Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паралија (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од plavusha, 23 јуни 2011.

  1. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Паралиа ги надмина моите очекувања,и ги занемари сите негативни коментари кои ги слушав и читав пред да отидам таму.Моја среќа 8)
    Местото е многу убаво,водата беше пречиста и без треви,немаше медузи.Многу е ефтино.Јас потрошив 5000 ден за 8 дена.Си носевме јадење од дома,и таму трошевме само на гиро,облека и сувенири. :)
    Хотелот Кожани е солиден.Не е нешто да се запрепастиш кога ќе влезеш во собата,но мислам дека е доволно за да имаш каде да преспиеш и да си зготвиш нешто набрзинка.
    Кујната единствено не ми се свиѓаше бидејќи беше од мермер,и шансите да се скрши некоја чаша или чинија беа големи,затоа пазете,за да не давате после пари од свој џеб.Одмор од 2 до 5 наводно има,според правилата.Но,нема врска.Секој си праи што сака.Нема галами,и не идат многу млади.Претежно се семејства.Интернет има,но не секогаш.Лимитирано е.Терасите се убави и големи.Нас ни се погоди ептен голема тераса.За хигиената на собите се грижите сами,во вецето нема канта,и во кујната исто.Има фрижидер,а телевизорот стои само како предмет,бидејќи само две програми имаше.Барем кај нас во соба.
    Тоа е се што ми текнува,секој кој има дополнителни прашања нека повели :)
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Eci0327

    Eci0327 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    17
    Се согласувам дека во Паралија е убаво и ефтино, ама јас кога бев водата беше катастрофа премногу валкана треви, медузи колку сакаш ама ние на 2 август отидовме и имаше премногу гужва немаше место по плажзите освен водата се останато беше супер :D
     
  3. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    17.755
    Се согласувам со се што кажа. И јас сум премногу задоволна и од Паралија , а и Кожани не беше толку лош како што мислев судејќи по негативните коментари.
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.087
    Пол:
    Женски
    Не бе луѓе колку и да се набедуваме,водата не е баш најубава Паралија,јес дека има убави места за шетање и ноќен живот,и разни продавници,ама да се капам во таа вода никогаш,бев во јули и толку беше нечиста,што си ветив дека нема да стапнам повеќе,научени сме дека е море ,демек подобро таму од Охрид,Охрид е барем почисто.
     
  5. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Јас зборувам за периодот од 1ви Септември па до 8ми.
    Водата гарантирам дека беше пречиста и немаше треви воопшто.
    И јас се чудев и не ми се веруваше,ама така беше. :)
     
  6. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    17.755
    Јас зборувам за периодот од 1ви Септември па до 8ми.
    Водата гарантирам дека беше пречиста и немаше треви воопшто.
    И јас се чудев и не ми се веруваше,ама така беше. :)[/
    И јас бев истиот период водата беше ептен чиста, немаше тревки и далеку почисто од Охридското езеро...
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Се` зависи од тоа колку луѓе има во морето, дали има бранови и сл, ама тврдам дека водата е позаматена во делот од кај црквата кон Олимпик Бич, додека после црквата таа страна накај Кокос водата е многу побистра.
    Ама да не се лажете дека тоа значи дека е нечиста водата, туку луѓето што влегуваат го поткреваат песокот и затоа делува матно.
    Исто така за време на викендите има многу Грци кои се дојдени на викенд и многу еднодневни екскурзии од Македонија, така што тогаш многу луѓе се капат и матно е, ама пак ќе кажам тоа не значи дека водата не е чиста, само заматена од песокот.

    Јас годинава дури се изненадив колку беше проѕирна водата, така никогаш не сум ја начекала, а одам речиси секоја година по некој ден таму- медузи имаше, ама ништо страшно, додека кај луна паркот кон Олимпик Бич фатија една голема, со сина боја, беше колку кошаркарска топка.

    Лани имаше инвазија од медузи, мислам беше на 16ти или 17ти август, буквално сите излегоа од водата а брегот беше прикриен со медузи.

    Годинава имаше многу Романци, Германци така што цените за сместување беа повисоки за разлика од другите години, ама убаво беше што немаше толку Македонци- се префрлија во Ксамил и Калитеа :lol: .

