1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паралија (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од plavusha, 23 јуни 2011.

  1. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    Ме интересира несто повеке за оваа место, како се двизат цените, задоволни\незадоволни, во една агенција најдов понуда 7 дена плус превоз без јаденје за 180 евра бас во сезона од 23 јули до 13 август вази.
    Васе мисленје?
     
    На srce-too му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Паралиа (Грција)

    Убаво е местото, секоја години се повеќе и повеќе расте и се шири , има многу продавници каде што можеш да најдеш све и свашта, таверни, пицерии, бич барови се еден до еден, е сега само водата е катастрофа поготово јули и август кога е преполно со туристи, ама во принцип е убаво ,има и кафичи и дискотеки така да за млади е супер, нема да зажалиш ако одиш. Ако нешто друго интересира слободно ме прашај ;)
    поздравче
     
    На srce-too му/ѝ се допаѓа ова.
  3. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    Паралиа (Грција)

    kako se dvizat cenite za jadenje (vo marketite) ?
    izvinete za latinicata, no ne sum vo Mk i nemam kirilica :(
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Паралиа (Грција)

    Во другата тема го пишував ова, ај и тука пак
    Има многу за шетање, продавници тезги, облека за сите 4 сезони можеш да најдеш, пицерии кафичи како и сегде, морето беше чисто, плажата како и сегде најситен песок што најмногу ми остави впечаток, луна парк интересно средено беше дека спомна имаш детенце, такви за фаќање играчки на кои исподадов мноооогу пари ама фатив огромни играчки тигар, мечка, кукли плишани итн. едноставно забавно и интересно е. Шеталиштето е секогаш преполно, понекогаш дури и турканици имаше и гужви има во секое време најмногу навечер, продавници со сувенири и украси секакви тоа ми остави исто впечаток убави работи има и не знам што друго многу е убаво.
     
  5. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Паралиа (Грција)

    Па цените се слични како и во Мк , не е некоја голема разлика, сепак туристичко место е и нормално е цените да се дигнати, али не е нешто којзнае што, имаш блиску LIDL и Арванитидис супермаркет и цените се доста приступачни, дури можам да кажам дека и пефтини од Мк, така да се исплаќа, а во таверните за јадење се малку повисоки и тоа е .
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Паралиа (Грција)

    Сум била неколку пати во Паралиа и сум презадоволна. Плажата е сон, многу е чиста, со ситен песок. Морето исто така е убаво, освен кога има премногу гужва. Има многу дискотеки, кафичи, значи е супер за малди ама и за фамилијарен одмор не е лошо. Цените не се многу високи. Јас лично сум многу задоволна од ова место.
     
  7. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Паралиа (Грција)

    Евтоно е многу а и убаво е и има кај да се прошеташ:)
     
  8. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Паралиа (Грција)

    Фино место стварно, има се што треба да има. Плажата е песочна долга, со ситен песок (освен градското плажиче, тоа е мн без везе и тесно), морето е ок, некогаш е чисто, некогаш ако имало бранчиња е со треви и така. Продавнички милион, таверни, има и многу убава црква. Шеталиштето е мн убаво направено, може да се шета од Паралиа до Олимпик Бич, или обратно, има некои 2-3 км, ама убаво е, покрај плажата е нормално. За ноќен живот помалце отколку Закинтос на пр ако споредуваме, ама секако има. Кафичи и тоа убаво средени, има 2-3 дискотеки. И тоа е тоа, вреди да се отиде, мн е блиску, а се си има :)
    Е сега за цените, па е поскапо од кај нас, не може да се каже дека не е, ама не се ептен дигнати цени, во споредба со другите делови на Грција се малку пониски.
     
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Паралиа (Грција)

    Е баш за Паралија мислам дека е ефтино место, може и најефтино. И да и платиш на агенција 180 евра за 7 дена во Паралија е глупост (освен ако не одиш во полуксузен смештај). Инаку превозот до таму ти е околу 800 денари од Скопје. Таму може да се најдат ептен добри апартмани (со веце, клима , кујна) за 25 до 30 евра од ден. Значи ако си со семејство или друштво од 4 ти доаѓа по 6 евра . И за се друго таму можам да кажам дека е многу ефино. Тоа што не ми се допаѓа кога одам таму е што се среќавам со најмалку 20 луѓе што ги знам.
     
  10. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Паралиа (Грција)

    Местото е многу убаво. Има многу продавници за шетање, места за да седнеш на јадење и слично. Ноќно време не сум била и не го знам ноќниот живот. Плажата е преубава и долга но мене неубав впечаток ми остави водата. Ич не беше чиста. но тоа бидејќи има многу туристи. Сум била и зимно време водата беше добра, но со оглед на тоа дека ќе одиш во сезона водата нема да биде многу чиста. Се случи еднаш и да одам на една плажа надвор од градот (не беше далеку. Со кола имаше најмногу 10-15 мин возење) таму водата беше добра, но нема, многу туристи.
     
