Се оди и на Паксос и на Антипаксос. Тури организираат и од нашите агенции(ако одите со агенција), но и од агенции од Парга и така мислам поевтино доаѓа. Еднодневна екскурзија е, се поаѓа рано наутро и се враќате приквечер.
Да, еднодневна организирана посета на двата острови, најчесто заедно со посета на Blue Caves. Ако не се лажам, може да се резервира и преку Get Your Guide, ама мислам дека е подобро и поефтино на лице место. https://www.pargacruises.com/ https://paxostravelguide.com/what-i...ga-to-paxos-really-like/?utm_content=cmp-true
Сте биле на piso krioneri плажата ? Таа ни е најблиску до вилата каде.што ќе престојуваме, Валтос е малку подалеку. Исто и Sarakiniko сакаме да ја посетиме.
Многу е мала и гужва е секогаш. Во Парга сме иделе на Лихнос и Валтос дневно. Саралинико е убава, Антипаксос ептен најнај.
Гледам дека првото бродче од парга до валтос е од 10 и мислам дека тоа е касно со оглед на тоа што е јули и има гужва во 10 веке лежалките ке бидат исполнети, па се мислам обичните такси колку се дали се исплати поише со нив да одиме со оглед на тоа што сме 4 има ли некој искуство д ами каже?
Можеби зависи од периодот, ама дефинитивно не беа исполнети. Стварно е голема плажа и има доста место. А и голем дел од нив се зафатено баш од луѓе шо доаѓаат со бротчињата, што значи секако сите ќе почнат да одат во исто време. Ама пак ќе кажам, ова беше лани у септември. А за такси не знам како се движат цените.
Здраво на сите ! Би сакала да ве прашам Заинтересирана сум оваа лето да одам на одмор Парга- Грција па ме интересира од некој/а што скоро бил//а дали имаш цена за лежалките плус кафе или кафето е цена на лежалките Мислам не бев конфузна Фала
Ќе бидеме сместени во Врахос ама ден два сакаме навечер да одиме до Парга. Дали има каде да се остави кола и колку чини паркингот?
Пред неколку години имаше крстарење за Јонски брег. Од Парга со автобус до Лефкада и потоа посета на 2 плажи на Лефкада, Итака, некои Блу Кејвс и така места. Само за Лефкада барем ние не зачекавме. За годинава може е сменето.
Сакам да одам летоска во Парга, се размислував и за Лефкада ама сфатив дека Парга ми е подобра опција во моментов. Сакаме да резервираме сместување преку агенција со сопствен превоз. Дали вие што сте биле може да ми споделите како е со плажи, гужви, дали има каде да се прошета, седне, какво е местото? Сакаме да одиме во август почетокот, околу 10ти.
Јас бев во Парга лани, мене многу ми се допадна не е како другите места пр на краците големо градче е има каде да се прошета има неколку плажи во околина јас бев на градската, писо крионеро, валтос и лихнос и сите беа преубави, градската малце поише има гужва мене тоа ми пречи, лихнос ми беше најубава долга е има место, генерално сите плажи имаат барови и лежалки од нив некаде беше 15 евра лежалки некаде 20 некаде имаше 20-25 да платиш и со тоа имаш како буџет да јадеш, пиеш од таму. Ние бевме крај на јули ии гужва имаше, преку ден не се осекаше толку ама навечер коа ке излезевме да прошетаме беше преголема гужва, ама сепак мене мн ми се допадна и пак би отишла.
Дечки кој и да оди во Парга, не испуштајте да одите во едно селце Саракинико. Се оди со кола. Местото е мало, водата е врв а на плажата нема многу гужва, за лежалка не се плаќа туку треба да земиш пијалок од кафичот/ресторанот. Веднаш на плажата има скалички се качуваш и си во една таверна ресторан со прекрасен поглед на цела плажа плус не е воопшто скапо. Глетката е врв. Воздухот во Парга е многу влажен на момент ти се чини едвај дишиш, амаааа градчето е врв. Потсеќа на Италија некако, барем мене. Убави сокачиња типични грчки.. убавина.