Форумџика на годината 2020

Париз

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од LoVeR, 21 јуни 2011.

  1. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Париз – главниот град на Франција. Градот сам по себе е магичен,волшебен,уникатен и бајковит…Токму овде се спојуваат небото и земјата, љубовта и виното, музиката и крстарењето, тангото и розите…Париз е препознатлив секому по Ајфеловата кула и Триумфалната капија,но тоа е само мал дел.

    Голем љубител сум на овој град,не знам зошто ама како в саден да ми е во срцето...едноставно кажано го обожавам...Дали некој/а од вас бил таму какви сеќавања носите од таму а можете и некоја слика да ставиоте(секако кај што не сте вие)....ако не ви се допаѓа темава ставете клуч.. :(

    Кликнете врз линкот и заминете на кратко во градот од соништата.
    http://www.gillesvidal.com/blogpano/paris.htm
    http://vimeo.com/17894033
     

    Прикачени фајлови:

    На Twinkles, 1209, Loritaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    wowowo! Местово е стварно многу убаво , сум била 2 досега и би сакала повторно да одам ....да се качувам по скаличките на кулата, да се возам во лифтот за да стигнам горе до ресторантот ...за местово стварно немам зборови :) па не е за џабе градот на светлината
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.422
    Париз досега го имам видено само на слики и на видеа, за жал. Баш би сакала да го посетам и да ја осетам неговата магија. Иначе го обажавам.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  4. Miss.Bass

    Miss.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    204
    Bonjur! Je t`aime Paris!!Не сум била али ако имам најмала шанса патувам со се 7 куфери ...
     

    Прикачени фајлови:

  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Јас очекував многу повеќе од Париз :)
    Не дека не ми беше убав, би идела уште 100 пати, али го замислував поинаку, пофилмски некако.
    Од Ајфеловата кула не очекував многу знаев дека е куп железо, затоа Версај ме воодушеви и ме остави со отворена уста, посебно градината. А па Дизниленд, не знам како излегов од таму. И преубаво беше мора да признам крстарењето по Сена.

    Иначе не ми се допадна народот во Париз, се е од страна дојдено, дури читав факти дека околу 20% се французи во Париз. Толку црнци и арапи у живот не сум видела. Па и страшни се бе.
    Јас па си викам ќе гледам дотерани парижанки, госпоѓици прави со бисери и фустани како шетаат на Шанзелизе, градот на модата, убавината, светлината бла бла ништо од тоа немаше. Убавина ок како град јес да сум видела поубави, мода јок, отидете во Милано да видите што е град на мода и каков е народот :wasntme: а за навечер страв ми беше да шетам многу за да ја видам светлината, страшен ми е градот :lol: Не можам да се замислам да живеам во него никако!

    Убав е градот не дека не, али јас го замислував поинаку. Моите претпоставки паднаа во вода :)
     
    На stela 34, calliope, easyyyyy и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    224
    Париз....мојата неостварена желба!
     
  7. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Уште како помала, ја имав желбата барем на 1 ден да заминам во градон на светлината, љубовта, модата. Но, нели надежта последна умира, па ете и јас еднаш се најдов во овој град.

    Има прекрасни места за шетање, одморање, се воодушевувам на градов. Го доживувам како нешто возвишено. Уште со самото име ПАРИЗ се чувствува возвишеност.

    Јас бев оваа година, во Март. Можеби бев малку денови, но за мене беше доволно, по цел ден напорно шетавме (со моето семејство) за да постигнеме да ги видиме сите оние препорачана мести од луѓе кои веќе биле, и да го доживееме духот на Париз.

    Место кое што ми остави голем впечаток беше Лувр и Shamps Elysees, улицата на модата, каде што и ужива секоја девојка. :) Добро да не ја изоставам и Ајфеловата, која што е посебна сама по себе.
    А дворот на дворецот на Луис IV е приказна за себе!

    Елисејските полиња кои одвај ке ги дошеташ, Нотр Дам која што има неверојатен екстериер, Ајфеловата кула која што е белег на градот, триумфалната капија кај која е вметната историјата, Мостот на Александар кој што те плени, ветерницата која што го отсликува Мулен Руж, Shamps Elysees кој што те остава без здив и Лувр кај што ќе уживате, го правот Париз толку убав, моќен и никогаш досаден!

