1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.244
    Не, никој не ги чепка.

    Само дома не смеат да кажат, оти ќе бидат отфрлени и екскомуницирани.
    Во парк еве гледам колку се држат за рака. Хетеросексуални парови има на секоја клупа, примерни и не толку примерни, ама геј пар за мои скоро 30 години немам видено за рака во парк да се држи.
    ЛГБТ во средно преживуваа одвратен булинг.
    Секаква стока од народ сака да ги повреди физички и отворено се заканува.

    Баш лабавко им е, нема што.
     
    На sparklie, theowndemon, Mr. Right и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.531
    Пол:
    Женски
    Ние браниме и штитиме луѓе Ками, вистински личности од крв и месо - а не догми и недокажливи ентитети. Наједноставно и најдиректно кажано.
    Догмите и имагинарните ликови не можат да имаат ни чувства, ни права. Само живите суштества ги имаат истите.

    Вака да се задлабочиш во проблемот со настанот, сѐ поапсурдно изгледа фамава, па и известувањето од еден релевантен орган како КЗД.
    Каква навреда, кон кого и со што? Ни во најспорната сцена, ете најповршно со нивни очи да ја гледам - нема ни лик на конкретен светец, ниту пак свештеник.
    Голотијата ли е навреда, човечкото тело? Нели по своја слика ги создавал Бог луѓето? И секако, хомосексуалниот секс ко навреда. Пак на хомофобија се враќаме.
    Луѓето правеле настан за својата полнолетна заедница, со транспарентно изложена програма. Ирена Цветковиќ, како и секој организатор на еден настан, си ги објавува сликите од настанот на својот личен профил. Оттука хардкор православци и сензационалистички портали преземаат во свои раце со зачини од своја кујна, and the rest is history. И каде е провокацијата?

    Како што рече Уранија Пировска, Господ (ко метонимија за религијата) е најголем непријател на жените, а уште повеќе на ЛГБТ заедницата. Факт.
    Посакувам еден ден да живееме во целосно секуларизирано општество, во кое светиве книги и ликовите во нив ќе се третираат исто како и секоја друга книга од жанр фикција, и нормалната реакција на исмевање на приказната и ликовите (дури и кога го има) ќе биде во исти граници ко за секоја друга книга. А, на човечките проблеми и права да се обрне многу повеќе внимание. Но за жал нема баш простор за оптимизам дека ова ќе биде во блиска иднина...
     
    На theowndemon, VoodooGirl, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.044
    Допаѓања:
    225.274
    Пол:
    Женски
    Е добро де, нека си бркаат по институции се што сакаат да добијат. Немам јас проблем со тоа.
    Каква врска има тоа со она што јас го кажав!?
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.244
    Има, објаснуваш дека никој не ги чепка.
    Освен ако не живееме во различни општества... оти сериозно, во Македонија никој не ги чепка?

    Може тие двајцата од кај тебе во влез, ама темава, а и по социјални мрежи да прочечкаш, ќе видиш колку никој не ги закача и скроз слободно можат да живеат.
     
    На Mr. Right, Lella, dayla и 7 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.044
    Допаѓања:
    225.274
    Пол:
    Женски
    Јас зборев за НИВ, дека функционираат нормално.
    И не ме тагнувајте веќе со обидда ми извртите зборови. Ако толку не сфаќате прочитајте 100 пати исто мислење за да ви легне. Сто прашања претходно поставив одговор нема, а за извртуење зборови сте први.
    И не ни ја бивала државата после. Оф мори мајко..
     
    На Yowannty, Petra777, ocicka2014 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.531
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20190613-012728.png

    Да не се заборави.
    Екстремна уметност, па и мемиња, критика, сатира на религијата - никого не убила. Хомофобијата е таа што убива.
     
    На theowndemon, Mr. Right, VoodooGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Дури и кога го има? Никој не пие нафта овде. Од врв на Водно се гледаше дека провокацијата е осмислена и прецизно фокусирана. Дискусија може само да постои зошто ЛГБТ пропагаторите од Маргини ја направија таа провокација, а не дали таа постоеше.

    Многу субјективно го замислуваш тоа „секуларно општество“. Идеалното секуларно општество не смее да е заложник на ниту една идеологија, што значи ниту на ЛГБТИ идеологијата. Со други зборови, секуларно општество не значи ЛГБТИ општество во кое што сите ги веруваат убедувањата на ЛГБТ и ги негуваат нивните вредности. Во идеално секуларно општество не можеш да кукаш по толеранција, а да си нетолерантен кон сите неистомисленици. Толеранцијата е двонасочна улица. Не може јас да сум хомофоб ако не повикувам на омраза и насилство кон ЛГБТИ лицата, туку едноставно си имам свој легитимен став по прашање на човечката сексуалност, а од друга страна, некој да зема ексклузивно свештени облеки и христијански претстави, да хули и сквернави на сѐ тоа, и на крај да не смее некој ни да му замери, па макар само и од естетска гледна точка. Не оди така толеранцијата.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.244
    Се' додека не ти се нацрта дома, во црква, не ти врши булинг - лично на тебе, немаш зошто да се жалиш.

