Парасоцијална врска (PSR) е едно- насочна врска која ја доживува еден човек, кој доаѓа како резултат со „интеракција“ со некоја личност на интернет или телевизор. Најчесто оваа врска е меѓу познати личности кои ги обожуваат, но многу се зголемува со подемот на Јутубери кои на еден начин се обраќаат кон својата публиката и имаат одредена врска со нив и комуникација, но не доволна за да би се нарекла пријателство, иако тој е на примачкиот крај од оваа врска доживува како да е во пријателска ( и доста често) романтична врска. Во парасоцијалната врска имаш индивидуа А која зборува на поширока публика без да гледа поединци во таа публика, и дел од таа публика која доживува пријател во првата личност, односно личност Б. Првата личност (А) не е ни свесна за постоењето на втората личност (Б), но втората личност чувствува како да е близок со првата личност, притоа знајеќи многу детали од неговиот приватен живот што носи до чувство на интимност. Ова е најзабележано со телевизиски личности, јутубери, блогери и други луѓе кои имаат ваков или таков spotlight ама можи и да е со реални личности кои ги гледаме и имаме некаква замислена врска со таа одредена личност иако фокусот не е таму. Од тука, нешто шо немам спомнато туку го мислев за нешто засебно, ама тука ќе го спомнам е многу познатата stan culture, иди од комбинација на зборовите stalker и фан. Буквално е група на луѓе опседната со животот на одредена славна личност со која имаат парасоцијална врска и одат толку далеку да се интересираат со теории на заговор, пратење на личноста и слично. Назад кон парасоцијалните врски, тие се многу споредвани со реални интерперсонални врски и се смета дека се на ист принцип само со помал интензитет. Иако природата на парасоцијалните врски е само во една насока, има многу сличности меѓу парасоцијалните врски и вистинските, традиционални социјални врски. Па дури, тука можи да постои и „раскинување“ или преќин на парасоцијалната врска која резултира со чувства исти како при преќин на реална врска, најчесто со помал интензитет. Кога опсесијата е кон некоја славна личност, најчесто поединецот се опкружува со луѓе со исти интереси и дури можи да си го прошири социјалниот круг, иако порано се мислело дека парасоцијалните врски носат до изолација. Неќам да одам во премногу детал, мислам дека ова е идејата шо треба за да можи да тргни тема, дур и мислам дека прешироко заминав. Целиот текст го има на линкот ако некој е заинтересиран. Буквално е се тука али проширено и поделено во секции лол. Прашања: Дали имате слушнато за парасоцијални врски, како ги сфаќате? Дали вие или некој ваш близок има тенденција да развива вакви врски? Како сметате дека влијае парасоцијалната врска на социјалниот живот на индивидуата? Позитивно или негативно? Дали вашето искуство, доколку го имате, ви влијаело позитивно или негативно во останатите социјални вештини кои ги поседувате? Дали ви се подобрија, или влошија? Дали се прошири или намали кругот на пријатели? Дали мислите дека ваквите врски се неопходни за идниот развој на социјалните мрежи преку блогерство и инфлуесерство? Не мора да ги одговарате прашањата со ред или воопшто, поќе се за да дам насока на темата за да можите да коментирате. Темава ја гибнав ептен површно, читав само за корелација на интерперсонални врски со парасоцијални врски, ама дефинитивно во иднина сакам да ѓибам поќе и затоа темата ја отворам општо за како шо читам да додавам работи. Сепак, има многу, многу поќе на оваа тема шо можи да се збора. Се надевам и вас ве интересира. Манав брз срч и не најдов тема со овај наслов така да ете нова.
Немам многу што да кажам на темава, еднаш во тинејџерските години имав crush на еден пејач, ако можам да го наречам така. Иако не беше многу познат, знаев се за него - од семејство до пријатели до бивши девојки. Ствара мала опсесија и искрено мислам дека не е баш во ред да си опседнат со некој што не ни знае дека постоиш (не дека со некој што знае е добро). Океј е да ги прати е јавните личности (Јутуберите на пример со subscribe) и да сме во тек до нивните објави и слично, ама некои луѓе мислам дека претеруваат со залетување и величење на идолите. Тоа најчесто е изразено кај Јутубери, Тиктокери и Инста блогери. Се надевам не отидов во сосема друга насока.
Досега немав слушнато за овај вид на врски, но читајки се пронајдов. Сум имала т.н crush на некои популарни особи кога бев помала, а и ден денес но никогаш не преминало во опсесија. Знам за нивниот приватен живот, се интересирам и сакам да сум во тек со нив, но не ми влијаело тоа негативно врз мене досега. Баш пред некој месец преку фан страна дури и стекнав "онлајн пријатели" со што можам да кажам дека дури позитивно влијаеше.
