1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паричен надоместок за трето дете

Дискусија во 'Дете' започната од ohoho, 25 март 2011.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Кај виде гнев?
    Се залагаш за пари, не за дете.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.884
    Допаѓања:
    14.237
    Пол:
    Женски
    Кој за што раѓа деца е индивидуална работа. Јас за пари да одам под нож 3-4 пати не знам,ќе размислам,што ако не се разбудам после пораѓајот? Парите ли ќе ме вратат? Све се дешава. Или па фала богу способни сме работоспособни па зашто едно дете да ми живее и расте само? Пари ли да чекам за да родам?

    А да зачитав некаде по интернетов дека надоместокот за трето дете ќе се укине но ќе се дава еднократна парична помош за секое дете а не само за првото како до сега.

    Е сега ако мислите дека со седење дома и "милостина" од 8 000ден се живее господски и луксузно далеку сте се излажале. Со тие пари можеш само сметката за вода што ги капеш трите деца струјата што ја тришиш за нив и телевизијата цртани што гледаат да ги подмириш.
     
    На Beautymom, butterfly.mk и Skopje1920 им се допаѓа ова.
  3. Skopje1920

    Skopje1920 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2018
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    toa moze da go razbere samo onoj sto se macel videl muka vo zivotot i koj videl sto znaci da se nema na zalost
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    Ве читам некое време и се воздржувам од коментар, ама не можам веќе!!!
    Добро бе, зар навистина верувате во она што го пишувате - да ве цитирам " раѓаат дете за пари"! Навистина??? Навистина??? За роднини/комшии/ познаници тврдите или од свое искуство? м?
    Па уште и коментари од типот - си кулира без работа мајкава - лакомата за мочани 8 илјадарки - живее на товар на државата ..зошто со тие пари има услови да запише деца во приватни гранки, да најми куќни помошнички и да тера кафиња и шопинзи и уште и на сметка да трга за да има за трите за факултети :x
    Знаете воопшто одблизу како изгледа животот на една мајка со три деца? Мајки и со едно дете се откажуваат од кариера за да се посветат на детето и домот, ама ако е мајкава со три деца автоматски е паразит кој го цица буџетот, а не жена мајка кралица :rock:
     
    На Beautymom, butterfly.mk, Pcelka1315 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Жени работат за отприлика 8 илјади па како гледаат деца со таа плата деца? Ако нема за три деца да пораснеш и факултет да им платиш, ќе нема ни за 2, тие пари се за гладен да не си. И не мора сите што имаат 3 деца да се најдат во пишаното, не е за сите. Некои, да, родиле за да земаат плус приход. И ако толку им е платата тогаш уште толку на сметка секако е голем плус. Не знам статистики дали има ама вака од око, пред законот скоро и да не познавав пар со три деца, после законот ги има многу. И тоа си е нивна пресметка, јас лично ниту ги напаѓам ниту осудувам, а нема потреба и ти да зборуваш во име на сите.
     
    На violetblue и candy.cane им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    33.964
    Пол:
    Женски
    Нели би било подобро да се залагаш да се воведе повисок износ на детскиот додаток за секое дете? На пример ние бевме тројца и земавме вкупно 1 800 денари детски додаток бидејќи тоа беше максимумот кој може да се зема. Едно дете 600 денари во нашиов случај.
    Многу би придонела во светот доколку се залагаш да се воведе додаток за секое дете до 18 години наместо да се укине тој за трето дете.
     
    На iki26, An-na и marchi-cool им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Да Бубале, верувам и знам зашто во семејство со најмногу деца (4) што го познавам лично (за роднини се работи), мајката сум ја слушнала лично со муабет дека го планираше третото дете поради надоместокот, пресметувајќи внимателно како законот да не ја избегне. Ниту се откажала од кариера, ниту обрнуваше внимание на воспитувањето на децава колку што ги знам.
    Не велам дека сите родители на три деца се такви (ти како таква силна и посветена мајка најмалку треба да се пронаоѓаш), се разбира - но многумина се поклопивме со мислење дека е чест случај поттикнат од законов.

    А знам одблизу и дека многу деца во дводетни семејства, па и единци - и тоа како се соочуваат со детска сиромаштија - скратени задоволства, принудно развивање свест и одговорност за пари и штедење, уште од мали нозе. Што се тие помалку од третите деца?! Децата бројка ли се, дел од мочани проценти ли се што треба да се накачат за *опасните* малцинства да не ни ја преземат државата?