    Нит ви е забрането да практикувате религија, баш која ви чини, нит храмови ви се забранети, нит некој ве тепа што живеете како што живеете.

    Јас не гледам некој да тепа верници оти се верници, освен верници од различни вери што се ишкаат...
     
    На VoodooGirl, Someonespecial, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.327
    Пол:
    Женски
    Хеј хомоф- ова де, христијани! Screenshot_20190613-015452.jpg
     
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.200
    Допаѓања:
    56.775
    Пол:
    Женски
    Нормални паради и настани, каде се пропагира љубов на најнормален начин - покажува дека хомосексуалноста е природна работа.
    Кога се оди во екстрем, работава е сам себе убил.
    Секако дека е тригер за поголема хомофобија, родители се плашат децата да не им испаднат такви ко тие од уметничкиот спектакл. :D

    Искрено, многу ми е гајле како некој перцепира Бог и црква. Ништо не ме навредува и си ја гледам својата перцепција.

    Me навредува тоа што тоа језиво порно некој го нарекува уметност и ако кажеш дека е гадно значи не си се издигнал на ниво да разбереш уметност. :D
    Не е гадно зашто се чепка нешто што е свето за друг. И други да се ликовите, пак е одвратно на сцена и само настран ум може да смисли и да ужива во нешто такво.
    Од кога се со етикета уметност стана напредно под дифолт? Пресмешно.
    Ги повикувам сите што ја бранат точката да излезат на таа сцена и да бидат дел од уметноста. Да придонесат.

    Друга работа. Кога се критикуваше голотија и вулгарност на темава, сите коментари беа дека треба да се фокусираме на нормалното во парадата, а вулгарноста е исклучок. Тоа е точно. Што стана сега за да се брани ваков исклучок? Како точно помага во перцепирањето на хомосексуалноста како природна работа?

    -----------------------------------------------------------------------

    Овој коментар ти е хомофобичен.
     
    На Harper, candy.cane, dayla и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Јас не сум традиоционален верник, ама секогаш ја почитувам вербата кај другите, без разлика дали се христијани, муслимани, евреи итн. Не сум океј со перформансот. И страшно ми е иронично што на настан што е во склоп на борба за толеранција, се прикажа нешто вакво. А религијата, особено христијанството, е лесна мета. Биди прав манга и ремети ја муслиманската религија, да те видам. И они каменуваат, фрлаат лгбт од балкони, Султанот од Брунеи донесе закон за смртна казна за геј популацијата.

    Се спомна Шарли Ебдо. Не дечки, Шарли Ебдо е да упаднеше група христијани во канцелариите на Недела на гордоста и сите присутни да ги решеше на лице место, по кратка постапка. Коментари на фб и форум не се Шарли Ебдо, туку демократија. И засегнатите го имаат секое право да мрчат и да реагираат. И во ред е да бидат гласни и јасни околу тоа. И сега имаме ситуација каде се залагаме за слободен говор, ама штом верник кажува дека не е во ред перформансот одма следи замолчување со: „Шарли Ебдо“. Е, нели не играме така? Нели треба да сме подобри од тоа?

    А најлесно е атеист да си свирка во ваква ситуација. Ехеее, дури и интересно е да се гледа како христијаните се напнуваат.


    Е сега, ако реакциите кон лгбт популацијата и организирањето парада станат понепријателски после перформансот, кој ќе биде крив? Насилниците, нормално. Ама знаеш кај живееш, знаеш какви закани стигаат и ти решаваш дека баш сега е најдобриот тајминг за контраверзија од ваков тип. Епа со свој камен по своја глава. Свесно доливање на масло кон огнот. И најчудниот момент, прво ќе ти исповреѓам нешто што е буквално свето за тебе па ќе ти барам поддршка за нешто што мене ми е битно?

    А најтрагично е што во парада на Гордоста поголемиот дел од вработените не се ни дел од лгбт, и реално, ги заболе нив. Со последиците директно ќе треба да живеат еден куп непознати момци и девојки.
     
    Последна измена: 13 јуни 2019
    На Waverly Raven, Harper, JollyGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.583
    Допаѓања:
    79.054
    Пол:
    Женски
    Не е баш уметност она што го видовме ама ајде нека ви биде како што велите.
    Она што го чувствувам после сликите кои ги видов е жал. Затоа што пак нема да го добијат она што го сакаат. Не се добива вака. Лгбт одат во крајности, или се провокатори или се жртви.
    Толку, нема што да коментирам друго, кажано е. Нека се одржи парадата да видиме што ќе биде.
     
