Не сум била, ама кога прашував во агенција ми рекоа 2-3 часа со автобус, па пак 2-3 часа со траект до главниот град, таму се прави пауза за ручек па после мислам се оди на некоја плажа и назад. Битно сигурно ти оди цел ден и тоа од рано сабајле 6-7 до вечер 10-11 сигурно.
Oд Битола до Паралија патување е околу 2 и пол,3 сати. Зависи од сообраќајот. Мене па не ми се бендиса многу оти премногу луѓе имаше, ич немаше место на плажа. А за ноќниот живот, најинтересна ми беше онаа дискотеката шо е на отворено, огромна беше. Ако си женско без пари пијачки и влезници биле. И врие од Срби
Супер мене баш ми се допадна.Сега малку ме нервираше тревите во водата , но може да помине.Инаку за цените многу е ефтино .Има работи што се поевтини од Македонија.Купачи за 1 или 2 евра.Панталони што си ги купив од Струмица 800 денари таму беа 720 денарии а Грција е.Се на се задоволна.
Ќе одам во Паралија на еден ден само, па ме интересира како е во овој период, дали има медузи и слични ствари што друго треба да земам освен оние основните работи (пасош, купачи и сл), осигурување знам дека треба ама кое е најдобро, кое ќе ми одговара за еден ден само? И одприлика колку време се патува до таму?
Сакам да прашам како се движат цените во Паралија планирам да одам на еден ден онака цени пр за гиро,кока-кола, како се движи цената на облеката обувките (сандали на плута ако има ) ?
Кока кола во кафич околу 2 евра, гиро 2-2.5 евра онака завиткано, а во порција околу 5-6 евра. За шопинг што знам баш колку би ти препорачала, нема баш некои посебни работи што не би ги нашла овде, а се може и поскапи. Али има доста продавници за чевли и облека со прилично низок квалитет, ама разгледај може да се најде нешто. Јас на пример имам едни римјанки купени пред 5 години од таму за 9 евра и уште се како нови, а цело лето ги носам и сите ме имаат прашано од кај ми се. Ептен се убави и едноставни за секој ден. Така да ако имаш време разгледај, моја проценка е дека такви сандали ќе бидат околу 20-25 евра.
Овој период претпоставувам дека гужвата е веќе почната така да ако одиш натаму, не мора баш на градската плажа, може да си најдете место малку понастрана, секако ако не ти одговара гужва и слични работи. Инаку медузи не би требало да има, претежно ги има во август, ама ни тогаш не е нешто загрижувачко. Инаку за патувањето, јас од Скопје со кола патував некаде 3 ипол-4 саати, зависи како возите, зависи и од гужвата на граница, нормално. Не е далеку во секој случај. За јадење не би ти препорачала да носиш од дома, и така одиш на еден ден, а цените не се нешто превисоки, ни за јадењето, ни во кафичите за пијачки и слично. Само за осигурувањето незнам точно што и како треба, распрашај си се...
Help, help. Може некој да ми објасни каде се наоѓаат Лидл и Арванитидис, чичко Гугл не сака да ми каже
6944216060-hotel Simos, mislam deka sopstvenickata se vikase Dina. Lani bevme. Ok e. Ne znam dali na sekoj sprat cenite se razlicni. 4 sprata e hotelot i e na tretiot red.
И ние одиме на 21ви,па да те прашам ако одите преку агенција да ми кажеш преку која дека нас ни треба само превоз,имаме веќе резервирано
Слушнав дека имало еднодневни ескурзии за паралија...сабајле тргаат вечер се вракаат....да не знае некој нешто за тоа...барав по агнецииве на нет немозам да најдам...
Феријал Кашиков организираат вакви екскурзии, побарај ги на фејсбук, 800 денари. За секој случај прашај ги, зависи од кај си и дали ке ти одговара.
Јас резервирав во овој хотел http://www.hotellilalo.gr/,читав на форумов некој го фалеше. За тројца плаќаме 44 евра од ден. На сликите изгледа супер, а можеш на booking.com да прочиташ мислења од луѓе кои престојувале таму.