1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Париз

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од LoVeR, 21 јуни 2011.

  1. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Дефинитивно Париз не е градот од моите соништа.
    Никогаш не сум имала ни преголема желба,но сум имала можност да го посетам.Искрено за определено време да одам на одмор во Париз не ми смета,а да живеам таму,во никој случај. :x
    Како прво животот се одвива со пребрзо темпо,а второ по улиците не можиш слободно да си се движиш-секој момент можи некој црнец да те киднапира. :D
    Трето и најважно,градот во целина не ми остави некој посебен впечаток. :)
     
    На Palchica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    207
    Париз е омилена дестинација на голем број девојки. Нема да прашам дали ви се допаѓа, бидејќи речиси е невозможно на некој да не му се допаѓа тој град. Моето прашање е шо најмногу ви се допаѓа таму ?!
    П.С. ако може, ставете и некој слика :P ;)
     

    Прикачени фајлови:

  3. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Париз убаво е претставен во филмот Монте Карло .... На почетокот трите девојки одат на Ајфеловата Кула :)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.523
    Ради Ајфиеловата кула и Госп грл.
    |(
    Ко сите...жени на светов во последниве 3 години...да,да.
    Те не,прво Кери од сексот и градот ја создаде желбата,па овие ја крунисаа.
    Со тие слатки мали беретки,тие блузички на риги и све тоа,се чекираш на форсквер дека си у Париз. Носиш балетанки и трепкаш изгубено и поим немаш што сакаш. Па си викаш,Шанзелизеее хеееј може, Лувр,се сликаш пред Лувр,уште некој музеј и катедрала,кои ниту знаеш што се,ниту реално те занимаат,а ти и уметност сте,па и монмартр,уат д хек из деееет, музеј на тој лудиот уметник со герники и срања и она на Квазимодо и Есмералда,као се викаше де,ма нема врска,бев,штрак со апаратчето и хееееј Шанел продавница и Луи Уитоооон,ова е тоа за кое дојдов и се штрака 5 пати пред нив у сите пози,а не ни влага,пошо знае дека ко партал ќе ја исфрлат или ќе и се подсмеат арогантно парижанките...два различни света,па онда трепкаш уште и си викаш, ок, веќе поим немам што сакам... ја видов кулата и некој мрачен смрлив кварт со боемски меанчиња и тука го доживуваш првиот момент на гадење (не зборам за себе,овие љубителкиве наводни де),без да сфатиш дека тоа е тој дел од Париз во кој му бие срцето,а да беше тоа белег на твоето лице,ќе сакаше да го остраниш и викаш, на првиот авион ве молам... Мали лигави снобчиња! Мислат кавијар и шампањ ќе конзумираат од некој луксузен хотел и тоа е Париз. Мизерии...



    Ма немој да ме јебеш бре!
    |(

    Не знам како да им објаснам на ваквиве дека сасвим сеедно е кога тие се во прашање дали се пред Триумфална во Париз или у Скопје. За нив нема разлика... воопшто. А и...исто ти е бе сестро, сите блијат глупости за Скопје,сите блујат и за Париз во задње време,просто да ти се одмили и од идеите за двата града.
    Не баре само они лапале под некоја Липа у Скопје или се сликале како ја држат кулана за врвот или се љубат со неа у позадина...


    Со цел да се спасам од промаја у глава,почнав и така да ги селектирам луѓето. Оние кои кенкаат за љубовта кон овие два града и кои МОРАМ да ги игнорирам,со цел да не им брцнам у ребро со палец и оние кои имаат поим,ама реално поим зошто го сакаат Париз,ама реално (Шилеа,те молам јави се) и оние кои не го сакаат Скопје и не се лажат со истото или не го сакаат заради ЛИПИТЕЕЕЕ и таа нивна квази сензитивност која им е собрана на периферијата на малиот нокт,а не у срцето.
     
    На AnaKarenina, Shelea, anuskaNESTLE и 2 други им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    38.210
    Пол:
    Женски
    Ах Париз.
    Јас ја немав таа љубов кон градот, не порано, ми беше само синоним за мода, убави и средени жени, па и јазикот не го сакав.Но, нешто во последните години ме натера толку да го засакам и да сонувам да живеам таму, што често легнувам и се будам со таа мисла.
    Јас не сакам да го видам Париз ради Ајфиловата кула, мене она што ме фасцинира се начинот на кој живеат, боемски, љубовта кон храната и доброто вино, џез мелодија, зборливоста дури и кога се караат тие звучат мило.Јас го сакам Париз од 20тите.

