Точно. Но колку добро и да го знаеме ова, ние повторно си ‘‘тераме‘‘ по старо. Иронично. Во контекст со темава, би сакала да споделам еден подолг текст со вас, кој според мене, вреди да се прочита . Парадоксот на нашето време низ историјата е да имаме поголеми згради,а пократки живци, широки патишта, а краток поглед.Трошиме повеќе,а имаме помалку,купуваме повеќе,но уживаме помалку.Имаме поголеми куќи,а помали семејства,повеќе погодности,но помалку време. Имаме повеќе дипломи,но помалку разум.Повеќе знаење,а помалку расудување,повеќе стручни лица,а повеќе проблеми,напредна медицина,но помалку здравје.Трошиме премногу пари,но се помалку се смееме. Го зголемивме нашето богатство,но ни се намалија човечките вредности.Зборуваме премногу,сакаме премалку и мразиме пречесто.Научивме како да преживуваме,но не и како да живееме.Додадовме години во животот.но не и живот во годините.Стигнавме се до месечината и назад,но имаме потешкотија да поминеме преку улица и да го запознаеме новиот сосед. Направивме многу големи работи, но не и подобри.Го исчистивме воздухот,но ја загадивме душата.Пишуваме повеќе,но учиме помалку.Планираме повеќе,а постигнуваме помалку.Научивме да брзаме,но не и да чекаме.Правиме повеќе компјутери кои содржат повеќе информации, а ние комуницираме се помалку. Ова се времиња на брза исхрана и споро варење,големи луѓе,а ситни карактери,брзо заработување,но плиток однос.Ова се денови на луксузни куќи,но уништени домови. Запаметете,поминувајте повеќе време со луѓето кои ги сакате,затоа што тие нема да бидат засекогаш тука.Кажете некој убав збор на онаа особа која ве гледа со стравопочит,затоа што таа мала особа наскоро ќе порасне и ќе замине. Сетете се да дадете топла прегратка на оние околу вас,затоа што тоа е единствено богатсво кое можете да го дадете со своето срце,а не чини ни денар.Бакнежот и прегратката ќе ја намалат болката која доаѓа длабоко од вас.Сетете се да кажете:ТЕ САКАМ,на вашиот партнер и луѓето кои ви значат,но доколку тоа искрено го мислите. Одвојте време за љубов,разговор и имајте време да ги поделите убавите мисли со другите.
Повеќе луѓе, но човек ретко повеќе пријатели (виртуелни), помалку средби повеќе закони, помалку почит Ако ми текне уште нешто, ќе допишам!
Повеќе дипломи ,а помалку разум. We learn from history that we do not learn from history. Овој ме фасцинира.
по постот на Angelche, секој збор е вишок. За жал, тоа е реалноста,тој парадокс е нашето секојдневие.
Ќе го додадам јас ова: Луѓето го сведоа животот на пари, љубовта на секс, луѓето на физички изглед и потоа кажуваат дека се несреќни. Да, тоа е ова ново време.
Денешново време си го носи се’ ова со себе. Динамиката и софистицираните услови го усложнија животот, така што ништо не е веќе едноставно, а темпото на одвивање на сите процеси е пребрзо, но тие промени не можеме да ги спречиме, само може да се трудиме колку е можно да ја контролираме начинот и динамиката на сопствениот живот.