1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Yowannty, конкретно за оваа тематика, парадата не е ни наменета за старата популација. Нив нема да им се смени мислењето, такво им е какво што им е, растеле и живееле во друго време. Нивното е да си истераат мирна старост и толку. Од друга страна, таа популација ниту се кара по фб, ниту се тепа по паради.

    Парадата е наменета за помладите генерации. За оние кај кои кревањето на свеста ќе направи позитивна промена.

    Зошто одмаравме од темава пред некое време? Зошто млад човек, на кој на дофат му се сите можни резурси што денешницата ги нуди, реши целото лбгт движење да го дефинира преку една разголена слика. Неинформираност или свесна нетолерантност?
     
    На bittersweet, Amellie13, VoodooGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.244
    Ни јас не би одела де да го гледам перформансов.
    Ни на Аца Лукас не одам.
    Ни на балет не одам, ако е за така.

    Секој перформанс си има своја публика.
    На стенд-ап комедии религија е предмет на заебанции многу долго, па никому ништо.

    Едно е да не ви се допаѓа перформансот, сосема легитимно е тоа. Сосема друго е да очекувате некоја група на луѓе своите преференци на уметност или хумор да ги прилагодат на вас и вашите чувства.

    Се' додека не користат вистински луѓе за исмевање, океј сум. Таму е границата меѓу уметност/хумор и булинг.
     
    На RespectAndObey, Amellie13, VoodooGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.583
    Допаѓања:
    79.047
    Пол:
    Женски
    Од каде тогаш толку омраза кон лгбт ако не од онакви претставувања каде сквернават нешто што за некого е свето? Не може човек секогаш да копа во суштината ако површината е апла провокација, не може за сѐ оправдување да се бара и да биде ,,Е ама ние на мислевме така, не сакавме така". После оти ненормални ги нарекувале, епа затоа што за некого не е нормално да го гледа тоа што го гледа.
     
    На Petra777 и Heartagram им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Какви страшни мислења полни со осуда и омраза се имам начитано на форумов напишани од христијани, во име на „религијата“ па ете, не мислам дека сите верници се такви, никакви. Зошто? Зошто знам подобро :)

    Така и ова со парадата, кој сака има можност да се едуција и да знае подобро. Прашањето е дали сака.
     
    На sparklie, Amellie13, crimson и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.608
    Допаѓања:
    173.828
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa не се сложувам. Парадата треба да е за секоја генерација, а не конкретно за одредена. Посебно за возрасната, оти тие ја пораснале истата онаа што дискриминира, и тие ќе прераснат во возрасна која ќе расте дискриминатори. И не можеме така да ги третираме, оти и самиот евент како парада, има и возрасни учесници. На многу геј лица животот ќе им бил многу полесен ако дома биле подобро прифатени, токму од повозрасните во нивната најблиска фамилија.

    Мајка ми е жена на нејзини 57 години и не користи интернет. На времето на А1 телевизија, често гледаше емисии каде лица со затскриени ликови, споделуваат стории од нивните животи. Колку и да беше против, евентуално почна да сочувствува со нив и да се интересира повеќе. Почна да ги гледа исто. Плус низ муабети со мене, и денеска знае да дебатира на таа тема со врсници без проблем, поддржувајќи ги тие лица. Ако мајка ми можеше да смени мислење на повозрасни години, а е многу цврста во ставиви, секој може.

    Ама од сите можни ресурси што денешницава ги нуди, секој бира во што ќе верува. И крај краева можеме да не се сложуваме, ама и тоа е право. Да се избегнат свесни конфликти, да се избегне насилство, да нема дискриминација. Тоа е битно. А ако некој сака да верува дека ЛГБТ е голотија, исто како што некој верува дека земјата е рамна плоча и се додека истиот не преставува никаква закана по никого, ние не можеме, ниту имаме право да бараме секој да прифати на на начин како што ние прифаќаме.
    Јас сум во мешан брак, кој што не е прифатен исто од сите. Се додека некој таму не ми се меша и дискриминира поради тоа, што ми е гајле што мисли за мене и мојот избор? Ниту очекувам секој иста реакција да има. А бога ми, сум се изнаслушала сешто.
     
    На bittersweet и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252


    George Carlin не е геј, и е веќе починат.
     
    На VoodooGirl, Someonespecial и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Ова е стандардно прашање за тоа дали ни е поважна безбедноста или живеењето во слободно општество.

    Во идеален свет настапов би си постоел и верниците (хомофобите, да бидеме реални) не би се тригернале. Не значи дека поради ова ќе се појават со митралези на парадата, ама факт е дека ова не ја прави парадата повеќе безбедна.

