Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl: Дали ти тоа си сериозен со муабетов ?:tmi:

    ignorance-big-2018-Feb16.jpg
     
    Последна измена: 4 јуни 2019
    На WildMk, Lella, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  2. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    21.410
    Пол:
    Женски

    А дали мислиш дека со парадава или низа другу јавни настани поврзани со геј популацијата и нивните права, ќе се смени мислењето на мајка ти како и повеќето кои растеле во комунизмот?
    Секако дека не. Ќе навлечат само поголем гнев врз оние кои не ги прифаќаат. А тие луѓе свесни се дека геј постојат сега и дека постоеле секогаш. И дека тоа не е болест туку најнормална појава. Ама нели, плукни си в пазува дури не ти е в двор од страна е многу полесно да плукаш.

    На нас младите е оставено свесно и рационално да гледаме на работите. Еве за мене и да нема парада и да има, јас пак со цело срце би ги прифатила и геј и би луѓето и сум за тоа да им се дадат сите права кои што им следуваат како на нормални психофизички единки.

    Парадава ми е апсурдна, кажав и зошто. Никаков позитивен фидбек нема да добие од оние кои ги осудуваат. А ние останатите што гледаме на нив како на нешто најнормално, секако ќе си останиме на ставот.

    За контра парадата - ноу комент.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Каде побогу да си ги бараат правата по институции кога во скоро пола свет е казниво со СМРТ да си геј, ок нека отидат во институција во Дубаи, ќе бидат каменувани до смрт, исто во сите муслимански земји, во Кина, Сингапур, Кореја, ќе ги стрелаат, во Русија ќе ги пратат во Собир да цркнат, значи не права еднакви со хетеро популацијата туку немаат право ни на живот ако се геј, дај да не се правиме наудрени дека се сите драма квинови, самобендисани и не знам ти какви, на најголемиот дел од геј популацијата воопшто не им е лесно што се геј, да си ги криеш чувствата, да се правиш нешто што не си во спротивно ќе те убијат, да, да драма квинови.

    Остајте ги тие по парадите кај мене ( иако им беше заедницата изедначена со брачната подолго време тек 2017 им е дозволено да стапат во брак) Германија, Англија итн тие си прават баш тоа парада, карневал ама овие другите се за жалење, за нив парадираат, сакат да го освестат народот дека ово е сечиј проблем не само на геј популацијата.

    @JollyGirl мали се моите деца 7, 5 и 4 години ама бидејќи им е составен дел од животот мора да им дадеме соодветно објаснување за нивната возраст за сите луѓе кои се поинакви од нас.

    @Biljarkata деца без обзир дали се џендер флуид или не на таа возраст се “заљубуваат” ете дечкиве мои од 3 години се во некоја беа заљубени, ќерка ми има краш на комшијата што е 15 години, не сум ги учела дека машко- женско треба ( мора ) да биде, ним им е тоа природно, на други ќе им биде машко- машко, женско- женско, не значи ако им објаснуваме за различитостите на луѓето кои секојдневно не опкружуваат дека ги поттикнуваме да бидат геј,лезбејка, туку ги учиме на толеранција и почит спрема секого кој тоа го заслужува.
     
    На glosipgirl, dunika, Lella и 16 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.788
    Каков е тој муабет да си купи карта во еден правец?
    Исто како јас, ти... си плаќа данок, државјанин е на оваа земја.

    Не, не живеат како нас и не уживаат исти права како нас.
    Повеќе пати објаснивме, ај пак:
    Да речеме дека сум јас геј.
    Наоѓам жена која ја сакам, како што го сакам мим, сакам до крај на животот да бидам со неа.
    Го знаеш тоа чувство? Онака, знаеш дека баш баш таа личност е се' што сакаш.

    Е, живееме среќно... ама...
    таа има сообраќајка.

    Јас не смеам да ја посетам.
    Не ми даваат информации.

    Оти... која сум јас? Никој и ништо, не сум фамилија.

    Друга варијанта...
    Исто имам девојка јас.
    И ете, не можам да се оженам со неа.

    Јас останувам без работа... од било која причина. Не можам да го користам нејзиното здравствено осигурување.

    Ама... ако сум мажена со маж... можам.

    Тоа е дискриминација Петра.
    Не е еднаквост.
     
    На glosipgirl, sparklie, Lella и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    88.477
    Пол:
    Женски
    Уште да е така.Но,не е.
    Ке се дигне бука,страв,ке ги напаѓаат гејовите(ко сега што правите драми)Народот ке наседне.
    А реално ,ништо и нема да се случи .
    Здруженијата ке лапнат пари,а брак и догодина ке нема бидејки никој не ја покренал таа битка таму каде што треба.
    Преку паради не се превоспитува народ и друштво, нит се добиваат некакви права.

    "Јас мислев дека активизмот треба да се фокусира на сензибилизација и интеграција ,а помалку на провоцирање.

    Изјава на Дорино Манзин најголем геј активист во Хрватска,за парадите.
     
    На Yowannty и An-na им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.788
    Тоа е негов личен став и апсолутно не мора да излегува на парада, нека придонесе за интеграција како најдобро мисли.

    Ако "народот" наседне и стане агресивен, ќе преспие во станица и ќе му се разбистри.

    Немам жал за таквите "невини" наседнати.
     
