1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Како што може православната црква да ја признае католичката, каде се отепавме од слушање скандали за свештени лица кои се педофили, оти да не може да ги прифати и лицата кои припаѓаат на ЛГБТ?

    И дома ја учам ќерка ми да не осудуа различни од нејзе.
    А ти уште немаш деца. Одмори.
     
    На Someonespecial, malerozna и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722

    Е, тоа ми е и мене муабетот!

    Тука нема да се согласам со тоа „Дали е фер едно усвоено дете да не може да избере дали сака да расте во хетеро брачна заедница или хомо заедница“.

    ДАЛИ е фер што јас сум се родил тука во Македонија, а сакам да сум се родил во Холивуд, на пример? :))))))))))))))))))))) Ко те пита коа не знаеш ни името да си го кажеш.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    на ти пола лајк
     
    На Lolo5, Someonespecial, malerozna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Православната црква е исто како и католичката и ја признава како црква тоест според нејзиното учење. Имам родител католик, немам ништо против. Тие свештеници педофили се индивидуалци, не се сите, има и од православните но општо црквата не е педофилско лоби ниту промовира нешто такво.
    А да бараш црквата да прифати нешто што е тотално опако и контра од вредностите на црквата посебно на православието е тотално безсмислено. Тоа е исто како сатанисти да бараат црквата бафомет за бог да го признае....
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Добро.. нека не ги признава црквата. Ама не им ускратувај права кои ти можеш да ги уживаш.
     
    На Lolo5, Someonespecial, malerozna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722

    Сеа ми изнуди насмевка, добро е. Ќе почнам можда да те доживувам поинаку :))))))))))))) Пола лајк, бе! Пахахахаха
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Никому не искратувам права. Само сум против за менување на МНОЗИНСКИ систем на вредности и наметнување и промовирање на нов. Секоја држава мислам освен во оние во кои владее шеријат се борат против општа дискриминација ама вие сте се фатиле само за една групација.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Темава е за ЛГБТ, сигурно нема да зборувам за племиња во Амазон.
    Иначе, јас проповедам рамноправност на сите луѓе на планетата.
    Исто како што стои во македонскиот устав, во правилата на форумот.. и во конвенцијата за човекови права.

    Ти брак - сите други брак, ти деца - сите други деца...
    Еден ако смее - сите да смеат, еден ако не смее- ни еден да не смее

    Не може да е за едни вака, за други така и да го нарекуваш рамноправност.
     
    На kim.k, Someonespecial и malerozna им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.045
    Допаѓања:
    87.194
    Пол:
    Женски
    Истото важи и за нив ,кратко и јасно сакаш да бидеш прифатен,прифати и ти,не се ни тие над останатите!
    Нека прифатат и не!
    Не зборев за родени туку за посвоени деца!
    Кој вика дека ништо нема да им биде на посвоените деца,моделите дома се најважни,а не надвор од домот.
    Кој го гарантира тоа.Ке ги тестираме само за да им се задоволи желбата за дете?
    Проблемот со нивната дискриминација е решен.
    Прашав валидно и битно прашање,има малку деца за посвојување,кој треба да има приоритет при посвојување,која заедница,нивната како што они бараат?
    Тоа ли е таа фејк рамноправност што ја бараат?
    Или целите агресивно се зголемуваат во континуитет....
     
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Треба да се има граница до каде да се оди. Во држава каде мнозинството се верници и имаат морални вредности нормално дека ќе се слуша нивниот збор и нема да се бара нешто што е контра од нивните вредности. Денес за ист пол утре и брак со животни ќе бараат да биде легално. Верувај дека никому не му е грижа што правиш ти во својот кревет и со кој имаш секс но не е убаво тоа да се величи и промовира по улици, како во Србија пред некој ден. Освен вулгарности ништо друго не видов.
    Неможе да ме натера некој со сила да прифатам нешто што за мене не е убаво.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Исто да биде за сите. Параметрите кои важат при присвојување на деца, за стрејт парови, да важат и за геј парови.

    Што да прифатам јас? Да дискриминирате?

    Ќути жити се', да не зборуваме за тоа колку се верници и колку се морални сите.
    Да се онсвестиш од една моралност.
    Тоа само декларативно, а во пракса: Аш! Папи бубата!
     
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Кажи искрено, кога тебе почна да ти пречи ова?
    Не сакам да звучи како навреда, но имаш недоследности во исказите.
    Прво, во една од темите сама индиректно се изјасни дека понекогаш со сопругот си правите излети со други партнери, што е океј и јас стварно не осудувам, зошто и лично сметам дека моногамијата е здодевна. Ама не можам да сфатам како оваа горе цитирана реченица се вклопува со твојот животен стил? Или отстапките од правилата важат само за хетеро заедницата? Па, сексуални суштества сме, нормално дека сексот ќе биде главна карика, бидејќи служи за прокреација и уживањe. Не гледам ниту проблем во акцентирање и глорификација во самиот чин, кој и онака...секако се случува. :D

    Што претставува според тебе висока страст/вредност? Такво нешто според филозофска концептуализација не постои, но претпоставувам дека мислиш на интелектуалниот домен.
    Имаме сите можности и предиспозиции да бидеме вклучени во полето на науката или инжинерството?
    Не, немаме. Но, дури и кога би било така, на крајот од денот, интелектуалната фела не се секса, изневерува, не е разуздана?

