Здрaвo. Сaкaм дa прaшaм нештo вo врскa сo јaвниoт превoз вo Пaриз . ке летaм вo мaрт 4 денa ке престoјувaм кaквa кaртa дa земaм oд кaде се купувa aкo знaе некoј некa ми пише блaгoдaрaм oднaпред
Ако мислиш на метро, картата се купува во метрото, веднаш кога ќе се симнеш долу во станицата, има апарати слични на банкомати и тука си купуваш. Во автобус, кај возачот.
Во Париз сум била два пати и планирам повторно да отидам летово....ме фасцинира секој агол и полетност на градот и разиграноста на францускиот дух. Што е до мене веднаш би се преселила таму да живеам и секое утро да пијам кафе во Cafe de Flore <3
Сместување немам сеуште најдено, имам само карти. Планот ми е сместување да најдам преку Booking. Разгледував, има пристојни понуди и цени. Преостанува уште да се одлучам. Секоја препорака би била добредојдена. Важно ми е да имам пристојно собиче за двајца во кое планирам да се приберам само за спиење. Истото да биде блиску до метро и по можност да има засебен тоалет.
Кога се оди со агенција во Париз покрај цената има дополнително аеродромски такси Доколку се оди сам колку чинат аеродромските такси и каде се плаќаат?
Како штотуку вратена да споделам импресии. Ако морам да го опишам градов со еден збор тоа би бил зборот прекрасен. Со својата убавина целосно ги исполни моите очекувања, баш е онаков како што и го замислував, волшебен и романтичен. Иако престојував само 3 дена сепак успеав да прошетам многу. Деновите ги користев максимално, излегував од хотелот наутро околу 9 часот а се прибирав доцна во ноќта. Хотелот го резервирав преку букинг и се наоѓаше во дваесетата област од центарот. Цената за едно ноќевање по лице беше околу 25 евра а собите беа сосема во ред. Поврзаноста со метрото е одлична, билетот е 1,9 евра за еден правец со тоа што може да се менуваат и повеќе линии со иста карта доколку не се излезе надвор од метрото. Се купуваат доле во метроата од автомати. Јас земав 10 билети по цена од 14 евра кои ми беа доволни за престојот. Првиот ден најпрво се упативме кон Нотердам, имавме среќа што немаше гужва и веднаш влеговме. Катедралата воодушевува со својата грандиозност и убавина. Во нејзина близина е чинам судот. Од таму тргнувајќи по кејот на реката Сена се упатив кон Лувр, попатно наидувајќи уште на неколку прекрасни градби како Орсеј и Conciergerie (стварно не знам како се изговара). За Лувр може долго и долго да се раскажува но во интерес на времето само ќе ви кажам дека никако не смее да се пропушти. Од таму, упатувајќи се преку градините, по кратка пауза кај езерцата, сончајќи се на удобните зелени столчиња стигнав на Конкорд. Погледот кон авенијата Шанзелизе и Трумфалната Капија воодушевува заедно во комбинација со сите останати градби кои го опкружуваат делов. продолжив по реката и попатно ја разгледав Гранд палатата. Полека полека, наближувавме веќе кон Ајфелова. Не замислував дека е толку убава. Многумина би рекле дека е куп железо но сепак тоа е многу добро осмислен куп без кој Париз не би бил тоа што е. Најпрво се упатив кон Трокадеро од каде има одлична гледка кон кулата. Направив кратка пауза, се фотографиравме, купив мали слатки сувенирчиња од уличните минувачи и тргнавме кон кулата. Се разбира дека решив да се качам иако малку се плашам од висина. Прво чекавме петнаесетина минути на безбедносна контрола а потоа уште половина час одприлика за карти. Погледот од висината неможам да го опишам со зборови. Целата бев наежена од возбуда. Малку фалеше да ја изгубам свеста кога дечкото клекна, извади мало црвено кутивче и ме запроси. Уште пред јас да се освестам што се случи, странците околу нас почнаа да се смеат да ни честитаат