Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Парга (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од ELT-S, 9 јуни 2012.

  1. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Како беше времето тој период? Водата каква е? Фрекфенција на движење?
     
  2. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Rubiii прочитај ме на претходната страна. Имам објаснето. Ние бевме во јуни преполно скандинавци. Водата топла беше супер. И ние мислевме дека ќе биде ладна ама супер беше. Како што објаснав ептен ја прошетавме јадранската обала. Прекрасен одмор во прекрасно место.:)
    Здравје годинава планираме за Бугарија ама незнам кој период и како е таму ладно, топло,чисто, валкано.....
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.777
    Допаѓања:
    266.808
    Бил некој во Дионисис? :)
    Се одлучивме за таа вила :)
     
  4. mici.i

    mici.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    14
    Здраво девојки, дали имате инфо за некоја агенција што врши само превоз до парга? Или пак да предложите целосен аранжман од некоја агенција што не е многу скап? :D
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.733
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Женски
  6. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Zdravo Moze li nekoj da mi predlozi za Parga tie sto ste bile kade e najubavo blisku do plaza za so dete.Sakame da odime Parga na odmor no sakam da e blisku do plaza zatoa sto imame i dete od 16 meseci pa da sme blisku do plazata, Ako moze nekoj da mi kaze Vila, Apartmani od tie sto ste bile.Pozdrav
     
  7. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Мој мал ревју за одморот во Парга 17-24 јуни.
    Студио Белос, преку т.а Савана - прекрасно студио, оддалечено на 7 минути од чаршијата и од градската плажа, опремено со све што е потребно за одмор, фини газди, менување постелнина на 2 дена.
    Парга како местенце е многу убаво, потсетува на некое мало италијанско градче со слична архитектура, премногу странци а последично на тоа и високи цени во чаршијата. Велам високи цени доколку сакате да се вратите од Парга со некое парче облека, накит или чевли, или да седнете на лежалка на плажа (чиста цена само за лежалки). Инаку за све останато цените се нормални, во маркет (освен во оние без име - или т.н СУПЕРМАРКЕТ) во бар - цена за коктел од 5-7, некаде и 8.5 еур, гиро стандард 2 - 2.5, и сл.
    Од плажи повеќе одев на диви, кои што не спаѓаа под Парга, еден ден во Врахос - Врахос е вистинското место за деца да се изнаиграат во плитко - Крионери, Валтос и Палирија ги видов, а останатото беше све во селца накај Врахос. Морето беше претопло и преубаво за бањање.
    Навечер е преполно со луѓе, кога се движиш накај тврдината, каде патем има преубав поглед, и ресторанот веднаш до врвот има убав опуштен и романтичен амбиент. Интересно е што луѓе си зимаат пијачка и седнуваат наместо на маса на камената ко ограда до кејот, во склоп на кафичот.
    баровите работат додека има луѓе, зависи од атмосферата што ќе ја направат гостите, имаше млади, но не премногу повеќе беа средовечни холанѓани, швеѓани и слично, ама убаво местенце сума сумарум.
     
    На ivancekitty, azelea и mici.i им се допаѓа ова.
  8. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    15.609
    Дали ја препорачуваш Фиоре за со мало дете? И каква е плажата што е во близина?
    Дали на Валтос има слободно место да ставиш крпа,чадор и сл?
     
    Последна измена: 3 јули 2017
  9. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    За со мало дете е во ред. Јас имам две деца :). Убаво е и нон стоп се чисти. А плажата не е далеку. Со децата на градската одевме.Krioneri. Na Piso Krioneri e убаво ама со камен е. А на Валтос има место колку сакаш и каде сакаш само до таму пеш.....:muscle:
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Може и со кола до Валтос, или со бродче исто така :)
     
    На azelea и lilo им се допаѓа ова.
  11. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Така да:)
     
  12. Slavicak

    Slavicak Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2016
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Па еве ијас нешто за Парга.8).
    Цените се во глобала не многу високи средно онака туристички.:^)
    Во кафичи:
    Експресо-1.5-2 евра
    Инстант 2.5-3 евра
    Сокови 2-2.5 евра
    Минерална вода 1 евро
    Пиво (0.5 литри) 2-4 евра
    Вино 2-4 евра
    Коктели 5 евра

