Па ако некој отишол на одмор не значи дека задолжително треба да се храни по ресторанти. Ако сум отишла на одмор не значи дека не треба да си спржам пипер и патлиџан, кобасица, стек и сл.,не сум неспособна сама да си зготвам јадење за моја душа. Подобро да си сварам макарони со сирење отколку гиро. За тенџериња знам дека има во секој апартман. Не знам што се замислуваш ти и зошто толкава навреда кон тие што сакаат да си поминат поевтино а со тоа и поубаво и поквалитетно кога станува збор за храната. Секој различно си го замислува одморот и различно ужива во него. На пример јас не сакам да седам на плажа по кафичи и да лигавам едно кафе и една вода, само за да бидам видена, тоа за мене не е одмор туку желба за внимание. Послатко ми е да си направам кафе и да го пијам на тераса со маж ми.
Можеби некој издвоил колку што има колку за да ги упие благодетите од морето. Не секој има можност да отиде со полн џеб пари и да се храни по ресторани. Поготово кога е на блиска дестинација и има можност да се понесе нешто од храна. Јас сум идела со полн џеб пари, па пак сум носела храна и од дома. Не сакам секој ден да се хранам надвор, било со гиро, риба или скара, сакам супа да си каснам, течно, сакам турско кафе да си направам. Кога веќе одиш во апартман со кујна, искористи ја кујната, ако нејќеш да готвиш тогаш можеш и во хотел да си платиш, не ти треба апартман со кујна. Малце е безобразен начинот на кој се пристапи кон темава, не за однесувањето, туку за финансиите. Некој може успеал да издвои само 100евра за сместување само за да си ги лечи синусите, а не за да шета по кафичи и да пие нескафиња Некој одморот едноставно, поинаку си го замислува
Таму кај што ќе одам еден ручек за двајца во ресторан под 40-50 евра не е. А ако не јадам во ресторан и купувам од маркет, истите работи можам да ги купам од дома за дупло или тројно помалку. По која логика да плаќам повеќе, па дури и да имам? Милионер сум па да ми е сеедно, или се рекло на одмор одам па ни кафе не сакам да си направам... Мене ми е многу поглупаво што многу последниот денар ќе го дадат за да изиграваат цареви на одмор а после дома кога ќе се вратат со дупки во џебот. Демек не се знаеме кои сме и колку имаме па ќе глумиме лудило...
Не проверуваат немај гајле. Како што спомнаа погоре лебот им е катастрофа па сме носеле и леб и тоа во багашник а не во куфер, па ништо. Искрено незнам зошто да не си земеш од дома се што ти треба кога во апартманот имаш и кујна и фрижидер и се.. Да седиш на плажа и да се мислиш што ќе јадеш после, оти нели не си земал ништо. Па бараш ресторани со поефтино и сваќаш дека од гирото што е 2 евра нема поефтино, и што праиме тогаш? Од толку големи луѓе што сме, да јадеме секој ден појадок,ручек,вечера гиро? Само заради тоа што несакаме да се правиме како другите, да ја земеме цела куќа со себе оф боже,оф. Спојлер А да, и крофни од плажа можете да јадете
ние носевме од дома некои јадења ама не да се убиваме од торби и чуда.. маргаринче...саламче..паштета...супа и макарончиња со кечапче некои такви работи ... Лебот од пекарчето е супер... А плус тоа да кажам дека дека лебчето им е супер од пекарите ... и плус скоро во сите соби има фрижидери ...
Да прашам дали се наоѓа нешто под 25 евра, бидејќи сме 2 души многу скапо ни иди? Дали се ценкат Грците ? На кој јазик се разбиравте со нив ?
Знае некој да ми објасни каде е таа "голема дискотека" во Паралија? Одам две години по ред и знам само за две, едната е подолу од црквичката (вечно лејдис најт) и има уште една исто во тој ред покрај плажите.. А оваа големава, никако да ја најдам
Не знам на која Голема мислиш? Да не мислиш на Gold club? Таа се наоѓа на излезот од Паралија од левата страна или на влезот во Паралија од десната страна, исто така има уште една на излезот од паралија од десна страна се вика BOA. Друга исто така Голема дискотека е на патот накај Олимпик Бич, се вика HAVANA, во градот Паралија е ОМИЛОС диското накај пристаништето, надолу после на плажата накај Коринос селото е КОКУС.....
Од мене Паралиа има оцена 9/10. Супер си поминавме, времето преубаво, се пресончав, ко црнец сум , има доволно мир и доволно место за шетање за вакви ко мене, шо сакаат саат време да размрдаат нозе, и да си дремуцкаат на тераса со кафенце, благичко и карти Сместувањето ни беше супер, приемот уште подобар, е сега јадењето, среќа што носев нешто месо за да си зготвам за ручек, и ич не ми беше тешко, за саат време што ќе го поминев со тенџере или тава, али нивните мусаки и чорби и манџи врска немаат со овие нашиве прсти да излижеш, па немој за хамбургер да ти зборнам тоа ич не ми се бендиса, безвкусно и минијатурно нешто бре, освен гирото, и тоа после три пробани места и тоа едвај да го погодиме Пребирџии Битно се изнауживав баш, се изнакапив, се изналежав, се изнасмеав, водата добра, топла, малца матна, ама па не е сега ова Бора Бора, па очекуваме тиркиз чиста вода, се на се супер беше. Па и искрено, за овие пари со кои ние двајца поминавме овие 8 дена, во кои трошевме за глупости и купувавме се што ќе ни текне, од благо, од Кока Коли, од разноразни дребулии и и партали, па дури и кожни палта и сандали јас талентот, богами Охрид трошев и повеќе. А ќе се сместевме во некое собулче и ќе ти дремат над глава да не го приуклучиш бојлерот А тука, не ми е гајле, ем пристојни цени, ем пристоен одмор. И да, би одела пак, догодина
Здравоо Ме интересира некој да ми каже ако бил во Паралија на одмор,како е таму,местото,плажите. Битно ми е плажите да се убави.. Се мислиме за на одмор дали да идеме во Паралија или Полихроно Според вас што мислите каде е поубаво?
Прашање до Kallias Ми кажаа дека во Паралиа има ефтини купаќи,најчесто по 5 евра.Ме интересира дали се намалува цената таму накај септември(иако и 5 евра ми е преефтино),зошто несакам да избрзувам,во Скопјево,под 800 ден нема ? Поздрав Спојлер И што слушам дека пишувале казни од 300 евра ако купиш нешто од плажа,сувенири..разгледници??
За 5 евра баш не знам дали и каде има, од 10 евра се па нагоре, зависи какви купачи сакаш. Што се однесува до ова за казни нема веза, прв пат слушам такво нешто