Ако е таа што ја мислам тогаш беше под закуп на Ариес агенцијата. Градската плажа ти е блиску. Тука ти е пола песок пола камења, има место и за крпа да постелеш. Плажава не е нешто нај ама е ок. Е сега има една друга плажа што е стварно прекрасна Валтос. Ние одевме пешки до таму и ни требаше околу 30 минути за да стигнеме до таму. А има и бродчиња кои возат до таму и 5 евра мислам беше карта. Лежалките на Валтос барем пред 2 години беа 7 евра (две лежалки и чадор) но има место и за крпа да си ставиш. Нагорнини од вилата до шеталиштето кафулињата нема но ако сакаш да одиш накај тој замокот а воедно и патот за плажата Валтос има скали и е баш нагорнини. Патот е некаде околу 8-10 часа не се сечавам точно. За цените по кафулиња не се сеќавм баш, знам дека кафе ти е од 2-3 евра нагоре а и пиците од 8 евра нагоре. Гирото ти е 2.50-3 евра. Овошјето и зеленчукот се прилично скапи а и по маркети е поскапо затоа што се маалски продавници. Бидејќи јадев праски многу запамтив дека беа по 2.5 евра а парче краставица 50 центи. За шетање има, раздвижено е, без гајле за тоа а и блиску ти е. Би ти препорачала да одиш на крстарење, околу 20-25 евра е и стварно е многу убаво. Но се закажува еден ден порано. Ако те интересира нешто друго друго прашај.
Многу ти благодарам. Едвај го чекам 14 јуни.За навечер дали има забава. кафулиња баш за млади. Се на се местото дали останува во сеќавање. Ми изгледа како Охрид
Прашуваш нешто во постов? ) Ако прашуваш, на речениците каде што треба да има прашалник одговорот е ДА )
Кој се двоуми дали да оди на одмор во Парга јас ке кажам едно огромно ДА ОДИ ! Парга е преубава и е една од местата во Грција кои задолжително треба да се посетат за одмор.
Секој ден грав не се јаде па така секоја година и на Лефкада не се оди А затоа што најголем дел од младиве одат со бус а не со кола, таму треба да рентаат скутер или кола, за тука и не мора.. Јас не знам кои толку одат со сопствен превоз таму..се слушам преку агенција хаха
Ете јас бев со кола лани. Прво гледав за Парга, а после си викам што ќе акам 550 км, а кога за плус 100 ќе одам на Лефкада. И така бидна да отидам таму. За со автобус сегде се исплати. А со кола ако си со плус 3-ца и до Сирија се исплати да одиш на одмор.
Кој се мисли дали да оди во Парга - ич да не му ја мисли! Преубаво место, магично. Мало, но со многу душа. Луѓето прекрасни, прави угостители. Често во ресторани ти даваат чашка узо иако не си порачал, на крај и десерт ти носат од куќата. Има повеќе плажи, од кои најмногу ја засакав малата плажа Писо Крионери. Помалку луѓе одат таму, нема толку гужва и затоа ми беше омилена. И плус горе на ридот над плажата го има најубавото кафуле со поглед кон плажата. Градската плажа е убава, но има премногу гужва. Валтос е преубава, голема, па се наоѓа место за секој. Лихнос и Саракинико се подалеку, но се исто преубави плажи. Цените во маркети, по ресторани, кафулиња, горе долу се исти како и на останатите места во Грција. Во која вила и да одите, сите се горе-долу блиску до некоја плажа. Се на се, преубаво место, посебно го препорачувам за парови.
