Ако идете за Неа Пори воопшто нема да се покаете. Јас лани бев, оваа година изгледа пак. Водата е чиста, плажите се убави и широки, и има за шетање, но не многу.
Јас најдов една многу евтина понуда преку ТА за Паралиа во вила Кожани. Но некако ми сомнително пошо како шо кажав многу евтино. Дали некој ја знае таа вила, бил таму. Да не е некоја рушевина па да ми пропаднат парит да треба таму да барам смстување на ново?
Јас ќе одам во Кожани,само во Септември. Гледав слики и убаво е.Секоја соба е со тераса,wc,кујна мала со прибор,тв
Спојлер http://sinoptik.bg/katerini-greece-100735914/10-days ова е страната која јас и дечко ми гледавме како ке е времето во катерини кое е на 5 КМ од Паралија ако не излезе избери само од картата Грција и после Катерини и ке видиш..
Облачно, ветровито и дождливо проследено со грмотевици...... Се шалам сончево и топло како и секогаш, во Паралија и да врне и да грми за 2 саата се расчистува и ко да ништо не било, како што беше случајот ноќеска, се истури од врнење, грмеше, трескаше, ме разбуди од сон и сабајле кога станав имаше сонце и еве веќе е топло, па кој е спремен за плажа , бујрум
цените секаде во Грција се речиси исти, сум била пред неколку години таму, убаво е, но сум била и на доста поубави места во Грција
Ме мрзи да се џиткам секој ден за по некој, ај најдобро дојдете си сами и џитнете си се колку пати си сакате
Ај некој што бил брзо во Грција да каже дали проверуваат на граница дали носиш храна (патлиџанчиња, пиперчиња, лебчиња, мевце, паштети итн... ) бидејќи предлани кога бевме со кола ништо не проверуваа а и имаше долга редица, лани кога бевме со автобус исто не вадеа куфери да проверуваат, но оваа година се збори дека наводно проверувале. Зар ќе ми отвараат куфери да видат што носам божем од интерпол сум барана?
Не проверуваат, не е моја работа али зашто би носела патлиџани и пиперки од тука? Не ме заебавај, поубаво од грчки патлиџан нема, се топи во уста. Али ако јадете лути пиперчиња земи си тоа ја не успеав никаде да најдам за овие години. За лебот од пекарите да не зборам, особено оној со сусамче.... Не проверуваат ама идете на одмор ако не трошите на храна на што друго, на сувенири и облека? Не носете барем тоа што е поубаво кај нив. Овошјето и зеленчукот не може да се измерат со нашите.
Не проверувале, барем ние кога сме оделе. Да провереа имаше и што да видат Имавме пазарено за јадење доста, само нема потреба да носиш од овде овошје и зленечук, таму има што ти душа сака. Свежо во секое време. Ние каде што бевме сместени од спротива имаше пазарче за зеленчук и овошје, а и не беше воопшто скапо.
Бев и лани и предлани во Паралија, барем тоа знам дека храната им е нула во споредба со нашата, какви бедни пекари имаат со невкусни кифли, леб, да не зборам па за бурек, тоа е научна фантастика за нив. Овошјето беше добро малку поскапо, зеленчукот ист како тука, некаде ќе се погоди убав, некаде не. Ама се далеку зад нас во поглед на храна тоа сигурно. Слатките им беа трагедија а скапи. Не знам зошто, ама наше си е наше, поубаво е. Ама многу медузи имаат, само тоа и финансиите ме делат од Егејско море.
Ќе се сложам тука со тебе и јас за некои работи, за кифлите, за бурекот, хаха па нема бурек во Грција, не знаат што е бурек, а лебот е убав, не знам ти каков си земала ама јас леб исклучиво земам црн или бел со сусам превкусен е во однос на нашиот, признај За слатките, па се си е до вкус, имаат на око преубави и торти, ролати слатки, да ти е мерак да ги гледаш само ама внатре не мис е допаѓаат мене лично, а ете брат ми пак лудува по благите работи во Грција, секој си има различен вкус, а мене пак слатките и тортите во Мк ми се неспоредливи со било кои, кога идам во Мк си земам цела торта од слаткарница и ја носам во Гр и јадам цела недела не давам никој да ми се меша За овошјето и заленчукот е поскапо малце, да, ако одиш на пазар во Грција може и поефтино да најдеш од кај нас ама во супермаркетите е многу поскапо. Во принцип има и поефтини и поскапи работи од кај нас, зависи што и како
Значи неможам да ги сватам луѓето што одат на одмор а уште малку и куќата да си ја спакуваат ако можат ќе ја спакуваат и ќе ја однесат на одмор,и не ми е јасно зошто одат воопшто на одмор кога и тенџерињата од дома ги земаат таму манџи да прат боже мој
Хахах се сложувам скроз со тебе :up: и мене тоа до ден денес не ми е јасно Ама важно на одмор ќе одат, пуста желба.......
Не мила моја тука мислам дека поголем фактор игра мислењето на народот полењето на егото да кажеш дека си бил на одмор,а уствари на тој одмор одат со 2 по банка како што кажав со тенџерињата таму готват едн кафе не седнуваат да се напијат (да не се потрошат пари)т.е што помалку ако може да се потрошат,значи бувално вакви луѓе неможам ни да гледам ни да слушам веќе свашта...