Леле и ние одиме тогаш. Дечко ми за годишнина ме изненади со резервација во Ритз. Каде ќе сте вие? Да не се видиме во близина? Ја више спремам беретка.
Хаха и ние сме спремни, се надевам и времето ќе се погоди,барем дожд да нема Иначе маж имаше букирано хотел ама немам појма каде
Paris is always a good idea. Градот на светлината, љубовта, културата, историјата и добриот шопинг Во Париз има многу историски, забавни и интересни места за посета, и времето од една недела ми беше премалку. Следен пат ќе одам во сопствена режија, заради тоа што сe што нудат агециите во Париз посетивме, освен Лувр, имаше преголема гужва. Него го оставам на список за следениот пат под број 1 Најмногу впечаток ми остави Версај, Ајфеловата Кула, крстарењето по Сена, Латинскиот кварт и Дизниленд. Дизниленд ми беше неостварена желба Paris, I will be back!
Сакаме да одиме крај на септември во Париз зошто видовме дека има многу евтини авионски билети. Нешто што би сакала да прашам од искуство на некој што бил. 1. Гледавме смештај во Монтмартре, дали е поволно и блиску до поголемиве знаменитости? 2. Ако сме сместени малку подалеку од Париз која е цената на билети за воз? 3. Како е со цени општо за јадење, кафе итн? 4. Какво е времето крај на септември? Супер би било доколку некоја членка може да сподели општо како е со цени, колку сте носеле/потрошиле итн. Фала ви
Билетите се ефтини ама сместувањето не е баш. Гледајте кога барате хотел да е близу до метро станица, зашто таму со метро е движењето и секаде се стигнува лесно до знаменитостите. Билетот со метро околу 2,5 или 3 евра мислам беше. Исто кога ќе букирате прочитајте рецензии за сместувањето зашто има секакви квартови. Цените како и секое туристичко место, јас сум била и јули и октомври и супер ми се погоди времето, а септември сигурно ќе биде одлично. Исто ако слетате на Буве аеродромот имате 100 km до Париз, 17 евра еден правец со автобус. Како и да е го обожавам Париз.
Фала ти многу. Најдов на аирбнб сместување некаде околу Монтмартре и од локацијата до знаменитостите ми даваше макс саат време пешки. Околу 300 евра за 4 дена. Какво е времето во септември што да се очекува?
Времето слично како овде може малку посвежо, на есен е преубаво права романтика За пешачење ти препорачувам еден ден да почнете од триумфална преку Champs-Élysées и покрај Сена до Лувр се стига па и до Нотрдам (тоа е само право). При посета на Ајфелова испланирајте и тура со брод подобро е попладне да одете и кога ќе се стемни да ја гледате како трепка, и како е осветлена. Бродовите се одма под Ајфелова.
Фала ти најмногу. Дали предложуваш да се букираат тури/карти уште пред поаѓање или таму директно? Знам дека за некои атракции мора pre-booking зошто инаку нема шанси да се најде место таму.
Здраво, дали некој може да ми каже каде му е последна постојка на автобусот од буве до парис? да знам за смештај кај да барам
Фала ти дека на wizair ми бараше да внесам број на виза не ме пушташе на next ама требало biometric passport да штиклирам
Женски предлог сместување во кој дел на Париз или ако сте иделе во сопствена режија да ми предложите на Букинг?