Во суд. Ден за ден ги даваат. Само сега е крај на година,а поднесувањето е до март месец. Најарно е да си поднесеш барање на 3-4 јануари 2018 зашто во МТСП ги бараат со тековна година. Еве мислам @Sv. Nikolka е таму,во таа бранша,може повеќе да ти објасни.
Да, кај мене, јас баш бев на трето дете, после Нова Година тоа. Кај нас во Основен 2 се издаваат молби, копија од лична карта од мајката и 320 денари на уплатница на жиро сметка. Комплет со се тие документи, одиш на шалтер 25 и 26 беше лани, ти даваат бројче, мислам дека утредента Уверението ти е готово. Го изготвуваат и потпишуваат Судиите на Вонпарнична. Потоа со Уверението се оди во Центарот за Социјални работи, е таму мислам дека се чека ама незнам колку. Само внимавајте го запазете го рокот, цел Јануар трае поднесувањето кај нас во Двојка. А во Центарот незнам. Пред две години по цел месец чекаа кај од кај нас во Суд, а од лани за ден ја издаваа. Денес поднесуваш, утре на шалтер ја подигаш. Па 8300 денари чинам дека зимаа, не се за потценување.
Женски кој фонд/министерство ги пушта парите за трето дете? Да фатам врски да ми пуштат бидејќи трети месец како немам ништо земено.
Ќе ти пуштат наеднаш за сите три месеци ама прво треба да ти пратат решение дека треба да земаш 10 год. А после тоа ќе ти бидат исплатени за сите месеци откако си се породила до сега.