Немав слушнато за ова како ,,поим”, но се разбира дека постои. Мислам дека секој човек до сега се има сретнато со вакво искуство. Разликата е во интензитетот на развој на ваквата врска, т.е некои луѓе поседуваат способност и желба кон поголемо поврзување (со селебритот), а некои кон помало. Јас најчесто се впуштам во вакво искушение кога станува збор за филмови, обожавам да гледам филмови посебно овие романтичните комедии каде сметам дека постои поголема можност за појава на симпатии кон актерите. Таму најчесто актерите се прикажуваат во најдобро светло и ете ја supersandy нѝ се вљубила Лично ваквото чувство мене не ми смета, по природа не сум опсесивна личност, но може да побарам Википедија да видам како се движат работите околу тој актер, да го изгледам секој можен филм и интервју со него и толку.
И јас немав слушнато досега за овој поим, но како појава ми е позната. На некој начин, претставува начин за бегство од реалноста. Обожавањето на познатата личност не може да донесе разочарување за индивидуата што е условно кажано, вљубена. Чувство на пеперутки во стомакот, гледање на секој можен филм/епизода/видео по стопати, мечтаење и сонување за средба, која најверојатно никогаш нема да се оствари... Сепак, чувството е убаво. Сум го искусила и јас, не ми е нешто туѓо и непознато. Секако, треба да се внимава да не премине во опсесија што го контролира секој аспект од животот. Да, убаво е да се фантазира, но не смееме да изгубиме допир со реалноста, колку и сурова да е таа.
Ко мала (негде 5то одделение) бев опседната со еден глумец (исто тинејџер), постојано гледав серии со него, и мислам сите слики и интервјуа на интернет што постоеа ги знаев на памет . Не знам како ми 'помина' таа опсесија, некако преку ноќ. И од тогаш се немам така зацапано во лик што не ни знае дека постојам на планетава. Е сега, кога ќе видам атрактивен глумец по серии, филмови, знам да го манијачам некои 3-4 дена дур ми помине меракот и така се до наредниот глумец .
Ovde mozhe stanuva zbor za erotomanija. Dokolku stanuva zbot za mentalno zaboluvanje, na toa me asocira
Не, не. Дефинитивно башка се. Не памтам дали искористив зборот "опсесија" то би било грешка од моја страна, ама не знам како да го опишам зато и ќе одам со пример. Ако денес гледам јутубер и тој јутубер споделва делови од својот интимен живот и јас то го гледам добивам сенс дека го познавам и дека сме блиски. Не мора ова да е сексуализирано, едноставно имаш чувство на блискост на база на то шо често го гледаш, со очи, со лице и со интимни детали. Самото то дека гледаме лице и слушаме звук дава илузија дека тој некој го познаваме, иако сме свесни дека го гледаме само онлајн, а тој некој не знај ни дека постоиме пошто збора на поширока публика.
Мислам дека повеќето сме поминале ваква фаза во одреден период, само не знаевме како се вика. Мене ми беше дечко Хери Стајлс. Инаку не мислам дека е нешто посебно или лошо, освен ако не премине во некоја нездрава опсесија и личноста што е "затрескана" не почне да презема дејства што може да бидат штетни за нејзе, за околината или за личноста кој ја идолизира.
Пред да преминам на рок, слушав r&b, pop, тогашните славни актуелни артисти. Се сеќавам Џастин беше меѓу најактуелните, One Direction исто. Вторите не ги слушав многу (ривали нели ) ама затоа од Џастин и книгата ја купив, постери, списанија, diy работи, слики, и триста чуда. Специјално од USA нарачував да ми донесат тетратки и сл работи. Ете, на концерт само не бев, немав можност за тоа. Која па среќа беше кога Cody Simpson ме заследи на Twitter. Highlight на неделата. Воглавно, не бев до толку опсесивна, но навистина ме интересираа нивните животи и ги следев новостите. Повеќе гледав на нив како некои celebrity crushes, тин идоли. Сега мислам дека било само некој период, еуфорија, пронаоѓање себе, сменување вкусови за музика, сфаќање што е она што навистина ни лежи во однос на музиката. Деца.. ама книгата уште ја чувам, дел е од мојата библиотека и дел од детството секако.
Ova me navede da mislam deka stanuva zbor za erotomanija. Mn potsetuva na toa, so toa shto lugjeto koi ja imaat ovaa bolest smetaat deka popularnava lichnost gi saka i vo sekoe nejzino intervju, govor im izrazuva ljubov (iako popularnava lichnost ne znae deka postoi anonimniov), isprakjaat podaroci do popularnata lichnost i veruvaat deka se vo ljubovna vrska so nego
Многу слично звучат и двете, но сепак мислам парасоцијалните врски се поблага верзија, личноста сфаќа дека не е во legit врска со познатата личност, таму според мене е границата, а кај еротоманија ја нема таа граница. Така нешто ваљда е
Во мое време немаше јутубери, блогери, па немамв искуство со ете лице кое се обраќа на поширок аудиториум преку медиум,ама Брендон од Беверли Хилс долго ми беше ауу... Абе цело време на мисла ми беше, дури и си велев, ќе пораснам, ќе одам и ќе го најдам, далечината не е пречка. Ова у петто одделение. Не ми паѓаше ни на крај памет дека тогаш тој ќе остаре, а до тогаш ќе се заљубам едно сто пати во реални луѓе. Инаку појавава не ме чуди, се додека е во рамките на ваква тинејџерска мечта. Ако дојде до опсесија е веќе проблем.