Moze li nekoj da mi kaze kade zastanuva avtobusot vo Paralija? Dali zastanuva vo Skotinis, Paralia? So koja agencija e najdobro da se patuva od Skopje?
јас само што си дојдов од Олимпик( 2 КМ од Паралија) и да кажам дека имаше сини медузи за кој и да го интересира .. но ако некој е за одмор дефинитивно без мнн гужва и почиста плажа го препорачувам Олимпик... 1 ден бев на паралија и мислам дека се чувствував како да сум на диско сите се гураат да поминат преку тебе ... Водата беше одлична но последните 2 дена имаше ветар ... Има многу слободни соби и многу вили и хотели уште неотворени ... Овошјето е за малку поефтино од МК а храната е горе доле по 6 евра од порција ... Оваа година во мода се Топлес БАБЕТИНИ ...ке постнам слика утре
И јас бев во Олимпик бич. Да напоменам дека лежалките не се плаќаат И видов мали медузи, прво мислев ќеса е, ама после видов уште неколку и ми светна дека се медузи
Лани се плаќаа по 3 евра и плус имаш сок, сладолед, кафе, пиво и слично по твоја желба. Ама тоа беше баш во сезона. Зборам и за Паралија и за Олимпик бич. Сега најверојатно бидејќи уште не е шпицот не се наплаќаат, ако сакаш нешто да си порачаш ок, ако не не ти прават проблем.
Јас како и да е ќе идам во сезона 14ти јули, ама ако се плаќа 3 евра плус пијачка или сладолед небитно се исплати. Како и да е ќе видиме, фала многу
Епа сега, нема на денешно време ништо за џабе шо се вика али ќе се снајдеме некако, некој ден на лежалки некој ден не хаахаа..
Има место и за крпа и чадор ептен напред веднаш до водата, ама ќе треба порано да одите на плажа за да зафатите место инаку е полно се.
Хаха де ме наџе, нема шанси со чадор да шетам ќе ги прежалам тие 3 евра макар последни да ми се да се одморам ко човек, а не да се малтретирам а за станување порано мислам дека тоа нема да се случи. Фала многу Nati.P
Лежалките не се наплаќаат ама кога ќе седнеш одма ти иде келнер и те прашува што ќе пиеш, што значи МОРА да си порачаш нешто и лежалаката е твоја цел ден За медузи јас до сега не видов ниту една, а се бањам секој ден, во Паралија сум инаку. Луѓе има најмногу сабота и недела и за празници како што беше сега за задушница пример, тогаш е преполна и плажа и шеталишта и диска.
Дали некој знае агенции што одат секој или секој втор ден за Парајлија, Олимпик Бич... Барам а не можам нигде да најдам. Ви Благодарам однапред
Мт Травел оди секоја недела во паралија,еднодневно капење,мислам дека беше до 1000 ден карта. Ако мислиш на тоа
http://www.youtube.com/watch?v=zENmiY2ntd0 Ајде да се загрееме малку Вакви денски забави се чести на плажа?
Еј озбилно, кој знае нека каже кога се забавиве. Пошто гледам дека се од годинава, јас лани, полани по двапати во годината одев, но не начекав вакво нешто.
Ни јас не сум начекала, ова е од диското Омилос, на исто место е и диското и beach-барот, ама сигурно забави накај јули кога има и само млади
Срцки, да ве прашам вака дали при влез во грција ви дозволуваат да купувате цигари од фри шоп, пошо ја сакам да си зеам за таму оние срцкастите оме што се од ментол јакички ми се?