    Едит: единствено нешто што не ми се допадна беше чистотата на градот. Баш кога бев еден ден врнеше вечерта, и утрото на секој чекор губре. Чистеа, не велам не, но не чистеа до крај. :lol:

    Пред да отидам, имав желба да ја сликнам триумфалната капија, на еден начин, па ја сликав, па да ве почестам со истата ;)

    [​IMG]
    ____________________________________________________________________________________________

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    (сите фотографии се лично мои)
     
    На 1209 и Monna.Monna им се допаѓа ова.
  8. Em4e711

    Em4e711 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    224
    Мојата животна желба : )))
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    Таман тргнав да пишувам и на плејлистата сосема спонтано почна да ми свири Summer in Paris од DJ Cam, епа одлично темпирано за да си напишам нешто за мојот омилен европски град во кој сум едноставно вљубена доживотно :)

    Само мала дигресија - Росоњееерке бре! Бу, баба бу! Не јадат само затоа што имаат поинаква боја на кожата. Е сега ако си залутала во Seine St. Denis - најпознатото иселеничко париско предградие, не велам дека човек нема да се осети непријатно, ама во градот?!

    Париз. Од кај да почнам? Да почнам од таму дека сум го посетила повеќе пати, научив да дишам со градот, научив да живеам во него, научив да се снаоѓам сама со метро, или пешки, или со точак, секако. Научив да талкам во градот, научив каде е најубавата тазе багета во 6 наутро, каде да си купам тазе домати во 5 попладне, каде да јадам индиски специјалитети, каде се највкусните школки, каде да си купам стари книги, каде да слушам џез, од каде е најубавиот поглед на Ајфеловата кула, каде се најдобрите изложби, научив да љубам, научив да дишам, научив да НЕ БИДАМ турист, затоа што ако бев турист и шетав по сите здодевни споменици кои ги имам напишано на ливче хартија како сите останати странци околу мене, немаше волку да го засакам градот.
    Всушност јас никогаш таква не сум ни била. И токму тука е грешката и причината ради која што некој можеби не знае да ужива во градот. Дојдете еднаш со мене, ви ветувам дека ќе го засакате инстантно - ајде, ааајде да одиме :)

    Морам сепак да признаам дека не се што е во Париз го сакам.
    Го мразам Лувр на пример. Ми личи на главна железничка станица каде што се мешаат еден куп на изгубени туристи од кои веројатно две третини немаат појма што е уметност и какви дела се изложени во овој музеј.
    Но од друга страна го обожавам Georges Pompidou особено дизајн продавницата на првиот кат и книжарата на приземје во која знам да се изгубам на милион мигови и да ги листам и мирисам книгите.
    Ја обожавам St. Germain des Pres - jazz is Paris, and Paris is jazz. Ви текнува на песната? ;) Улицата со најскапите дизајнерски продавници во целиот град (кој рекол дека тоа е авенијата Champs Elysees, лажел!), но истовремено со најубавите странични улички во кои може сосема да ве проголта парискиот џагор, опојното француско винце покрај звуците на некој добар џез кој лагано свири во позадина. Улица на интелектуалците, некогаш и денес. Улица со највкусните палачинки и најзборлестиот продавач на весници со кој едноставно не можев да престанам да си муабетам кога си купував весници пред да заседнам во едно кафуле.

    Има уште мал милион причини заради кои го обожавам Париз, би пишувала едноставно со денови но нема. Или можеби подоцна :lol:
    За крај ми текнува на еден момент за паметење. Се шетавме со другарка ми од Холандија и талкавме од булеварот St. Michel нагоре околу Сорбона, во латинскиот кварт и некако спонтано се качивме и стигнавме кај Пантеонот. Локални дечки играа фудбал на огромното плато. Беше летен, жежок јунски ден, односно веќе се стемнуваше и сонцето полека заоѓаше. Чудна тишина го обземаше претходниот калабалак, тук таму некој ќе поминеше со веспата. Другарка ми тркна да ни купи сладолед. Седнавме на жешката калдрма и ги следевме дечките кои сеуште играа фудбал. Во еден момент се свртевме во обратен правец.
    Пред нас улицата се спушташе надолу и се губеше во градот, веќе беше речиси сосема стемнето и во тој момент постепено се запалија светулките на Ајфеловата кула. Тишината не обзема, сладоледот се стопи, а ние вкочанети немавме сили ниту потреба да зборуваме. Само за нас парискиот симбол светна и не остави воодушевени.

