Јас се вратив пред 4 дена. Местото е преубаво. Бев сместена во вила Марија, супер беше вилата, освен на апартманите што гледаа накај планината. Претпоследниот ден им се појави змија. Јас бев на втор спрат, терасата гледаше накај дворот и улицата, ептен бев задоволна. Што се однесува до цените, малку е поскапичка. Нема Лидл и слични маркети во близина. Ве советувам да си земете колку можете повеќе храна од дома. Нема јогурт, лебот им е 1 евро, зејтинот 3-4 евра (земете од Скопје!), гирото 2-2.20 евра, најефтин сок 1 евро во маркетот под црквата. Цените во рестораните се скапи. Крионери плажата е оддалечена од вила Марија 7 мин., Писо Крионери околу 9 мин., Валтос е околу 10 мин. Ако одите на Валтос, ви препорачувам да не се сметувате на почетокот на плажата, туку понатаму, кадешто почуваат лежалките. Поубаво е морето таму. До Лихнос плажата има бродчиња, 7 евра е повратна карта, ама тие што беа рекоа дека не вреди, дека мирисала на уље од бродовите што пристигнувале. До Саракинико плажата, повратна карта е 15 евра, не бевме, така не знам каква е. Општо плажата и морето во Парга се ПРЕУБАВИ! Обавезно да се качите до тврдината. Погледот е убавина. Парга е во стилот на Крушево, ќе ојачате малку во мускули. Ептен убав одмор поминав и повторно би отишла таму. П.С: Ако можете/знаете, обавезно ценкајте се!
А како се цените на лежалките по плажите, и дали е дозволено да се внесува храна и пијалоци на плажите? кафичи има ли по плажите? фала однапред
8 евра се 2 лежалки и чадор, но мислам дека е подобро да си носите ваши лежалки/чадор. Инаку дозволено е да си носите што сакате на плажите. Кафичи има на Валтос и Писо Крионери, а на Крионери т.е градската плажа нема бидејќи се наоѓа во центарот, но убава плажа е, а и морето исто така. Писо Крионери е како залив и има камења наместо песок на плажата и е малку незгодно за седење.
За лежалки на Валтос можеш да се ценкаш комотно, до 5 евра спуштаат. На малата Крионери беше околу 7 евра. А чадор каде сакаш може да си ставиш.
Не е ладна, таман е. Јас во Охридско не се бањам зашто ми е ладна. Тука беше супер. Не е топла ко од болјер, ко Егејско. Таман е.
Водата е бара пред 2 дена се вратив... Бев сместена во Била Алексија од Савана... Валтос е убедливо најубава плажа, бевме на Лихнос џабе парите... Вилата е мн мн убава, мн убав двор, кафич во дворот, хигиена чиста 10ка, секој ден чистеа и на 2 дена чаршави мењаа и пешкири, затоа немам збор, ама и ние видовме змија во дворот... Очигледно чести посетители си се, јас се скаменив кога ја видов, мала беше амааа змија беше Најголем минус скалите...Да се мислиш дали да одиш до градот или не... има 65 скали, ама не една по друга туку со растојание, душа ќе ви излезе додека ги искачите... Лошо е што нема маркет во близина, и скапо е.... Во Танго кафичот на плажа што е најубав според мене, 3,20 нес, 2,50 кока кола, 6,70 клуб сендвич(што е најефтино), тостови по 4 евра итоа мали лепчиња како оние квадратестите од Жито лукс сечениот на Нутри, пиво 4 евра... Скапичко беше... Ние си носевме чадор и лежалка и супер си поминавме се на се... Ама другата година идам негде на рамно, не се трпи две години по ред на стрмни места душава не ми издржува ) Иако местото е фантастично... Мн ми се допаѓа
веројатно е многу топло, па змиите зе чести, дури и локалниот водич таму предупреди дека има змии да се внимава
А да прашам водата бистра беше? Се појавуваа тревки, алги или евентуално медузи? Ме извадивте од памет со змиите, цело време ќе зјапам сега. Ау ужас. Некој бил на турите на островите Paxos и Anti Paxos? Имало убави плажи знам. Колку пари се овие тури или за Лефкада? И има дискотека некоја, место за пијанчење?
