1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Машки
    Во оваа земја безмалку 30години се зборува за некакви си права. Мислиш ли ти дека тие т.н. права ако ги добијат у некоја рамка (документ), проблемот ќе исчезне, - Не. Го имаш примерот со Албанците (ама не се тема они сеа). Го имат најважното право, правото на живот,правото на избор..Постојат многу припадници на оваа заедница, кои не се замарат со такви манифестации, едноставно не сакат да бидат центар пажња, туку партнерот под рака и си го живеат животот. Додека тие ,,горе" т.н. борци на нивните права, лапајќи пари преку невладините организации, го креираат целокупното мислење на таквата заедница, и одат од екстрем во екстрем зборувајќи колку се тие ,,загрижени" за нивната група, и се што оди контра нивниот ментален склоп го начекуваат на нож.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Бидејќи нели, глупостите што ги прават некои стрејт луѓе не зборуваат за другите, меѓутоа некој геј ако направи нешто, тоа е веќе сам себе убио за сите.
    Бидејќи за хетеросексуалните луѓе не зборува нивната сексуална ориентација какви се, ама за хомосексуалците да.
    И не сум за голотија, ниту за било какви работи ко што спомнавте, ама додека тие работи се случуваат секојдневно од страна на хететосексуалците и на тоа се гледа како нормално, воопшто не ми пречи ако истото го прават и геј луѓето.
     
    На theowndemon, crimson, RoseRain и 4 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Мислам дека го расчистивме муабетот дека не се 'т.н. права' и 'некакви си права', туку се конкретни права кои остатокот од општеството веќе ги ужива.

    И не мислам дека ќе исчезне проблемот ако денес изгласаат закон во парламентот, ама ќе биде чекор напред.
    За да сите се научат дека секој човек треба да има скроз исти права и да му биде нормално тоа, ќе има паради, и експонирање, и трубење и трубење со децении, може векови.
    Затоа и во земјите во кои 'тој документ' е усвоен, сеуште има Паради на гордоста.

    Црнците во Америка уште во 60тите се изборија против сегрегацијата, ама сеуште има неразрешени прашања и сеуште се дискриминирани.

    Жените добија право на глас, по прв пат во 20тите и сеуште има маршови за 8ми март, затоа што сеуште не уживаат исти права како и мажите.
     
    На RoseRain, VoodooGirl и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Да, нормално. Оправдување за насилство нема. Иако не мислам дека споредбата ти е на место.

    Во конкретнава ситуација, која веќе е вшештена, на скала од 1 до 10, колку е паметно да се долева масло? Па уште религиско масло. На две недели пред одржувањето на Парада.

    Мене лично ич не ми е галје за перформансот. Ама знам каде живеам, знам на кое ниво ни е свеста и затоа ми е галје за оние кои ќе ги трпат последиците од дешавкава. На огранизаторите ништо нема да им фали, заштитени си се они. Ама ќе бидат ругани обични девојки и момци. Зошто тие безимени момци и девојки ќе бидат поврзувани со претставата.

    А мене, тебе (да, знам дека си би, ама во очите на светот мажена жена со дете) и сите останати лесно ни е сега тука да си дискутираме за дискриминација, право на слободен говор и толеранција. Тоа што ние го збориме и дебатираме тука во слободно време, некој друг го моментов го живее. И јас лично сметам дека со перформансов дополнително им се искомплицира животот, сосема непотребно, и тоа од страна на луѓе кои треба да се борат за нивните права.

    Ама не, ајде ние да продолжиме да дискутираме што е уметност.
     
    На crimson, Harper, VoodooGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.583
    Допаѓања:
    79.051
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш, лоша промоција. И баш оние кои треба да кренат глас против таквата промоција се самите припадници на ЛГБТ и сите кои ги поддржуваат. Заради неколкумина кои јавно провоцираат и ја разгоруваат нетолеранцијата, ја бетонираат веќе постоечката, другиот дел од таа група ќе трпи последици. А еве гледаме има поддршка и оправдување дека е тоа уметност и со тоа не им прават воопшто добро. Се ствара лоша слика за целата таа популација. Критички треба да се настапи, не е само да се поддржи. Треба на секој потег да се внимава, треба на парадата да бидат претставени како сосема обични луѓе кои се држат за рака и си промовираат љубов, а не со нешто од типот крстови закачени на половите органи како што имаше на некои други паради. Луѓето гледаат како тие се прикажани, на паради, на некои други манифестации, и од тоа што го гледаат носат заклучоци.
     
    Последна измена: 13 јуни 2019
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Ако целта им беше да ги прикажат ЛГБТ ко перверзна, крајно развратна група на луѓе... успешни беа. Ако сакаа со секс пеформансот да испратат некаква порака против православието, ја згрешиле религијата и ја згрешиле пораката. За да ја исмејат црквата, доволно ќе им беа златни лопати, џипови и хациенди. Сите ќе се согласевме со тоа. Али невладината “ глумиме ЛГБТ “ организација, пошто “таму течат пари“, веројатно се инспирирала од странските кои прават слични работи за да алармираат на геј и педо скандалите во католичката црква, додека истите тие не ги прифаќаат ЛГБТ.
    За наша среќа, се' си мислам дека народов и не ни е дотолку ретардиран за да биде испровоциран од мала група на зинати за пари луѓе, и да излезе и изнатепа некој човек кој ќе парадира утре. Јас да сум било што од ЛГБТ, би сторила се' за добар дел од тие мегафони на групата се тргнат од улогата “заштитници на ЛГБТ'. Не би мене да ме застапуваат. Не би да зборат во мое име.
     