    Во вакви и заради вакви моменти, не може човек да не го сака градот :)

    Патем сте знаеле дека во времето кога се градела Ајфеловата кула, еден куп на француски интелектуалци и уметници биле против нејзиното градење? Еден од нив бил и Guy de Maupassant, кој редовно откако никнала Ајфеловата кула го пиел своето кафе токму таму. Го прашале - па добро, како така толку сте против градбата а сепак тука го пиете вашето кафе?
    - Затоа што единствено од тука не можам да ја видам оваа грдотија од железо :D
     
    На Smiley11, do-re-mi, stela 34 и 22 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.944
    Допаѓања:
    34.248
    Пол:
    Женски
    Пирамитке, успеа во нешто што ниедна репортажа за Париз не успеа кај мене. Да сакам уште сега да купам карта во еден правец за Париз :)
     
    На lovely91, sesilija, la-chicka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    Нена, мило ми е ако успеам да ве мотивирам кон нови погледи на градов и нови, сосема поинакви доживувања.
    Баталете Ајфеловата, седнете на винце непосредно во нејзина близина и уживајте гледајќи ја. Баталете долги редици пред Sacre Coeur со илјадници раскрекани Италијани или Шпанци околу вас, седнете во некое кафуле на Montmartre и мирисајте лаванда додека го сркате вашето утринско кафе со кроасан.
    Одете на појадок во 6 сабајле во Brioche doree - нарачајте го вашето омилено кафе, viennoiserie, jus aux oranges et Le Monde :) Ако погледнете околу вас, ќе ги видите само Французите кои исто како вас станале волку рано и појадуваат.
    Одете кај големата фонтана во Pаlais Royal и брцнете ги нозете во неа, отворете книга и едноставно уживајте. Бидете гулапчиња во Париз :)

    Ете тоа е вистинската арома на Париз, барем онака, како што јас го имам доживеано. Ернест Хемингвеј во својата книга A Moveable Feast пишал
    , јас би му рекла, друже, сосема си во право.

    :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 04_deux.jpg
      04_deux.jpg
      Големина на фајлот:
      46,5 KB
      Прегледи:
      532
    На MissChievous, senjorita-v, Kicky и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    пиењето вино на Montmartre - priceless! и околу тебе млади, несфатени уметници со целиот нивен шарм.
    ...и по некоја убава дама во доцните 30-ти, а и 40-ти која упорно го чека НЕГО, со сталожен, но сепак меланхоличен поглед, со чаша вино пред себе, одложувајќи го моментот да стане и да си го најде патот до дома....со црните балетанки на убавата калдрма :)
    забегав малку ама јас вака го доживеав Montmartre :D , ова горе што го напишав е based on a true story...после толку години уште ја памтам глетката
     
    На senjorita-v, LoVeR и Phyramide им се допаѓа ова.
  13. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Чувството кога ги гледаш сите луѓе пресреќни што дошле, кога сите се смеат, кога автомобили фрчат, кога ќе се загубиш во метрото или во толпата народ за да се качиш на Ајфеловата, кога ќе се напиеш кафе во минијатурните чашички на Елисејските полиња, кога ќе ги вкусиш кроасаните, кога неуморно ќе шеташ низ долгите улици, кога ќе ги набљудуваш неуморните уметници на Монмартр, е тогаш ќе знаеш дека си во Париз, ќе го чувствуваш неговиот дух и она кое што неможе да се опише со зборови, неможе да се види, но може да се почувствува!
    [​IMG]

    А судот каков е, како некоја палата
    [​IMG]