Водата е чиста чиста солза на Валтос ама подесно, кај Кафичот Танго и песочна плажа, тоа е најубавата плажа во Парга гарантирам... Не се плаши од змиите тие беа мали прво и второ одеа по треви, затоа избегнувај да одиш по треви, по дворови а вака ги нема.... Бев на турата Паксос и Антипаксос и беше ПРЕУБАВО... ТИ препорачувамд а одиш со бродот ГАИОС зошто само тој влегува ВО пештерите на Антипаксос...Карта беше 20 евра, ама ние ја договоривме и по 15, отидовме... За лефкада беше 35 евра карта и не ни се исплатеше да одиме, плус 9 дена сме таму, додека се свестиш кај си што си поминале 3-4 дена, еден ден паксос и неможеш да се одмориш како што треба ако шеташ на секоја тура... Имаше кафичи цела улица е полна со нив, до 11 саат навечер е Happy hour и сите коктели се по 5 евра.. Се затвара после 1 саат... Не е многу место за журки ова она, бар по мој впечаток, ама не е ни пензионерско... Обавезно одете во кафичот Танго, што е на валтос, нарачуваш пијачка и користиш бесплатен базен и прекрасно е, многу е убав и убава атмосфера.... Преубаво ќе си поминеш
Moram да посочам дека змијата во мимис беше во дворот, поточно на балконот кај туристите, не во треви и шуми, незнам од кај дошла. А за водата бистра е, и доста топла, исто Малата крионери не е за потценување, ептен интимна, и обавезно да се качите во кафичот горе на брдото , цела панорама на парга и морето се гледа, прекрасно )
Здраво на сите! Дали некој бил во Вила Диогенис што ја нудат Т.А Арка, ако некој бил нека напише, колку е далеку од плажа, какви се условите , дали ја средуваат секој ден и сл. сакаме да одиме во Септември па ме интересира некои коментари на лјуге кои биле таму Поздрав до сите
Ај да си кажам мое мислење за Парга од веќе виденото. Фино гратче, доста мало, значи ако сакате одмор без кола супер е. Но затоа ако одите на плажите нозете ваши ќе страдаат. Инаку има многу малку коли, сите возат скутери ко луди и затоа има баш убав незагаден нималку воздух. Во однос на водата немам забелешка никаква, јонското е многу поубаво од егејско за споредба. Е сега не би ги споредувала со јадранско. Но убава вода и не беше ладна, поладна од егејско (кое реално важи за едно од најтоплите мориња) ама не беше ладно, освен градската плажа низ која поминува ладна струја, тоа и самиот водач го кажа. А плажата која е мала крионери е никаква! Камења за кршење нозе. Во однос на плажите Валтос е преубава. За мене најубав дел е почетокот под брдото кај тврдината. Потоа оди дел со каменчиња поголеми, па потоа оди песочен преубав дел. Е тука е гужвата, да неможеш да влезеш у вода и од многу луѓе се мати по малку. За разлика од почетокот каде за мене беше најубаво, ни гужви, ни деца да ми скокаат на глава, уживање. Лежалките беа од 5 до 15 евра, зависи како се расположени газдите и кој ден е. За викенд поскапо. Но мене нешто што не ми се свиѓаше кај лежалките е што почнуваат од половина плажа а пред нив има обични чадори кои луѓето си имаат простор да ги остават, дури и во просторот меѓу лежалките има чадори. Така да на нив седат само скандинавци и италијанци, македончиња и срби се тепаат за прв ред на плажа Инаку гратчето е ПРЕскапо за тоа што го нуди. Премало е ко прво, чаршија една од која само минијатурно сувенирче ќе може да си дозволиш и еден куп ресторани во кои навистина преубава храна се нуди. Малку местенца за гиро, а и гиро