Бев во париз, ги посетив и ајфелова и монпернас и монмартр и трокадеро и версај и лувр,и нотердам,крстарев по сена, бев и во дизниленд...Едноставно преубаво е нема никогаш да заборавам што се сум видела но нема да го заборавам ни вкусот на нивните кросани
^Заборавив да ги споменам кроасаните. Ако одите, немој случајно да не сте ги пробале. Уште ми мирисаат
Аххх Париз..ахххх.. го обожавам!!! Само еднаш го посетив, на апсолвентска екскурзија и баш ко за баксуз што сум си јас тој ден се растури од врнење но, тоа не ме спречи да се искачам на врвот на Ајфеловата кула.. си реков и да дува и да вее и бура да коси.. до врв! Инаку го посетивме и Лувр, иако немавме доволно време за да го разгледаме во целост, но јас најдов време и да се изгубам во него Секако и да не го заборавам Disney Land-от во Париз..убавини и многу адреналин!
Дефинитивно колку имам да напишам впечатоци од париз толку имам и од ролеркостерите од дизниленд, најпрво мислев дека е само како цртаните( се шеткаат таму микимаус и друштвото) ама кога се качив на спеис маунтн и индиана џонс уааао кој адреналин го доживеав , дури отпосле сватив што се случува
А само во паркот беше или и во студиото? Во студиото е ТОА вистинското - адреналин на сите страни! Ние се поделивме со групата пола во дизни парк, пола во студио, а потоа се заменивме и не ми се излегуваше од студиото,бидејќи во паркот има повеќе за мали дечиња, не е толку страшно
не нас само во паркот не пуштија и ние преdложивме така да се сменеме на пола работно време но изгледа дека бевме малолетни па неможело така Зарем таму има уште повеќе адреналин?!? аиии сега ми е криво што не не пуштија edit: гледам на јутуб едно видо(еден саат трае и има детален разглед на студиото) значи дефинитивно жалам што немав можност да влезам таму се надевам за апсолвентска ќе успеам да го видам и овој дел
Во Париз бев оваа година крај на април и почеток на мај.Неверојатно искуство кое никогаш нема да го заборавам.Ги посетив ајфеловата кула,Версај,трокадеро,Disneyland... само криво ми е што не бев во лувр.Како и да е Париз е еден од најубавите градови во светот според мене и повторно би одела...
Non je ne regrette rien, бидејки сеуште трае - мојата најголема и единствена љубов која се случи во градот на љубовта ) http://www.youtube.com/watch?v=zRCYEkA0_q8
Убав град нема што, има многу да се види, прошета, истражи, посебно ако си со дечко најубаво ќе си поминете, романтично. Мене многу ми се допадна Sacré-Cœur, Montmartre и Père Lachaise. Ама ако не знаете француски нема да можеш кафе да си нарачаш, не сакаат да зборат англиски или не знаат не знам што е работата, тоа не ми се допадна. Луѓето ладни не ти прават муабет. Баш пред некој ден гледав Sex and the City кога Кери беше во Париз со Мр. Петровски и кога си се шеташе по улица, тажна дека е далеку од другарките и кога малоно девојче ја удри по глава. Е баш така и јас се чувствував кога бев сама во Париз и никој не сакаше да ме дружи па дури и леб не можев да си купам бидејќи не знаев како да кажам на француски, па се чувствував како идиот и покажував со раце. Следниот пат кога ќе одам ќе си поднаучам француски.
Не да не знаат, туку не сакаат. Еве јас конкретно влегов во Карфур и и зборам на касиерката на англиски а таа ми одговара на француски. Е сега, јас разбирам француски колку толку, ама тешко ми оди склопувањето реченици. Се разбравме некако Такви се французите, си го негуваат јазикот. Ова го знам уште од основно, професорот ни го има кажано.
