Цените за искачање се движат од 6,7 евра од пијачка, во кафичите, во Голд дискотеката пијачките се 10 евра, а во Хавана 7 евра, ама има Lаdys Night во сите дискотеки, неколку пати во неделата така да девојките имаат гратис влез и пијачка, само машките си ја плаќаат својата
Лани бевме во Паралија, почеток на август. Местото е убаво само што немаше многу млади, повеќе беа со мали деца, фамилијарни луѓе, или дека бевме покасно не знам. Плажата е убава, водата наутро е најубава и најчиста. Одевме со кола , сабајле кај 8 саат бевме таму, лесно најдовме сместување, 25 евра за двајца двокреветна соба со купатило и балкон, супер ни беше. Плажата ни беше ептен блиску на 2 мин . Па ако сакавме да поспиеме до покасно ќе уклучев аларм и сабајлето ќе отидев да фатам лежалка и ќе си ставев пешкир. Никој ништо не ти чепка, во пладнето се одмаравме во апартманот кога ќе се вратевме наоѓавме се како што сме оставиле. За 2 лежалки не беше скапо мислам дека плаќавме 12 евра со тоа имавме и пијалок сок или кафе. Поубаво ќе беше да имаше поовеќе журки и ноќен живот, можеби е поубаво да се појде во сезона јули месец. Се на се убав впечатпок ми остави Паралија.
Почеток на август има и те како журки и забава. Јас во септември и почеток на јуни најдов забава, не па за август Голд работи преку цело лето и минимум 5 дена во неделата до 7 сабајле, се наоѓа кај Лидл. Спојлер на крајот на шеталиштето према Олимпик Бич има диско Омилос со огромна тераса, десно од црквата кај трафиката на плажа има кафич Калдера што работи како бар до касно и уште многу други места, рапрашајте ги младите
јас малку да се смешам и да кажам дека ние плаќавме 4 е за точено пиво на 1виот бар од десно на црквата на градската плажа ... а во Олимпик беше 3.50 истиото
Еве јас вчера се вратив. За една ноќ плативме 25 евра, ако останевме повеќе ни рекоа дека ќе било по 20. Значи овде не се плаќа од кревет туку од ноќ. Има ефтино, ама има и скапо, како и да е, 20 евра баш сега во сезона, па и не е баш скапо. А собите се наоѓаа на 2 мин до море.
Епа тогаш јас сум во грешка, да не ширам дезинформации Ние до душа не се ни распеашавме , еднаш бевме во еден бар онака немаше некоја журка, ми изгледаше мирно место.
Јас и дечко ми се мислиме помеѓу Паралија и Неи Пори.. Што ми советувате, каде е подобро? Не сакаме ептен луда забава, повеќе сме за одмор после работното лето...
Ако сакате баш да се одморите, јас ти препорачувам Неа Пори, затоа што нема многу за шетање и е многу мирно место. Сега ако сте за забави повеќе, тогаш одете за Паралија.
Не сум била ни таму ни таму, и затоа ме интересира каде се подобри плажите, водата, сместувањето итн... А за журки, овој пат не, фала.