https://magelantravel.com.mk/offers.aspx?language=mk&id=SuKg9fZ9PAc= за во септември имаат неко нови цени тогаш ќе одам http://www.magelantravel.com.mk/offers.aspx?language=mk&id=Jecmn31qs0A=
Дали има некоја од вас што летово била во Парга да ми каже како се движат цените на лежалките на плажите (на пр, еве конкретно на Валтос), пијачките, по колку чинат крстарења до блиските острови,... По нешто читнав на страната но, се стари мислења од пред три-четири години.
јас бев лани, и ако добро се сеќевам.... на Валтос се плаќаше само лежалка без пијачка беше, ако сакаш пијачка плус се плаќаше. Плаќавме 6 еур за 2 лежалки и 1 чадор без пијачка. До таму одевме секој со со мали бродчиња тие беа по 1 еур во еден правец...а некои одеа и пешки преку ридот. На крстарњето со бродот се ценкавме со типацот плативме 20 еур по особа, беше онака интересно да се видат убавите плажи Иначе, парга ми се виде скапичко за разлика од другите места во Грција, најверојатно затоа што го сметаат и за полуксузно туристочко место, имаше доста странци онака баш дотерани, ресторан до ресторан е, голем избор ама и поскапо, застануваа и крузери се сеќавам
Здраво девојки, јас бев во Парга од 15ти август и супер беше. Инаку, Валтос плажата е многу блиску, се оди пешки на пет минути е, нудат и превоз со бродче за 5 евра но нема потреба бидејќи е блиску пешки. На лихнос ние бевме пешки се оди околу саат време, со бродче е 9 евра, а со такси е 8 евра, што е најисплатливо ако поделите на четворица. Саракинико е исто преубава плажа, се оди со бродче за 11 евра. На сите плажи има место да си поставите пешкир, а лежалките се 6-8 евра две со чадор, кафе е околу 3 евра. Сите се чисти и преубави и водата е топла и кристална. И градската плажа е исто така убава со чиста вода, но има многу гужва. Веднаш до големата градска плажа се наоѓа малата, која е малку подзакриена. Цените беа средни...гиро стандард 2.5 , кафе 3 евра, пиво од 3 нагоре, коктели од 5 евра нагоре итн. Инаку има големи маркети, Ариста е доста евтин, а има и Керфур, се наоѓа после градската плажа, по пристаништето од десна страна. Се на се, е преубаво место. Позз
Знам дека е уште рано, ама си го планирам буџетот за годинава, па ме интересира местово. Прилично е убаво и поразлично од сите места во Грчка, па ајде женски тие што сте биле, што мислите може ли да се истера убав одмор тука со некои 600 евра за двајца, или премногу е скапо? Исто така ме интересира колку е мало местото, односно дали може да се иде пешки до повеќето плажи
Местото многу ме потсеќа на Охрид, така да на повеќето места - плажи во Парга можеш пешки да стигнеш, има неколку места кои се во околина на Парга а кои се убави за нив ти треба кола. Сивота-Белла Врака е полуксузно место, убава плажа и таму има школа за сурфање на вода, кајаци и слично. Ние бевме сместени во многу убав апартман кај Лихнос плажата на 4 км од Парга, на цената точно не се сеќавам ама мислам дека не беше скапо за апартман на 50м од плажа. Единствено што ми се виде поскапо се лежалките кои секаде се наплаќаат 6 -10 евра на ден повеќе.
А дали некој/а од вас бил/а во Вила Антигони? Блиску е до градските плажи и на убава локација, само никој досега ја нема спомнато по форумиве.
Лани бев и толку, немам намера да одам повторно...значи, немој да очекуваш кој знае што, ништо посебно...мене не ми се допаѓа таму.
Здраво женски. Со мм сакаме да одиме Парга во вила фиоре. Дали некоја била и какво искуство има. Ви благодарам ❤️
Ние бевме во Парга вила Фиоре мн убаво чисто и комфортно нема да зажалите , само тоа можам да кажам преубав помин имавме позз
Парга е магично место, прекрасно и романтично баш за млади и парови, живо е весело. Јас би отишла повторно и повторно. Поскапо е од останатите места можеби но вреди за секој денар.
Ајде те молам нешто повеќе за Вила Фиоре, одам за два дена...Впечатоци од вилата и Парга Ајде кажи ми впечатоци од вилата,ќе одам за два дена...Како е-што е...собите , чистота? и на кој кат бевте? мене ми кажаа дека кујна ќе делиме со уште една соба
Вилата е прекрасна, многу чисто, секој ден менуваат постелнина и крпи. Бевме на прв кат. Многу е блиску до плажите и шеталиштето. Во собата имаш прибор, фрижидер и решо, а на катот имаше една кујна ама ретко кој ја користи, бидејќи во самата соба имаш се потребно. Имајте убав одмор, Парга е едно од најубавите места што сум ги посетила. Уживајте во нејзината убавина. ❤️
Фиоре е со сопствена кујна и купатило. Многу е чисто но е просечно на изглед. Таман за парите. Колку пари толку музика. Јас пак да би одела во Парга би одела само во Фиоре и Фиоре и Фиоре. Локација подобра здравје. Да одете и да не се мислете. Убав одмор Убаво ти објасни БУБУ 111
Преубаво беше и Парга и вила Фиоре. Ја препорачувам..Локацијата екстра..блиску и до центар и до плажите и најбитно на рамно е Едино негативно што е малку бучно, зашто вилата се наоѓа на самата улицa. Mеѓутоа сепак е преубаво и чисто пред се.