    Стојам на тоа дека настапите се просто уметнички изрази и биле избрани за Skopje Pride Weekend бидејќи уметникот е геј и дека нема никаква причина за верниците ова да го сметаат за провокација, особено не по нивната позната историја на третирање геј и транс луѓе.
    Ама на просечниот македонски хомофоб христијанин му се презентира сензационална вест каде на неговиот светец хомосексуалците му закачиле полов орган. И сега? Што да очекуваме од овие луѓе?

    Што е игнорантно - игнорантно е, и тоа е стварно многу тажно. Ама општеството го прават луѓето, а за жал нашето општество го прават мнозинство плиткоумни луѓе како оние што би паднале на таква вест. Нивните закоравени ставови се тие што треба да се променат, а ова беше чекор назад, сакале ние или не.

    Убаво кажа некој, сакаме сè одеднаш. Просто не може. И јас најчесто играм на картата ,,хардкор хомофобите едноставно не сакаат да разберат, не вреди", и тоа е точно, ама за долгорочни промени, вакви работи не ни требаат. Особено не сега, кога треба да се обрне максимално внимание на безбедноста на парадата.
     
    На Amellie13, crimson, VoodooGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.199
    Допаѓања:
    56.773
    Пол:
    Женски
    Ако сакаме да бидеме политички коректни, ќе кажеме дека не ни се допаѓа ваков вид на уметност.
    Супер, и мене не ми се допаѓа.

    Ама ако те прашам зошто, и да кажеш без заобиколување, одговорот веројатно би бил дека е грозно и дегутантно.
    Барем за мене е така. И воопшто не се концентрирам на религискиот дел.
    А тебе, вистински, зошто не ти се допаѓа? Точно оваа точка, не Аца Лукас и балет и не знам друго што. Зошто нејќеш да гледаш како попот општи со статуата? :D

    Оваа уметност како дел од движење што треба да поттикне прифаќање, не оди во прилог на заедницата.
    Можеме да глумиме и да се правиме модерни уметници, ама еден не се јави дека ќе оди да го гледа наредниот ваков перформанс.
    Па да ни објасни што е уметност и колку од народните пари заслужува. :D

    И само да се објаснам, да нема забуни.
    И тоа како сметам дека потребно е кревање на свеста и прифаќањето. Паради и нормални настани, да. Перверзија, не. Не оди во прилог, посебно ако целта е да те прифатат како нормален дел од општеството.
     
    На bittersweet, Harper, NarCis@ и 6 други им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Дали ова значи дека може да отвориме една тема во која ќе си раскажуваме вицеви и ќе постираме слики кои зборуваат за стереотипите за геј популацијата. Ипак ќе е она, генерално, нема да е конкретна личност во прашање. Ипак ќе се она, стереотипи ко шо и ова со перформансов е во врска со поповите.
     
    На BoneMachine, bittersweet, AnnabelLee и 12 други им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.199
    Допаѓања:
    56.773
    Пол:
    Женски
    Наречи го уметност, и може.
     
    На Harper, Yowannty и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Па така и планирам. Форумски стенд-ап. Пошо она шо беа вицевите, сега тоа е стенд-апот:D
     
    На Harper, Yowannty, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Зошто да не?
    Има еден куп вицови по темиве, кои не ми се допаѓаат, ама никогаш не сум рекла да не ги пишуваат.
     
    Последна измена: 13 јуни 2019
    На Alisa22, Animali, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Не знам на кого му текнало вакво нешто (не сум во тек), ама нека се запрашаат од ЛГБТ заедницата дали ова би им донело повеќе поддршка или осуда. Мозокот на оваа уметност очигледно сака да пропадне парадата, а не да има успех.

    Која иронија.
    Од една страна бараат поддршка да бидат прифатени, а од друга страна исмеваат голема група сограѓани.

    Никогаш нема да сфатам ни да ги оправдам вакви работи. Нека се имагинарни ликови, сепак за многу луѓе се свети тие ликови и не му оди баш во прилог на некој да ги исмева, посебно ако треба да бара поддршка од истите исмеани.

    Ти ги мислиш отворени, опуштени, кул, а тие биле сељаци.
    Балкански менталитет...

    Некои тешки сељаци што се каживаат верници ги навредиле на фб, епа чекај сега и ние СИТЕ христијани ќе ги навредиме.
    Зошто и за муслиманите не направиле нешто да ги исмеваат? Од нив поддршка имаат? Не, туку знаат дека тие со тенкови на парада ќе им отидат.