    Гледав едно време документарка за Париз, ги гледав македонските уметници кои сликаат на Монмартр, јас сум уметник во душа, можеби не толку добар со рака, ама уметноста е она што ме прави среќна, и не само сликарската уметност, мислам и на уметноста на живеење, која токму во уличките од Париз се создава.

    Брат ми беше на екскурзија лани и со душа го чекав да ми каже како беше, добив одговор каков и што очекував од него, ништо посебно, секако зошто тој не го гледал тоа што јас сакам да го видам.
    Сонувам да ги видам сите изложени дела во Лувар, сакам да се вратам во минатото кога биле создадени, да дишам со уметниците кога со четката поминувале по платното и да научам некоја нова техника од старите генијалци.
    Сонувам да се будам во моето поткровје во некоја од старите градби, уредено според моја и негова фантазија,да јадам печиво и да се љубиме додека градот се буди.
    Живеам за еден ден да се шетам низ сите оние тезги со храна, продавниците со сирење, да зборувам француски и да ми се смешкаат на акцентот и на погрешно изговорените зборови.Да листам низ старите книги и да се загубам во антикварниците, зошто јас сакам се што е старо, за мене старите работи имаат душа и посебна убавина, сакам да најдам едно старо издание на „За кого бијат камбаните“ ако уште може да се најде и додека читам да ги слушнам камбаните на Богородичната црква, и да се насмеам мислејки дека бијат за мене.
    Ќе ставам и тетоважа скоро на француски за него, а веројатно и за љубовта кон градот и јазикот која и двајцата ја имаме.Parce que Je t'aime...ќе ја носам со љубов и со надеж дека желбата ќе ми биде остварена.
    Еден ден.
     
    На CIA, ph.orhideja, Chivas и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    И покрај тоа што Париз станува се само Париз не, и кога човек малку ќе прошета надвор од ѕидините на градот (пошто нели Париз intra muros е де факто резервиран само за избраните) и уствари кога ќе сфати дека прекрасниот стан во подкровје веднаш на плоштадот на Гистав Ајфел со најпрекрасната тераса со поглед на - што друго ако не Ајфеловата е сепак нешто што е убаво но не и вообичаено и уште помалку стандардно, и кога со РЕР-от ќе застанеш на Seine St. Denis и воочуваш дека - аха, и ова е Париз а? И покрај сето тоа, кое носи горчина во себе заради системот на она за што пее Диамс во Ma France a moi, патем најдобра песна која од се срце ја препорачувам со најубавиот текст, не можеш да не го сакаш истиот тој смрдлив Париз во кој гледаш кој живее од мака, а кој не видел м од мака.

    Јас конечно годинава прв пат го доживеав и во зима, и повторно на пролет (ах тој полен што ми направи) а богами и во лето, затоа што летото годинава почна прилично рано.
    Заборавив едно нешто, додека буљев во огромната вртелешка поставена на Place de la Concorde и се мислев какво сирење да си нарачам, или сепак можеби палачинка?! Дека Париз е градот на светлината. Во еден од најзимските месеци кога обично си навикнат рано да се стемнува, јас го следев зајдисонцето до 7 навечер. И после шпринт да ме нема затоа што ме очекуваа на деловна вечера веќе во 8 а јас мислев дека е сеуште 4 :D И токму таму останав стаписана и со подотворено усте од возбуда.

    Дечки, луѓе, ако некогаш го посетите Париз, од се срце ви го препорачувам ресторанот Montparnasse 1900 (чика Гугл ќе ви го најде и ќе сфатите за што зборувам) - ресторан кој навистина датира од 1900. Уствари, го сакам париз затоа што ја носи во себе онаа нишка која благо потсетува на балканскиот хедонизам. Тие луѓе ако ништо друго, знаат како да уживаат во храната и виното. И дури и кога нарачуваш и се осеќаш малку ко идиот затоа што не знаеш кое вино да го избереш, келнерот многу убаво и учтиво ќе ти објасни кое да си го нарачаш без да ти наведе страв дека ќе те ошури, ниту пак на начин со кој би ти дал до знаење дека - леле глуп поим немаш од вино а нарачуваш.
    Барем јас секогаш изборот го оставам на келнерот и потоа само седнувам и уживам во долгото објаснување на тоа кое вино со какво јадење најубаво одговара. Французите обожаваат да зборуваат за храната и виното, без сомнение :)
    И за време на паузите за ручек, не можеш да не забележиш дека по рестораните нема музика речиси никаква. Слушаш само џагор и извици на вештите келнери кои носат по милиондвестапеесет чинии и театрално ги најавуваат порциите и јадењата. Мене ми е сосем доволно, јас ја голтам сета таа атмосфера со сласт. Нарачувам мало кафе, палам цигара и со насмевка следам што се случува околу мене. Убаво ми е затоа што заборавам на се и си викам - ех, во Париз сум.