    Законот е дискриминирачки, површен, патетичен и дел од уназадувачка политика. Точно е дека има други цели на кои е уште побезобразно колку пари се трошат од буџет (како фамозните патни трошоци), но сепак си стои дека е таков.
    Надоместок од 8.000 (и тоа само во првите 10 години, за тинејџерските години во кои допрва уште повеќе пари требаат - никој не се прашува!) не треба никому значително да влијае и да го мотивира (а тоа беше целта на кампањата) да раѓа трето дете. Подготвеност за наредно дете, и тоа трето или повеќе - подразбира мнооогу повеќе од тоа.
     
    Последна измена: 12 ноември 2018
    На CameliaMiller, violetblue, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    Па тоа и ми беше муабетот мене, и далеку од тоа дека мене ми е целта есапот на некои да им го правам нити па негде се обидов да зборувам во име на сите, само поедини коментари од темава се толку провокативни па дури и злобни, затоа пишав.
    Кој си родил зошто си родил и како ќе си го гледа негов проблем..
    Ама пусти менталитет наш, 90% третото дете го гледаат како - дете родено за субвенции.
    А жена и со 3 и со 5 деца може да постигне и на нив да се посвети и кариера да гради ама и државата треба да и го понуди тоа, а не овде чим затрудниш отказ добиваш. Знаете колку работаат за приватњаци на кои не им е гајле дека детето ти е болно а не па ако трите истовремено сипаници ти фатиле па да ти следи болдување? Затоа има жени кои се откажале од работа ама не по своја воља и си ги гледаат децата.
    И јас сум за да се дава детски додаток на секое дете а да се обезбеди подостојна социјална помош за тие на кои навистина им е потребна. И да се воведе закон со кој ќе се заштитени работничките права на вработените мајки ама не само за администрацијата туку да важи и за секој квази газда тиранин.
    Многу промени и се потребни на оваа држава. Многу повеќе од 15тина илјади евра за 5члено семејство кои досега одеа како додаток за трето.
     
    На iki26, gjoker4e, Nine25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    Слободно цитирај не :) Инаку, знам мајки што родија само за да земаат 8.000 денари. Значи, не реков дека сите што имаат три деца се такви, ама има такви што родија трето дете и напуштија работа зашто си земале пари. И да, некои мајки се задоволуваат со тие мочани 8000, во комшии ми е таква(притоа струјата им ја исклучуваа зашто едвај сврзуваат крај со крај), роди само за пари, и не можеш да ме убедиш дека нема такви.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.690
    Допаѓања:
    322.263
    Има такви жени.
    Не дека не ги сакаат децата, мајка неможе да не си го сака чедото, ама првичната замисла на таа што ја познавам беше дека ќе зема додаток.
    Значи калкулативен пораст на наталитет:D
     
    На CameliaMiller, DAngel и Black girl им се допаѓа ова.
  11. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Ја читам темава и искрено од некои коментари се чудам и се прашувам дали навистина се од жени.Како може да осудувате некој кој сака повеќе деца? Може некому баш тие 8000 му биле мотив зашто од секогаш сакале повеќе деца но не можеле да си дозволат.А незнам баш кој би родил дете за пари.Значи тој додаток трае десет години,баш кога детето бара повеќе трошоци,тогаш се укинува.Сигурно не секој може да си дозволи да става на книшка цела таа сума.Познавам мајки и тоа повеќе кои и работат и имаат три деца.И земаат додаток. Зошто да не? Три пати раѓала,три злата чува дома,храни,облекува.И обично повеќе деца се воспитани на скромност.
    Ако сака државата наталитет нека дава додаток за секое дете како што е во некои развиени држави,досега даваа само еднократна помош од 5000 запрво,за второ ништо.Второто не е дете ли? И да,децата се раснат со љубов,внимание,нега,секако дека ако немаш да ги прехраниш квалитетно нема да раѓаш три или четири деца.Пишал некој погоре,дека баш е попотребна помош за прво,зашто за второ имаш колички,алишта,и други реквизити. Исто и за третото. Тогаш нека даваат некоја нормална сума за секое дете.Не ви пречат платите на пратениците,патните трошоци и сите криминални тендери во државава,ви пречи надоместокот за трето дете?
    И да,еве јас чекам трето,кај да е ќе се породам,и не не ми паднало на памет да ги раснам и хранам децата со тие осум илјадарки,туку да ги запишам во градинка,за да можам да одам на работа,да работам,да земам плата и се да им овозможам.А финансии плус секогаш се добредојдени.Ни па ми текна да раѓам трето за пари.Имам кај да ги сместам,да им дадам љубов,храна и се што им треба,и ете Господ така сакал на крајот од краиштата.
     
