Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.986
    Како карневал исто, само против карневали некако слабо отпорот :)

    До пораката е, ама ајде ќе ја маскираме во нешто друго.
     
    На Lella, theowndemon, Oxymoron и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.604
    Допаѓања:
    201.926
    Пол:
    Женски
    Да не излезеа жените вака на улица, како што протестира ЛГБТ, ти ќе немаше право на глас, ниту дома, ниту на улица. Just sayin'.

    Дека не морало да се протестира за да се добијат права. Од небо паѓаат, да.
     
    На sweet-cherry, Lella, SV1911 и 24 други им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Имотот и да гласи на двајцата ако почине едниот, другиот не го наследува затоа што според законот е никој и ништо туку ќе бараат членови од семејството на починатиот иако со прст не мрднале за тој имот, мислиш дека тоа е во ред?
    Исто во многу европски држави и УСА само за еден партнер е потребно здравствено осигурување, партнерот оди на осигурувањето на партнерот, геј популацијата мора за двајцата да плаќаат затоа што никој не им ја признава заедницата, исто еве да има сообраќајна несреќа нема да биде пуштен партнерот во соба или да му се дава информации затоа што е повторно никој и ништо ќе бараат некој од семејството иако може не се виделе 100 години да носат одлуки за него, има уште милион вакви примери кој јас и многумина сметаат дека не се во ред.

    Си ги барале правата по тн нормален пат, ги затварале, протерувале и сеуште во денешно време ги убиваат затоа се парадите демек еве не видете не, нема да се криеме веќе.

    Еве сега слушав на радио дека во Русија ги сечеле деловите од филмот за Елтон Џон кај што има хомосексуални сцени, ово во 2019 година, можеш да замислиш како се однесуваат со геј популацијата кога ово е официјална владина одлука.

    Алан Туринг математичар генијалец кој ја дал основата на компјутерската наука и
    АИ ради кого денес типкаме по лаптопи и смарт телефони и кој ја пробил криптологијата на кодошите на нацистичка Германија и со тоа спасил стотици илјадници животи во втората светска војна само затоа што одбил да се ожени со соработничката и се декларирал како геј бил избркан од работа, затворен, сите достигнување биле дадени на друг соодветен кандидат па се самоубил и тек во 80 тите му биле признати сите достигнувања како негови, малку доцна и не е единствен геј што му е ово направено.

    Маж облечен како маж ама со штикли не е крос дресер, ете може поубаво се чувствуваат во штикли.

    Има многу за пишување и секој што ќе ме цитира да ме праша што би правела синовите ако кога ќе пораснат ќе бидат геј, ќе кажам дека нема да ми е сеедно ама никогаш не би се откажала од детето ради сексуалната ориентација и пре би сакала да ми се синовите геј него тие од другата страна, геј башерс, тогаш би се срамела што сум им родител и ќе знам дека сум утнала некаде во нивното воспитување, фејл од родител би се чувствувала.
     
    На Lella, sweet-cherry, SV1911 и 25 други им се допаѓа ова.
  4. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.104
    Допаѓања:
    207.056
    Пол:
    Женски
    :bow:се е кажано на место:bow:
     
    На CameliaMiller и bittersweet им се допаѓа ова.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    135.326
    Пол:
    Женски
    Против вакво протестирање, немам ништо против.

    Screenshot_1.jpg

    ама ова веќе ми боди очи

    [​IMG]

    Screenshot_2.jpg

    Зошто сите мажи не шетаат вака? Нели и ова се мажи ама со друга сексуална определба?

    И пак да повторам: Немам ништо против хомосекуалците. Ниту против легализација на нивните бракови. Ама паради на полуголи луѓе со чудни реквизити ми бодат очи. ЛИЧНО МЕНЕ!
     
    На cash и Cka им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.604
    Допаѓања:
    201.926
    Пол:
    Женски

    Нормално, кога еден или двајца се соблекле за да привлечат внимание. А сите останати се нормално облечени. И се сомневам дека на парадата во Скопје ќе има воопшто голотија. Пошто треба да сфатите дека ЛГБТ не протестира со голотија, протестира со марш.
    Attention whores имаш насекаде. По социјалниве мрежи и медиуми постојано нè бомбардираат со голотија, особено женска голотија, и тие се инфлуенсери. Како тие не пречат, а овие погоре пречат? Кога во суштина, истото го прават? Само што имаат повеќе права кога се хетеро?
     
    На Lella, SV1911, theowndemon и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    135.326
    Пол:
    Женски
    Ми пречат. Не подржувам голотија со цел да се скрене внимание, во никој случај, за ни една цел. Има други начини.
     
