Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Париз

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од LoVeR, 21 јуни 2011.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.083
    Допаѓања:
    12.825
    Дали има некој од форумов што живеел или живее во Париз, да прашам нешто?
     
  2. nata38

    nata38 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Ептен убаво си поминав во Париз. Бев во ајфеловата кула, во Дизниленд,бев и на шопинг. Иако беше кратка посетата 1 недела сепак многу убаво си го потрошив времето.
     
    На Tanjamm и Summerlover им се допаѓа ова.
  3. stela 34

    stela 34 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    82
    Jas imam golema zelba da go posetam Pariz, me interesiraat vasite iskustva,gledav na karta ima poveke areodromi.......
     
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Ајде и јас да напишам некој збор поврзано со Париз додека сум под тазе импресија. Прво и основно, сакам да знаете дека можете да поминете 3 дена во Париз летајќи со wizzair за 200-250 евра (зависи од тоа каква личност сте). Онака, чисто информативно.

    За жал, многу работи кои посакував да ги видам, не ги видов бидејќи едноставно немав време. Дневно шетав по 13-14 саати, добив воспаление на стапалата и листовите на нозете од толку многу шетање, и пак, не стигнав да прошетам се што сакав. Но, искрено не жалам. Сега имам што да видам и за време на втората посета.

    Грубо нафрлено, шетав најмногу покрај реката Сена, ги посетив: катедралата Нотердам (прекрасно искуство), музејот Лувр и неговата околина (дневна прошетка + посета на изложбите + 2-3 пати навечер), паркот Тулури (знам дека не се пишува така, но секогаш заборавам како беше вистински), улицата Риволи (неколку пати, претежно навечер), плоштадот Конкорд (навечер, каков поглед!), Гранд палатата (посетувајќи изложба на Пикасо), Ајфеловата кула (навечер, сепак мора да се види светкањето + наутро, целата во магла), Трокадеро (неизбежно поради Ајфелова), улицата Кебер (сигурна сум дека не се пишува така), Портата (изненадувачки доста убава), Шанселизе (искулирана прошетка, малце одмор). Исто така, 3-4 саати прошетавме од местото каде што бевме сместени (Sainte-Mande), се до крајот на Diderot (можеби малце непотребна шетња со оглед на тоа дека кратки бевме со времето, но сепак беше прекрасно и имаше што да се види).

    Времето не послужи одлично. Првите 2 дена беше сончево и топло, до 17-18 степени и немаше облаче на небото. Доживеав 2 зајдисонциња на реката Сена, тоа е неописливо убаво и немам зборови за да го опишам. Прекрасна голема река, насекаде магични згради од двете страни на Сена, мостови на секој чекор, многу луѓе и разни дешавки покрај самиот брег, бродови од сите величини... Непроценливо! Една од причините зошто ми се допадна Нотердам беше токму затоа што тогаш кога започнавме да се доближуваме до катедралата боите на небото беа неверојатно. Розевко-сини нијанси, самата катедрала имаше некаков светло виолетово-зеленкаст одблесок. Огромна катедрала (учејќи за неа на факултет не замислував дека е до толку голема), монументална, ти влева почит и те тера да и се покориш на нејзината убавина. Чекајќи во ред за да влеземе, уживавме во отчукувањата на камбаните. Имаше илјадници луѓе, а толку беше тивко и мирно. Внатре, сводови до недоглед. Толку убава што те тера да се осетиш безвреден, како да не заслужуваш да бидеш внатре, како човекот да ја валка нејзината убавина со тоа што ја преплавува со чекори и вперени погледи. Човек свиреше на пијано, па потоа нешто збореше, па потоа свиреше на оргули. Навечер подеднакво убава, целата осветлена. Да не беа изложбите кои ги посетив, ова ќе ми беше омиленото доживување во Париз.

    Ајфелова најпрво ја посетив навечер, сакавме да ја видиме осветлена. Во моментот кога и се приближувавме почна да светка. Да, се сложувам, тоа е најубавиот дел поврзан со кулата. Толку е убаво осветлена, целата златна, што мислиш дека не е направена од метал, туку од кристал и ако ја допреш, ќе се сруши. Целата таа вечер ја поминавме во нејзината околина, на Трокадеро, покрај Сена, Одмаравме, уживавме во мирните моменти и и се насладувавме на нејзината светлина.
    Третиот ден ја посетивме наутро со намера да се искачиме до вториот спрат. Но, имаше претерано густа магла и кулата се гледаше само до првиот спрат. Искрено, многу ми се допадна таа гледка. Но, тоа беше причината зошто не се искачивме.