    На Beautymom, Ivince100, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    Драга моја, за прво дете даваат само еднаш 5.000 и толку, а за трето секој месец. Тоа беше муабетот, што не даваат по 5.000 секој месец и тие што имаат по едно, две деца, дека нели финансии се секогаш добредојдени. А финансии најмногу требаат за храна и за памперс, а не толку за количка, релаксатор или дубак и слично. Релаксатор и дубак можеш да купиш, а може и да не купиш, а памперс, млеко(доколку не го доиш), друга храна мораш да купиш. Така што финансии си требаат и за едно, две или три деца, а себично ми е само за трето да следуваат тие пари.
     
  13. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    И јас го реков тоа,зошто не се дава за сите деца.Знам дека се дава пет илјади и толку . Две имам.За првото ми дадоа таа еднократна помош,второто никому ништо.Секој си знае како си ги гледа децата.Ете нека даваат по пет,по осум,по десет илјади секој месец на секое семејство со деца.И со едно,и две и три.Може така и е поправилно. Дали тогаш мајките воопшто нема да работат и ќе чекаат на тој надоместок за децата? Не верувам. Ме нервира што се осудуваат мајките што решиле да родат повеќе деца. И зошто никој досега не се побунил ни па побарал,туку сега сите скокнаа,читав дури и коментари демек ете ви доста лежевте дома и раѓате. И тој детски додаток некој спомнал,знаете ли колку е ? Окоу 700 800 денари на дете,ако имаш незнам колку минимална или помалку од минимална плата. Факт е дека државата не мислела,ниту пак мисли за иднина на млади.
     
  14. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Кој сака, колку сака деца нека раѓа. Но зошто за едни мајка, за други маќеа државата, не знам.

    Ако веќе се крати додаток, тие пари нека ги вложат на други места наменети за бебиња и дечиња. Ама којзнае каде ветриштата ќе ги однесат тие пари.

    Јас лично сум засегната со три намени:

    * Вработување повеќе доктори, хирурзи, сестри и нова опрема на интензивна нега на ГАК. За близначето кое ми живееше ден ипол чекаа неколку часа да дојде хирург од друга клиника да му ставеле цевче за пнеумоторакс, потоа веќе касно беше премногу му ослабна срцето. А другото го префрлија на Детска клиника зошто им фалело респиратор. Им фалело бе. Што ако и на Детска немаа слободно, што ќе беше?

    * Породилно ми е и мене 9 месеца, а бебето родено 29 недела. Сега ќе пишуваат дијагнози анемија и што знам за да земам 3 месеца боледување за нега на дете. Замислете нема дијагноза, шифра за продолжување породилно за предвреме родени, па мора да се снаоѓаме.

    * Премногу ми е мило за тие што си можат без проблем да зачнат и родат 2, 3, 4.. дечиња, но некој се бори за прво. Државата дава помош за бесплатни ИВФ обиди, но се само 3 за прво дете, но многу успеваат од 4, 5, 6 обид. Што не зголемат? И тие бесплатните не се баш така, јас доплаќав инекции зошто Фондот дава 30, а мене ми требаа 55. И ако сакаш да замрзнеш пак плаќаш..

    Ете и друг пример, се сетив на една познаничка, навистина треба да го зголемат додатокот за дете со посебни потреби знаете колку е минорен 4400-6500денари (поголемава сума за социјални случаи).

    Ама џабе е се, видоа во Буџетот колку пари се одлеваат за трето и четврто дете, им светнале очињата, измислија утешна награда, а парите ќе се пренаменат за глупости.
     
    На warrior, Beautymom, elena.mak и 13 други им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    27.217
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека парите што се укинуваат како помош за трето дете треба да се пренаменат за подобри услови за растење на сите деца во државава.
    Фалат градинки, дел од градинките треба да се модернизираат итн.
    Има деца со посебни потреби, со ретки болести за кои навистина се потребни пари.

    А ако веќе некој пресметал дека може да има трето дете нека си го роди. Сигурно не го раѓа за пари.
     
    На Martka, DuchessAnn и marchi-cool им се допаѓа ова.
  16. Simgeee

    Simgeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2017
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Dali deneska ima isplata ?

    Feminki tuka ste ??? Ima kaj nekogo isplata denes ili ne posto kaj mene nema nisto zakasnija ili ima nesto drugo ?
     
    Последна измена од модератор: 11 декември 2018
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Во 7.
     
  18. Simgeee

    Simgeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2017
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Sto vo 7 ? Ne te razbram izvini duso
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Феминките се тука ама никој не знае точно да ти одговори. До 19часот би требало да има.
     
  20. Simgeee

    Simgeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2017
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Fala mnogu pak za tvojot odgovor