    На cash, TeddyGrey, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.604
    Допаѓања:
    201.926
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе друго. Ама погрешен, да не речам избрзан, е ставот дека на парадата во Скопје ќе има голотија. На многу други паради во светот немало, со некои вакви исклучоци. Не значи, по автоматизам дека ако некој/а е хомосексуалец, дека сака да шета гол/а по паради. Сфаќам дека генералниот впечаток на сите оние кои се против им е тоа, дека ќе има голи мажи. Таква слика се создава од двајца или тројца исклучоци кои се attention whores, како што кажав, а тоа е веќе генерализација. Исто како јас да генерализирам дека сите што имаат профили на инстаграм сакаат да се сликаат голи со напрчени задници и усти.
     
    На Lella, theowndemon, Oxymoron и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Ова ми смета, она ми смета, прикривање само. Баби со марами не ви сметаат ама мажи без маици -да. До вчера вашите татковци шетаа по дворови без маици во жешкото, некои и уште, па сега неколкумина на парада страшен призор се.
     
    На Lella, theowndemon, Oxymoron и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Moms offer free hugs at Pride parade for kids whose parents rejected them
    Еве што се случува низ светот додека овде мамички со деца организирани од „патриотска“ организација ќе парадираат контра геј луѓето, драги мои. :)
    Како што пишува во текстот, некои од мајкиве дури се и религиозни, ама ја прифатиле хомосексуалноста како нормална прво за свое дете, па сега им пружаат љубов и на други.
    Ете ова е вистински мајчински инстинкт и емпатија со која треба да се гордееш! :bow:
     
    На Lella, sweet-cherry, sparklie и 20 други им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Ко шо имавме и имаме маршеви на сексуалните работнички кои се одржуваат не знам колку време уназад; имавме и едно шоу со џомити сексуални работнички во излози.и, колку што се сеќавам освен џева што се крена (дискусија) за ова и она (непотребно) минаа скроз мирно и без проблеми. Така очекувам да мине и парадава. :) Мирен народ сме, мирно минувале доста работи и, глупо би било некои усвитени глави да се дрзнат да направат проблеми. Дали некој ќе биде голичок, ќе биде во долна облека, ќе провоцира... тотално небитно ако веќе истото го имаме за Василица и 1ви април. Искрена да бидам, ич не ги сакам ни тогаш, не ги сакам ни сега али па, ради двајца-тројца-пет души такви... пф.
    Друго.... гледам дека овие со гордоста се спремаат да ги дочекаат ракометарите. Гледав како го злоупотребуваа она #proud откако победи Вардар. Видов и некоја статија во која авторката зборува оза жртвите на семејно насилство и нивната гордост (не ја дочитав цела, не видов што и е поентата на крајот, али), не знам па оти баш сега, во ист момент сите зборуваат за 'гордоста' на сите останати. За секоја една од акциите за подигнување на јавната свест, колку што знам има конкретни симболи од бои до хаштази до не-знам-ти-што кои се користат во знак на поддршка. Чуму релативизирањето... пошто е релативизирање ако баш сега најдоа сите да креваат глас за другите дискриминирани. Мислам... Бидете си горди сите али, кога се зборува за парада на гордоста се знае за што се зборува. Исто како што кога се вее виножитоно се знае за шо е.
     
    На Lella, Oxymoron, Nigredo Odor и 12 други им се допаѓа ова.
  12. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Успеавте све да вмешате со парадава, БРАВО! Ви симнувам капа!
    Не можат еден ден на раат да си протестираат после толку години и векови без да се понижувани, ама биле прифатени и ништо не им фалело. (facepalm)

    @RainBow Да прекинам да коментирам на темава? Да ти ја олеснам работава со банирањево.
     
    На Oxymoron, CameliaMiller, Animali и 6 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Иначе, само 'суштества' имаше напишано во оригиналниот пост, 'човечки' го додаде, откако сврескав.

    Кај да е, и на +-40 ќе ме банираат оти сум им наметнувала мислења
     
    На Oxymoron, CameliaMiller, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Од такви златни мажишта (мислам општо на спортисти низ светот, да не ги мешам Вардар... а и така ти си ги вмешала во дискусија во 40ка), често во славење победи можеме исто да видиме голотија - мислам на ниво на соблекување маици, не бдсм егзибиционизам, али сепак за на парадите и до тоа ниво е осудено... Убаво рече Вајлд во СДК, што е разликата? Тоа што ви се атрактивни и мажествени едниве?

    Инаку, додека по твитер патриоти очи ќе си извадат за глупости место да се радуваат ко луѓе, од официјален профил на Skopje Pride имаше твит дека едноставно и тие се горди на Вардар :) Па видете сеа кои се штетни општо за општеството наше и кој каква енергија шири.
     
