Дали во септември, конкретно 1ви како што мислам, нема гужви и плажата е речиси празна или си има луѓе?
Nie koga bevme, bas na 1 vi septemvri bese prepolno, peskir nemase kaj da stavis. Samo diskotekite slabo rabotea. Poveke so deca i penzioneri bea.
Во Паралја досега имам неколку пати отидено само на викенди. Местото е убаво но искрено не би можела таму да поминам подолг одмор. Преполно е со продавници, ресторани а плажите кои се наоѓаат лево и десно од самиот град се огромни. Е сега проблем е што водата не е баш чиста а слушам дека се појавувале и многу медузи, иако јас досега немам сретнато. Во самиот град плажите се потесни и преполни и мене лично воопшто не ми се допаѓаат. Генерално, фино е местенцето и не е лошо да се види. Многу е блиску, дури со кола се исплати и еднодневно да се прошета.
ја ти нешто мада да ти кажам дека лично јас не одам повеке таму еднаш се заебав и никогаш повеке таму нема луди работи ниту пак водата е нешто многу добра а и мало место немаш многу избор шо ти текна на знаеш што да правиш повели се надевам ке ти користат хотел хелас thrakis 1 - paralia katerini tel-fax +30/23510/61507 e-mail: kziskos@gmail.com Apartments Ziskos L.stratou 6 - Paralia Katerini tel/fax +30/23510/64073 mob:6937 26 90 60
Здраво на сите!!! Со маж ми се договоривме да одиме на одмор во Паралиа, но сеуште не сме уплатиле во агенција... Јас сакав да имаме одмор, но сепак да биде поевтин. Па некој ако бил во Паралиа сакам да го видам неговото мислење . Какво е, дали има убави плажи, места за онаа работа??? хахаха
Места за оваа работа тешко да најдеш, освен во соба оти преголема гужва е во Паралија. И водата е доста нечиста. А како за шетање е ок, бучно е има каде да се прошета. Во Олимпик Бич водата е нешто подобра ама за нијанса. Има воз кој вози и ги поврзува двете, а се оди и пеш.
Паралија не е нешто убаво,барем мене не ми се допаѓа многу,се ми е обично некако,и веќе видено,не знам колку пати имам отидено таму.Ако имате прилика Миконос е рај,нема поубаво место во Грција од Миконос
Значи класика за просечен Македонец ти се краците и тоа пред нив што е. Паралија или шо би рекле нашите северни соседи „Најголем српски град“ и „Град на трговијата“. Потпишувам! Евтини сваштарници, а посебно обувките... ако си како мене да купуваш зимска облека во лето, ќе си најдеш и евтини чизмички од по 20е кои во трговски под 50е ги нема. Не знам зошто почнувам со трговијата кога зборувам за Паралија ама исто така друго што ми паѓа на памет е околината српска и си се чувствуваш како на свое. После, водата е доста плитка, а поради тоа и често се валка, ама шта чеш... Егејско море фор лајф. Плажата убава, туристи многу, интересно е тоа што и во септември е полно и едвај се наоѓа сместување иако е надвор од сезона.
Јас кога сум одела во септември никогаш не сум платила повеќе од 25евра за вечер, зборувам за прв ред на само море, а измеѓу редови и втор ред можеш и за 20евра да најдеш смештај...е сега слушнав дека годинава ги поскапеле малку цените, не знам...ама до лани јас вака поминував
Викендов последен како му доаѓа 15 -16 август, другарка ми беше - на слика ги видов - едни медузи - сина боја, грозни. со големи пипци како октоподи личеа...грозно
Еднаш за викенд и никогаш повеќе! Плитко, водата претопла и мноооогу прљава, градчето збиено со кинески продавнички со сваштарии, навечер гужви огромни... Не би препорачала на никој, искрено не знам како местово станало популарно...
Девојки ве молам кој знае за превоз за Паралија се снајдовме за престој но како и со превоз од Скопје?
знаете ли како се движат цените за сместување во паралија за двајца? ние сакаме да одиме и таму директно да бараме смештај
Со порачување пијалок имаш лежалка и чадор . Фрапето е од 3- 3,5 еур Пиво и сокчиња по 5 еур Коктели 6-9 еур
Колку што видов : Гирото 2 ,2,2 зависи . На плажа сендвичи 5-6 евра Овошна салата 4-5 евра Друго не знам баш. Јас одам на по еден ден понекогаш . И секогаш јадам во едно српско ресторанче лесковачка скара За двајца повеќе од 25-30 евра не сме платиле . Со салатка и ракијка . Солиден ручек . Во Паралија на плажа може да си извадиш од ташна вода ,сокче ,сендвиче. Не е како на краците да не можеш еден чипс да извадиш од торба