И јас би сакала летово на одмор во Парга некако од слики ми се допаѓа....планирам преку агенција па да ми препорачате вие што сте биле или знаете ...поздрав
Здраво на сите! Штотуку се вратив од Парга и таму си поминав прекрасно. Сместена бев во вила Фиоре тоа е до студија Докос. Мислам дека подобра локација нема. Всушност од вилата веднаш си на шеталиште на 40-50 метри. Двете плажи е блиску. Веднаш на 50 метри има керфур маркет, и до керфур е плажата. Во петок и сабота имаше ептен гужва. И некои од кафичите пуштаа ептен гласна музика нешто како отворено диско. Скоро сите туристи беа норвежани, англичани, германци и сл. Нашите ретко ги имаше. Цените се поскапи од друго место затоа што ова е така поелитно како во Охрид. А и многу потсетува на Охрид. Бевме скоро секој ден на различна плажа. Саракинико е убаво и Lichnos според мене беа најубави со ситен песок и сина вода. Лежалки 6 евра Сивота белата плажа е многу убава но местото е помало и така е како селце. Имаше и кафичи и ресторани и за сувенири но сепак мало место нешто како Елшани накај Св. Наум-Охрид. Инаку покрај морето имаше шеталиште во главно супер беше но во однос на Парга три дупло помало. Таа белата плажа ја држат англичани нема грци. ХА ХА ХА. Амудиа беше само плажа и неколку куќиќки. Ептен за одмор не е ни село. Сепак плажата голема и со најситна песок, плитка како Женска Плажа-Струга. Меѓутоа имаше и неколку морски краби ама ништо не ти прават. Таа беше најплитката и најтоплата плажа. Водата бања и немаше ниту една тревка во морето но песокот беше темен и кога пливаш под тебе е кафеаво.А чиста е водата. Лежалки бесплатно само да нарачаш кафе. 2 кафинја + 2 води за 6 евра или 5. Водата скоро не се движеше. Немаше ни еден бран, изгледа дека залив. Врахос беше најдлабоко и камења имаше. А водата прозирна. Тоа е една улица и до улицата патека и куќи само во еден ред. Е таму имање многу луѓе и имање полно кафичи.. Мене не ме бендиса толку. Сите што ги сретнавме се жалеа дека имало големи бранови секој ден. А и јас најголемите бранови ги видов таму. Бевме и Лефкада ама само во градот. Многу убаво ама рамно како на тепсија воздух немаше. Во 21:00 и се потиш. Е таму поевтино беше 1 евро макијато 2 евра гиро 2,5 пиво. Со широка чарчија и долга. Да се изнашеташ нешто како Битола. И превеза застанавме таму убав град имаше Калиопе и Њу јоркер ама плажа во градот немаше. Фактички плажи нема нити во Лефкада нити во Превеза настрана се, а какви се незнам. Едни од вилата биле таму на некиоја атрактивна плажа ама рекоа дека многу длабоко било. Поздрав!
Ариес травел ја има под закуп Фиоре. Три пати менаа постелнина. Не беше толку нова вилата ама ги имање сите услови. Куња и прибор за куња,купатило,двор, скара, сушара посебно за алишта, јас би ти ја препорачала.
На здравје одмор нека ти е фала на информација...но ја сменивме локацијата во Пефкохори ќе одам...здравје друго лето можеби
Здраво, ме интересира во септември колку би чинело сместување во Парга за 4 лица? Ги читам вашите коментари и навистина посакав да ја посетам Дали може да се најде нешто до 30-40 евра?
Види вакапреевтино ти е во ФИОРЕ. Цена за студио од 06 до 13.09.2016 ти е 199 евра. А од 13 до 20.09.2016 е промо цена за 109 евра. Поевтино здравје. Превозот е плус. Ние отидовме со наш автомобил и не чинеше со плин 1500 денари.
Дали е топло на Парга после 15.09?? Што време може да се очекува? Има потреба од Рентање на кола или моторче за да се шетне?
@Rubiii читни овде.Сигурно ќе ги најдеш сите потребни информации. Спојлер: Форум http://www.putovanja.info/forum/forum/164-ostala-letovališta-na-obali-jonskog-mora/
Според мене Парга е прилично поладна втора половина на септември од на пример Скијатос или Халкидики.. И онака јонско море е нијанса поладно од егејско преку цела година, а и времето има големи шанси да се расипе.. Лично јас, кога би морала да одам тој период, не би ја избрала Парга..
Минатата година бевме со дечко ми, од 5ти до 13 зависно од тоа како ќе ти се погоди времето, од прилика види од видеото за ориентација некоја да имаш. А за кола или моторче не сум сигурна зашто е доста по скапо од трансфер со бродче( доста брзи).