1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.322
    Пол:
    Женски
    Јас мислев мајките беа они кои „имаат на што да се горди“, ама очигледно и тие не треба да се гордеат... заради салце.

    Енивеј, јас знаев дека ке се радувам ама каква емоција ме обзема кога ке ги гледам сликиве, не можам. Многу се радувам бе луѓе, многу, многу ми е мило и наредна година сакам да присуствувам, дефинитивно. Каква атмосфера, каква среќа. Не можам!!!! Meltdown!!!!!!
     
    На Lella, MarigoldA, candy.cane и 10 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Четириесет и една година имам.
    Четириесет и една година се залагам за недискриминација и рамноправност на хомосексуалните и хетеросексуалните парови. Се залагам за законска и институционална еднаквост, не биолошка- како што многумина сакаат да ја опишат борбата на ЛГБТ заедницата.

    Не ми се веруваше дека ќе дочекам, ама дочекав и видов и учествував на она што значи пишување историја.
    На она што ќе не води кон подобро општество во кое сите ќе имаат право на љубов и никој нема да им се смее или да ги омаловажува и малтретира; како што никој не ми се смее и омаловажува мене, за мојот хетеросексуален брак.
    Не ни знаев дека толку длабоко во мене е вкоренета желбата за еднаквост, дури не се вратив дома пред пола саат и седнав да ги соблечам сандалките и да и' раскажувам на ќерка ми, како си поминавме.
    Почнав да плачам дури зборував. Велам... не ни знаев, колку многу ми значи.

    Идеалист сум по душа, откако знам за себе.
    Сонувам за свет во кој нема поделба ни по сексуална ориентација, ни по пол, ни по раса, ни по нација.
    Свет во кој се сите со еднакви права и можности, свет со рамномерна распределба на капиталот, и пристап на секого до храна, вода, квалитетно образование и здравство... Свет на љубов и разбирање.

    До мене одеше еден млад дечко и разговараше со мајка му на телефон: “Не мамо! Се' е во ред! Прекрасно е! Нема инциденти! Сите се весели околу мене! “- е тоа дете се радуваше оти никој не ни' фрли камен по глава затоа што сакал да сака; и мајка му се грижеше за некој да не му фрли камен по глава, оти нејзиното чедо сака само да сака.
    За некого е глупаво, за мене е се'.

    Животот ми се состои од протести.
    Моите најзначајни битки се на улиците низ Македонија.
    И за чист воздух сум прва, и за правен систем сум прва, и за еднаквост сум прва.... Што вика еден другар денес: 'The usual suspects'

    И најчудното за сите: Не го правам тоа за пари, туку оти верувам, навистина -од срце верувам, дека можеме да оставиме поубав свет отколку што најдовме.

    65696940_10217627724019018_5127315594139402240_n.jpg
     
    На dayla, 1209, Amellie13 и 46 други им се допаѓа ова.
  3. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Има регистрирани 400 души.
    А многу повеќе чекаа кај школка.
    Од соседните држави дошле само претставници на лгбт здруженијата, а не автобуси полно.
    200-300 не работат ни во една организација што ја наброја ти, ами се бројат на прст вработените.
    ПАРАДАВА ИМА СОЛИДЕН ОДЗИВ, ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА Е ПРВА ПАРАДА И ТРЕБА ДА СЕ СОЗДАДЕ ПОВОЛНА КЛИМА ЗА СЕ ПОВЕЌЕ И ПОВЕЌЕ ДА Е ПОСЕТЕНА ВО ИДНИНА!
    Исто така да не заборавиме дека 70-80% % од полнолетната лгбт структура ни се исселени од државата, плус Скопје е само пола Македонија, така да супер си е бројот и е многу поише од 400.

     
    На Lella, candy.cane, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Инаку ако не знаевте еве вака ќе ги заштитие децата да станат геј.

    [​IMG]

    Пушташ чадор и немаш гајле. Децата заштитени ти се од сигурни извори 8)

    Сатаната од горе фрла гејски прашок и може да ве фати и вас, па затоа чадорче ќе носите и мирна глава.


    Ко порано тие шегите што беа: Господ кога делел памет ти сигурно чадор си носел, па не те видел хухаха.
    8-|
    Инаку ова кај поп на профил мислам беше оставено.
    Ај децата од гејскиот прашок ќе се заштитат, ама како да се заштитат од неговите колеги попови по светот кои силуваат деца? :wasntme:
     
    На Amellie13, Lella, smooch и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.322
    Пол:
    Женски
    Ама солзи ми надојдоа читајќи, многу сум среќна за тебе и за сите, многу!!!!! :hug::hug::hug::hug::hug::l::l::l::l:
     
    На Lella, candy.cane, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  6. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Зошто пишувате сите вие на кои ви смета парадата?Зошто ви смета, како влијае на вас и вашиот живот?
    Абе луѓе, никој не ве тера ништо со сила да праите. Никој не ви наметнува да смените ниту мислење ниту да смените нешто во вашиот живот. Остајте ги луѓето да си го живеат животот и продолжете си со денот и вашите секојдневни активности.Аман веќе аман!
     
