Паралиа (Грција) Полихроно е на Халкидики т.е. на Касандра првиот крак, а ова е во областа под Пиериа под Олимп, што значи се бајаги далеку. Местово е многу раздвижено, а за убаво зависи кој што бара. Мене лично ми е убаво за шетња навечер, а плажите ми се поубави во соседното (на 2 км одалечено) Олимпик Бич. Навечер во Паралија е огромна гужва, има доста млади, има 4-5 дискотеки кои не сум ги посетила но викаат дека се добри, сум ѕирнала само во дискотеката Хавана која е меѓу Паралиа и Олимпик Бич и атмосферата беше ок, куп млади луѓе кои дошле на журка. Градската плажа е лоша, ама малце десно од градот почнува убава широка и песочна плажа. Има милион продавнички во кои нешто квалитетно освен кожа или крзно и нема што да се купи. Има милион таверни и ресторанчиња, има кафичи. Значи има се. Најдобар одговор на тоа дали е убаво или не е зависи на што си навикнал. На пример забава на Закинтос, со забава во Паралиа не се споредува прво заради народот кој се движи, на пример во Паралиа се Срби, Македонсци по некои Унгарци и Романци, Чеси и Словаци, а на Закинтос се Англичани и „покултурен“ да не речам понапуван народ. Мене ми се свиѓа Паралиа баш од причина што луѓето се тука многу опуштени, не се трудат да изиграваат живот на висока нога, а не ни живеат таков искрено. Паралиа и местата под Олимп се најевтини во Грција. Се на се, ќе одиш и видиш, ако одиш со добро друштво и сакаш да си поминеш убаво, така и ќе биде. Ако сакаш да наоѓаш маани ќе ги најдеш сегде
Паралиа (Грција) Носталгија. Одамна не сум ја посетила Паралија, ама сум била неколку пати на одмор со моите. Најомилено место за одмор ми е, секогаш таму би одела на одмор, едноставно воодушевена сум од местото. Некои ќе речат дека не е типично туристичко место поради галамата и раздвиженоста, ама мене баш заради тоа ми се допаѓа. Сакам да гледам луѓе, раздвиженост, забава и плус да се одморам. Не сакам некои пензионерски места како Полихроно. Кога бевме таму, значи умрев од досада, ништо немаше. Паралија си е Паралија, најубаво е. Башка и луѓето се фини, никој за ништо не ти префрлува, си одмараш, милина бе. Плажите се прекрасни, чисти, мирни. Водата топла. Едноставно рај.
Паралиа (Грција) Има мн добро диско у Паралиа, Омилос ми се чини се викаше. На кров на зграда е на отворено, лани фини журки правеа. За девојчиња е бесплатен влезот плус добиваш гратис пијачки Иначе за барови и таверни ќе ги разгледаш сите, мало е местото и за една вечер можеш да го прошеташ цело. Задолжително што мораш да пробаш се палачинките со нутела и кокос и панираните лигњи сум била на повеќе места, ама тука како што ми прават ќеиф овие две работи нигде Гирото да не го ни зборам (смајлиштомутечатлиги)
Паралиа (Грција) Паралија е идеално место за идеален одмор. Мирно, опуштено, долги плажи каде што нема гужва за да скокаш преку лежалки. Не знам кај видовте дека било многу раздвижено и гужва, јас лани не дојдов до таков впечаток. Нормално дека има туристи, но не е којзнае каква гужва. Има доста прехрамбени продавници и цените не се многу високи. И сместувањето не беше многу скапо. Лани бев во хотел Ли Ла Ло, нов хотел и многу убав, пристоен, не некој луксузен со тракатанци и мислам дека се одморив за две лета . Уживанција, на плажа со книга (ако најдеш време да читаш, јас претежно бев во вода.). Морето е плитко и можеш да се заборавиш од одење а да не пропаднеш во длабочина, за разлика од Олимпик Бич, каде што бевме еден ден и ич не ми беше убаво, веднаш почнуваше длабоко, плажите по мали а преполни што многу мразам. Таа плажа ја дуваат србите, демек они побратимени со грците, па ставиле и нивно знаме на плажа.Ситуација на нарцисоидност како кај Џокович Не добив впечаток дека е средношколско излетничко место. Ние не бевме за ноќен живот таму, туку само за море и плажа. Голем плус е тоа што патуваш помалку отколку до Охрид, и само прав пат. Собата ја плативме 30 евра од ден, со наш превоз, отидовме како во Охрид да одиме, таму баравме сместување Еве линк од хотелчето http://www.hotellilalo.gr/
Паралиа (Грција) ^^ Зависи и кој период одите, јас бев на почеток на август и во Паралиа на главната улица до црквата не можевме да се разминеме, мене не ми сметаат гужви ама тоа беше премногу. Инаку плажата по целата должина е различна, така и прилазот во вода. Јас каде што одев во Олимпик Бич 200 метри од обалата беше плитко, најдлабокото беше 1.65 јас со прсти допирав па после 3 чекора подоле пак метар длабочина и пречиста вода, за разлика од таа на почетокот каде стално има тревуљини. Во принцип зависи од тоа кога и колкави бранови и плими има и како го нанеле песокот во вода
Паралиа (Грција) ^^ Хотелот не беше баш во центарот на градчето, туку малку настрана и немаше проблем со галама навечер, плажата многу близу, народ имаше не дека не, ама не беше страшна гужва, и јас бев крај на јули почеток на август. Така изгледа дека има гужва, зашто местото е мало и мал е просторот за шетање, а и што ќе видам ако прошетам по тие неколку улички, само продавнички за облека како во шутка и кожни јакни крзнени бунди сред лето Значи во местото нема што да се види, ама е идеално место за одмор. Во Олимпик Бич не ми се допаѓа целата таа гужва на плажите. Може некој сака да му газат по пешкири, да му фрлаат песок во очи, да лежи непознат до него, да се шмека со тој што му лежи под нозе . Јас таков одмор не сакам. Јас многу сакав да лежам во водата на песокот, ама откако маж ми извади ракче, како дланка големо, уплав фатив и не легнав пак за да не ме штипне некое И еден совет, не одете на плажа со скапи апарати, тоа е за секаде битно.Еден пар, чеси мислам беа, дојдоа со скапи камери, телефони и некој им ги здипли, беа многу невнимателни, правеа акробации во плиткото и не си внимаваа на торбите. На плажа се оди само со пешкир, крема и по нешто за јадење.
