Мајки ај кажете ми каква тужба може да се поднесе доколку работодавецот сака да ве отпушти после истекот на породилното? Како одат тие работи, заштитени ли сме?
Првин дали ти писмено го Првин дали ти писмено 30 дена порано го потсети газдата дека се враќаш на тој и тој датум. Каков договор имате потпишено предходно ако е на определено и ти истекува може слободно да те напушти ако имаш неискористен одмор можеш да го искористиш или да ти го плати..... Се зависи какви ви биле условите тоа најдобро со правник да си поправиш муабет. Од социјално за прво родено дете даваат и ти треба потврда од матичниот дека ти е прво дете. Ке си однесеш копија од изводот на детето и таму ке ти речат за толку и толку недели ке ти дадат лист да одиш во банка да го поднесеш. А за општина извод од детето копија од твоја л.к. копија трансакциона мислам тоа дека беше. Заборавив да кажам дека за во социјално најдоцна три месеца од раѓање може да се поднесе
Luge ja ne se snaogam..Ova od opstinite se ustvari pari od Ministerstvo za trud i socijalna politika(neli opstinite se pod MTSP). A ova 'socijalno' sto znaci? @wannaBeMomma Zasto gledam deka Centar za socijalni raboti isto taka e pod MTSP...
Pogore pisav, nekoi od opstinitr davaat pomos i plus od centar za socijalna rqb ili kako i da e davaat isto za prvorodeno. Sto znaci 2x5000
А како пуштаат пари денот кога фирмата зема плата или поинаку е? Пример кај мене во фирма платата легнува на 5 ти, а јас поднесам после тој датум,ке чекам нареден месец да земам пари на истата дата ?
Да да во општина даваат и за прво второ и трето. А социјално само за прво. Од општина ми дадоа 6000 и патичиња. А од социјално 5 200 а зошто и 200 незнам.
Не пуштаат пари на истата дата, туку како што ќе ги обработуваат документите. Кај мене во фирма плата се зема најкасно до 5 во месецот, а фондот ми исплаќа породилно после 10 во месецот. Битно е фирмата да е редовна.
Здраво девојки. Имам едно прашање недумица доколку некоја се нашла во иста ситуација или знае, би сакала да ми одговори. Покасно во бременоста ме пријавија во фирма. Поточно на 06.10.2016г. Е сега работата е тоа што точно 6месеци пријавена (нели мора да се 6мес така ми кажаа, за да може трудничко да се зима) се сега на 06.04 во четврток. Јас сум 37+ недели бремена. Прашањето ми е: Што доколку се породам еве на 05.04? Или на 06.04? Дали ќе ми следува породилно да ми се исплаќа. Или ете 1ден од навршување на 6те месеци значи на 07.04 кога би се породила. Се извинувам на неколкуве прашања испомешани, но сум во недумица. Се јавив во Фонд и "културните" ми кажаа само : со полни навршени 6 календарски месеци. Не ме оставија ни да поставам прашање. Па доколку некоја од вас се нашла во иста ситуација, слична или знае да ми одговори ќе ви бидам благодарна. Фала ви и уште еднаш извинете за конфузниве мои прашања
И јас се распрашував за породилно, имам еден комшија кој можеше да ме пријави во неговата фирма за да добијам породилно оти не работам, ама ништо не испадна од тоа, касно ни текна.На мене сестрата кај матичниот ми кажа ако ме пријават на 07.03 пример нема да се рачуна од тогаш, туку од 1ви април ќе почне да се рачуна. Имало многу такви случаеви со жени кои не добиле породилно баш поради тоа. Убаво ти кажале од Фондот. Според ова што го кажа, дека на 06.10 те пријавиле, не ти следува породилно.
Од 06.10.2016 до 06.04.2017 се точно 6месеци календарски работен стаж, платено здраство/придонеси. Тоа све се распрашавме и ми следува во четврток ми се точно 6месеци. Прашањето беше што доколку се породиш на 05.04.'17 или на 06.04.'17г значи еден ден порано или на ден на извршени 6месеци. Од Фонд кажуваат : 6 календарски месеци од ден на пријавување треба да се исполнат за да се земе породилен надоместок. А во врска со твоево, сестрата те излажала си требала да се обратиш во Фондот. Доколку те пријавеле на 07.03. .... 1 месец е како ќе си пријавена на 07.04. И се така точно 6мес ( доколку на време се плаќаат придонеси) ќе се навршени точно 6 месеци на 07.09.2017г. И ќе можеш да зимаш трудничко
И ден порано да е не исплаќаат. Само со минимум 6 месеци работен стаж. Ако се породиш на 06.04 (пример) а на 10.04 правиш 6 месеци ништо од бизнисот. Мислам дека @Jagoda123 беше у ваква ситуација. Ај Јаготче хелп?
Јасно ми е дека ќе ја најдат и најмалата ситница за да најдат начин да те зафркнат. Исто како со рефундација за клексани што прават финти и све нешто измислуваат. На мајка ми другарка е веќе во пензија, а работеше баш за ова исплати за породилно. Она вика од 06.10.2016 навршуваш точно 6 мес. на 06.04.2017. Но, глеј да е пораѓај ете од 08.04. За да не те зафркнат. Мада вика ако сакаат да те зафркнат и на 15ти да се породиш ќе ти најдат ситница. Затоа сакав да ве прашам вас некоја доколку била во слична или иста ситуација.
Да, точно, ако немаш 6 месеци работен стаж и се породиш ден порано немаш право на породилно. Среќа јас ја родив 10 дена по термин.
Хахаххаха мора и јас барем 9 мес (да ми плаќаат) да видам ќар од дрзавичево наше. Не ошурија од пари зимање со инвитрава се напуни каса пари од нас, па редно е барем некако да бе удостојат да ни помогнат хаха. Да се надеваме срцко дека ќе го фатам трудничково ептен се надевам, плус парички ќе се добродојдени. Се надевам синко барем до 08.04. ќе издржи во меше Јагода ако не ти е мака за пак да не пишувам, може ли мојов пост да го прочиташ т.е. мојава недумица и да ми одговориш доколку можеш. Еве на кратко ќе пишам пак. Пријавена сум на 06.10.2016 и 6 календарски месеци навршуваат на 06.04.2017 така. Дали ако на 07.04 или 08.04 се породам ќе ми следува трудничко за да зимам исплата или не? Значи од кој датум па натака би бил сигурен за исплата.