    Идејќи до Портата ја изодевме Кебер, улица полна со бистроа (како и сите останати), луксузни хотели, зачудувачки згради со неописливо убава архитектура (како и во секое останато ќоше од Париз). Не очекував ништо посебно од Портата, па поради тоа и се изненадив. Беше поголема од тоа што ја замислував и многу поубава. Исто како во музејот Орсеј, така и тука беше присутен истиот свет во нејзината декорација. Ако некој знае кој е тој свет и зошто е толку присутен во Париз, нека ми пише.

    Од Портата, нормално започнавме да ја шетаме Шанселизе, нејзината лева страна. Улицата е сето тоа што мислев, широк булевар, илјадници луѓе по тротоарот, разни продавници, бутици, кафичи. Убаво беше малце да се одмори, да се земе длабок воздух и да се препушти во искулираното одење.

    При крајот на Шанселизе, скршнавме кон Петит и Гранд палатите и ја посетивме Гранд палатата бидејќи имаше изложба со дела на Пикасо и уметници инспирирани од него. Како негов огромен љубител, беше неизбежно да ја посетам. Видов дела од неговиот син период, кубизмот, малце подоцнежните години (30ти-40ти). Имаше и дела од Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн, Џаспер Џонс и еден од моите омилени - Баскијат (мислам дека малкуцка вриснав кога ја видов неговата слика).

    Од Гранд палатата заминавме на Конкорд. Каква глетка! Обелискот и фонтаната осветлени, сите тие згради кои го опколуваат.... на едната страна осветлена Шанселизе со Портата на крајот, покрај неа осветлена кулата, позади осветлен Лувр... ПРЕ КРАС НО ТИ И! Кркавме палачинка од еден тип што си правеше на сред Конкорд кој испадна дека е србин и ни даде попуст.

    Од тука, по не знам кој пат, ја прошетавме Риволи и преку Лувр се упативме накај понт дес арт, на кој за жал имаше само мал дел оставен за прикачување катанци, но доволен за да го закачиме нашиот. Уште една прекрасна глетка, на сред мост си седиш, на сред Сена, осветлен градот, покрај тебе прекрасни згради (поготово тој универзитетот (мислам дека беше тоа) од десната страна на мостот).

    За крај, моите омилени 2 посети: посетата на музејот Лувр и музејот Орсеј. Најпрво го посетивме Лувр, се мушнавме за беспари. Колкаво е тоа чудовиште! Влеговле од влезот на лавовите и шеткавме во тој предел. Си видов дела на Гоја, Веласкез, Ел Греко, Караваџо, Рафаело, Давид, Леонардо, Ботичели, Фра Анџелико, Пјеро де ла Франческа, Веронезе, Тицијан, Тинторето, Микеланџело, итн. Жалам единствено што не видов дело на Рубенс, Ребрант, Ван Ајк и Халс. Али претерано далеку беа, бев преизморена, дехидрирана, гладна, главата почна да ме боли, претопло ми беше, сафра ме мачење... саат време се трудевме да излеземе од музејот, едвај излеговме! Сорте, сорте, сорте... на секој пишан излез ти влегуваш во нова просторија. Али и тоа е дел од искуството, се на се, беше незаборавно доживување. Искрено, повеќе ми лежеше Орсеј. Поголем љубител сум на модерна уметност, отколку на ренесанса и барок. Така да, да се види Ван Гог, Моне, Мане, Реноар, Дега и сите останати уметници од импресионизмот и постимпресионизмот за мене беше... РАЈ! Толку лично ги доживував овие уметници, мислам дека додека да излезам од музејот, срцето ми ослабе. Душата ми се препороди во Орсеј! А и самта beaux-arts архитектура на зградата, нејзиниот стар изглед на железница, часовникот во главниот предел и тие помалите надворешни часовници со нивните прекрасни погледни на Сена... ако некој го посети Париз и не го посети Орсеј, негова најголема загуба! Верувајте ми!

    Се на се, беа магични 3 дена. Неопислива француска архитектура, катедрали и мостови, тезги покрај Сена, бистроа и кафулиња на секој чекор, не постојат зборови со кои можам да ја опишам магијата на Париз. Беше убаво да се осети и ноќниот живот (океј, не баш ноќен, не посетивме клуб или слично), шетајќи навечер во околината на Риволи, таква светлина, толку луѓе, музика од некаде доаѓа, раздвиженост, живост,.... милина. Една вечер, земавме пиво и вино и седевме помеѓу Лувр и Тулури (како и да се пишува), пред нас си светеше Ајфелова, ние си седевме, си пиевме, си раскажувавме дешавки и си се смеевме. Исто така, морам да напоменам дека французите беа ЕКСТРА ФИНИ. Толку културни, толку љубезни. Сите ни помогнаа кого и да прашавме за помош, 90% од нив знае англиски и збореа на англиски (само двајца или тројца не, и беа постари луѓе). Од премногу шетање и тоа што заглавувавме со саати некаде, речиси и да не јадев. Башка, искачавме уште во 6ипол-7 и се беше затворено во нашата околина. Плус, фативме и недела (воедно и празник на тој ден). Два пати јадев во пекарата пред нашиот апартман, багет сендвич, некакво благо и еден тоооооолку вкусен кроасан. Палачинката на Конкорд. Донер. Кинеска. Мегдоналдс (тоа најдовме на Риволи единствено во нашиот буџет).

