Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    А зошто не? Како што едните имаат право да си парадираат имаат право и другите.
    Демократија, нели?
    Или само кога на едната страна одговара, ОК, ако е инаку, леле, пропаст. Важи за обете страни.

    Кажете ми, еве, зошто не се придружите, да направите заедничка парада, ако веќе покажувате дека ЛГБТ се само луѓе, нормални, кои можат совршено да се вклопат во општеството? Еве шанса.

    Не мора да биде се секогаш на воена нога.

    И да, никогаш нема да можете да ја сфатите спротивната страна додека не им влезете во кожа. Важи исто така за обете страни.
     
  2. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Сега проблем биле ЛГБТ што немало млади у државава? :rofl::rofl:
     
    Последна измена: 30 мај 2019
    На CameliaMiller, Oxymoron, smooch и 6 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Затоа што ќе се изгуби поентата.
    ЛГБТ протестираат за рамноправност во општеството.
     
    На CameliaMiller, Lianna Anna, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Mary88 Зошто ли не? Затоа што по трилионити пат: ЛГБТ заедницата излегува за своите права, за себе, мајките излегуваат против првите да имаат свои права. Која демократија е тоа? Се важи само ако едните можат да уживаат човечки права? Тоа?

    Кој со кого да се здружува? Освен ако не се вразумат мајките, па да и дадат поддршка тој ден на другата парада, не постои оправдана, ниту добра причина зошто да излегуваат.

    Па и она, јакиот хумор, сончево ќе било. Па не иде зима, сончево ќе е цели 3 месеци.

    Што треба да сфатиме за спротивната страна. Објасни.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Баш напротив

    Која е поголема рамноправност од таа да си рамо до рамо со секој еден твој сограѓанин, без попатни осуди?

    Секоја поделба само го истакнува спротивното, самиот збор "поделба" значи дека се одделуваш, истакнуваш од останатите.
     
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Па кажи им го тоа на овие со децата, тие очигледно не сакаат солидарност и вклопување.
    Да не се правиме наудрени, сите знаеме дека друг настан - парада во исто време, со ваква цел и од овие организатори, не е еднакво на обична шетња со дете и релаксација.
    Дуализмот е создаден од нив, тие одат контра, не им е до стоење рамо до рамо. Мене ни малку не ме тангира стапката на наталитетот, а поддржувам права на геј луѓето. Ако се придружам некаде, сигурно тоа ќе е на оригиналната парада.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Штознам, врнеше денес малку.

    Гледам јас дека поентата тука никој не се ни труди да ми ја сфати, нити сака да претпостави што би се случило кога сите заедно би зачекориле. Очигледно и тука владее опресорска атмосфера. Епа...бар пробав.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ма немој?
    Ај да ја убиеме борбата со квази-теории за заедништво
    Не е тоа што го кажуваш 'истакнување' на спротивното, туку прокламирање на реалноста.
    Тие лица постојат, се дискриминирани, немаат права како хетеросексуалците, и сето тоа е општествен проблем.

    Овие другиве за што маршираат? За 'семејни вредности'?
    И ЛГБТ ако се придружат, ќе се порекнат себе си, односно ќе испадне дека се согласуваат дека мора семејство да биде составено од маж и жена, и мора да се раѓаат деца.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, Amellie13 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Mary88 Па еве објасни. Кој со кој да зачекори и за која цел? Заедничко со која порака?

    Не ми е јасно, сега во која група испадна дека си: Намерно се правиш на Тошо или навистина не сфаќаш?
     
    На CameliaMiller, Annath, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Да, да, гледам секој ден се претепани, ма дај немојте, не преувеличувајте, еден куп луѓе знам со геј пријатели, па никому ништо.

    Тоа што постојат морони кои навредуваат се по список, истите до појадок никој не сакаат, а по ручек ни себеси не се сакаат.

    И никој не сфати кон што целам. Да не ескалира работата непотребно!

    Знаете што, Ваше право, мислете што сакате. Тоа што го отепавте од говорење за прифаќање и толеранција очигледно не знаете да го спроведете самите.

    Се најдобро, и со среќа.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Кога ќе излезеш за рака со девојка ти, тогаш дојди да ми кажеш дали и колку имало дискриминација.
     
    На Waverly Raven, CameliaMiller, Oxymoron и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски

    Не е ова бојно поле да бирам групи, јас сум од страната да се дојде до затишје. За разлика од сите останати, очигледно.
     
  13. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Јас сум мажена жена, и сум била во друштво со лезбејки. Сосем нормални жени. И никој во цел преполн кафиќ не реагираше ама никако. И?
     
  14. Fauhxy

    Fauhxy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Женски
    Каде тоа, во Нарнија?
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Ако баш те интересира, на одмор во Дојран.
     
  16. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Mary88 Да не ескалирала работата непотребно, сме преувеличувале, а од друга страна мајки ќе излезат против една група што само се обидува да има свои права.

    И упорно го одминуваш овој факт. Дека постои контра-протест.
    Какво затишје да дојде, со таков чекор на оние кои ќе гураат колички против туѓи човечки права.

    Ама да заборавив, само тој ден било...Сончево.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Океј, ај да речеме целам превисоко со моите намери.

    Дајте еве вие предложете нешто што би придонело за смирување на страстите.
     
  18. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Mary88 Еднаш барем да дадеше кратко и јасно објаснување, без филозофии на каде целиш.

    Ако мислиш на мирна обединета парада, и погоре ти објаснивме дека тоа е единствено можно ако на ЛГБТ заедницата, мајките и дадат поддршка, а не да одат контра нив.

    Страстите да се смират се знае како, со не гурање колички тој ден за таа цел, бидејќи е крајно бесмислено, апсурдно и глупо.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  19. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Сите вие со коментари од типот "со што да се гордеат?". Кога ќе поминете низ цела анксиозност да се криете тоа што сте дома, од вашите најблиски, тогаш вратете се тука и коментирајте.
    Кој си го има осетено на своја кожа си знае со што треба да се гордее.
     
    На Ena05, CameliaMiller, Oxymoron и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Многу убаво го изјаснив мојот предлог, нека се случи спротивното, ЛГБТ нека им се придружат на мајките, спротивно од сите очекувања, па да видеме резултат. Велите дека така би се понижиле самите. Јас не мислам така, мислам дека на тој начин ЛГБТ заедницата би покажала дека ги сфаќа мајките, и дека едноставно нема потреба од такви погрешни мислења и загриженост. Еве сне, и ОК сне, и нема потреба од 100 паралелни протести.

    ЛГБТ заедницата е таа што се бори, што ја прави носител на акциите.

    Нека паднат сите злобни вилици до земја.

    Ама 99.9% според расположениево од сите страни нема да дочекам таква глетка во овој живот.

    Ваш предлог не видов ама никаков...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.