    и сега јас неможам да ги сфатам тогашните мислења на Парижаните кои што несакале да се гради Ајфеловата. Кои што мислеле дека залудно ке се дадат пари за една кула од железо која што ќе биде безвредна и ќе го груби градот. Ама ете сосем спротивно, кулата од железо сега им е најголемото одбележје. Треба да се горди!
    Интересен дел ми беше кога пеш се симнував од Ајфеловата, се чувствуваше оној страв од височината на која што си. А потоа оние поставените плакати на кои што беше опишано како се вршело градењето, дека во тоа време била највисока кула во светот, па споредбите со сегашните највисоки градби... :)

    Ми е жал што немавме време да го поситиме Дизниленд :(

    и
    зарем не треба да стои темава во категоријата Патувања и одмори :^)
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Видиш кој го знае градот одлично од прва погоди кај бевме сместени :lol:
    Од 5 дена не може еден град да се види, па и Скопје да е не може, а камо ли еден Париз. Но, од прв поглед мене не ме воодушеви. Но да ти кажам ме воодушеви твојот пост и едно прашање кога сакаш да одиме Пирамитке во Париз? :wasntme:
    Толку убаво си опиша ти и јас бев оној класичен турист со список во рака што посети се што имаше на списокот, изгубена во простор и време, може затоа и не доживеав од она што очекував. Очигледно за се сум виновна.
    Затоа реков уште во првиот пост дека би сакала уште 100 пати да отидам во Париз, за да го видам она што е зборено, пишувано и филмувано а што не го доживеав.
    Ах да и дефинитивно (освен со Пирамитка :D ) сама да отидам да го видам Париз со љубовта моја, имам таква желба. Може и да ме побара за жена на ајфеловата :lol:

    Е да Монтмартр ме воодушеви од почеток па до крај. А погледот и зајдисонцето тука со поглед на цел Париз е волшебен :)

    И да многу ми се допадна што за време на пауза сите излегуваат во паркови, на клупи кај и да е, вадат чергиче од ташна и си постилаат, си вадат сенвич, салата што и да е и винце на крај во чаша, абе ручек за мерак. Зашто кај нас го нема тоа. Да седнете другарки, па и сама и да си извадиш сендвич и чаша винце во градски парк :wasntme:
     
    На lovely91 и Phyramide им се допаѓа ова.
  15. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    аа сакам да одам и јас таму :(
     
  16. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172
    „Но, Париз е вистински океан. Фрлете во него сонда, никогаш нема да му го најдете дното! Обиколете го, опишете го: колку труд да вложите за до го претресите, да го опишете, колку и да се многубројни и запалени истражувачите на ова море, секогаш ќе се најде подоцна некое незабележано место, некоја непозната пештера, некој цвет, бисер, чудовиште, нешто до тогаш нечуено што го пропуштиле литературните нуркачи.“

    - „Чичко Горио“, Оноре де Балзак


    Ова е еден од оние описи на Париз кои ме оставаат без здив, исто како и сликите на самиот град, кој сеуште не сум го посетила поради финансиски причини, но си ветив самата на себе, кога ќе имам доволно пари one way ticket and Salut Paris :inlove: . Повеќето луѓе тежнаат кон живот во Америка, но јас единствено тежнеам кон Париз. И кон уште едно местенце, поточно селце кое е до Париз, La Faviere. Опишано во „Пет дена во Париз“, местенцето се чини е рај. :)

    Можеби премногу им верувам на книгиве, незнам .. Но и други кои биле така го доживеале Париз. Град кој е magnifuque. И сите велат, шетавме, шетавме и на крај сфатиме дека ништо не сме виделе од Париз.

    Аh, Paris, Paris :inlove:
     
    На Rock-a-Fella и LivingGlam им се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    Росоњерке, ајде, нареден пат кога ќе ме пратат повторно службено те носам со себе, хотел платен :!: Дил?

    Озбилно погодив? :D Не е ваљда да ве сместиле во тоа предградие, зошто о зошто?!