    Ресторанот и мојот десерт кој едвај го изедов, profiteroles и mousse au chocolat ]:) која ми ја тупна во чинија колегата затоа што беше, на диета молим лепо, а мене, што благо баш не љубам - кој ме шиша! :D
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На CIA, 1209, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Душата на Париз е Сен Жермен, со страничните улички со кафиќи и ресторанчиња, полни народ. Најубавото место во Париз. За мене да бидам во Кафе де флор, каде што пиеле Хемингвеј, Ками, Сартр, и другарчињата, па после ги пишувале делата од кои по цели ноќи не сум можела да се одвојам, беше доживување што ми ја исполни душата.

    Кога одиш по мостот со катанците, се чувствува љубов. Катанци испишани со љубов - некои плански однесени со изгавирани имиња, други ад хок напишани со маркер, секакви азбуки и секакви имиња, и парови од ист и различен пол. Љубов насекаде околу тебе.

    Погледот на Ајфелова кула од Трокадеро е бесценет. Таму, пред тебе, како на дланка! И се прашуваш како ли му било на Ајфел кога сонот му се остварил. И на него, и на сите дизајнери на нештата направени за светските саеми. Кога ние сме биле под турско.

    Само од надвор да го погледнеш Лувр, и да го замислиш полн со уметност, воодушевува. Толку многу, од секаде, собрани таму. За да ти биде до уметност до таа мера, треба да имаш... за извоз! Иако тоа пирамидите не ги сфаќам, ама они си знаат.

    Со такво културно наследство, и толку убав град, Французите можат да направат многу повеќе и да остават многу поубав впечаток. Им доаѓаат луѓе од цел свет, а тие ни со прст да помрднат. Да се чека 4 саати за да се качиш на Ајфелова, или 4 саати за да влезеш во Версај, се многу. Или да отидеш во градините во Версај, и да сфатиш дека фонтаните не работат, и се погнасни од езерце во парк, тоа е разочарување. Или на Монмартр да ти шиткаат сувенири на картони, и да те нудат пиво од пластична кофа со мраз на секоја минута е одвратно чувство.

    Туку сега има и Хоп он - хоп оф автобуси, со кои многу разгледувањето на градот е многу поедноставно ако имаш малку време.
     
    На 1209, Phyramide и mims-89 им се допаѓа ова.
  8. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Јас овој град воопшто не го доживеав како нешто УАУ! Не знам зошто. Можеби бидејќи имав само 3 дена, времето беше ужас-врнеше постојано, можеби затоа што се е перверзно скапо...можеби затоа што очекував премногу... како и да е, видов доста работи за 3 дена и покрај лошото време и заклучив дека јас не би се вратила пак таму. Ни на шетање ни, на живеење..
     
  9. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    856
    Убав град е,не би имала ништо против да го посетам..
    Но да живеам-НЕ.Зошто НЕ?Не бидејќи во градот го нема тој дух како порано.Сега таму се се азиланти,иселеници,куп туристи,гужви.А ако живеев во 50-тите,веднаш би се преселила.Тогаш животот бил поинаков.Не ја имал секој таа чест да чекори по Шанзелизе и да седи во едно од многуте кафулиња во Париз.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Не сум како некои девојки што се зависни од градов,за мене не е ништо посебно.Како помала ми беше познат само поради градот на модата и Ајфеловата кула.
    Иначе кога би имала можност да одам во Париз не би одела сама,туку само со љубениот! :rofl: :rofl:
     
  11. Lavender

    Lavender Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=hWo-43ObCP8
    Погледнете го ова видео на YouTube, многу добро ја доловува атмосферата во Париз,посебно за тие кое го немаат посетено. Се слуша звукот, гласот на Париз низ повеќе локации по кои тој е препознатлив.Добра работа направил тој што го снимил ова видео. :)
     