  11. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Паралиа (Грција)

    Епа ајде,моите впечатоци за Паралија после 12 дена таму..
    Искрено местото ме бендиса ама,повеќе е за млади-средношколци кои бараат забава,нови познанства со други млади(да не речам срби :lol: ),шетање..Многу непреспиени ноќи имавме заради младите кои си правеа журки по соба,галамеа..Отпрво,кога имаа пари за во диско,одеа,после тоа - радиото до даска и си се веселеа.Прво мнооогу ни сметаше ама после како се шеташ низ Паралија гледаш дека сегде е така.Т.е сакав да кажам местото е такво...Ете,запознав едно девојче од Србија,беше на моја возраст и беше дојдена со родиетелите.Ми рече дека и тааод следната година планира со друштво да дојде во Паралија.Значи-средношколско место.
    Има неколку главни улици и тие беа преполни со таверни,ситници шоп,слаткарници,сладоледи на точење(уф,какви беа овие..за 1 евро добиваш сладолед и пол..обавезно да пробате.),бутици,многу продавници за бунди( :o колку ги имаше),маркети.
    Еве една сликичка од најглавната улица-Тоа местенцето кај црквата е многу убаво,со фонтана,со клупи.
    Потоа,на едниот крај на градот имаш Лидл(со супер пристапни цени)а,од другата страна Арванитидис(не знам точно како се пишува,ова по мое :lol: ).
    Е,сега - водата и плажата.Плажата е убава,со ситен песок ама водата не.Рано сабајле ако одиш,водата е чиста како солза а околу тебе се баби и дедовци :lol: После веќе накај пладне,водата е убава - полуматна,не е баш нај нај ама не е гнасна,чиста е ама од ситниот песок доле и многу луѓе - се мати.Е после попладне веќе не е убава ама бар е топла :sun:
    Еве некоја сликичка од Паралија - :)
    Денес ми тргнало со сликиве :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN1491.JPG
      DSCN1491.JPG
      Големина на фајлот:
      303,3 KB
      Прегледи:
      1.772
    • DSCN1458.JPG
      DSCN1458.JPG
      Големина на фајлот:
      416,3 KB
      Прегледи:
      1.772
    • DSCN1464.JPG
      DSCN1464.JPG
      Големина на фајлот:
      330,3 KB
      Прегледи:
      1.772
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Паралиа (Грција)

    Мене Паралиа ми се допаѓа- блиску е, ефтино е, плажата е доолга, има многу млад народ, срби, дискотеки - што повеќе да кажам :lol: ?

    Е сега водата.
    Не е бистра, има некои треви, ама тоа не е трагично толку, сепак е море и не е таква темна и неубава како на пример Црно Море и плус многу е топла, што мене ми е многу битно бидејќи не сакам да ми заболат јајниците од ладна вода, сакам да си се шлапкам со насмевка на лице, а не да ми се тресе вилицата од студ :!: .

    Јас сум задоволна и го препорачувам местово за млади.
     
    На Victory15 и Blanca им се допаѓа ова.
  13. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Паралиа (Грција)

    Јас сум во Паралиа од вчера. И на мене ми се допаѓа.
    Градот за разлика од градчињата на Халкидики е далеку поубав и поголем. Има многу млади, плажата е со ситен песок. Е сега, вчера водата беше заматена поради ветерот, но тоа на мене не ми е страшно. Денеска немаше многу ветер и беше бистра. И многу ми се допаѓа што е претопла.
    На плажа е поубаво подалеку од центар. Во центар поради хотелите на плажа многу рано станува сенка, има многу деца и постари и голема гужва во водата ;) ;) ;)
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Паралиа (Грција)

    Јас пак го претпочитам Олимпик Бич пред Паралиа.
    Далеку посредени плажи и апартмани. Таму да си сместен, а да излегуваш во Паралиа е топ комбинација :) Одалечени се само 3 километри и така е поинтересно за разбивање на монотонијата бидејќи се многу мали места :P
    Подолго од 2 недели не се седи таму, местата се пред се фамилијарни одмори. Има многу убави дискотеки во Паралиа, девојките можат комотно бесплатно да си излезат :D влез не плаќаат девојките, и имаат гратис пијачки. Цените се многу ефтини, како за храна така и за апартмани, околу 10 евра од кревет.
    На плажа си плаќаш кафе 3,5 евра, а со тоа ти следува лежалка, чадор, овошна салата, пуканки, сладоледи, води.... сендвичи :lol: (ова за Олимпик Бич)
    Се надевам во ред е што напишав тука и за Олимпик Бич затоа што ги сметам за исто, многу се слични и многу се блиску па направив една споредба.
    Има многу агенции што нудат тури со бродчиња, сафари, тури во ватерленд... и да ти е досадно пак има многу занимации.
    Покрај тоа Паралиа е добра и за шопинг на крзно и оргинал кожа, чанти, чизми, чевли, јаки, во летниот период по многу ефтини цени.
    Се на се, јас сум задоволна и редовно ги посетувам овие места.
     
