Паралија (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од plavusha, 23 јуни 2011.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    2.090
    Тоа ме интересираше планирам да појдам на еден ден, никогаш не сум била некако секогаш ја одбегнувам таа ривиера заради гужвите :)

    Но штом нема проблем за носење сопствена храна тогаш супер затоа и прашав за цените мислев во случај да не не може. Фала ти уште еднаш :*
     
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.638
    Допаѓања:
    174.955
    Пол:
    Женски
    Ако си за еден ден ти препорачувам Макригиалос . Тоа е 15 км од прилика пред Паралија. Мало рибарско гратче . На 3 км од ова гратче има плажа Бора Бора . Најмалку 3 класи подобра од Паралија . Водата не е толку нечиста како во Паралија . Медузи нема ни една ( Паралија врие од медузи ) .
    Цените овде се :clap:
    Фрапе и вода 2 еур
    Пиво и сокчиња 3 еур .
    За блиска дестинација местото ми е врв во споредба со Паралија .
     
    На Alex.T и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  3. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    2.090
    Супер фала ти ќе го имаме во предвид :D
     
    На Vladus му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nikolovska28

    Nikolovska28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2018
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    1.433
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите :)
    Летово ке одам со друштво во Паралија, крај на август околу 24. Имам прашање до тие што сте ја посетиле Паралија :?: Предлози места за шетање убави може и околу паралија во близина и места за излегување вечерно? Ви благодарам однапред :$
     
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Ние се снајдовме за смештај, најверојатно тука ќе одиме или евентуално Неа Врасна.

    Е сега, дали имате информации за превоз како да отидеме до таму? Знам агенции со автобуси што одат секоја недела, ама бидејќи ние ќе бидеме само 5 дена таму (толку ни дозволуваат обврските) ни треба некоја линија што ќе отидеме на 26ти и ќе се вратиме на 31ви. Поради тоа ни треба некој што оди секој ден или редовни автобуси ако има.
     
  6. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.361
    Bil nekoj vo hotel ariti vo paralia, kako e da spodeli?!
     
  7. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.713
    Пол:
    Женски
    Во Паралија не сум била одамна, ама се сеќавам дека имаше многу гужва, водата не беше чиста и имаше медузи. Сега како е, не знам.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Мачкетина

    Мачкетина Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    1.065
    Пол:
    Женски
    Кога бев во Паралија плажите беа полни, повеќето беа постари или семејства. Водата беше прљава и медузи имаше премногу, некои и ги фаќаа. За шетање е убаво има убави продавници и евтини работи. Храната беше супер.
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Keiner

    Keiner Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Луѓе дали некој од вас бил на шопинг во Паралија? Да ми каже како се движат цените на патики, панталони, маички од прилика ...?
    Планирам да одам на еден ден па да знам што како.
     
  10. Ktktkt

    Ktktkt Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    14
    Mislenja za 29junii vo Paralia? Dali e okey?:)
     
  11. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.221
    Пол:
    Женски
    Датумот е во ред и за Паралија и за било кое друго место низ Грција.
     
  12. Jjoooks

    Jjoooks Нов член

    Се зачлени на:
    11 декември 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво :)
    Ве молам за мислење за во Паралија? И како се движат цените на јадењето,гирата моментално ако некој знае
     
  13. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    9.693
    Пол:
    Женски
    Сум била повеќе пати и како дете и еднаш како тинејџерка и најискрено, не ми остави местото којзнае каков впечаток. Не ме сфаќај погрешно, со топ друштво секаде се поминува убаво, но сметам дека има многу подобри места во Грција да се посетат и видат.

    Самото место ко место е фино, и за со друштво и фамилијарно. Плажата да знаеш на некои делови е каллива. По сеќавање не е којзнае колкаво место, лесно е за снаоѓање низ улици. Храната не би требало да е изгор, но не очекувај ни да е евтино за наши стандарди. Пред неколку години кога бев, гиро најевтиното и најмалото беше некаде евро и пол. Сега сигурно се по 3, 4, 5 евра у најмала рака.

    За места нема којзнае што да се посети. Добро, плажата и имаш еден куп ресторани, кафичи, места за јадење и неколку продавници за облека, накит и реквизити за плажа.

    Често организираат тури за посета на други места, како Метеора или Скијатос. Јас бев на Скијатос во далечната 2019 и топ беше.

    Значи сè на сè, ок место е. Ако си со добро друштво, топ ќе си поминеш. Плажа, море, ново место, зошто да не го посетиш, ќе си имаш искуство плус.:D
     
    На Jjoooks му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.829
    Допаѓања:
    173.250
    Пол:
    Женски
    Многу поефтино сместување од другите места..
    Плажата не е бог знае каква, ама не е најлоша што може да биде ..
    Поефтини се ресторанчињата од тие по Халкидики на пример..
    Имаш куп бутици со крзно и кожа и уште толку со кинески глупости ..
    Имаш голем Лидл на влезот..

    Многу ме нервира што сите плукаат по Паралија, кога најголем дел од мојата генерација пораснавме таму ..секое лето
    Не дека не се знаеше за подобро, туку ги задоволуваше сите критериуми на просечен работник во тоа време.. блиску, со прифатлива цена, морска вода, плажа кај што не мораш да плаќаш лежалки или да се туркате како сардини наредени пешкир до пешкир.. Со опција да си купат нашите мајки некој кожен мантил или бунда и куп партали за нас ..

    И сите бевме среќни што сме на море...родителите ни беа среќни што наместо во Охрид и Дојран, успеале да не однесат на море да ги уживаме бенефитите на морската вода
    Не се стегаа и кога сакавме добивавме гиро, сладолед, пица и се седнуваше и на вечера во кафанчињата....за исти пари како Охрид

    Да, водата се заматува поради тоа што песокта е таква, премногу ситна како по кал да газиш...АМА ако пливате во длабокото како мене, кај што нема скоро ич луѓе водата е бистра исто како и на Халкидики и Скијатос и ред други места..
    Песокта на плажа ако не изнајмиш лежалки барем не те боцка како камењата на некои познати и извикани плажи ..
    Ако изнајмиш још боље...не мораш да офкаш или да носиш сандали за песок ...се е меко:D


    Да ..знам..
    Одиме напред, се цивилизираме итн
    Ама нема на друго место покрај море поефтин смештај од олимписка регија:D ни на "наше" море ни во Албанија оваа година ..
     
    На Alex.T, Sesil, emiliana и 3 други им се допаѓа ова.