    На Harper, Bridget, LiliBoz и 6 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Е уметност. Тој факт е неоспорлив.
    Друг е муабетот дали некому лично му се допаѓа и дали би одел да го гледа.
    Јас не би, ама немам проблем да се изрази некој уметнички, онака како што сака.
     
    На VoodooGirl, CameliaMiller и sjdgo им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Оној кој е отворен, и навистина сака да се едуција, ќе најде начин. Штом има интернет за да ги гледа разголените слики, значи има интернет и да прочита малку повеќе за борбата и дискриминацијата на лгбт заедницата. А тој кој само од една слика ќе донесе заклучок за скоро 7 % од целата популација на Земјава, тој и не сака да види подалеку од таа слика.
     
    На crimson, VoodooGirl, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Машки
    Во нашата легислатива колку закони се донесени во парламентот, илјадници чекори направивме напред до сега.Постоеле и секогаш ќе постојат дискриминаторски и расистички фракции па и милениуми поминале, исто како што ќе постојат и ,,уметнички души".
    Нека се борат за своите права со аргументи,ставови, како припадници на цивилизирано општество.
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.583
    Допаѓања:
    79.051
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, но факт е дека луѓето најчесто не навлегуваат подлабоко од она што е претставено во медиумите, и онака како што е претставено. Треба да се има тоа во предвид.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Леле ама си.
    Секое јавно мислење може да се смени.
    Докажано е емпририски низ историјата дека е така.
    Денес сме општество со знаења, кои пред 500 години не ни можел некој да го замисли.
    А по 500 години ќе биде нешто што ние денес не можеме ни да замислиме.

    За секоја промена треба време.
    Ама тоа не значи дека борбата треба да престане.. напротив.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Машки
    Никој не рече дека борбата треба да престане, ама не живееме ни у XVвек.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    И не живееме ни после 500.
     
  14. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Машки
    :hug: у твој стил :D
     
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Не, Битер. Денеска преку интернет секоја информација ни е достапна. Сметам дека доволно сме сите паметни да не веруваме во тоа што медиумите ни го сервираат. Оној кој делува неинформирано, самиот свесно решил дека така сака. Или пак, и покрај се, верува во тоа што му се сервира.

    Старите луѓе да, веруваат во тоа што ќе им го кажат на радио и телевизија. Ретко кој од нив користи компјутер. Ама затоа нема оправдување млад човек самиот да не се ангажира и да не прочита малку повеќе за некоја проблематика.
     
    На Amellie13, VoodooGirl, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.200
    Допаѓања:
    56.774
    Пол:
    Женски
    Па се' што ќе наречеш уметност е уметност, и тоа е факт. Само не значи дека тука се затвора секоја дискусија околу тоа дали е вредно или е шунд.

    А зошто не би одела да гледаш?
    Сериозно прашувам, какви чувства ти буди перформансот за да те одврати од гледање?
     
    На Harper, LiliBoz, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    не мора парадата да биде таква да се фатени за раце и да покажат некоја нормална љубов за да ги прифатиме :) медиумите али, треба да внимаваат како известуваат за вакви настани. Тие ја вжештуваат ситуацијата и треба да се малку посензитивни, помалку сензационалисти кога веќе 'уметнициве' не се.
     
    На Harper, Nausicaa, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Не сакам апстрактни уметности и пост-модеринистичко просе*авање.
    Ама исто и опера не сакам, оти ми е само 'врескање' :D
     
    На Amellie13, Harper, VoodooGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.612
    Допаѓања:
    173.836
    Пол:
    Женски
    Можеме до утре да се правиме современи, живееме во време на мас медија, кои го формираат и влијаат најмногу на јавното мислење. За жал во цел свет е така, па ниту ние не сме поштедени и сите ние сме под влијание. Само бираме медиум на кој ќе веруваме.

    Тие што толку многу истражуваат на интернет се ретки. Многу луѓе ниту знаат да го користат интернетот правилно, а не се ни трудат.
    Затоа кога се работи за дискриминација, права и протести, многу е битно да се чуе од телевизија првенствено. Постои возрасна група, која е најбројна, а користи интернет само за фб и игри. Тие никогаш нема да истражуваат, нив мора да им се претстави што и да е, на начин поблизок до нив, кој тие ќе го разберат. И таа возрасна група не е 60+, туку 40+.
    Младите не се проблем, односно не би биле. Возрасните се, оти не располагаат со доволно или правилни информации, иако сите имаме интернет денеска.
    И едноставно не може да очекуваме само затоа што некој има интернет да истражува за се нешто. Светов си има многу проблеми. Мора преку некое средство прво да му се посочи одреден проблем и тоа средство секогаш ќе биде телевизијата.
     
    На Harper, LivingGlam и Angie1432 им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    И во младите има многу кои не истражуваат. Повеќето, би рекла.
    Судејќи по изливите на бес и коментарите по социјалните мрежи, далеку сме од информирано општество.

    Она што се чита од вести (пример) е исклучиво од македонски портали, дури и по партија се поделени. Вмровци читаат Инфомакс, Сител, Лидер... итн, Сдсмовци читаат Плус инфо, Либертас, ДоказМк... итн
    Мислам.... која референца за истражувачко новинарство постои во било кој од овие медиуми?
     
    На VoodooGirl, candy.cane и CameliaMiller им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.