Го обожавам Париз. Никогаш не сум била, а тоа ми е првата дестинација кога би имала време и би можела да одам. Значи прва дестинација на листа само здравје. Значи Ајфеловата кула ја обожавам. Имам постелнина со Ајфелова кула, на работа на компјутер на позадина ми стои Ајфеловата, исто така и дома на лап, имам позадина со Ајфелова. Имам на биро за пенкала едно што е во него што стојат со сликичка од Ајфелова. Имам два украса за на клуч, имам средна Ајфелова кула сувенир така како украс ми стои поклон од братучед ми. Уфффф ама сакам уште. (Се испофалив што имам со Ајфелова кула срам ме било ).
Лелее а да ви кажувам јас каков проблем сум имала со тоа нивното “неразбирање“ ццц во дизниленд дакавме да излеземе и да си купиме јадење од мекдоналс оти нели нема мекдоналс во дизниленд, и го прашуваме тој на вратат може ли со оваа карта да излеземе и пак да влеземе(пошо има поеѓе врсти на карти) и товој ни вика ај донт спик инглиш, прашавме неколку луѓе така по ред и сите ни одговорија но инглиш а гледам дека ме разбираат еј колку нервира тоа посебно кога немаш поим од француски и на крај јадев нешто таму во дизниленд и дури кога излегов дознав дека сум имала право да излезам и влезам со иста карта
Да, можеш да излегуваш. Влезницата важи цел ден, а при излегување ти удираат печат. Нас така ни кажаа кога бевме
еее отпосле и јас дознав ама битно никој од вработените не се фати да ми објасни што според мене не е дозволиво за едно такво место
Во средно на повеќе наврати имав шанса убаво да го прошетам Париз еднаш и на подолг период, а и Франција општо и северна и јужна. Изгледа јас сум единствената која Париз не ја маѓепсал. Убаво е местото, не дека не е ама не ми остави до толку местото впечаток да паднам на газ. Има убави места, има посебен шарм ама местава што ги набројувате упорно наназад ми се едни од најнеубавите места во него. За да се доживее еден град, треба да одиш на нетуристички места, а кај Париз ова особено важи. Мене многу повеќе ми се допаѓа јужна Франција, особено Ница и Кан. Се работи за личен вкус ама местава ми се многу потопли и повеќе ме шармираат за разлика од Париз. А и луѓето се поинакви, на југ се многу по пријателски настроени и гостопримливи.
Париз е многу убав град, освен Ајфеловата кула најголем впечаток ми остави музејот Лувр. Изгледа со јазикот сите тој проблем го имаат. Лувр е светки музеј најголем во светот, и ништо не пишува англиски, сите објаснувања по сликите и скулптурите беа на француски. Морав да ги дешифрирам па да знам за што се работи
Ооо Париз..еден од моите најјомилени градови..преубав е Навистина би сакала да го посетам..особено Ајфеловата кула..
Читајќи ги вашите убави искуства се осеќам уште толку возбудена околу фактот дека најверојатно ќе имам шанса да го посетам Париз во октомври. За жал, тоа ќе биде кратка посета од 3 дена, но хеј... и тоа е нешто. Годинава 3 дена, наредна можеби повеќе. Првенствено потребни ми се совети и информации околу смештај, поефтин приватен или пак хостел. Заедно ќе патуваме четворица и би сакале да биде во близина на Шанзелизе, чисто бидејќи "поважните" места (Ајфелова К., Трокадеро, Портата, Мулан Руж, Лувр, Нотрдам, итн) се тука некаде. Друго што ме интересира е како се движат цените, пред се на храна. Во план ми е за тие 3 дена да понесам околу 100 евра и не планирам да посетувам ресторани, можеби би седнала во некој кафич на кафе и кроасан, или пак би пробала макаронс. Значи, планот ни е што е можно повеќе шетање (пеш пред се и секако метро - инфо колку чини?), истражување на рендом улици, обавезно посета на Лувр (сепак, јас сум историчар на уметност) и дегустација на 2-3 работи. Секоја информација е добредојдена!