    ..Еве, и јас како подржувач на правата на LGBT со сите свои предности и недостатоци, не мислам дека парадата е неопходна. Но, истовремено не кревам анти геј знаменце, ниту одам во Рио де Жанеиро да саботирам, во САД на трибини или во феминистичките редови да држам говори зошто не се согласувам со нивни поедини мнениа. Мојот став го искажувам во моментот кога се случува одреден настан. Доколку го подржувам излегувам, доколку не, седам и тоа е тоа. Не навредувам.

    Повторно ќе те прашам, и не мора да ми одговориш, ама размисли кога веќе решаваш да го впериш прстот кон луѓе навидум поинакви од тебе. Не е морбидно позади грб умествено а можеби и физички да се изневерувате со партнерот, и не е тоа според општествениот морален кодекс еднакво на неморал и недостоинство? Што го прави ова полошо од твоето?
     
    Последна измена: 17 септември 2018
    На Someonespecial, 1209, malerozna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722
    Не можеме да дебатираме на тема бракови, кога во нашава држава и пошироко се' уште има дискриминација на разни основи. Тука е тешко да разберат дека хомосексуалците не се болни, не оделе на курс, не се ненормални, не се полажани од филм или серија или музика... Кога ТОА ќе го решиме, можеме да преминеме на останатите, повисоки скалила од областа на прифаќањето.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ги прескокнуваме сите... Пред два саати парада имавме, сеа деца присвојуваме.
    Седи тука :D
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    А што ти е поентата сега? Бидејќи тебе те гледаат наопаку другите и ти имаш право да гледаш наопаку други. Аргументиве вриштат. :D

    Контрапродуктивни биле. Ја мајката. Би биле контрапродуктивни кога целта би им била да убедат такви како Витали и Косми дека нивната гејост не им претставува закана ни на нив, ни на децата нивни хипотетички. Целта на парадите е queer луѓето да излезат во прифатлива средина меѓу нив и да си покажат најмногу самите себе дека нивната различност не е страшна работа и дека треба да бидат горди на тоа што сè и на напорите кои ги прават против хомофобијата.
    Сè додека оваа цел е исполнета, сè додека барем една не-стрејт личност излезе на парадата и си помине прекрасно и заштитено, нема контрапродуктивност. Тие на кои им се превртува стомак нека се справуваат сами со тој нивен проблем, не се должни геј луѓето да прават pandering цел живот.

    Иначе не знам кој лик овде спомна нешто во стил ,,мислиш на стрејт луѓето лесно им е?" :D Поздрав до кој и да беше, не сте нормални жими сè, што нема да чуе човек. :rofl:
     
    На Lolo5, Someonespecial, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722

    Фала ти за дијагнозата =) Мене ми е супер да сум ненормален =)))))

    Се шегувам. Па тоа е моето мислење, прифати го! Ајде, прифати го, како што јас треба да прифатам дека парадата е супер нешто :)))))

    Иначе не знам кој лик овде спомна нешто во стил „излези на парада помини си супер па да видиме“ ? Поздрав до кој и да беше, не сте нормални жими се', што нема да чуе човек! :))))) Да излезам на парада за да си поминам убаво ? Океј.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Јас прва би одела на парада. И знамето би го веела. :inlove:
    Голема мета сум, ако пука некој, да може лесно да ме погоди :inlove:
     
    На Lolo5, Someonespecial, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.045
    Допаѓања:
    87.194
    Пол:
    Женски
    Тоа не е одговор.
    Посвојувањето на дете треба да се гледа од аголот и добробитот на детето, а не на посвоителот.
    Посвоено дете не е коректно да биде алат во промена на друштвото,а токму тоа го бара хомозаедницата со барање приоритет пред хетеро.-
    Дискриминација нема.
    Луѓе исто и како и сите нас,но ако сакаат прифаќање и сами треба да ги прифаќаат спротивни милења и ставови ,култури на живот,обичаи па и традиции.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Јас уживам да има се повеќе и повеќе хомо мажи, абе 99% од машка популација нека се.
    Ич нема да ми смета, НАПРОТИВ!
    Би им ги дал сите права што ги бараат. И деца и внуци и пари сВе!
    :devil:
     
  20. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722

    Браво, тогаш се' ќе си имаш за тебе, нели? Сите тебе ќе те сакаат :))))
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.