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Супер е перформансот, баш сликовито ја претставија својата позиција во христијанската вера. Имаат белки право да му се улизуваат на ѓаолот кога знаат дека Господ нема да ги прими во рајот. Непокајаните хомоси се едни од оние кои нема да го наследат Царството Божјо, тоа во Библијата е запишано, не го измислив јас, ниту овие. Don't shoot the messenger. Што се вознемирувате како навистина да имаше светец таму, нишо не им можат на светците, ниту на Бог. Поздрав.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Нема никакво 'глорифицирање на нивните т.н. права', пошто не се некои права кои никој ги нема, па тие сега бараат преку лебот погача, туку се права кој цел хетеросексуален свет ги ужива, а тие ги немаат.


    А ти знаеш дека се спремаат да бидат насилни?
    Па пријави во полиција.
    Што чекаш?
    Или ти е интересно да има жртви на прадата?

    Па тоа и е целта со твоите 'портали' кои ги цитираш.
    Да ги уплаши и да не излезат.
    Воедно, и твојата цел.
    Многу ќе ти биде благодарен светот, ако не врбуваш луѓе на форумов.
     
    Последна измена: 13 јуни 2019
    На VoodooGirl и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Битер, не. Ова нема врска со остатокот од лгбт популацијата кај нас. Ова е непромислена, или едноставно крајно глупава одлука на невладина која лапа европски фондови и во која голем дел од вработените не се ни лгбт. Се што постигнаа со ова е да го претстават движењето во погрешна, и многу лоша боја.

    Претставата, ако стварно имала толку јака уметничка вредност како што сега ја бранат огранизаторите, можела да биде поставена независно. Вака, непотребно и погрешно се окарактеризира лгбт популацијата кај нас како религиски нетрпелива, и тоа баш воочи одржувањето на првата Парада. Мене дури сега ми е озбилно страв како ќе помине. Зошто едно е кога се соочуваш со „стандардна“ хомофобија ама кога ќе се вмеша и религија во кашата, емоциите знаат да излезат вон контрола.
     
    На theowndemon, Harper, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Како не познаваш уметник кој вреѓа?
    Добро, следиш ти друга 'уметност' освен Пинк продукција?
     
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.617
    Допаѓања:
    173.863
    Пол:
    Женски
    Ова е најискреното и down to earth мислење до сега тука, директно од некој инволвиран во целава ситуација. :bow:



    Факт е дека во вакво затворено општество, каде многу малку фали за искри многу брзо да пламнат, не се прави бум out of nowhere, туку се почнува дел по дел, со добра организација и избрана презентација, за народ полесно да прифати она што ќе му се претстави. Е ама ние сакаме се, и сакаме се одеднаш.
    И претходно кажав, самата парада ќе имаше многу повеќе смисла, да беше организирана на есен, а до тогаш, барем на една телевизија да одеше и најмала кампања, ама редовно во етер програма за ЛГБТ заедницата. И сигурна сум дека ќе имаше и поголема заинтересираност и ќе беше поприфатена, оти добриот маркетинг секогаш “продава”. И тоа ми беше извртено и извадено од контекст дека сум против паради. Ама со деца салата не се срка, а гледам уште го праите тоа. На крај, ова најмногу нема да функционира, само оти хард кор стрејт луѓе, дискриминираат и најмала критика, кон оние кои се дискриминирани. Тешко на заедницава кој ги брани и како ги брани.
    Уште еден доказ, колку само се праи парада само колку да се напраи, оти нели, уште само Скопје и Сараево немале паради, па ај. И сега дечки дојдовме до левел на “битно се гради”, а како, веќе не е битно, додуша ниеднаш и не ви беше битно. Битно ви е да исплукате и извртите секаков коментар кој е дури и само малку надвор од вашиот замислен шаблон.
     
    Последна измена: 13 јуни 2019
    На 1209, Harper, Independent Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Секуларста, се однесува исклучиво на религија.
    ЛГБТ се дел од општеството кои не уживаат права кои ги уживаат припадниците на верските заедници.
    Да им биде и на верниците ускратено правото на брак, тогаш ќе видите која е разликата и кои права фалат.
     
    На VoodooGirl и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Ова е исто, ко да и' речеш на некоја: Епа знаеш каде живееш, долеваш масло на огнот, со тоа што облече мини сукња, деколтиран топ и се нашминка! Што очекуваше? Да не те силуваат?

    Нема никакво оправдување за насилство, ама никакво!
     
    На candy.cane и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.059
    Допаѓања:
    87.372
    Пол:
    Женски
    Очигледна ЛГБТ провокација со алиби "уметност:lol:
    Насилници,кои како што реков и претходно едвај чекаат некој да мавне камен.
    Комити треба да седат мирни,да игнорираат.
    Најголем пораз на организаторите ќе биде да не се случи инцидент.
    Тогаш ќе нема драма,ќе нема парички да се расшетааваат..
     
    На Harper, Petra777 и EvAngelos им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.