-паровите го немаат тоа право.

    Кажав веќе: Парадите, како и трибини, семинари, едукациски кампови и незнамшто, се кампања за промоција на еднаквост!
     
    На Alisa22 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722

    Океј, меѓутоа, како што некој погоре спомена - контрапродуктивно е !
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не оди на геј парада и нема никако да ти делува.
    Не ве тера некој на сила да присуствувате на геј-парада.

    Исто како што не одите на митинзи што не се од вашата партија.
    Или тие од другата партија би ги забраниле? Оти ви го реметат раетот и се 'контрапродуктивни'?
     
    На Someonespecial, Ketchup и Lella им се допаѓа ова.
  9. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722

    Зошто ме сфаќаш лично и зошто ме сместуваш во ВЕ, ВИ ГО, ВАС ? Не ти пишав за да се расправам со тебе, глупости. Само си го кажав своето мислење.

    А, ако не одам, тогаш, кој треба да оди? ШТО ќе се постигне ако одат само они? Не разбирам... Најголемите гужви се таму. На митинзи обично не ги тепаат присутните, не ги приведуваат, нема полиција да прави жива ограда и да пушта димни бомби... Шо знам...
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Па тие кои 'не можат да прифатат' се причина за тепачки и приведувања, а не оние кои учествуваат во парадите.

    Иначе, ќе има колку што ќе има, нема што тоа да ве загрижува. Исто како што не ве загрижува колку има на митинг кој не е од ваша паритија.

    Морам со ве, ви го, вас, ваша, за полесно да ме разбереш.
     
  11. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722

    НИКАДЕ не реков дека не ги поддржувам тие луѓе =) Не можеш така да ми се обраќаш кога немаш прочитано низ темите или ме немаш прашано за мислење.

    Кога веќе споредуваме со партии, исто така, не сум фанатик, не сум партиски обоен. Поддржувам или не поддржувам нечии ставови ама тоа не значи дека автоматски лепам плакати и одам на митинзи =)
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Смени го со тие, нивната, ним итн.. и исто ќе биде.
    Ти објаснувам зошто има потреба од геј-паради. За тоа зборуваме, нели?
     
  13. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722

    За тоа зборуваме =) И покрај тоа што немам проблем со нив, не треба да значи дека ми е тотално океј да ги гледам будалаштините кои ги правам. Исто така, многу голем процент се пренападни. И не може никој да ме разубеди. И тоа не ја руши сликата дека сметам оти тоа е нормално. Секако дека не одат на курс за да бидат такви, секако дека не се болни за да побараат терапија. Сето тоа е океј. Секој може и треба да си го живее животот онака како што сака и чувствува дека треба да си го живее. Токму затоа не поддржувам парадирање. Верувај ми дека и на стрејт луѓето многу нешта не им се дозволени. Сакам да кажам, зарем не гледаш во каков свет живееме? Мислиш дека стрејт луѓето се тотално поддржани?

    Леле, ова е предискутабилно! Се откажувам јас. Тотално се откажувам. Те разбирам и тебе и твојот жар, ама не можеме да најдеме иста фреквенција. Само сакав да разграничам дека тотално ги поддржувам, да не се сфатиме погрешно. Мене ми сметаат само парадите. И тоа е тоа.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Фројдиан слип малку?
    И стрејт луѓе прават будалаштини, па никој не ги тепа само поради фактот дека се стрејт.

    Нема што да ти сметаат парадите. Рековме, не присуствувај на нив, и исто како да не постојат.
     
  15. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722

    Не сум ни присуствувал. Сум гледал на ТВ и сум се ужаснувал од она што сум го гледал. Обичните луѓе не шетаат по гаќи или голи. Тоа не е ниту суштината на хомосексуалноста или било каква сексуална определба. А ако не е, тогаш зошто го прават тоа?

    Нејсе.

    Овде ќе престанам да дебатирам со тебе, на било каква тема. Неколкупати се дрзнуваш со иронија и wannabe смешка да ми реплицираш. Не ми се допаѓа твојот начин на дебатирање.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Оти е парада.
    Пишав погоре како пример: Парадата во Рио, не е геј - парада, па сите се голи.

    Зошто да не ти се допаѓа? Лоша сум, а? :D

    Еве ти една гушка (не гуска) :hug:
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.187
    Пол:
    Женски
    Не сфати.Нема никаква врска ова што го пишуваш,џабе напишан пост.

    Ако сакам прифакање,зошто и јас да не прифакам,? Тоа прашувам?
    Тоа наметнување на обавезно прифакање,што е?

    Општо не тука во МК,знаеш дека имаат повеке права од вонбрачните заедници,?

    А зошто да немаат деца,второ поради тоа што биолошки хомосексуалната врска не дава деца,а прво поради самите деца и учењето по модели,и трето и не најмалку важно што децата кои би им ги дале да ги посвојуваат дали треба ли да бидат цел на истражувања?
    Дали е фер едно усвоено дете да не може да избере дали сака да расте во хетеро брачна заедница или хомо заедница?
    Дали е фер да биде тестирано како ке расте и ке се развива во истополна заедница бидејки тоа не го незнаеме , само поради желбите на партнерите во истополна заедница?
    Чиј апетит би се задоволил тогаш, на истополните заедници или на детето?
    Дали тие заедници треба да имаат приоритет при посвојување како што бараат?
    Давањето деца во тој случај е дискриминација на тие деца,нека си основаат заедници но ако не им се дозволи посвојување то не е никакво малтретирање на нив,иако така ке го прикажат
     
    На Abeja и theunforgiven им се допаѓа ова.
  18. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722

    Не си лоша, можеби.
    Повеќе ми делуваш на добра која глуми дека е лоша преку иритирање и пробување некого да изнервираш.
    Твое си е =)
     
    На Роберт 7 и WildMk им се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Денес човек неможе тоест несмее да каже дека е против парадата на гордоста. Ова во кој правец тргна ќе дојде време да бараат и православната црква да ги признае. Нив никој не смее ништо да им каже.
    Во оваа држава па и пошироко постои генерална забрана за дискриминација ама сите се фатиле за една групација. Ова не е парада на гордоста ова е промовирање и наметнување на нов систем на вредности. Сакаат да не натераат нашите деца во школо да ги учат спротивно од она што ги учиме дома. Е тоа нема да се дозволи. Незнам како и со кој памет се обидуваат мнозински систем на вредности во едно друштво да менуваат!? Секој нека прави дома што сака ама вие да терате други луѓе да ве прифатат и не само да ве прифатат туку и да се воодушевуваат какви сте вие. Страшно... Денес вака за некоја година и со животни ќе биде истата ситуација гарантирам....
     
    На Abeja, Cosmi и theunforgiven им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Затоа што е човечки да ги прифатиш сите луѓе во светот, како рамни на тебе, а не да се правиш дека си повеќе од нив.

    Ништо нема да им биде на децата од тоа што ќе имаат две мајки или двајца татковци. Рол модели си наоѓаат и надвор од домот. Проблем би имале, од оние кои не ги прифаќаат, ги осудуваат, исмецваат, вреѓаат и напаѓаат.
    Подобро дете вдомено од геј пар, отколку дете кое живее со насилни родители (пример).
    Иначе, можат и сами да направат деца.. пак ќе речам. Лезбејка може со донирана сперма со инсеминација, а геј може со сурогат мајка. Можеш да ги спречиш? И зошто би ги спречила?
     
    На Someonespecial, malerozna и Ketchup им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.