    На popi и vesna212 им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    И јас сум била и да имаме ние многу поубава замисла за градот одошто е во реалноста. Кулата ја гледаме на разгледници светла, магична, а да ја видите во живо освне што е висока 310 м, ништо посебно не е. Имаше доле сувенири се продаваа. Имаше црнци продавачи, па се многу упорни да им купите нешто. Еден таков продавач мислеше дека сум од Шпанија, дека сум црнка што знам, и кога му кажав Македонија,вика -ааа тоа е земјата војна кај што имаше. Знаци чул. Видовме и измет од кучиња покрај ПОНТ Неф. Имаше убави работи, ама не е како на тв сакам да кажам.
     
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Девојки, ме интересира дали знаете колку се плаќа влез во замокот Версај, во Лувр, Мулен Руж? И дали вредат да се видат? За Лувр сум сигурна дека е прекрасен. Препораки за други убавини кои се must see во Париз?. Совети преку која агенција сте биле и колку сте задоволни?
     
  14. kumalisa

    kumalisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    74
  15. Savannah

    Savannah Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    14
    ahhh kolku sakam da odaam :$
     
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    версај и лувр се must see!! ако си студент ќе платиш помалку. искрено не се сеќавам воопшто на цените али не се нешто екстремно скапи за да не можеш да си дозволиш за разлика од мулен руж каде што нема шанси да се влезе бидејќи е премногу скапо, ако не се лажам негде околу 500 еур ми кажаа дека е картата но сепак провери си на интернет можеби има цена исто така има секогаш преголем ред од големи господа и дами во крзно и дијаманти :D црквата нотр дам исто можеш да ја посетиш и да шеташ по мостовите по малите улички одоколу , премногу е симпатично, базиликата sacre coeur e preubava,, елизејските полиња, триумфалната капија, плоштадот конкорд, ( ова се клише местата за туристи) незнам колку време ќе имаш за шетање ... обавезно да пиеш кафе и да јадеш кроасан во некое малецко слатко бистро каде што келнерите секогаш ќе бидат нељубезни :lol: пробај колку што можеш повеќе вина и сирење и десертите кои што им се специјалитет...

    едит: јас препорачувам да се посети на пролет бидејќи летно време знае да биде многу жешко а зимно време е преубаво и преубаво украсено пред нова година и божиќ но е премногу ладно, ако издржуваш ладно тогаш и зимото е во ред за посета.
     
    На Mrs.Bass, popi и karenin им се допаѓа ова.
  17. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Многу сакам да одам во Париз!! :inlove:
     
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Ааах... конечно my wish came true :inlove: Париз... Од каде да почнам, ако не од Ајфеловата кула. Величествен поглед навечер, седев долу околу половина час и имам прекрасни спомени. Ова треба да се доживее, не може да се опише. Го фатив и моментот кога светкаат безброј светилки, на секој час по една минута. Прекрасно.

    Плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната порта, Монпарнас, Монмартр и Sacre Coeur... ги прошетав и уживав. Ама, најголем впечаток ми остави Notre Dame, дефинитивно. Ја посетив навечер и ме остави без зборови. Величествено. Прошетка во Латинскиот кварт и покрај Сена... Лувр и Версај - убавини, раскош... А градините - рај.
    Сепак, три дена во Париз се малку. Осетив сосем малку од духот на Париз и дефинитивно потребно е време за убаво да се доживее. Единствено жалам што не се будев со поглед на Ајфеловата кула :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo5423.jpg
      Photo5423.jpg
      Големина на фајлот:
      255,6 KB
      Прегледи:
      151
    • Photo5284.jpg
      Photo5284.jpg
      Големина на фајлот:
      382,4 KB
      Прегледи:
      151
    • DSC_0075.jpg
      DSC_0075.jpg
      Големина на фајлот:
      184,4 KB
      Прегледи:
      151
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Не сум била но голема желба ми е да го посетам градот на светлината,да јадам од нивните кроасани, да ја видам Ајфеловата кула.. се надевам еден ден ќе го посетам овој волшебен град. :)
     
  20. popi

    popi Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    63
    би сакала да го посетам париз и тоа за нова година на плоштад со љубовта две чаши и шампајнско романтики :D ајде можеби еден ден ќе ми се оствари желбата ;)