    Гирото 2 евра
    Хамбургер 4 евра
    Пица парче 4 евра

    Во ресторани

    Мусака 8евра
    Пица средна голема фамилијарна од 7-10 евра
    Шпагети 9-15 евра
    Салати 4-7 евра
    Риба 1кг 25-55 евра:lol:
    Сладолед 3евра

    Дискотеки има и ноќни клубови онака забави има навечер:party:

    Во продавниците цените
    Леб 1 евро
    Млеко 1 евро
    Јогурт 1.5 евра
    Кајсите 4 евра едно кило:sweat:
    Компири 1 евро

    За сместување се наоѓа претежно има апартмански
    1/2 студио 180-260 евра
    1/2 апартман 170-250 евра
    1/3 апартман 130-190 евра

    Најтежок проблем е да се најди паркинг
    А ако најдите 1 сат е 2 евра
    2 сати 3 евра
    и поќе од 3 сати 5 евра

    Плажите се супер чисти..:talk::beer:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  13. a.nuska

    a.nuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    65
    Здраво. ...да те прашам дали има превоз до другите плажи или мора да се рента нешто?и кои плажи се најубави кои треба да се посетат?
     
  14. Slavicak

    Slavicak Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2016
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Има бротчина шо одат до плажите други само треба да се распрашаш..Да можи и да се рента ама незнам точно колку кошта..Иначе според мене Саркинико многу ми се допадна
     
    На Nina+O му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Според мене најголем впечаток ми остави плажата во Сивота, а воедно не е нешто далеку од Парга. Зависи од вкусови, на многу луѓе им се свиѓаше Саракинико, исто и Лихнос, али сепак Бела Врака у Сивота е must see. Исто ако идеш со сопствен превоз на саат вожња ти е и Катизма на Лефкада. А ако сакаш со бродче да патуваш иди за Антипаксос, е таква вода нема ни на сон да видиш, тука за вкусови не се дискутира, значи нема таква боја на вода ко што има таму, неверојатно нешто.
    Од друга страна пак, градската плажа лично не ми свиѓаше, релативно малечка е, али водата е сасвим солидна и може да се преплива до островчето во самото море, како и да се прошета на него. Валтос е супер, водата е пречиста и плажата е голема.
    За цени нешто, нема разлика тоа е тоа, горе доле исто како на краците.
    Друга работа, за сите што планираат сопствен превоз да користат, да не се лажат да наоѓаат смештај во близина на плажите или во самиот центар на градот, што погоре толку подобро за паркинг и општо вожња. Уличките се претесни, и лично според мене за со деца не е баш местото, ако сте сместени горе на ридот, има одење угорници и удолници.
    Како и да е, Парга генерално гледано е убава, дури на моменти потсеќа на Охрид во однос на архитектурата и шеталиштето.
     
    На lilo, azelea и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. a.nuska

    a.nuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    65
    А до овие плажи што ми ги кажа дали се стасува пеш или дали има автобус зошто не сме со сопствен превоз...
     
  17. a.nuska

    a.nuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    65
    И која му е цената на крстарењата за Антипаксос и како е колку време можиш да бидиш на плажата цел ден или само се посетуваат ( те напнав извини ама сакам за се да си бидам информирана хахах.)
     
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Вака сеа за Паксос и Антипаксос картата е 20 до 25 евра по лице, зависи на кој брод ќе се качиш. На Антипаксос не застануваш туку само од брод се фрлаш да пливаш едно пола саат и плус уште на едно место кај пештерите исто се плива, а потоа бродот се закотвува на Паксос и таму саат време шеташ кај сакаш.
    За пешки идење не е ни Лихнос, ни Саракинико, уште помалку Сивота. Единствено можеш да ја посетиш Валтос и двете градски плажи. Знам дека имаше мали такси бродчиња кој што може да те однесат на овие другиве, али за цена на тие појма неам, не би требало многу пошо и не се нешо далеку. Коа ќе стигнеш, распрашај се, ја бев со сопствен превоз и незнам баш како се иде до тие околните плажи.
     
  19. Elen@

    Elen@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2015
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки ова лето планирам да одам во парга преку агенција во вила лемона дали некој има искуство колку е оддалечена од градските плажи и колку се движи цената на превозот до најпознатите плажи околу парга поздрав :)
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.777
    Допаѓања:
    266.808
    Преку која агенција одиш?