Јас денес обновив документи само формуларот го потполнив со сите податоци и толку , а за вакцините си го земам картонот кога има вакцина одам во центарот за имунизација ми ставаат печат и го враќам во центар за соц.работа и толку
Би требали да има исплата. Друг пат овој период мислам дека ни каснеа, по што се прават обнова на документи.Ај ќе видиме што ќе биде?
И јас првпат ги обновив документите и не ми стигнало решение.Ако сака некој кој веќе обновувал претходно да ни објасни како е и дали се чека на исплата?Би била благодарна
Лани не се направи пауза кај тие што си обновија документи во јануари. Кога обновувате документи, носете си го решението од лани, бидејќи многу им е битен бројот на решението, врз основа на тој број Ви го бараат полесно досието. Јас лани решение добив во август месец, а пауза не се направи.
Од ниакде не даваат. Пред неколку години даваа некој надомест , ама само во општини каде наталитетот беше под ниво, ама и тоа го укинале.
Не државјанство, туку потврда за жителство. Дека мајката била жител на РМ најмалку три години пред да го роди детето. Нас таков документ ни бараа.