јадеме само балканците, странците седнуваат во ресторани. За двајца во ресторан 2 пијалока и 2 јадење над 25 евра. Обична споредба една грчка салата на краците е 4 евра да речеме, поефтина може во Паралија, а тука е 7 евра. Пица фамилијарна во италијански ресторан на краците е 12 евра, тука е 12 за 1 човек пица. Многу скапо, но кажаа нема конкуренција местото, единствено развиено местенце во тој дел од брегот е. Нема Лидл ни некој друг познат супермаркет, се се фамилијарни маркетчиња и тие се поскапи доста. Цените во Парга се поскапи од грчките други јонски острови. На лефкада, крф, закинтос имаш многу селца, конкуренција, тука ништо немаш. Така да доста скапо. А смештајот е ефтин, од причина што е старо гратче па има постари куќи. Новите куќи па се поскапи но се подалеку од плажите. Е сега тврдината е убава и тука се оди преку ден, прекрасен поглед. Парга е реално на преубаво место сместена, историски многу богата. Многу странци, многу, пред се италијани и скандинавци и тие ги диктираат цените. Инаку населението е многу културно и многу подобро пример од егејскиот нашки дел, многу се фини, смирени, многу ги почитуваат туристите, тоа ептен ме бендиса. Не добиваш ниеден злобен поглед што си македонец. Го препорачувам за пензионерски одмор, да се изнаспиеш и избањаш. Храна носете си од тука што повеќе, а гирото, суфлаки не е скапо, но во ресторан кажав да. А забава има нула. Освен некој коктел бар друго ништо нема. Народот е најчесто парови, во средни години, има и млади, со деца луѓе помалку има веројатно бидејки има многу скали и угорници/удолници. Пак не би идела тоа знам, се е видено од 10 дена.
Јас планирам ова лето во Парга да одам па би прашала дали има комарци,медузи и дали водата е ладна?Благодарам
Abre nikoj da mi preporaca znaci katastrofa e sea me kandisavte,ili pa nova sum pa ne me smirglate :/
Девојки, Ми треба ваш совет. Разгледував вчера понуди за Парга преку српски агенции, па сакав да ве прашам дали некоја од ваш имала некое вакво искуство. Или да не се нафаќам?
Јас бев лани и пак би отишла. Преубав град, плажите не се блиску до вилите, на 7-8 мин. пешки, ама дефинитивно вредат. Валтос е најголема плажа, исто така и Крионери и Писо Крионери се супер. Немој да се лажеш да одиш со брод до демек блиски и убави плажи зашто биле катастрофа и мирисале на нафта. Нема во близина Лидл, ама ако си носиш повеќе храна од Скопје, ефтино ќе поминеш. Не е ни толку скапо како што некои зборуваат. Цените се средни, иако има и ресторани кадешто порција е минимум 20 евра. Климата е супер. Обавезно да одиш на некој од факултативните излети. Лани бев на Паксос-Антипаксос тура и не зажалив. Што се однесува до мене, пак би отишла во Парга.
водата е чиста стакло,медузи нема ниту пак комарци,преубаво е,нема да зажалиш ако отидеш,ако не одите со сопствен превоз обавезно изнајмете си кола или мотор за да прошетате секаде,ние ги посетивме сивота и лефкада ,плажите валтос и лихнос се преубави,посебно валтос и тоа ти препорачувам да одиш скроз на крај на валтос каде што има бич барче,водата е посебно чиста и можеш да начекаш некоја свирка,ние два дена начекавме српски бенд преубаво е.Исто така,можеш еден ден да го поминеш на крстарење на паксос и анти паксос,мислам беше околу 15е а навистина се две прекрасни островчиња што вреди да се видат.Ако те интересира уште нешто слободно пиши!