Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Парга (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од ELT-S, 9 јуни 2012.

  1. loveenglish

    loveenglish Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    И јас сакам да прашам доколку некој имал претходно искуство со одмор во Парга, да го сподели :) Моментално си барам некоја симпатична дестинација за одмор, и ете незнам зошто, ама Парга ми влезе во око :) Она што ме интересира e дали некој од вас бил во вилите Сифакис, Апостолис и Јота, и која од овие би ми ја препорачале? Исто ме интересираат цените таму, слушам дека парга била нешто поскапа од другите места во Грција, па ме интересира дали еве за некоја сума од 250-300 евра (без аранжманот секако) би поминала добро? Не мислам да терам некој луксуз секако ама фала богу па и да не биде да јадам леб и паштета секој ден :lol: тенкс ин адвенс ;)
     
  2. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Беше ли некој годинава во Парга ,како е со цени ме интересира ? Планираме со дечко ми да тргнеме од тука со кола и таму на лице место смештај да бараме ...дали ќе успееме да најдеме и до колку пари што мислите ?
     
  3. marijanamk

    marijanamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Уплатив за Парга во вила Гарден Хаус сега за крај на август. Се испостави дека вилата е некако вон градот. Има ли некој што летувал во оваа вила и да сподели искуство во однос на оддалеченоста од градчето и од плажите. Ми рекоа дека Писа Киронери е многу блиску до вилата но некако сум скептична дека не е баш така.

    Благодарам.
     
  4. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.160
    Резервиравме во вила Рина во Парга, па ме интересира дали некој бил во оваа вила, дали бил задоволен или не?
     
  5. Малечка Маша

    Малечка Маша Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    здраво девојки :) Дали некој бил лани во парга со агенцииве наши? Какви се цените за лежалки, сок, кафе, гиро, храна во ресторан... препорака за нешто да се посети?
     
  6. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.160

    Парга е многу убав град, со тесни улички на ридче, многу продавници, ресторани покрај море, кавиќи...има преубави плажи, лежалките мислам дека се движеа од 6-8 евра (две лежалки и чадор), гиро 2-2.5 евра, во ресторани порциите од 8 - 10 евра (паста, пици, сувлаки). Ние бевме со кола па така постивме многу плажи, но има и превоз до плажите...ако те интересира нешто друго слободно прашај :)
     
    На Малечка Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Малечка Маша

    Малечка Маша Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Thank you paleska3 :) Како шо читам по понудите од агенцииве наши, најчесто вилите им се сместени во близина на градската плажа или Крионери ако не се лажам. Чиста ли е? Дали има многу гужва, сопствен чадор може ли да си поставиш? Читам дека Валтос била многу убава, па како со стигнува до неа, пошо најверојатно нема да одиме со кола. Превоз до таму со што има, колу е цената ?
     
  8. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.160
    Да, вилите се сместини во близина на градската плажа, ние бевме околу 5 мин од центарот пешки(каде што е и плажата) имам слики од градската плажа, мала е и има многу гужва, но водата е чиста, мала симпатична плажа. Мислам дека може да се најде место сам да си поставиш чадор, Валтос е многу убава плажа, голема со чиста вода, како што пишав ние бевме со кола и не користевме градски превоз, но другите што беа со автобус одеа со бродче од центарот до валтос (тоа е многу блиску мислам дека беше околу 2 евра во еден правец).
     

    Прикачени фајлови:

    На Малечка Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  9. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Девојкии ајде споделете мислење вие што сте биле какви се цените таму ? за срединанта на август ме интересира за2 лица колко се плака , , водата каква е и сличноо??
     
  10. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Јас бев Парга минатото лето и искрено досадно ми беше 10 дена. Да се оди максимум 5-6 дена ОК, малечко гратче е и има само една улица покрај кеј каде е и главната плажа. Бутиците се скапи иако нема баш нешто интересно во нив кои се позади кафаните. Буквално целото местенце се шета во 1 ден. малечко е ....
    Споредено со други места поскапичко е....бидејќи го третираат како монденско место
     