    И пак тие навистина што треба да добијат поддршка, тешко дека ќе ја добијат заради победници од ЛГБТ.
    Слободно нека им се ''заблагодарат'' за овој гест.
     
    На bittersweet, tessie, Harper и 2 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.244
    Може.
    Се' додека не почнеш да зборуваш за одредена личност... немам јас проблем.

    Може да кажуваме вицеви за дебели, плави, за оние со државна работа... не е проблем. Се' сум од погоре наведениве, а ни еден хумор во врска со моите особини не ме повредува.

    Да почнеш да збориш за Камелија дека е гнасна, дебела, глупава плавуша, стрина и' и' нашла работа... да, тоа ќе ме навреди.

    Јас сакам црн хумор, макар и на своја сметка :)
    Може друг не сака, не можам за други да зборувам.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.244
    Грозно... не би употребила ваков збор.
    Тој ми е резервиран за вевчански карневал, а ова не ми спаѓа во таа категорија.

    Ќе речам дека не разбирам. Оти навистина не разбирам. Ниту се воодушевувам на уметноста, перформансот, ниту па ме згрозува.

    Пак да повторам околу тоа "никој не оди".
    Не ми се допаѓа ни блокирана улица за Велигден, ама па не ве трујам дека ми сметате. Не, не одам во црква, не ме интересира, ама зошто вие да не го правите тоа?

    Одам на настани кои за мене имаат некакво значење, тоа не значи дека и другите треба исто како мене.

    Некој ќе припадне во несвест за прекрасна уметничка слика, апстрактна, ќе види нешто што за мене е чиста досада. Аман, нека гледа.

    Јас не одам во галерии оти досадно ми е.

    За перверзии... ако истово беше настан на сред плоштад во 12 на пладне, да, ќе имав против.

    Вака како што беше организирано, не ме интересира едноставо. Нивен вкус, нивна работа, ватевр.
     
    На WildMk, Alisa22 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    На WildMk, VoodooGirl, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    На VoodooGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Сум за тоа осетливи теми да не бидат пречка за хумор и уметност, оти жими тие што останаа каде може да се проговори за некои работи а да не ти се нафрлат група луѓе, оргазнизации, камикази и слично. Често гледам стенд ап комедии и најконтроверзните ми се најинтересни, секако талент треба да имаш да го претставиш на правилен начин, не може секоја будала да застане на сцена и да говори за расизам, хомофобија, религија и да се нарече комедијант или пак уметник. И не сум ја гледала претставата за да коментирам, но во случајов, да беа група хомосексуалци кои решиле да направат една ваква претстава ќе беше едно. Потпишана ЛГБТ под проектов е нешто сосем друго. Не, не значи само дека ги поддржува своите членови да се изразат слободно туку си става и сама печат. Сакаат таков имиџ?
     
    На ocicka2014, LiliBoz, Harper и 3 други им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.199
    Допаѓања:
    56.773
    Пол:
    Женски
    Kaмелија... пак многу општо ми отиде а ништо конкретно.

    Mи зборуваш за блокирана улица на Велигден, што може да се спореди со парадата, а не со конкретнава уметничка експресија. Не ти пречи, не ми пречи, во ред е.
    Грозен е карневалот во Вевчани, за ова нема подобар збор иако не можеме да споредуваме по исти критериуми затоа што се две различни работи. Не ти го разбирам одговорот, како не те интересира?

    Секако дека треба да те интересира кога покажуваш поддршка на заедницата, а ова е настан организиран за поддршка.

    За нивен вкус нивна работа, сигурно организираат интерни настани. Ова е организирано во момент кога треба да се подигне свест и да се добие поддршка од широката јавност.
    Нормално дека е нивен вкус нивна работа. Тоа воопшто не ми беше тема на муабет.
    Но дали ова го рефлектира вкусот на целата заедница? Тоа ме интересира. Зашто поентата на овие настани е да ја претстават ЛГБТ заедницата, не? Не е во убаво светло.

    Една членка се изјасни дека смета дека ова е претерано. Сакам да верувам дека за повеќето е така.

    Ова што го велиш за нивен вкус нивна работа е рамно на она - што сакаат нека прават ама насамо.
    Така поддршка не се дава.
    И со вакви испади не прават ништо за да ја добијат.
     
    Последна измена: 13 јуни 2019
    На Yowannty, ocicka2014, LiliBoz и 3 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.244
    Секако дека не е слика на цела заедница.
    Тоа и претходно го кажав.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.