    Не си виновна ти, виновни се агенциите, и јас сум лута што човек од пуста желба да шетне некаде ќе си уплати нормално тура, и потоа шета по пропис. Па си велам - како можеш да доживееш убаво еден град ако се бркаш со цела група за да видиш што повеќе за - ете 5 дена како што кажа. Не иде!

    Ете убаво си забележала - и мене тоа премногу ми се допаѓа кај парижаните што знаат да уживаат во животот. Еднаш седната во Pаlais Royal, покрај фонтаната со боси нозе и со книга во рака, забележав дека за време на ручек скоро сите дојдоа во паркот, си седнаа и ручаа со сендвич и по некоја чаша винце седнати на трева или на ќебенце.

    Ми се допаѓа што е вообичаено газдата да ти дојде, да те послужи и да ги чисти масите. Тоа е негово кафуле и внимава да се чуствува убаво муштеријата. Нашите газди имаат што да учат. Семеен бизнис кој трае со години и се пренесува од генерација на генерација а не постои само како начин на брзо обогатување.

    Во Париз ми се допаѓа и Les Halles, најголемиот трговски центар но истовремено најпознатото и најкултното „дувло“ на брејкденсери и хип хопери во Париз. Sofia Boutella, Salah и ред други познати танчерски имиња почнале токму тука. Во близина на веќе спомнататиот Georges Pompidou.

    Ми се допаѓаат луѓето, опуштени со неверојатен вкус за мода. Секогаш ги буљам сите прекрасни девојки и секако момци во метро, колку се ноншалантно облечени а сепак прекрасни скоро сите до еден.
    Е сега еднаш сретнав и една бабичка како џогираше со своето бушаво куче притоа и таа и кучето беа во некој си Коко Шанел комплет, ама хеј, тоа е Париз, клишеа мораат да постојат :D

    Градот на светлината, на смрдеата од кучешки измет, на мирисот на Живанши или Шанел, на културата, на виното, на џезот, на балетот, на театарот, на модата. Една од најпосетуваните светски метрополи. Колку француска толку и светска. Елегантна Французинка седната на фонтаната пред пирамидата во Лувр, залак по залак ја грицка својата тазе багета а до неа 5рица Американци со ајподот на уши, климајќи со главите во ритам на 50 Цент. Од се по нешто, за секој по нешто.

    Врти, сучи, ca, c'est Paris :)

    Pour moi, un cafe au lait et un jus d'abricot s'il vous plait 8)
     
    На do-re-mi, 1209, senjorita-v и 5 други им се допаѓа ова.
  18. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Ние бевме сместени на 2 улици од Мулен Руж :)
    А за вкусот за мода на Парижаните... :x no comment

    Во Лувр онаа книжарницата со ,,изумите‘‘ ме остави без зборови и неможаев да излезам од неа додека не ги допрев и разгледав сите предмети.
    А влеговте во вецето што е исто во Лувр кое што се плаќаше ^_^ :rofl: :$
    Внатре секаков вид на тоалет :D

    И да, никогаш не се доволни зборови за да се опише Париз.
    [​IMG]
     
  19. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    409
    Колку споемни само ми се вратија од Париз,сакам повторно да одам,ми недостасува и градот и дружбата со пријателите..... :doh:
     
  20. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Секоја чест за постовите Пирамитке :clap: И тоа како успеа во мене да го оживееш секој мирис, секое чувство почувствувано во Париз.
    Јас сум била два пати, првиот пат со туристички автобус и на онаа фамозна тура за сите туристи (Ајфелова, Нотр Дам, Триумфална, Версај, незаборавното крстарење по Сена на зајдисонце бла бла) и да, ми се допадна Париз, АМА вториот пат кога и јас учев да се снајдам сама во метроата, кога шетав низ места не толку посетени од туристите, кога учев како Париз дише и како што кажа Пирамитка се будев со мирисот на croissants et pan au chocolat avec chocolat chaud, е тогаш Париз ме воодушеви. :inlove:
    Го сакам затоа што мислам дека не постои човек кој не може да се пронајде и да ужива таму, затоа што секој пат Париз се доживува на различен начин и затоа што никогаш нема да го заборавите. :inlove:
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.