Не е толку жив како што мислиш. Безбедно е, истражете добро каде ќе бидете сместени, како ќе стигнувате навечер и гледајте да не се движите доцна освен ако не е викенд и централното подрачје во прашање, а и тоа ако можете одбегнете го освен ако не е лето кога е малку порелаксирано. Проверете си кои автобуси ве носат до сместувањето и запишете си ги. Внимавајте на телефоните, џебовите и закопчувајте си ги ташните. Ако купувате сувенири од било каде од некои улични места, вадете само поситни пари (може да си раситните во некој маркет кога ќе си купите вода). Не е страшно, безбедно е и ова се генерални препораки за секој поголем град и како и на секое место, бидете си претпазливи. Убаво поминете си
треба мноогу да се пазите, јас кога бев бевме сместени во предградие и за многу малку без телефон ќе останев. исто по јавниот превоз пазете многу и отварајте очи. така по центарот и во близина на знаменитостите е многу опуштено.
Меѓу 250 и 330 евра ти се картите за 2 возрасни и 1 дете за Дизни, зависи дали за едниот парк или двата и зависи од датумот Авионски превоз зависи до кој аеродром До Бове имаш повратни за тројцата во октомври за помалку од 200 евра со виз ер, ама па имаш многу возење до градот До Орли имаш исто за таа цена со изи џет.. Плус транспорт до хотел ако одите со јавен превоз ситна сума.. 4 ноќи сместување во пристојна област 400-700 евра за сите .. Плус транспорт до Дизни и назад.. Имаш шатл бус што е 57 евра по човек повратна и мене не ми се исплати.. А имаш опција и со воз и метро, за 1/10 од цената за шатл бусот .. Јас другарка и детето гледавме за октомври затоа јас решив дека во сопствена режија ќе одиме Па сега види ти дали ти одговара цената од агенција или вие да си резервирате
Да се вмешам за во Париз и Дизниленд, золва ми кога беа пред некоја година во јуни месец беа два дена во Дизниленд и си имаа букирано хотел близу Дизниленд за да не одат со воз или автобус напред назад а останатите денови си имаа букирано во Париз ова чисто како идеја да си размислете.
Здраво девојки, во ноември имаме купено карти за во Париз. Дали имате совети за сместување, движење и места што вреди да се посетат покрај познатите атракции? Одиме индивидуално без агенција а прв пат ја напуштам земјава и одам така далеку со авион. Некоја што била да ми каже искуство?
Гардаланд е во близина на Милано. Дизниленд е во близина на Париз. РАзлични паркови се. Дизниленд е поголем паркот и има различни содржини од типот парада, принцези и Дизни ликови. Гардаланд е поедноставен, ама има мнгоу добри вожњи (луди железници). До Париз има и Астерикс и Обелиск парк ама таму не сум била.
Колку дена ќе си таму, со оглед што одиш прв пат ти ќе имаш време само за најпознатите места. Еве јас што имам посетено: Ајфелова кула до најгоре, Дизниленд, крстарење по Сена, Версај, Лувр, Нотр Дам, качување на Триумфална, Галерија Лафајет, Опера Гарние, плоштадите Конкорд, Вандом, Република и Бастиља, Луксембуршките градини, Латинскиот кварт, Базиликата Свето Срце, Мулен Руж, Монтпарнас, Авенијата Шанс-Елизе, Плоштадот Вож, Ла Дефанс итн. Но, ова се го посетив во рамки на две различни патувања. И трет пат да одам пак ќе има што да се види. Плус треба да се доживее овој град на тенане, и храната и виното и љубовта со саканиот А бевме сместени во областа Ла Дефанс, како бизнис дел е и имаш поволни хотели и добра конекција со метро. Ама градот е огромен, организирај си ги деновите според локации и така групирај што повеќе на ден да посетиш. И секако се зависи од лични преференции, на пр. Дизниленд може да го исфрлиш, ќе ти земе цел ден. Лувр е огромен исто, зависи дали сакаш такви музеи. Версај исто има доста за шетање, мене најубав дел ми се градините на пролет, два пати се враќав таму. Ах, Париз, колку и да е клише, сепак е must see! Уживај!
I jas ke odam vo noevri paris od koj datum kade si smestena koj kvartal e dobar za da se bara smeataj