Бев во социјално, се си е како претходно. Бараат само потврда дека не е одземено родителско право, л.к. од мајка и татко, вакцини и потврда за редовен ученик. Не гледаат приходи
Не поднесов барање, бидејќи уште немам извадено потврда за родителско право. Јас во Килела Вода поднесувам. Сега не поднесуваат веќе од Студеничани таму. Имаше 10тина луѓе. Барања и изјави слободно од таму може да си земеш, а може и да си симнеш од интернет. За трето дете за тие што бараат продолжување си е како до сега, по старо. За нови ништо не ми кажаа, малку беше нељубезна таа на шалтерот
Ајде и уште една информација. Се јавив во социјално, за трето дете сега родено следува еднократен надоместок (не знам во колкав износ) само ако примањата на мајката се до минималната плата. За сите останати не следува.
Не, ова е само за сега родени, што се уште немаат поднесено прво барање за додаток за трето дете. Тие може да поднесат само ако имаат примања помали од минималната. Значи зборуваме за бебиња родени во последните 3 месеци. Сите кои што претходно си зимале додаток по стариот закон, си продолжуваат исто како порано. Прашав и во социјално и на телефон во нивните служби, истиот одговор го добив.
Чекај сега за од сега родените трети деца ке има само еден додаток или исто како порано месечен додаток ако е минимална платата на мајката ?
Да не знаете за колку време (откако ќе се предаде барањето) се подига во суд потврда дека не ми е одземено родителско право?
не примаат секаде копија од книшка, бараат потврда од вакцинален статус. Децата од 3 години па до 7 години немаат воопшто потреба да вадат ваква потврда идејќи нема никакви промени во вакциналниот статус, ама....со кого имаш работа