    На BarbieM му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Паралиа (Грција)

    Годинава бев само на поминување, т.е. една вечер се шетавме едно 40 мин, гужва, гужва гужва. Многу гужва. Онака до степен на тешко разминување, убава е Паралиа како и секогаш, ама многу е гужва. Мене за смештај повеќе ми се допаѓа Олимпик Бич, и таму беше гужва ама не толку како овде. Па за шетња на 2-3 дена до Паралиа, пешки е за пола саат највише, а со вовчето за 2.5 евра. Градското плажиче е мизерно, ама блиску има убава плажа. И некако многу ми мириса градчево од тој каналот на почетокот, секоја година се надевам го средиле оно исто па исто. Али во глобала мене многу повеќе ми се допаѓаат Паралиа и Олимпик Бич него Ханиоти и останатите на краците. Најмногу заради убавата патека за шетање и заради огромната плажа. Водата точно кога нема многу гужва е солза чиста, исто и навечер после 7-8 беше таква и ептен топла, мене и од неа ме болат јајници, а можам да замислам на друго место ако отидам. А да и за цените, дефинитивно едни од поевтините места во Грција, може и најевтини.
    Едит: ме претркала Мимс, слично мислење делиме :wasntme:
     
  16. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    Паралиа (Грција)

    Каде се наоѓа ЛИДЛ ? :$
     
  17. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Паралиа (Грција)

    Јас бев годинава во Паралиа и со поминав феноменално...навистина местото е прекрасно..храната не е мн поскапа спрема кај нас, а за облека дури и поефтини работи можат да се најдат..Лидл е мн блиску до Паралија..на почетокот од градот ..кога влегуваш во Паралија.
     
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Паралиа (Грција)

    И јас бев во Паралиа. Тоа беше најубавиот одмор. Сместувањето само ни беше малку скапо, 30 евра од вечер како за ова место, ама бевме сместени во Хотел Адриани, каде имаше лифт, секој ден ни ја чистеа собата, нови постелнини, исчистена бања, тераса, прозорци, со телевизор и клима. Преубаво е местото многу е големо и има многу кафичи и дискотеки и улички за шетање со многу ефтини работи, рај за шопинг. Се секавам имаше една продавница за бижутерија и таму се беше по 1 и 2 евра. Абе мераци. Плажите се големи и со ситен песок, а водата е многу чиста доколку одите во Јуни или крајот на Август односно Септември. Ние кога отидовме беше тоа почетокот на Август и имаше многу гужва па водата не беше нај нај, но јас секако преферирам сончање и кулирање на лежалка со кафе и дечко ми до мене одколку пливање. Во водата влегував само за да се разладам ако ми е многу жешко. Инаку на кафичите на плажата добивате лежалка и чадор, ние најчесто пиевме нес кој чинеше 3 евра, и си носевме кроасани или хот дог или гиро. Ефтино е многу за јадење, има Лидл и Арванитидис супермаркети мада Арванитидис е многу поскапо. Оваа година дефинитивно пак таму ке одиме бидејки е навистина убаво местенце и веке знаеме што каде се наога па едвај чекааааааааааааааааам :inlove:
     
    На Moonlight007 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Паралиа (Грција)

    Многу ми се допаѓа местото, пред се има буквално се што ти треба, второ плажата баш во градот кај црквата може не е најубава, но малку надвор од градот се преубави. До сега не сум била баш таму, сум била во Олимпик Бич но редовно сме се шетале во Паралиа. Единствено не ми се допаѓа што на почетокот на градот мириса од пристаништето, или канализацијата, како и да е. Но се на се, мене тој дел од Грција, Пиериа, ми е дефинитивно најубав :inlove: Сум одела и со моите и со друштвото, и најубаво сме си поминувале таму.
     
    На Moonlight007 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. billee

    billee Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Паралиа (Грција)

    ние оваа година сакаме да одиме тука.прв пат ке одиме друштво сме собрани повеќе луѓе.вака по коментариве добив впечаток дека местото е многу убаво ,се надевам убаво ке си поминеме ние оваа година како за прв пат :) најдовме сместување во арити хотел.бил ли некој ? негативни или позитивни коментари ? и бидејќи не сум многу многу ориентирана во Грција,колку е одалечено ова место од полихроно ? се оди до таму со такси или со некое комбе? постои таква опција ?
    и ако имате посебни моменти од некои бич барови или дискотеки дајте име да запамтиме и ние :D :D :D :D :D :D