    На piksooki, Lella, candy.cane и 12 други им се допаѓа ова.
  7. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Мене оваа мајка душата ми ја стопли. :') :l:

    65393091_443803653129206_8113984810386456576_n.jpg
     
    На piksooki, peperutkaxxx, 1209 и 31 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    :l::l::l::hug::hug::hug:
    Камо среќа сите од 40 години па натаму да беа како тебе, камо среќа...
     
    На sparklie, Lella, candy.cane и 14 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.242
    Успеав и на журката да стигнам, само прежешко е луѓе, едвај саат издржав.

    Многу беше убаво.

    Многу весели, позитивни лица, а најизненадена бев што видов доста родители со деца, јас искрено не очекував :)

    Немаше никакво непримерно однесување, напротив, на транс журки што сум видела, ова беше градинка :)

    Еве ви неколку авторски слики :)


    SmartSelect_20190629-150723_Gallery.jpg SmartSelect_20190629-150744_Gallery.jpg SmartSelect_20190629-150819_Gallery.jpg SmartSelect_20190629-150855_Gallery.jpg SmartSelect_20190629-150906_Gallery.jpg SmartSelect_20190629-150918_Gallery.jpg SmartSelect_20190629-150932_Gallery.jpg SmartSelect_20190629-150945_Gallery.jpg


    Девојчево беше со мајка му, ако случајно мајката чита: еден ден ќе бидам како тебе! :l:
    SmartSelect_20190629-150652_Gallery.jpg

    И еве ви еден поздрав од мене, и сите мои килограми 8)
    SmartSelect_20190629-151530_Gallery.jpg
     
    На Nigredo Odor, 1209, Lella и 33 други им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.322
    Пол:
    Женски
  11. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Каде е? Јас па кликам на текстов будала. :rofl:

    Едит: Океј е.
     
    На candy.cane, LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.322
    Пол:
    Женски
    Чекај низ цел текст ке го ставам, јас само на Настапот го ставив. Сори :$
     
    На candy.cane, LejlaD, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.242
    Абе само јас не гледам кај е?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.322
    Пол:
    Женски
    Денеска не е легално да се пишува со црни букви. :) Митот вели дека ако пишуваме во виножито хомофобите не можат да ни ги видат мислењата.
     
    На Lella, candy.cane, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Деновиве кога ќе ја видам темава се потсетувам на нашата @prominent
    :hug:

    Се надевам дека денес со твоето либе гушнати сте излегле на парадата и супер сте си поминете :hug:
    Ова е ваш ден.

    Фалиш :sun: Ако читаш намини, пиши ни нешто :l: Имаме еден куп љубов за сите, не читај некои заостанати со векови.

    @WildMk
    Сите да размислуваа како тебе немаше да има дискриминатори, расисти, поделби и војни...Немаше да биде интересно по светов :rofl:
    Се зезам...Срцка си и знај дека ќерка ти ќе биде премногу горда на тебе кога ќе порасне :l:
    Таква мајка заслужува секое дете.

    @CameliaMiller
    :hug: Браво што си одвоила време и ти за поддршка :hug:

    Ма и сите ве гушкам бе. Денес сум преполна со љубов :inlove:

    И јас забележав дечиња по сликите.
    Кога веќе ги вадите надвор по жешкото оденсете ги да ја видат реалната слика дека има разни видови на љубов и треба секој да се почитува со неговиот избор, а не да ги полните со омраза и им кажувате дека геј луѓето се болни.
    :angel:
     
    На 1209, Amellie13, Lella и 18 други им се допаѓа ова.
  16. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    На убавиот сончев ден уживајте бе, оставете ја темата барем денес да цвета од шаренило извонредни фотографии :inlove:
    [​IMG]
     
    На Lella, candy.cane, Anabelle.Amorette и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Си излегле 3ца македонци, остало се прошарано од Балканот, чат-пат некој што му било досадно дома и опппп парадааа! :D
     
    На Роберт 7 и fana им се допаѓа ова.
  18. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    И?
     
    На CameliaMiller и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    И сите среќни и весели . :party: Јупиииииииии!
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    20190629_155648.jpg

    :rofl:
     
    На Amellie13, smooch, Anabelle.Amorette и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.