    Најмногу жалам што не шетнав до Монмартр, планирав тој ден после Шанселизе, но налетав на изложбата на Пикасо и таму заглавив. Исто така, сакав да шетнам и низ Латинскиот предел, кај Луксембуршката градина, Пантеонот и Шекспир компани книжарата. Сакав да шетнам и низ гробиштата. Но, ете тура за наредната посета. И тогаш, ќе пробам и некое макаронче. До следно патување, au revoir!
     
    На joy1, awl, Esmeralda-MD и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.083
    Допаѓања:
    12.825

    Браво супер си поминала и многу работи си видела. Јас има посетено 3 града во Франција сосе Париз, ама Париз на неколку саати на екскурзија. Сега се мислев да штедам, да одам следниот одмор пат во Франција, само што јас сакам и малите места да ги истражам, помалите градови во земјата се многу убави според мене. Секој си е посебен. Е сега картата со виз ер колку те чинеше повратна?Порано имаше некој автобус на релација Скопје-Париз и повратна беше 9000 денари, ова го знам од еден Французин кој волонтираше во мојот град. Ама сега аккви времиња се дојдени, поветно е со авион и побрзо се стига. За спиење како се снајде, каде бараше на кој сајт?
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    @MissChievous може ли да ни кажеш во кој хотел/мотел/хостел беше сместена и која беше цената?
    Извини ако прашањево е премногу лично, може да ми пишеш во лп ако е проблем јавно.
    Едит: сега гледам дека си пишала апартман, тој детаљ го испуштив. Во секој случај, ако можеш сподели информација за сместувањето.

    Преку Booking.com резервиравте сместување?

    Патем, многу ми се допадна твојот мал патепис. :) Имаш добра можност за забележување и се гледа дека си уживала.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Картата ми беше од wizzair, најпрво кога се решив да идам за Париз беше 1800 денари повратна, па рипна на 2200, па на 2800, за на крај да ја купам за 3200. Цените се променија вака во рок од 2 недели, што значи, може да се најде и поефтина, зависи како ќе ја начекаш. За спиење барав само на airbnb, си најдов што ми одговара и си резервирав.

    Не е проблем да пишам, можеби некој ќе сака да знае и ќе се реши да побара на истото место. Барав апартмани на airbnb со максимум цена до 50 евра и така си го најдов тој што го резервирав. Се наоѓаше во населбата Sainte-Mande и севкупно за 3 вечери чинеше 124 евра (делено на 4 личности, плативме по 31 евро, што значи 10 евра од вечер). Апартманот беше малечок, таман за 3 дена, опремена кујна, тоалет, се. Ние буквално го користевме само да одспиеме некој саат и кафенце за расонување и вечерн туш. Кога би идела повторно во Париз, пак би идела во тој апартман.

    Едит: најдоброто нешто поврзано со станот беше тоа што метро станицата се наоѓаше буквално до зградата, со главната линија што носи кон Сена и поглавниве дестинации. Башка, ефтина преубава пекара спроти влезот и 2 прееефтини маркети во редот на зградата. Топ место!
     
    На joy1, awl, SuperGirl24 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Благодарам @MissChievous, многу корисни податоци. :hug:
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  9. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Ме интересира каков јавен превоз има од аеродромот до Париз? Автобус, воз, или метро, и колку кошта картата до центарот?
    Благодарам
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.083
    Допаѓања:
    12.825
    Ако не резервираш однапред какви ти се шансите на лице место кога ќе отидеш да најдеш сместување?Сепак на подалечно патување мора човек со повеќе пари во џеб да тргне. Јас патувам до соседните држави, ама тогаш кога бев со автобус во Франција на екскурзијата сега не знам дали дека деца бевме, ама никој не е проверуваше. Сите носевме храна , грицки во торбите, а со авион си ограничен што се смееш да внесеш. Мислам дека се построги, па кажете мислење?
     
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Од Буве аеродромот има автобус кој те носи во Париз, картата во еден правец е 17 евра. Моја препорака е веднаш штом се пристигне на автобуската станица, да се купи повратна бидејќи подоцна може да се случи да нема место. Токму тоа и мене ми се случи и бевме приморани да фатиме такси за да стигнеме на време за летот, кој не чинеше 50 евра од човек. Малерот беше што испадна потоа дека летот ни е одложен на цели 2 саати. :wasntme: Тоа беше единствената незгода која ја имавме.

