Девојки бил ли некој скоро во Паралија, се наоѓа ли сместување и како се движат цените? Сакаме да одиме три другарки после 2ри август па каква е ситуацијата, дали би нашле сместување?
Најдобро е да си одите преку агенција. Цените се добри не е скапо, нешто слично како овде. Вие сте 3 другарки, во агенциите има понуди 2+1, третиот го плаќа само превозот. Ќе си ја поделите сумата подеднакво на сите три и таман ќе дојде, За скапо, не е скапо, барем годинава гледам за Грција има многу добри понуди. За агенцијава кажав за да не одите на ризик. Бевме ние пред некое време Паралија и едно семејство на плажа имаше, кажуваа дека во вилите што беа најблиску до плажата нашле смештај за 30 евра, 7 дена ама со сопствен превоз беа. Така уште поефтино ако најдете.
Девојки дали бил некој почеток на септември во Паралија да ми каже какво е времето отприлика..со мм одиме на 29 август и сакаме 14 дена да останеме па ако не е баш топло да ја откажеме втората недела.. И дали бил некој во вила атина да сподели искуства. Позз
Ubavo e vremeto i vo septemvri isto kako vo avgust, toplo, prijatno i ubavo za odmor Vila Atina e 50-50 nisto posebno
Девојки ме интересира колку време се патува со автобус од Скопје до Паралија? и како се разбирате со Грците? Иначе прв пат одам во грција оваа година и ме фака паника како ке биде Ч)
Во Паралија јас бев годинава и се изненадив од водата што беше почиста за разлика од пред две години за смештај најдовме би ви препорачала ако барате приватно да си прашате тамуу во тие агенции прашајте во Vasco de gama и во таа агенција до нејзе одма ќе ви најдат смештај и за ефтини пари само немојте да одите во август ако си немате резервирано пошто е гунгула.Што се однесува на апартмани со ефтини цени би ви ги пресложила Хотел Хара (плаќавме 30 евра од ден за трокреветна соба) газдарицата се вика Маја од Србија е инаку знам дека имам некаков договор со агенцииве што беа во Паралиа бидејки ние така го најдовмее тоа апартманче пото Hotel Megas Alexsandros газдата знае србски цела ноќ прати ситуација ако нешто се дерат она ова веднаш ќе се побуни за тоа беше све супер исто и таму плаќаве 30 евра од ден за трокревна соба.Ако сакате продавници Паралиа ви е царско место за тоа така стварно ви ја предложувам да идетеее и годинава не беше мн скапо
Во Паралија кога одам, исто ко во старечки дом да одам. Не е лошо местото, ама одиш таму, пола Македонија е тамѕ, деца од 5-6 годинки ти играат до глава, вриштат, пискаат, од старците наши неможеш да влезеш да се бањаш. Пренатрупано ми е накако.
Оваа година во Паралија е ептен ефтино, смештај одма до плажата по 30евра,облека,храна со цени каде што ги нема никаде на друго место во Грција. Ама многу гужва е неможеш да се разминеш, гласни музики од секаде, на плажата од сите страни се дерат, плачат мали деца. Јас бев на два дена и не би се вратила никогаш повеќе бидејќи не се одморив ни една минутка, а јас сакам мирни места.
Здраво, дали некој престојувал во апартмани Арети и дали знаете како е? И дали знаете некој што врши превоз до паралиа (и назад) ми треба за на 2 август...