    Туку Калиас кажи какво е сега времето, може ли уште да се иде? Јас си мислам крај на Септември пак да се прошетам, некогаш и Октомври било убаво за капење, се надевам и сега ќе биде така.
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Баш водата десно од црквата, односно накај Олимпик Бич, после пристаништето е почиста, еве три години по ред одам таму, првата година бевме кај Кокос, втората малку подесно и годинава одевме десно од црквата каде што е порастеретено, нема големи гужви и водата е побистра. Бојата на морето е таква поради песокот, инаку е чиста а и годинава имаше слабо медузи, барем јас кога бев, после 27.08.
    Убаво е дека има голема плажа и не можам да ги сфатам тие кои буквално се газат на плажата кај црквата а да поодат барем 5 минути ќе бидат на многу пошироки и поубави плажи.
    Наредна година не би ми било лошо пак во Паралија иако ми здосади.
     
  9. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Абе сеа, не збориме за најубаво место во Грција, ами најубаво место кое е достапно за нас. Не можат сите да одат на Санторини или што ти јас знам. За тие пари е преефтино и преубаво па сега кој вишол поубаво секако дека ова ќе му биде мизерно.
     
    На martinuska и Abeja им се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Абеја изгледа таму има вајарлес па можат да се чекираат :D .

    Мене не ми досадува затоа што не очекувам да видам некои знаменитости и сл. туку одам да си ги разбистрам мислите и наполнам батериите на некој ден.
    Море, плажа, шетање навечер покрај море, гледање на месечината, релаксирање- тоа го очекувам од таму.
    Паралија е повеќе за виденд одмор или втор одмор, место каде што ќе одите на 5-6 дена да се релаксирате, и најдобро е кога е сезоната при крај затоа што тоа ќе го добиете за малку пари, а главниот одмор нека ви биде некоја друга дестинација, затоа што тука нема што посебно да се види и слика, шмизлите нека си знаат. :D
     
    На rossonerka, kate21, figgiMK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Моментално времето во Паралија е сончево и топло, така предвидуваат да биде и до крајот на месецов, па од октомври не знаеме сеуште какво време ќе не очекува :worried:
    Инаку за Санторини и Миконос, тоа се места навистина убави, ама и не е толку многу воодушевувачки како што опишуваат и дефинитивно се мннногу посјкапи од Паралија или било кое друго место во Грција. Така да, ако имате длабок џеб, слободно мошете да одите на некое такво место, а доколку сакате да си поминете економично и убаво, има доста убави места на краците или еве паралија и околу и не е за занемарување воопшто, со оглед на цените и ноќниот живот таму :)
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Јас бев во Паралија од 25ти август до 1ви септември и можам да кажам дека водата беше од бистра побистра. Поготово наутро кога имаше помалку народ, само што наутро имаше доста медузи, но ние поминавме без проблеми од нив :D . Малку попладне водата знаеше да се замати од песокот ама не беше кој знае колку страшно. Песок е |( . А медузи попладне немаше.
    Одевме на плажата лево од црквата бидејќи водата таму некако подобро ни изгледаше.
    Не знам за вас, ама ние во Кожани постојано фаќавме вифи :D . Кога и да се пуштевме имаше нет :D .
    И не е до толку лошо хотелчето. И онака поголемиот дел од денот ни поминуваше на плажа, во шетање и искачање. За одмор и спиење беше топ :D
    Во целост ми се свиѓа Паралија. :)
     
    На kallias, macalavica и Irrepleceable им се допаѓа ова.
  13. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    ^Кога влегов во кујната и ги видов тендџерињата ми текна на тебе :lol: :*
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  14. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Во тие 8 дена мораше некоја супа да се направи и нешто да се потспреми. Иначе тешко на мојот желудник. :lol: :*
     
  15. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Убаво и мирно местенце,има каде да си прошеташ навечер..среденко и за просечен одмор. :)
     
  16. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137
    Девојки !
    Моментално сум во Паралија , сместена во вила Savvidis ..
    Само најдобри зборови ке бидам кратка
    Водата топла премногу...Чат-пат медуза некоја има..Времето ни се погоди ептен тооп...топло,пржи сонце..Народ има ко август да е..денес заврна пола саат навечер ама одма престана..уште 3 дена сум тука , не ми се иде дома.. :(
     
  17. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Колку се каам што не си купив еден фустан за 5 евра,секоја вечер го сонувам...Да не врши некој испорака од паралиа за да си нарачам?? :rofl: :?:
     
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Да ти го купам јас и да ти го испратам преку брза пошта? :D
     
  19. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Оваа година бев во Паралија :)
    Прекрасно беше, топла вода, имаше еден ден медузи и потоа заминаа, бевме сместени во апартман блиску до плажата, си плаќавме лежалки секој ден и така :) , ама главно супер си поминавме
     
  20. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Доколку некој одлучи да оди на одмор во Паралија ова лето, можам да му најдам смештај, само нека ме контактира преку лп :)