    На Lella, Oxymoron, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  15. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Еве ја ќе ти одговорам зошто се соблечени (и мене не ми се допаѓаат некои екстремни случаји на голотија).
    Имам посетено 70% од земјинава топка, ама ќе се задржам на 3 локации: Амстердам, Рио де Женеиро и Белград.
    3 локации каде состојбата на Лгбт е сосема различна, во Амстердам се целосно интегрирани в општественото јадро уште многу одамна, во Рио се делумно но и повеќе од делумно, додека кај нас скроз не се.
    И на трите места имаш ПАРАДА на Гордоста = име на маршот кој си го имаат зафатено уште од Стоунвил и Харви Милк (читајте историја ако не ви се познати овие имиња).

    Амстердам
    Парада на гордоста = ЕДНА ГОЛЕМА ЗАБАВА !
    Забава, каде сите се поканети и има dress code - less dressed and colorful (помалце облека и шро пошарена).
    Амстердам нема потреба парадата да ја поистоветува со ПРОТЕСТ, бидејќи тие ги имаат сите права и тој ден го слават како победа!

    Рио де Женеиро
    Место каде што делумно но приближно скоро сите права на Лгбт се остварени, но, не се целосно интегрирани во општеството. Економската ситуација секако игра значајна улога, како и индексот на среќа (Бразил е место каде има највеќе самоубиства во Светот пример, и уште мн други значајни точки в Латинска Америка).
    Парада на гордоста = Фестивал и Марш со побарувања до политичкиот врв. Исто така дрес кодот е повеќе боја, бидејќи парадата е најмасовна таму и зема замав на фестивал, па и се смета за меѓународна парада на гордоста.

    Белград
    Место каде имаш Лгбт премиерка за да ја заќутиш Европа на момент, ама ништо не праиш за видливоста на лгбт у општеството, скоро па исто ко во милата ни С.Македонија.
    Парада на гордоста = ПРОТЕСТ и Марш за толеранција !
    Не е забава, не е фестивал, не е само марш, ами е ПРОТЕСТ !

    Е, истото е и во Скопје. Не очекувајте голотија, ама очекувајте знаменца со виножитце. Тука сексуалните работнички не се шетаат голи на нивниот марш, а не пак лгбт.
    Од Амстердам до Скопје има разлика.
    Крај краева, и во самата лгбт постојат заедници (bear community, otter community, twink community, bdsm community итн итн).
    Ако излезе некој гол, не значи дека сите гејови се такви.
     
    На Lella, Oxymoron, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @zhap4e и вчера имаше марш на сексуалните работнички.
    Инциденти: нула.
     
    На Oxymoron, CameliaMiller, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Баш тоа.
    Не сум геј, би сум и никогаш не би излегла гола или полу-гола.
    Ама ако некој сака по купаќи да парадира, негова работа.
    Не гледам ништо страшно во маж или жена кој/а парадира по купаќи.
    Страшно ми е некој да сака да истепа некого оти овој/оваа бил/а по купаќи.
     
    На dayla, CameliaMiller и LejlaD им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.174
    Допаѓања:
    88.640
    Пол:
    Женски
    А постојат гејови кои се против паради .Поготово оние кои се дирекно запознати за целта и позадината на парадите.
    На пр.ПАрадата во Лондон добива приход од 70 мил фунти.:*
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    И што ако добива?
    Смееш на некое правно или физичко лице да му забраниш да донира пари онаму каде што сака?
     
    На Lella, Oxymoron, dayla и 6 други им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Златни мажишта биле ракометарите, а геј луѓето биле суштества со машки полови органи и чудни штикли.
    :o

    Ова е едно од најгрозни нешта што го видов денес.
    И тие се нечии деца, браќа, сестри, другари... Сите во денешно време имаме по некој близок човек, комшија, пријател, сестра кој јавно кажал дека е геј.
    Па со кое право вие ги нарекувате СУШТЕСТВА?

    Во кој век сте заглавени?

    А сите спортисти се стрејт? Сигурни сте дека и помеѓу ракометарите нема геј?
    :wasntme: мислите тие не се кријат и плашат од осуди?
    Тогаш ќе бидат златни?

    А мажите во публика што се соблекуваат и тие се златни? Со пивски стомаци, влакна, сало? Битно се стрејт и ПРИЈАТНО е за очи нивната голотија.
    Прво не знам од каде сте сигурни дека би имало голотија на парадава, ама ај...

    Пак ќе речам: Луѓе, секоја чест вие што ќе излезете на парадава. После вакви осуди и контра паради, треба муда до земја да имаш за гордо да парадираш по улиците на ваква мизерна земја.
    :bow:
     
    На sweet-cherry, Lella, Stressed Out и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.