    На Малечка Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  11. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Парга е место за оние кои сакаат да истераат летување во права смисла на зборот.
    Убавите песочни плажи (освен градската), чистото море, турите со бродови до повеќе островчиња, близината до уште неколку преубави места и можност со кола да се посетат истите, ќе направат престојот во Парга да ви помине за миг и да сакате уште.
    Секогаш одиме во сопствена режија, без агенции и сместување бараме на самото место. При крај на август, цените некаде во вилите во првите редови беа околу 60-75 евра/ден по апартман за двајца. Погоре цените паѓаа и најдовме одличен апартман во вила над онаа на Савана за 35 евра. Во тој дел од градот толку беа цените, а за помалку пари се добива помалку бучава, подобар поглед (Парга многу потсетува на стариот дел од Охрид) и поблизу сте до скалите кои водат кон плажите. Цените на храната во рестораните, сендвичарите, кафулиња, продуктите во маркетите, лежалки и сл. скоро и не се разликуваат од останатите места по Грција. Знам само дека еден ден во неделата баш кога беше успение на П. Богородица, бидејќи рано станувам, рано отидов во црквата во центарот и на враќање, позади неа затекнав маса на луѓе претежно локалци и по некој турист кои купуваа овошје и зеленчук од еден куп продавачи со пикапи и комбиња. Цените беа доста поефтини од оние во маркетите, а најверојатно од нив купуваа и сопственици на продавници и ресторани пошто со гајби се носеше се и сешто. Ако јадете многу или ви е дојдено до грчки смокви, сливи, круши, праски и останато овошје и зеленчук, а сакате да заштедите проверете ја оваа локација рано сабајле.
    Ноќниот живот не е нешто посебно и не очекувајте премногу.
    Сопствениците на вилите се претежно повозрасни лица и многу малку знаат англиски, а од она што го видов ништо подобро не се ни оние помладите, па комуницирањето оди малку потешко.
    Водата е топла, чиста, плажите песочни, блиски се и до нив се стигнува пешки. Медузи нема, можен е по некој гриз од малите рипки и тоа е тоа.
     
    На newring86, Малечка Маша и Lina2031 им се допаѓа ова.
  12. cinderella993

    cinderella993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Дали некој бил во Вила Фиоре во Парга? И што мислите која е подобра, вила Фиоре или Докос?
     
  13. krista

    krista Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Секој којшто планира да оди во Парга на одмор и не му смета малку да пешачи на ридесто место, топло му го препорачувам! Гратчето не е многу големо, се шета целото за максимум саат време и до прекрасната долга плажа Валтос доколку не сакате да одите со бротче, ќе морате да пешачите по угорница и удолница 10-15 мин, но кога ќе пристигнете, ќе сфатите дека трудот се исплател. :D Плажите се чисти, водата бистра како солза, гратчето шарено со разнобојни куќички, а мештаните многу љубезни и релаксирани. Таму изгледа како времето да стои, се е спокојно. Ако сакате да се одморите, а сепак да не бидете мрзливи, тука навистина има што да се види, а има и доста еднодневни екскурзии до други плажи и до островите.
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tigarce

    tigarce Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    453
    Сакам да ги прашам тие што биле годинава во Парга за тоа каква е можноста за поставување на сопствен чадор на некоја од плажите, дали воопшто може да се постави чадор или потребно е да се изнајмат лежалки?
    Исто така, дали во однос на финансиската ситуација што е во Грција, ова лето има некоја драстична разлика во цените (супермаркети/ресторани/тури со брод и др.)?
     
  15. Nene14

    Nene14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10
    Тие што се биле Парга, дали имате отидено на екскурзиите за Лефкада и Пахос и Антипахос. Ме интересира дали застануваат на плажите за капење и доколку застануваат колку време и што се' се посетува. (Може и да ми посочите со кој брод сте оделе од Парга за овие острови). Доколку некој може подетално да ми објасни ќе му бидам благодарна <3
     
  16. krista

    krista Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Јас бев пред 2 лета во Парга - прекрасно место! Колоритно, раздвижено место, народот спокоен, како луѓето таму да немаат никаков проблем :) Стварно убаво, мало, но шармантно гратче. На плажите има по 2 лежалки со чадор, но рентањето беше скапо по 7, 8 дури и по 10 евра по лице таа година. Секако, ако најдеш место на плажата, можеш да си постелеш пешкир и да си поставиш чадор, не верувам дека би имало проблем. Најпозната и многу голема плажа таму е Валтос, верувам дека ќе најдеш место. Дали има разлика во цените ова лето, не би знаела да ти кажам, но од моето тогашно искуство, би те советувала кога ќе купуваш вода, леб, млеко, овошје, да ги проверуваш цените низ разните соседни дуќанчиња, бидејќи може да заштедиш и до неколку евра по производ, ако си внимателна.
    P.S. Мој предлог е да не пропуштиш барем еднаш да се качиш на тура со бротче десно од Парга и да ја посетиш плажата Саракинико - погледот од ресторанот над неа е феноменален!
    Ако имаш прилика појди и на Лихнос Бич (лево од Парга) со брод или со такси, ако не си со возило. :sun: Поздрав
     