и да се нудат да не фотографираат. Каков момент! Никогаш нема да го заборавам, со насолзени очи од среќа се гушкавме. Потоа се симнавме, седнавме доле во тревата, си купивме шампањ и прославивме за прекрасниот настан. Од таму тргнавме кон триумфалната капија која беше многу поголема и поубава од онаа која ја замислував. За крај на денот прошетавме по Шанзелизе и си отидовме на спиење. Вториот ден беше резервиран за Монмартр и катедралата Sacre Coeur. Монмртр е баш едно од најромантичните места со тие прекрасни ресторанчиња и еден куп уметници. Од како добро го прошетавме и разгледавме овој предел се упативме кој Mulen Rouge. Во негова близина решивме да одмориме правејќи пауза за кафе и кроасан. Навистина биле вкусни кроасаните, се топат во уста... Потоа, тргнувајќи пеш по улиците сосема непланирано ја видовме и операта. Веќе дојде пладне и по краткиот одмор во хотелот се упативме на вечерна прошетка низ Париз. Колку е убав градов навечер! Како бајка е! Навистина незнам како да ја опишам убавината на осветлената Сена со десетиците мостови, убавината на Нотердам, убавината на кулата... Навечер градов е баш како на оние најубавите разгледници. Третиот ден и не остана многу време. Си ги спремивме работите и се упативме кон Луксембуршките градини. Одкако добро ги разгледавме свративме и во Латинскиот дел каде имаше навистина вкусна храна. Од тука уште малку прошетавме кон реката и веќе беше време да се упатиме кон местото од каде поаѓаше автобусот за на аеродром. Бидејќи стигнавме одприлика час порано, имавме време малку да го разгледаме и Конгрес Центарот кој е во непосредна близина на автобуската. Се на се, прекрасно поминато патување, прекрасно исполнети три дена. И пред да го видам, Париз за мене секогаш беше градот на љубовта, градот на светлината, градот романтиката и убавината. Сето тоа само се потврди. Од сега па натаму мислам дека за мене ќе биде омилениот град, како да не биде кога и предлогот за брак си го добив таму? Жалам што немав малку повеќе време за да го видам Версај и убаво да го прошетам новиот дел но тоа е што е, ќе се потрудам наскоро да создадам уште една прилика за повторна посета. Кога ќе имам време ќе прикачам и слики.
Да, си купив карти одприлика месец порано по супер цена, околу 2500 повратна. Летовите во двата правци минаа во најдобар ред, ептен беа точни.
На кој аеродром слета ? Јас (не баш наскоро) сакам да одам во Париз на 4 дена, ама во моето ,,мени,, и Дизниленд ќе се најде ради малото, па ми се битни вакви поединости
Beavuis airport, оддалечен е од Париз околу 75 километри, или одприлика час и половина возење. Носи на местото Порте Меилот кое се наоѓа на одприлика две станици од Триумфалната Капија и од каде има метро. Постојано има автобуси кои носат до Париз и до аеродром. Картата на лице место ако се купи чини 17 евра во еден правец а преку интернет мислам дека е 1-2 евра поевтина.
Девојки, кои агенвии одат за Париз вклучувајќи го и Дизниленд обавезно? Од каде се купуваат карти за Дизниленд и колку часа моѓеш да поминеш таму?
Картите можеш да ги купиш пред влезот, но и самата агенција со која патуваш нуди карти. Дизниленд е поделен на два забавни паркови, еден е наменет за деца, а друг е за возрасни. Картите се купуваат одделно и чинат околу 30евра, што значи за посета на двата паркови би платила околу 60евра, вреди да се види ама баш се. Со време не те ограничуваат, можеш да престојуваш цел ден. Прогуглај ќе ти излезат понуди од агенции
Благодарам Ели, дефинитивно имам план да отидам, специјално за Дизниленд и Богородичната Црква во Париз... па и не чинат многу картите мислам. Само да го надминам мојот страв од авиони