    Не знам со сигурност да ти кажам, моја претпоставка е дека во тој случај ќе мораш да побараш хотел/хостел. На airbnb најефтиниот хостел нудеше соба (со 8 до 12 кревети) за 22-23 евра. Инаку, дозволено ти е да носиш храна во рачниот багаж горе во авионот, јас носев чоколадце, бисквити, бонбони. Мислам дека не смее течности само.
     
    На orevokrsacka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    ме интересира ако некој знае информативно колку чини сместување во хотел во северен дел на франција... мало место... како се движат цените?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    А зошто не видиш на booking како се движат цените?
     
    На awl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ќе одам во Париз за неколку дена, од ваше искуство колку пари би ми требале на ден за трошење (без смештај и музеи), значи само за јадење, кафе и слично (нормални оброци, не во скапи ресторани)?
     
  15. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Зависи колку дена ќе седиш и колку си економична.Ако си 4,5 дена може со 150-200 евра да се закрпиш.Но пак ќе кажам,зависи колку ќе седиш и колку трошиш.Од искуство зборам.
    И не заборавај да прошеташ низ Монмартр! :)
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    4 дена ќе останам :)
     
  17. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    За смештај искренo не знам затоа што цените варираат од зависност на квалитетот на сместувањето.Бидејќи зависи во кој дел на градот си сместена.А за другово кажав,кафе,храна.. може со 150-200 евра да пројдеш.Одбегнувај ги за храна главните централни подрачја како Шанз Eлизе т.е овие ресторани и продавници каде што се Елисејските полиња,тие околу Ајфеловата кула.Затоа што таму ако јадеш и пиеш кафе... 200 евра у еден ден може да ти отиднат :) Добро е да ги раситниш по 5 евра бидејќи у големи градови се случуваат и големи чуда :)
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Зависи каде јадеш и колку често. Јас на пример, јадев еднаш наутро и еднаш навечер, не зошто штедев, туку едноставно нема време. Влегуваш во еден музеј, остануваш пола ден, одиш на друго место, заглавуваш и таму. Одеднаш, поминал денот.

    Јас каде што бев сместена, веднаш спроти зградата имаше пекара и наутро обично од таму јадев.

    рисајзнати 1.png рисајзнати 2.png рисајзнати 3.png

    Кроасан со кашкавал и сувомеснато беше 2 ипол евра, багет со предобар кашкавал и салатки беше ипол евра, еден куп благи работи за 2-3 евра. Лебот беше 2/2ипол евра. На истата улица имаше 2 маркета, храната беше ефтина. Вакумирани сендвичи за 1ипол/2/2ипол (зависи каков), кашкавали по 2/3 евра, пакет 8 обични кроасани 2 евра, 1,5 л шише вода 30 центи. Еднаш јадев огромен донер со помфрит за 4 ипол евра. Во Мегдоналдс се стандардни цените, Биг Мег оброк 7/7ипол евра. На Конкорд јадев палачинка (од Србин) за 4 евра. Исто, јадев од кинески ресторан, се беше 1,30 на мерење.

    Забележав дека во централниот дел на Париз (не знам дали е навистина центар, јас така го согледував тој дел), односно околу реката Сена, почнувајќи да речеме од Нотердам па се до Ајфелова, немаше многу избор, се беа ресторани и кафулиња каде што не верувам дека оброк би бил испод 15/20 евра. Исто така, во тој дел немаше маркет (еднаш ни се посреќи само). Така да, мој совет ти е да јадеш настрана од тој туристички предел, ако налеташ на пекара, обавезно од таму земи си нешто, па дури можеш и повеќе работи, за после. Исто така, маркет. Искористи што можеш да најдеш таму. Сега океј, нормално можеш барем еднаш да седнеш некаде каде што би ти било кејф, колку да се рече. Но, мене поважно ми беше да имам пари за шетање, односно места за посетување и превоз.


    Јас за храна не дадов повеќе од 50 евра, а бев во Париз 3 ноќевања/4 дена. Така да, зависи каде јадеш.
     
    На joy1, femina90 и HUNK им се допаѓа ова.
  19. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    бев во париз пред 3ипол години, убави спомени имам, бев во дизниленд каде што беше предобро, се качив на ајфелова, бев во лувр, версај, мулен руж, на мон март квартот на уметниците
    еве некои слики
    upload_2016-9-15_10-37-50.png
    upload_2016-9-15_10-38-4.png
    upload_2016-9-15_10-38-17.png upload_2016-9-15_10-38-33.png upload_2016-9-15_10-38-45.png
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Ај и јас да ставам некоја фотка, веќе кога изнараскажав се.[​IMG]

    4.jpg 3.png 2 1.jpg 6.jpg 12 2.png 4 1.png 9 1.jpg 2 1.jpg 10.jpg



    сена 2.jpg
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.