  17. krista

    krista Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Јас не бев на тие тури, бев само на тура до Лихнос Бич и Саракинико, прекрасни се, особено втората плажа и се блиску, обавезно посети ги барем еднаш. До Лефкада мислам дека немаш потреба да одиш на еден ден, не се исплати реално. Бродот ќе застане секако, ќе имате можност да се искапете во море, ама Лефкада треба цела да се прошета со автомобил, низ разните гратчиња и плажи, за да се доживее како што треба. Јас ќе одам во септември на Лефкада со кола, така и сите препорачуваат. На Паксос и Антипаксос беше сестра ми, ми рече дека било многу убаво и вреди да се посетат, но патот со бротче е малку подолг, па неа и се слошило. Мене ми е криво што не ги посетив кога бев во Парга. Не се грижи за информации во врска со бродските тури, бидејќи во Центарот на Парга, секаде имаш табли кои ги рекламираат турите и кај што стојат бротчињата обавезно стојат тур-операторите кои ќе ти објаснат се што те интересира :) Едната девојка дури беше Србинка и зборуваше Англиски, Грчки и Српски, по потреба :)
    Имај убав помин, па раскажи искуство после. Мене преубав впечаток ми остави Парга. Поздрав .)
     
  18. krista

    krista Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Да, нема дискотеки, ама има доста кафулиња и коктел барови, што турбо работат навечер. Сепак, местото е за релаксација, не за журкање. А за дуќанчињата, не се согласувам, имаше доста убави сандалки и чевли во нив, ама цените беа како да речеме во Сити Мол :)
     
  19. zabec

    zabec Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2014
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    357
    Се вратив вчера од Парга и слободно можам да кажам дека е едно од најубавите места што сум ги видела. Ретко ни се редат коцките, но одморов стварно беше перфектен. Дознав за местото од форумов, и за повеќето работи можам да се согласам, како на пр, дека е поскапичко од краците и од другите мали местенца во Грција, дека има малку пешачење по скалички оддалечени со растојание, дека луѓето таму се културни и фини, дека има странци претежно и секако дека е мало слатко гратченце :inlove::inlove::inlove:
    Ние бевме сместени според мене на најсовршената можна локација, во хотел Авра. Хотелот е буквално на почетокот од скаличките каде што почнуваат и самите продавнички. Одма над нас, десетина скалички нагоре е и популарниот замок, кој наликува на Кале,а најголемата и најубава плажа Валтос е на само 70м. Хотелот, од 30.08-06.09 не чинеше 20 000 за двајца (без кујна), со поглед на море. Не знам зошто, не сконтавме дека нема кујна, и си носевме се од дома за јадење. ама освен тестенини за готвење, реално не ни требаше кујна. Така да не се разочаравме неште многу :)
    За лежалки, немаше ни потреба од ценкање, откога слушнаа дека сме од Македонија, ни ги даваа по 5е за двајца, а на странците и по 10е. Имаше и едни жолти лежалки кадешто само треба да се нарача кафе или било што, и со тоа ти следува лежалка. Водата прекрасна, амбиентот исто така, немаше деца и друштва многу, беа претежно парови, по некоја фамилија и постари луѓе. Ми фалеше малку музика на плажа, признавам.
    Си најдовме една убава таверна, одма спроти Карфур (заборавив како се викаше), целота како со лозје покриена, и три-четири пати таму си вечеравме .... секоја вечер имаше специјалитет на денот по пониска цена(иако од тие работи ништо не јадев :)) и најчесто нарачував шпагети со 4 сирења (цената им беше малку поскапичка .. 8е). Секоја вечер, од 17:00-22,23:00 имаше happy hour на коктели - 5е. Превкусни и преубави декорирани. Гиро 2.20-2:80. Пазаревме во Керфур и во еден маркет до големата црква.
    Пола од продавничките беа со старовремска облека (со високи цени) и Handmade работи.

    Сакам да кажам дека градчето е поскапо, но дека потрошивме пари како лани во Никити и преклани во Лептокарија... а има разлика :D тука се чувствував како да сум отишла којзнае кај . И Јонсково море остава без зборови стварно :) И мислам дека огромен удел имаше и хотелов кој беше на прекрасна локација. Да бевме подалеку од тоа место, одморот ќе беше право мачење. Не е финтата од плажа уморен кога ќе дојдеш да пешачиш и да се качуваш 15 мин по сонце ... налет :) или па со кола секој ден до плажа и назад и до град и назад ... а улици тесни, се молиш да не ти дојде кола од спротива :o
     

    Прикачени фајлови:

    На BeLLaDona23, Oxymoron, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  20. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Ова лето резервиравме на одмор во Вила Фиоре. Ме интересираат детали околу Парга во целост. Дали вилата е далеку, дали има нагорнини, дали барем една плажа е блиску.Исто така цените во кафулинјата како се движат.Дали има ситен песок. И за колку време се стигнува со кола и каков е патот.Дали има навечер каде да се прошета макар до 12-1 часот по полноќ. Ви благодарам