Тоа време ќе има бајаги гужви поготово во стариот дел и центарот на градот. Паркинг скоро и да неможеш да најдеш во град ама сериозно. Јас посетував само една плажа Lichnos водата беше супер чиста, песочна, и организирана со ресторани. Ми беше преку пат од смештај и дека со мали деца не шетавме на др плажи. Има што да се види, градот е прекрасен но имам чувство дека е поскап од Лефкада. Патем Лефкада сум била на сите плажи и можам да кажам дека која од која е поубава… и храната им е предобра и не се споредува со оваа во Парга.
Претпоставувам дека ќе има гужви ама спремни сме на гужва оти ептен ни се свиѓа Парга, фала ти за споделување на мислењето
Јас бев лани и тоа во септември, времето беше преубаво , гужва мноооогу. Градот е преубав многу ќе ти се допадне мислам , кој и да отишол таму , секој повторно се враќа бидејќи такво друго место нема , верувај. Валтос е најголема плажа и поширока, иако ние не бевме таму , бидејќи градската ни беше блиску и одевме пешки, меѓутоа после 10 часот веќе скоро сите лежалки се зафатени и тоа во септември, така да во јули ако одиш најдобро ви е сабајле 8-9 да сте таму . Стариот град е толку убав , незнам како да ти опишам , ќе се заљубиш верувај, на тврдината е предобро исто и за фотографирање да не ти зборувам.. Таму има преубави коктел барови со поглед кон цел град пре пре убавооо, цената на коктелите е 10-12 евра отприлика, гиро 4.5 , морска храна зависи што ама од 10 -20 евра порција . Лежалките 5 евра без пијалок. На Саракинико е рај, само патот дотаму е многу лош ама вреди , и таму цените се скоро исти . Ние резервиравме преку букинг, ти препорачувам да си резервираш од таму , сигурно е и поевтино секако. Bachos и Zorbas се едни од најпознатите таверни , нон стоп е зафатено и буквално се чека ред , и тоа во септември ти велам , во јули таму е пре пре гужва. Водата е поладна за разлика од Халкидики, бидејќи е на Јонско море , инаку е кристално чиста.Многу убаво место кое е изградено од Италијанците, па затоа го има и тој стил , поразличен од било кое друго место во Грција. Лефкада е повеќе за плажи , додека Парга има што да се види и плус плажите се преубави.
Ти благодарам на преубавите insights за Парга. Мислам дека и покрај фактот што ќе има гужва ќе ја избереме за одење
Ние оваа година втор пат ќе отиме на Парга. Некако градот ни има посебно место у срцево, баш тоа што бараме е градот. Продавници, урбано и имаш кај да прошеташ навечер. Во околина има топ плажи на не повеќе од 30мин возење а и да не ви се вози на Валтос да седите супер е плажата со ситен песок и чиста вода. Од градот има тури со брод за околните острови- Паксос и Антипаксос се задолжителни за посета бидејќи водата е како од друга планета. Се на се Парга ми е секогаш прва препорака за одмор после островите.
Значи само пофални и позитивни зборови добив за Парга, ептен ми е сега мерак да си уплатиме да одиме. Какво е твоето искуство со гужви? Кој период сте биле?
Втора половина на август, и оваа година ќе идеме исто од 17 до 31. За гужва не знам шо да ти кажам, има ама мене не ми смета а се зависи што подразбираш гужва.
Добар ден дали некој бил сместен во Вила Фиоре во Парга. Затоа што со маж ми треба да одиме во август во Парга и таму ќе бидеме сместени и доколку има некој што бил сместен таму ме интересира мислење за смештајот. Ние ќе бидеме сместени во сутерн - подрум па доколку некој бил сместен таму ве молам да ми напишете ваше мислење. Исто така доколку сега некој е во Парга ќе може ли да ми напишете како е со цените, што би ни препорачале да посетиме и тн. Благодарам.
Добар ден дали некогаш сте биле сместени во Вила Фиоре во Парга. Затоа што со маж ми треба да одиме во август во Парга и таму ќе бидеме сместени по прв пат и поради тоа доколку сте биле сместени таму ме интересира мислење за смештајот. Ние ќе бидеме сместени во сутерн - подрум па ве молам да ми напишете ваше мислење. Благодарам.
Не ја знам оваа вила, се надевам дека не е на автопатот горе па да немате мир од коли. Распрашајте во агенцијата или од каде и да сте уплатиле, да ви кажат точна локација. Парга е угорница-удолница ама шеталиштето и убавиот дел се на едната половина сконцентрирани т.е кај калето. Другата половина се луксузните куќи и нагоре темниците. Нас Магелан сакаа да ни увалат смештај горе на автопатот, среќа што сме биле веќе еднаш па го знаеме градот и знаеме кај сакаме да бидеме сместени. Исто за сутерен не знам што да ти кажам, лотарија е ако заврне недај боже може вода да се собере, али одмор е мислам дека нема потреба од секирации. Како и да е Парга е преубава и сигурна сум дека супер ќе си поминете каде и да сте сместени.
Вилата е Ок, има двор чиста е, блиску е до градската плажа и е покрај патот, за брзо се стигнува и до центарот.
Има ли некој искуство што бил каснат од риба во Парга, особено на плажата Валтос? Си разгледував нешто за местово, значи количеството на луѓе со такво искуство беше страшно