    На candy.cane, WildMk, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    А тие што никогаш не сме се идентификувале со ни еден род, а имаме женски полови органи, што сме? Ходајучи вагини?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.788
    Изроди, duh |(
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па така излегува на крај, отпадок од општеството.
    Дали ја прашале женската половина на Иран како се идентификува пред да им стават хиџаб?
    Дали во Сомалија ги прашуваат како се идентификуваат пред да им ги скасапат?
    Дали кога ги мажат на 10 години за 50 годишни ги прашуваат како се идентификуваат?
    Дали кога примаат секретарки во миничи за да им бидат и "придружба" ги прашуваат како се идентификуваат?
    Дали кога немале право на глас ги прашале како се идентификуваат?
    Што е борба за женските права ако не смееме да го кажеме зборот "жена"?

    "Господ секогаш ѝ бил најголем непријател на личностa со женски полови органи" - Уранија Пировска
     
    На Independent Girl, WildMk, ane.bella и 5 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.788
    Тука зебанцијата доаѓа кога ќе почнеме да се тегавиме со поимот "права жена".

    Права жена е секој човек кој што се чувствува како жена.
     
    На Lella, WildMk, Animali и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Нека е права жена, каква сака жена нека е. Секој нека се чувствува како сака и нека биде што сака. Само не ме викај мене "личност со женски полов орган".
    Не се бореле Клара и Роза да не еден ден некој деградира само на "личности со женски полов орган".
     
    На Independent Girl, WildMk, Animali и 5 други им се допаѓа ова.
  12. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20190604-023852__01.jpg Screenshot_20190604-023403__01__01.jpg Screenshot_20190604-023724__01__01.jpg Screenshot_20190604-023334__01.jpg Screenshot_20190604-023341__01__01.jpg Screenshot_20190604-023809__01.jpg

    :sun::sun:
     
    На Lella, Independent Girl, VoodooGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Искрено мене повеќе ме загрижува и боли тоа што секој ден гледам семејства што се во брак (легален ), па ги уживаат сите права, а сепак стигаат до пусто смилување на народ и држава за лекување на болни дете или било кој член.
     
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.784
    Допаѓања:
    169.650
    Пол:
    Женски
    Им ускратува право гротото луѓе. Зошто ако видат таков чоек во нормален ден на улица: викаат, исмеваат, маваат, дискиминираат, пцујат.

    За да ова стани секојдневие има тоа што е потребно - парада. Да не постојат луѓе кои ги прават работите во болд, немаше да има потреба за парада како шо нема потреба ние стрејташи да прајме парада. Си ги уживаме правата, редно е и тие да ги добијат своите.

    Simple as that.
     
    На staycalm, WildMk, lovestoneddd и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Поентата ми беше, не се само чувствуваат како мажи туку се мажи. И дека родова определеност нема врска со пол.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    А ако има парада полесно ќе и кажеш на мајка ти и таа ќе прифати!?
    Малце да не претеравме со занесување сеа!?
    Камелија очигледно ти пречи мојата индиферентност чим сеуште пробуваш ставот да ми го наметнеш. Ти кажав мое мислење. Нема потреба од убедување.
     
    На EvAngelos и Cosmi им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Твојот пол/род е дефиниран во твоето зачнување во утробата на мајка ти при спојувањето на сперматозоидот од татко ти и јајце клетката од мајка ти. Доколку наследиш два XX хромозома, тие ќе се пренесат на сите твои милијарди клетки и секоја твоја клетка ќе биде женска клетка.
    Доколку наследиш XY хромозоми, тогаш тие ќе се пренесат на сите твои милијарди клетки и секоја твоја клетка ќе биде машка клетка.
    Така што нема потреба ние да се идентификуваме со некој си таму род. Нашата идентификација е завршена уште пред да се родиме и запишана е во извод на родените и во лична карта подоцна.
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Прај си смешки колку сакаш, реалноста на овој Универзум е таа. Доколку си ЛГБТ лице подлежиш под истиот закон и устав на РМ како и секој друг граѓанин на оваа држава. Еве земи го законот или уставот на РМ и посочи ми каде тоа пишува дека еден закон или едно право не важи за ЛГБТ лицата, а важи за останатите граѓани? Ајде чекам да ми посочиш конкретен пример :)
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.788
    Каква врска има едново со другово?

    Еве мене ме боли за сите, и за оние што не се во никаков брак и се хетеросексуални.
    Не ти ја разбирам поентата.
     
    На 1209, candy.cane, staycalm и 4 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.788
    Не наметнувам став, дебатирам на одредена тема.

    А мојот став го бранам аргументирано.


    Околу конкретниот пост...
    мајките наши не се целна група :)


    Туку ние, младите најмногу.

    За моето, твоето, било чие сегашно и идно дете, не се соочи никогаш со ваков притисок ако е лгбт.

    Да може слободно да живее како што сака, да не мора да се крие.

    Да не размислува дали и како да каже на родителите.

    Да може најслободно на цел свет да си ја го држи партнерот за рака, без да се плаши од некој "со свое мислење" дека вербално или физички ќе го повреди.
    Затоа што овие би знаеле дека има последици ако така се однесуваат.

    Бракот/вонбрачната заедница да си биде иста за сите.

    Моја генерација, помладите и постарите лгбт го немаат тоа.

    Ама нашите деца треба да го имаат.

    5-10% од нив ќе бидат лгбт.
    Заслужуваат се' што и останатите 90%.

    Не е светот само сега и денес.
     
    На glosipgirl, Lella, 1209 и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.