Паралиа (Грција) многу добро, штом има бич барови дискотеки и таверни тогаш не се сомневам дека ке си поминеме многу убаво. уште подобро е тоа што има и мирни плажи недалеку од градот едвај чекам да одиме,посебно ми е мило што одиме 4 другарки што се дружиме од бебиња и живееме на иста улица повеќе од 20 години ако доаѓа некој друг се гледаме таму во диско ние одиме од 21 јули ви благодарам за инфо.
Паралиа (Грција) Зошто да им плакаш на агенциите провизија. Оди таму и најди си сместување, поскапо, поефтино...
Паралиа (Грција) Многу поефтино ќе си поминеш во сопствена режија за Паралиа. А сместување во секој случај ќе најдеш. Не се нормални овие агенциите колку пари бараат за до Паралиа
Паралиа (Грција) Може е поевтино така, ама ако одиш без кола, барање смештај на 40 степени после 5-6 саати клацкање у автобус, па има, па нема, па дур да се одвлечкаш со багаж до таму.... Цел ден ќе ти отиде и ќе се измориш ко куче. Најпаметно тие што патуваат со коли од овде да си најдат на нет смештај мислам конкретна вила, да се јават да се слушнат со газдите да си резервираат и завршена работа.
Паралиа (Грција) ^^ Ние бевме со кола и сместување баравме таму, топло беше, маживе(тогаш дечковци беа уште) бараа, се испотија малце , на многу места беше скапо или полно, ама имавме среќа на крај, се исплатеше барањето, најдовме хотел по прифатлива цена од 30 евра. И сега ако би одела пак таму, ќе се јавам пак да си резервирам, а ако си им бил гостин, нареден пат имаш минимален попуст, не знам точно од колку, маж ми ме зезаше таман за едно клавче секој ден ќе сум имала, што значи 10-20 евра И јас мислам дека не ти треба агенција за да ти резервира, можеш сам да си резервираш. А ако одиш со автобус и таму да бараш сместување, тоа ти е изгубено време. Зашто таму вилите не се густо наредени, туку малку се оддалечени, местото е широко, не е од збиен тип и многу слабо има дрвја за сенки, значи треба да одиш буквално на сонце
Паралиа (Грција) Женска не ти требаат понуди верувај, ние лани така се заебавме дечко ми инсистираше да одиме преку агенција бидејќи прв пат таму сме одиле и многу поскапо плативме. Бевме во Хотел Симос, и кога го видов ценовникот на вратата колку всушност е ефтино мислам дека лошо ми падна. НЕ Е МОЖНО во Паралиа да се изгубиш, ГАРАНТИРАМ, 3 улици се и сите знаат да зборуваат српски Сега јас нешто да прашам. Се двоумиме помеѓу Паралиа и Кушадаси. Ај предлози ако некој има одено на двете места
Паралиа (Грција) нашава понуда е 115 евра за 7 дена со превоз во хотел арити во центарот. па тоа прифатливо е
Паралиа (Грција) Женска не ти требаат понуди верувај, ние лани така се заебавме дечко ми инсистираше да одиме преку агенција бидејќи прв пат таму сме одиле и многу поскапо плативме. Бевме во Хотел Симос, и кога го видов ценовникот на вратата колку всушност е ефтино мислам дека лошо ми падна. НЕ Е МОЖНО во Паралиа да се изгубиш, ГАРАНТИРАМ, 3 улици се и сите знаат да зборуваат српски Сега јас нешто да прашам. Се двоумиме помеѓу Паралиа и Кушадаси. Ај предлози ако некој има одено на двете места [/quote] Лани бев во Кушадаси, а полани во Паралиа, значи Кушадаси преубаво,средени плажи, улица со многу кафичи, голем избор за јадења и се нај нај за ефтини пари. Не ми се свигаше само што има многу срби и македонци ама и во Паралиа е исто )
Паралиа (Грција) Епа да малце е потешко, ама сите автобуси се климатизирани сега. Јас еднаш кога одев со автобус, другарка седеше најнапред, на седиштето за кондуктер што е и било малце ладничко, онака свежо де, дека таму најмногу дува од климата. Така да и не е многу заморно патувањето со автобус. Не е како со кола ама.. се трпи. А овие агенциите стварно си ги напумпале цените. Што е многу за Паралиа, многу е.
Паралиа (Грција) знае ли некој дали има убави дискотеки ?? и колку пари е влезница дали е многу скапо?
Паралиа (Грција) Има. Има добар ноќен живот, интересно е. Ако си сингл, ќе си добиваш и бесплатни влезници во дискотеките и пијачки. Се мислам дека имаше четири дискотеки. Цените баш и незнам како се движат на пијачките.
Има излети преку агенциите, обично е 30 евра. Ама доста е напорно, одзема цел ден, а малце време имаш за разгледување.